Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
За време на блокадата претставници на Стоп за Вардариште информираа дека по вчерашната средба во МВР со министрите за внатрешни работи, за животна средина, труд и социјална политика, градоначалниците на Аеродром и Гази Баба, претседателот на ЗЕЛС и со претставници на повеќе институции и органи, дека веќе се работи на депонијата за нејзино затворање. “Тоа ќе биде процес што ќе го следиме. Во Вардариште од вчера е започнато чистење на отпадот, ...
Кога Русија почна да распоредува војници на границата со Украина во 2021 година, тогашната германска канцеларка Ангела Меркел предложи Европската Унија да организира самит со Владимир Путин. Естонската премиерка Каја Калас, чија земја има само 1,3 милиони жители, остро ја нападна таа идеја. Таа тврдеше дека нема смисла да се надева на промена во руското однесување бидејќи рускиот претседател Владимир Путин од анексијата на Крим во 2014 година ...
„Го зголемуваме притисокот, заедно го зголемуваме притисокот. НАТО одлично се покажува, и тие исто го зголемуваат“, кажа Трамп на средбата со финскиот претседател Александар Стуб. Трамп не прецизираше на што точно се однесува неговата изјава. Тој додаде дека не верува во закана од руски напад врз Финска, но истакна дека Соединетите Американски Држави се подготвени да ги бранат своите сојузници во рамките на НАТО. На прашањето дали планира да ...
Иако засега никој, па дури ни самиот Трамп, веројатно не знае кога и како ќе се спроведат сите 20 точки од неговиот мировен план, Хамас и Израел се согласија за прекин на огнот во Газа и за чекорите и роковите во првата фаза од договорот. Во текот на денешниот ден владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху официјално ќе го прифати договорот, а потоа во рок од 24 часа ќе се повлече по таканаречената жолта линија која ја дели Газа приближно ...
Македонија утре (петок) со почеток од 20:45 часот гостува на Белгија во исклучително важен натпревар за пласман на Светското првенство. „Нема да имаме лесна мисија, тоа си го знаеме. Ако го нема Лукаку, има други како Опенда и Батшуаји. Не се на неговото ниво, но се фудбалери од Лигата на шампионите. Мислам дека нема многу да се промени ако го нема, затоа што Белгија е квалитетна. Не играат поединци, туку игра тимот. Како тим треба да се ...
Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката, на средбата, уставните судии ја запознаа со континуираната и плодна соработка на косовскиот и македонскиот уставен суд, денеска крунисана со потпишување на Меморандум за разбирање. Посетата помина во размена на експертски мислења за современата улога на уставните судови во развојот на косовската и македонската демократија, за компаративното искуство, за научените лекции, како ...
Учесниците ќе дискутираат за енергетска поврзаност и регионална соработка, енергетска безбедност и стабилност, праведна енергетска транзиција и меѓународна соработка и инвестиции. „Од Скопје почнува нова етапа на партнерства за енергетска иднина. Форумот ќе биде платформа за конкретни политики и стратегии за забрзување на глобалниот напредок кон одржлива енергија“, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања ...
Пињо нагласи дека повеќе детали за оваа годишна турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, Европската комисија ќе соопшти во текот на утрешниот ден. Според расположливите информации, западнобалканската турнеја на Фон дер Лајен ќе почне в понеделник и во нејзини рамка таа в среда ќе престојува во Скопје. Турнејата на Фон дер Лајен се поклопува со втората годишнина од усвојувањето на Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, ...
Како што информираат организаторите, на конкурсот ќе учествуваат ученици од основни и средни училишта од Македонија и соседните држави. Услови за учество: Мотивите, темите и материјалите за работа се по избор и консултација на учениците заедно со менторите-наставници и професори по ликовно образование во основните и средните училишта (возраст од 11-14 години) и средните училишта (возраст од 15-18 години). Заинтересираните при создавањето на ...
Клубот на одговорни бизниси на Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд, го објави повикот за доделување на наградите „Предводници на одржливиот развој“. Наградите се национално признание за најдобрите практики и иновации коишто прават значајни чекори кон одржлив развој создавајќи подобро општество. Целта е да се истакнат компаниите кои преку конкретни иницијативи и проекти прават значајни чекори кон одржлив развој, ...
Учествуваа триесетина ученици до деветто одделение од училишта во градови од источниот дел на Македонија, членови на литературни клубови во библиотеки, домови и центри за културата. Најуспешните пред публиката ги прочитаа своите песни. Поезијата на учениците годинава беше мотивирана од друг јубилеј – навршување 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. „Творбите на учесниците се напишани за македонскиот јазик и навистина се ...
Македонија утре (петок) со почеток од 20:45 часот гостува на Белгија во исклучително важен натпревар за пласман на Светското првенство. „Можеби ни недостасуваат ваков тип на натпревари повеќе, но со пласманот во Б сегментот од Лигата на нации ќе ги имаме. Од таа страна сите контролни натпревари кои ги закажувавме беа со таа цел — да се навикнеме на противници како Белгија, кои се на врвот на европскиот фудбал. Само така можеме да напредуваме и ...
Војната во Газа е завршена, изјави високиот функционер на Хамас Калил ал-Хаја, додавајќи дека мировниот план што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп ќе го означи почетокот на „траен прекин на огнот“. Милитантната група добила некои „гаранции“ од Вашингтон и други посредници дека непријателствата нема да продолжат, им рече тој на жителите на Газа денеска во телевизиско обраќање. Според ал-Хаја, палестинската милитантна група со ...
„Каталонците“ влегоа во големи финансиски проблеми поради пандемијата на ковид 19, клубот не можеше да инвестира во ангажман на звучни имиња, па шанса добија голем број на момчиња од школата. Еден од оние кои блесна е Пау Кубарси, кој сериозно се наметна во одбраната, а одличните партии му донесоа и настап во сениорската репрезентација на Шпанија. Кога во јануари наполни 18 години, тој доби милионски договор од Барселона (годишната плата му е ...
Седум години откако владата вети дека ќе изгради модерни согорувачи на отпад, проектот е сè уште недовршен и под истрага за корупција. Во Тирана, која има речиси милион жители – околу една третина од вкупното население на Албанија – се создава речиси половина од градскиот отпад во целата земја. Брзата урбанизација на градот значително ја надмина инфраструктурата: собирањето отпад е нередовно, рециклирањето речиси и да не постои, а главната ...
Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска за МИА потврди дека пациентот се чувствувал добро. „Пациентот е во добра општа состојба. По санирање на раните е пуштен на домашно лекување“, изјави Ѓоргиевска Павловска. Министерството за здравство вчера попладне преку соопштение реагираше дека со вознемиреност ја примиле веста за оружениот напад во Куманово, при што повреден бил нивен колега, ...
Ова вечерва го соопштија од иницијативата Стоп за Вардариште кои информираа за резултатите од попладневните разговори во МВР со министерот за внатрешни работи, градоначалниците на Аеродром и Гази Баба, претседателот на ЗЕЛС, претставници на министерствата за животна средина и труд и социјална политика, на ДСЗ и експерти. Од Стоп за Вардариште информираа дека притисокот врз властите по 36 дена редовни протести резултираше со прекин на ...
Израел и Хамас постигнаа договор за првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа. Договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците би можел да биде првиот чекор кон завршување на двегодишната војна. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, како што објави Интерфакс, кажа дека ваквите напори можат само да се поздрават. „Се разбира дека ги поддржуваме овие напори. Не може да не предизвика општо задоволство што веќе ...
Како што истакна Божиновска на брифинг со новинарите, првпат се случува да бидат активирани банкарски гаранции. „Правната служба заклучи дека овие фирми немаат исполнето дел од обврските според договорот, поради што се пристапи кон одземање на парите и банкарските гаранции се наплатени“, рече министерката. Во врска со новите енергетски капацитети, Божиновска информира дека е пристигната една иницијатива за изградба на когенеративна гасна ...
Во видео објавено на Инстаграм, Џејмс Елдер од агенцијата на ОН за деца ги сподели своите впечатоци. Кога еден новинар го праша дали некогаш очекувал да се случи прекин на огнот, тој одговори со неверица за обемот на страдањето. „Никогаш не помислив дека ќе стигне до точка каде што ќе бидат убиени 20.000 девојчиња и момчиња. Никогаш не помислив дека ќе стигне до точка каде што светот толку многу ќе ги разочара Палестинците, каде што наводно се ...
Во објава на мрежата Икс денес, Смотрих изрази „голема радост“ поради претстојното враќање на израелските заложници, но и „голема загриженост“ поради ослободувањето на палестинските затвореници. Тој рече дека чувствува „огромен страв“ од последиците на „празнењето на затворите и ослободувањето на следната генерација терористички лидери кои ќе сторат сè што можат за да продолжат да пролеваат еврејска крв тука“. Поради таа причина, рече тој, не ...
Државното јавно обвинителство (ЈОРМ) соопшти дека во спроведената претходна постапка, јавниот обвинител обезбедил докази со кои „се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор на Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија“. „На 26 декември 2024 година, пред просториите на фондот на улицата 11 Март во Скопје, додека оштетениот ги извршувал своите работни задачи, пред ...
Меџити во своето обраќање истакна дека Старата чаршија е многу повеќе од трговски комплекс, како што посочи, таа е „живата историја на Скопје, душата на градот и срцето на Чаир“. Тој нагласи дека неговата цел е ова културно наследство да се трансформира во модерен европски центар на туризмот и културата, преку конкретни проекти и обезбедено финансирање. „Чаршијата не е само збир на улици и дуќани. Таа е нашата жива историја, духот на Скопје и ...
Приведените лица, како што се наведува во соопштението од ЕСМ, се дел од поранешното раководство на РЕК Битола, а постапката што ја водат надлежните органи се однесува на дејствија и одлуки донесени во претходниот период, пред сегашното раководство да ја преземе функцијата. „Го охрабруваме целосното расветлување на случајот и изразуваме поддршка за институциите во спроведување на законските процедури, со цел утврдување на фактичката состојба. Во ...
Според информациите откриени од корисниците на мрежата Икс, функцијата за директни пораки се појави во најновата бета верзија на апликацијата за Андроид (1.2025.273). Истражувачот на вештачка интелигенција Тибор пронајде референци за нов систем со кодно име „Калико“ или „Калпико соби“, што укажува дека ОпенАИ тестира разговори помеѓу корисниците на ЧетГПТ. Како ќе изгледаат новите профили на ЧетГПТ? Доколку сè се потврди, корисниците наскоро ќе ...
Македонија утре (петок) со почеток од 20:45 ѝ гостува на Белгија во Гент во многу важен натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Натпреварот кој се играше во Скопје заврши 1-1, Македонија тогаш се покажа во одлично светло против фаворизираната Белгија, а очекуваме така да биде и утре. „Мислам дека доволно знаат со каква селекција треба да играат. Тоа го докажавме и во Македонија. Мислам дека ќе имаат поголема почит кон нас. ...
„Приведените лица се дел од поранешното раководство на РЕК Битола, а постапката што ја водат надлежните органи се однесува на дејствија и одлуки донесени во претходниот период, пред сегашното раководство да ја преземе функцијата. Го охрабруваме целосното расветлување на случајот и изразуваме поддршка за институциите во спроведување на законските процедури, со цел утврдување на фактичката состојба. Aпелираме до медиумите и јавноста да се прави ...
„Уште од сега си ја определувате вашата иднина. Уште сте почетници, но кариерата се гради уште од сега. Најдобро е кога уште во првиот семестар ќе почнете да размислувате што и каде сакате да работите, што сакате да бидете. Во таа насока, слободно посетете ги поставените штандови на кои ќе можете да поразговарате со претставниците на компаниите и да видите која што нуди“, им порача на студентите професорот Радмил Поленаковиќ кој го отвори ...
„Ова е историски ден за Армијата и Министерството за одбрана“, рече Мисајловски, на армискиот полигон Криволак, каде официјално беа примопредадени новите артилериски системи „боран“ и нови униформи за армијата. Тој посочи дека Министерството ги дава на располагање на Армијата новите хаубици „боран“, а можеше да се види и нивното тестирање и официјално ставање во употреба. „Имаме навистина еден многу добар стратешки партнер, пријателската братска ...
Трикратниот европски шампион во ридски патеки овој викенд ќе дебитира во ЕУРО НАСКАР ПРО, како дел од тимот Speed House S20 Team, во финалето на шампионатот што ќе се вози на легендарната патека Золдер во Белгија. „Во 2020 година требаше да возам во ова првенство, но пандемијата го стопираше тоа. Конечно, пред неколку дена добив покана од организаторите да бидам гостин на последната трка во Золдер. Добро е што ја знам патеката, тука имам победа ...