Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Мицкоски кажа дека овие локални избори за противниците значат спас за нивните политички кариери и спас на нивните бизниси, но сепак ќе доживеат огромен дебакл. „Јасно е дека ова не се само локални избори, туку од вашиот глас зависи и тоа како ќе се развива државата и во кој правец ќе се движи. За нашите противници ова се избори каде тие сакаат да си ги спасат политичките кариери, но зад тоа стои намерата на човекот кој си ја приватизираше ...
„Во врска со објавите на социјалните мрежи изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето превземање на менаџирање на Клиниката за неврологија. Тоа е постапка со која не се гордеам и сметам дека е момент на моја слабост која не смее да биде пример. Секој човек во животот се соочил со слабости, предизвици и грешки. После ова знам дека оваа грешка нема да се повтори и сум подготвен да живеам со сите ...
„Отворањето на понудите беше извршено на 8 октомври 2025 година. Понатаму следи постапка на проверка на понудите и предлог за избор на Изведувач, кои потоа треба да бидат поднесени и одобрени од страна на ЕБОР. Најпосле е постапката за потпишување на Договор со најповолниот Изведувач кој ќе биде избран. Очекуваме овие процедури да се завршат до февруари идната година“, велат од ЈПДП за МИА. Девет фирми на 1 август годинава добија покана од ЈПДП ...
Еден од најдобрите на натпреварот беше Ѓоко Зајков кој заедно со останатите делуваше беспрекорно во одбраната. „Одигравме храбро и дисциплинирано во одбрана, се разбира дека не можеме против ваков противник секогаш да се надигруваме. За мене ова е многу голем бод, игравме на гости со Белгија. Но мораме да ги спуштиме нозете на земја, имаме уште еден важен натпревар за три дена во кој мораме да освоиме три бода, ако сакаме да одиме на Светско. ...
Директорот на Канцеларијата за управување и буџет Расел Воут објави на социјалната мрежа Икс дека почнало „намалувањето на работната сила“, додека портпарол на Канцеларијата кажа дека намалувањата се „значајни“, без да даде детали. Белата куќа ги наави масовните отпуштања непосредно пред почетокот на блокадата на владата на 1 октомври, која почна затоа што републиканците и демократите не можат да се договорат за буџетот. На федералните служби им ...
Македонија останува на првата позиција во групата, македонските фудбалери тактички одиграа одличен натпревар, беа максимално фокусирани од првата до последната минута и на крајот заслужено го освоија бодот против квалитетно многу посилната репрезентација на Белгија. Селекторот Милевски се реши мечот да го почне со комплетно затворена тактика, во првото полувреме Македонија се бранеше со сите фудбалери, а Белгија нервозно се обидуваше да најде ...
„Главниот напад беше во четири области“, им кажа Зеленски на новинарите во Киев. „Верувам дека временските услови влијаеја на нашата способност да се одбраниме – приближно за 20 до 30 проценти“, додаде претседателот на Украина. Руски беспилотни летала и ракети ги погодија украинските енергетски објекти во текот на ноќта, оставајќи делови од Киев во мрак, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија и вода за домаќинствата и запирајќи ја ...
Ерменија поведе, даде гол во 38. минута, а ние речиси и да не покажавме ништо во првите 45 минути. На одморот заминавме со негатива. Во вториот дел заигравме подобро и по десетина минути Трајков погоди со глава за израмнување на 1-1. Клучниот момент се случи во 83. минута кога Трајков сакајќи да пронајде свој играч во офанивата, шутна, а топката заврши во голот на голманот Давитјан кој направи катастрофална проценка. Македонија победи со 2-1. За ...
Естонија, Летонија и Литванија долго време ги предупредуваа другите членки на НАТО за можна руска агресија, наведувајќи ги сè почестите сајбер напади, дезинформациските кампањи и упадите на руските воени авиони и беспилотни летала во последните месеци. Русија тврди дека нема планови да го нападне НАТО, но трите земји, кои Москва ги анектираше за време на Втората светска војна, ги дуплираа своите трошоци за одбрана од почетокот на инвазијата на ...
Мециновиќ рагираше и на изјавите на дел од неговите противкандидати кои најавуваат „чистки“ меѓу јавните работници. „И за разлика од моите противкандидати кои велат дека во првите седумдесет два часа ќе ги извадат за уши работниците за да го исчистат градот и да го исчистат сметот кој тие го имаат креирано заедно со другите градоначалници од другите општини, ние сметаме дека пред сѐ треба да се поправат условите за работа за овие работници, ...
„Затоа ајде заедно, обединети, решителни, сите на едно место, да ја вратиме државата во рацете на народот. СДСМ е единствената сила која може да ја врати надежта. Борбата на СДСМ е за праведност, борба за достоинството на луѓето, борба за нивните права да живеат со нормален приход, борба никој да не биде игнориран и оставен на страна, борба за машки справување со кризите, заштита на граѓаните. Сакаат да ја убијат надежта за промена. Сакаат да ги ...
На брифинг со новинарите Божиновска информираше дека ова произлегува од Законот за енергетска ефикасност и значи усогласување со ЕУ директивите. „Од ноември 2025 до ноември 2028 ќе бидат опфатени 14 згради и 33 институции или вкупно 102.992 метри квадратни со над 5.000 вработени, а вредноста ќе изнесува 11,11 милиони евра. Секоја година мора да имаме три отсто реконструкција на јавните згаради. Вчера имавме генерален секретаријат на Влада, тоа ...
Трамп кажа дека како дел од договорот САД ќе купат четири мразокршачи направени во Финска, додека преостанатите седум бродови ќе бидат направени во САД. Мразокршачите се бродови дизајнирани да се движат низ замрзнати мориња и ќе имаат важна примена на Арктикот. „Имаме голема нарачка пред нас. Купуваме мразокршачи. Ги градиме повеќето од нив заедно. Четири ќе бидат таму, а седум ќе бидат тука. Мислам дека имаме прилично добра цена“, кажа Трамп. ...
Изминатово лето, Виктор Ѓокереш влезе во војна со Спортинг откако клубот од Лисабон одби лесно да го продаде напаѓачот. Швеѓанецот веруваше дека имаат џентлменски договор, но популарните „лавови“ бараа повеќе пари за да го пуштат во Арсенал. Во еден момент се говореше дека зделката ќе пропадне, но на крајот беше пронајден компромс и Виктор Ѓокереш се пресели во Северен Лондон. Еден од агентите, Јонатан Чалкиас сега открива дека трансферот се ...
Наим кажа дека примирјето „немаше да биде можно без Трамп“, истакнувајќи дека тој лично вршел притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој додаде дека Хамас сега очекува американскиот претседател да продолжи да го одржува тој притисок со цел да се спроведе договорот. „Без личната интервенција на претседателот Трамп во овој случај, не мислам дека ќе имаше крај на војната. Затоа му се заблагодаруваме на претседателот Трамп за неговите ...
Алиу уверува дека има постојана посветеност на унапредување на оваа дејност и стручно доусовршување на тимовите за трансплантација. Посочи дека изминатиот период, седум доктори хирурзи и специјалист-нефролог биле упатени на обука во Република Турција за трансплантација на бубрези. Во сегментот на трансплантација на црн дроб, двајца хирурзи се едуцирани исто така во Турција за трансплантација од жив донор. „Дарувањето орган претставува ...
Меѓутоа, експертите се скептични дека таквата агресивна лобистичка кампања може да вроди со плод кога норвешкиот Нобелов комитет ќе ја додели денес наградата. Причините се движат од самото однесување на Трамп дома и во странство до фактот дека наградата е наменета да признае дела од 2024 година – кога тој беше избран, но сè уште не беше на функција. „Вршењето притисок врз комитетот, постојаното повторување „би требало да ја добијам наградата, ...
За Здружението на граѓани Цивил – Центар за слобода Скопје беа одобрени 51 набљудувачи, за Европскиот парламент дополнителни 12, за Здружението на граѓани за зајакнување на демократските врендости Триси консталтикс-Скопје – 36, за Државната изборна комисија на Молдавија – двајца, за ОДИХР – 98, за Здружението за развој на општествено социјални иновации Вејк ап – 398 акредитации за набљудувачи, за Институтот за економски стратегии и меѓународни ...
Краткото видео од средбата, на која е присутен и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на својот фејсбук профил го објави кандидатот Шкодран Алили со порака до гласачите. „Албанците во Кичево имаат само еден противник, кандидатот на ВМРО!“, напиша Алили на фејсбук. Кандидат за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е матичниот доктор Алекснадар Јовановски. Освен Дехари, Алили и Јовановски, кандидат за градоначалник на Кичево е и актуелниот ...
Ова ќе биде шести меѓусебен дуел на Македонија и Белгија, статистиката е на страната на Белгијците, ние немаме победа, но имаме еден резултат кој не прави горди. Тоа се случи во далечната 1994 година кога македонската репрезентација беше ептен тазе, предводена од легендарниот Андон Дончевски кој тогаш ја имаше улогата на селекторот, одигравме 1-1 против Белгија во Брисел. Белгија водеше со гол на Верхејен од 32. минута, израмни Чоко Бошковски по ...
„Формирањето на знамето во пресрет на празникот е традиција од 2010 година. Секоја година учествуваат 1.200 ученици. Ова е своевиден спектакал во кој сакаат да учествуваат уште повеќе ученици. Ги опфаќаме учениците од осмо и деветто одделение од основните и од прва и од втора година од средните училишта. На сите им е чест да учествуваат во манифестацијата и затоа ќе се обидеме догодина да вклучиме повеќе ученици“, објаснува Златко Думбалоски, ...
„Старата скопска чаршија е душата на Скопје. Денес Чаршијата е задушена од нечистотија, административен хаос и институционална негрижа, но таму каде што другите гледаат проблем, јас гледам можност. Нашиот план е јасен, визијата е конкретна – да ја вратиме Чарпијата на скопјани. Имаме решение за Чаршијата – секојдневно чистење, нова урбана опрема, јавно осветлување и ви-фи зони со почит кон автентичниот изглед. Имаме во план поддршка за ...
„Република Македонија како потписник на договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Чешка, Република Унгарија, Црна Гора, Република Полска, Република Молдавија, Романија, Република Србија, Република Словачка, Република Словенија и Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките на Централноевропската програма за размена во ...
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.241.279. 000 денари, што е за осум проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 179 (63.9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 31 (11.1 процент) за нискоградба и 70 (25 проценти) за објекти за реконструкција. На 166 (59.3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на ...
Ѓорѓиевски потенцира дека со својот научен и уметнички интегритет, МАНУ останува чувар на македонскиот јазик, култура, идентитет и соживотот меѓу различните заедници во земјава. „Нека е честит Денот на МАНУ. На покана на претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, денес имав чест да присуствувам на одбележувањето на овој значаен ден за македонската наука и уметност“, напиша Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил. Тој додава дека „со својот научен ...
Слободни и независни, кои учествуваат на локалните избори во Скопје, денеска одржаа прес-конференција пред ДИК, на тема „Недемократски и нефер локални избори 2025 во Македонија – Загрозување на демократските принципи и еднаквоста на кандидатите“. „Оваа иницијатива е одговор на сериозните системски проблеми кои ги уриваат основите на фер изборен процес, а кои директно влијаат врз правото на граѓаните да изберат информирано и слободно“, вели ...
„Претседателот Трамп ќе продолжи да склучува мировни договори, да прекинува војни и да спасува животи. Тој има срце на хуманитарец и може да поместува планини со силата на својата волја како никој друг“, објави Чунг на мрежата Икс. „Нобеловиот комитет докажа дека ја цени политиката пред мирот“, додаде тој. Норвешкиот Нобелов комитет ја додели годишната награда на венецуелката Марија Корина Мачадо, наведувајќи ги „храбрите бранители на слободата ...
На 20 септември пиротехничарот Ѓорги Стефанов од Битола подигна минофрлачка граната калибар 75mm од дворно место во село Фурка, Oпштина Дојран. Гранатата била откриена при изведување градежни работи. Според првичните сознанија, станува збор за проектил со армирана запалка кој бил испукан, но не ја завршил целта. На 2 октомври пиротехничар од ДЗС, по пријава од случајни минувачи, на брегот на Преспанското Езеро кај село Отешево подигна три ...
„Оваа вежба испраќа јасен сигнал до секој потенцијален противник дека можеме и ќе ги заштитиме и одбраниме сите наши сојузници од каква било закана“, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте во воздухопловната база Фолкел во Холандија. Во вежбата ќе учествуваат воени бази во Клајне Брогел во Белгија, Лакенхит во Велика Британија и Скридструп во Данска. „Мора да го направиме ова затоа што ни помага да се осигураме дека нашето нуклеарно ...
Шаини беше застрелан на улицата „Димитрија Туцаковиќ“ во центарот на Куманово пред три дена околу 14 часот. Тој рече дека по информациите пренесени од органите, преку социјалните мрежи и медиуми, чуствува морална и професионална обврска, јавно да реагира и да ја информира јавноста. Шаини рече нема информација и сознанија за мотивите за „атентатот“, и дека како што претходно објавил на социјалние мрежи и по неговата првична изјава пред истражните ...