Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Зборувајќи по италијанско-францускиот самит, Мелони кажа дека Руте, во својот „многу ентузијастички извештај“, измешал различни прашања и природата на летовите одобрени од Италија. Руте претходно оваа недела предизвика контроверзии во Рим за време на интервју за Фокс њуз, во кое кажа дека 500 американски воени авиони полетале од базите во Италија во поддршка на операцијата „Епски гнев“, името што Вашингтон го даде на својата воена агресија ...
„Документите кои ги добивме отвораат сериозни сомнежи за начинот на кој се трошат јавните пари во Општина Чаир. Според достапните податоци, компанијата Нум констракшн ЛТД ДООЕЛ, основана на 10 јули 2024 година, успеала за исклучително краток временски период да обезбеди четири договори од Општина Чаир во вкупна вредност од 3.462.665 евра. Договор бр. 1 – 88.433.315 денари (околу 1,44 милиони евра). Договор бр. 2 – 59.861.572 денари (околу 973 ...
Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија. Идеја која ги обедини сите оние кои веруваа дека оваа држава има право на сопствен пат, на сопствен глас и на сопствена иднина. Денес, 36 години подоцна, го одбележуваме патот што заедно го изодевме, сите предизвици што ги надминавме и сите победи кои ги остваривме како народ – рече Мицкоски во видео пораката објавена на ...
Од партијата оценуваат дека СДС и Филипче инсистираат на уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот, при што, според нив, одат и подалеку од официјалните барања на Софија. „СДС и Филипче упорно избираат да бидат гласноговорници на политиките кои доаѓаат однадвор, а на штета на македонските национални интереси“, се наведува во соопштението. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека раководството на СДС не ги штити националните позиции, нема црвени ...
Од партијата наведуваат дека наместо институциите да им служат на граѓаните, тие ги претвораат во лица што мора да талкаат од институција до институција за да ги остварат своите законски права. Како пример се посочуваат родителите на деца со попреченост, каде ревизијата утврдила дека правилниците не се усогласени со барањата што ги издаваат центрите за социјална работа. Според наодите, центрите барале документи кои требало да ги обезбедат по ...
„Економските показатели покажуваат раст на БДП од над 3% во седум последователни квартали. Отворени се 17.000 нови работни места, стапката на невработеност е намалена од 12,5% на 11,3%, а стапката на вработеност е зголемена од 45,6% на 46,5%. Оперативниот план за 2026 година, тежи 40 милиони евра, а 32 милиони од нив се насочени токму за вработување, што ја изразува посветеноста на Владата за намалување на невработеноста. Македонија денес е ...
„Од СДС да престанат со ширење лаги и да ја манипулираат јавноста и да се фатат за работа, во земјава е потребна конструктивна опозиција, а не опозиција која секојдневно измислува приказни. А ако веќе држат прес-конференции на темава, тогаш претседателот на СДС, Филипче, нека одговори неговите неколку компании регистрирани во Бугарија, во Петрич на улица Гоце Делчев број 12, што точно работат и од каде е профитот. Математиката на СДС е да не ...
„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП Национални шуми и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од ...
Според албанските медиуми, групата дејствувала во периодот 2019–2021, воспоставувајќи канали за транспорт на кокаин од Еквадор и Колумбија кон европските пазари, главно преку пристаништата во Белгија и Холандија. Обвинителството тврди дека мрежата успеала да организира транспорт на најмалку 50 тони кокаин, што случајот го прави еден од најголемите во регионот. Во пет документирани случаи, безбедносните служби заплениле околу 9 тони кокаин. ...
На мермерната плоча, поставена на остатоците од старата камбанарија во напуштеното село, Делчев е опишан како „бугарски револуционер и војвода“. Грчките медиуми објавуваат дека локалните власти не биле претходно информирани за поставувањето, ниту пак издале официјално одобрение. Засега, официјален став од Министерството за надворешни работи на Грција не е објавен. Во Баница на 4 мај 1903 година во судир со османлиските сили загина Гоце ...
„Буџетот е зголемен од 58 милиони денари во 2023 на 186 милиони денари во оваа година. Тоа е повеќе од 200 проценти раст. Се отворивме кон нови пазари, кои се реализираа во тесна соработка со приватниот сектор. Заеднички се претставивме на роуд-шоуа и Б2Б настани во Германија, Шпанија, Финска, при што особено се издвојува настанот „New Deal of Europe“ во Лондон. Преземени се подготвителни активности и интензивна комуникација со туроператори ...
Како што информираа од компанијата, посетата била можност да се претстави напредокот на сите тековни инвестиции на Лидл во земјата и долгорочната определба на компанијата за развој на македонскиот пазар. На средбата било истакнато значењето на логистичкиот центар како клучен инфраструктурен објект кој ќе придонесе за понатамошен економски развој, отворање нови работни места и унапредување на современите стандарди во секторот на трговија и ...
Нетанјаху го изгради својот политички идентитет врз смело тврдење: дека само тој може да ги држи САД и Израел во стратешка согласност во врска со Иран. Негувајќи ја поддршката од републиканците, тој се претстави себеси, според анализата на Ројтерс, како единствен израелски лидер способен да влијае врз последователните американски претседатели и инсистираше дека само постојан воен притисок може да го сопре Техеран. На врвот на својата моќ, ...
Обама, кој беше претседател од 2009 до 2017 година, кажа дека додека бил на функција немал време да „се грижи за тоа што некој кажал или што направил неговиот претходник“, туку сакал да се фокусира на работата што ја има. „Тие заминаа. Имав работа за завршување“, рече Обама во подкастот, додавајќи дека начинот на кој Трамп често му се навраќа е „чуден“. „Тоа ми укажува на некој што не е фокусиран на американскиот народ и работата што треба да ...
На настанот учествуваа претставници од Владата, бизнис заедницата, институциите, академската сфера и граѓанскиот сектор, кои порачаа дека корупцијата не може да се надмине исклучиво преку институционално делување, туку бара широка општествена координација и партнерство. Во фокусот на дискусиите беше ставена јавно-приватната соработка, која беше оценета како најефикасен механизам за справување со корупцијата, како и дигитализацијата на јавните ...
Военото радио, повикувајќи се на воениот дописник Дорон Кадош, објави дека војската почнува да го намалува бројот на своите сили во јужен Либан и повлекува некои борбени бригади назад во Израел. Овој потег е дел од поширок план за намалување на бројот на борбени сили распоредени на повеќе фронтови, со задржување на некои бригади во фаза на зголемена подготвеност и обука. Резервните сили под Генералштабот ќе се користат по потреба. Според ...
Рускиот министер за надворешни работи истакна дека на самитот во Алјаска, претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале за предлозите на Вашингтон за Украина, кои руската страна ги прифатила. „Секако, целата оваа ситуација треба да се разјасни. Но, фактот останува: американските предлози беа разгледани во Алјаска, а руската страна ги прифати“, изјави денеска Лавров, пренесе РИА Новости. Лавров истакна дека затоа ...
Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од ...
„Од 19 до 25 септември, Битола ќе биде домаќин на светската филмска елита предводена од еден од најголемите визуелни магнати на денешницата. Двапати номиниран за Оскар, но дефинитивно број еден во срцата на љубителите на вистинскиот филмски спектакл. Лаустсен е дански директор на фотографија чија четиридецениска кариера остави длабок белег во современата светска кинематографија. Како активен член на Американската асоцијација на кинематографи ...
Протестот беше организиран поради, како што велат вработените, игнорантскиот однос на работодавачот, кој и покрај барањето на ССМ, барањето потпишано од повеќе од 110 вработени и барањето од Синдикатот на работниците од трговијата (СРТ), и покрај зголемувањето на минималната плата на национално ниво, платите на вработените останале непроменети, што директно влијае врз нивниот животен стандард и економска сигурност. Вработените бараат ...
Ова е 15-ти извештај на НПМ, меѓутоа, наспроти дадените препораки до институциите, во Извештајот констатирано е дека дел се имплементирани, меѓутоа во поголемиот дел не се, и состојбите од година во година, се посочува, се исти и не се менуваат на подобро. Во полициските станици, НПМ нагласува дека и понатаму се забележува недоволен број на униформирани полициски службеници, недостаток на соодветни услови за работа и непостоење на посебни ...
Деталите за третиот голем проект од прославата на 35 години независност на Македонија беа соопштени денеска. „Самиот проект е замислен како музичко-сценски перформанс на тема 35 години независност на Македонија, за сите важни моменти кои што нè обединуват, нè прават горди и среќни, односно сè она што е важно во овие 35 години, се разбира низ една уметничка перспектива. Музичко-сценскиот перформанс нема задача да биде некаква хронологија, ...
Меѓународните банки планираат понатамошно проширување: три четвртини од анкетираните прекугранични банкарски групи имаат намера да ги прошират своите активности во регионот, при што ниту една од нив не очекува намалување на своите активности. Дополнително, профитабилноста на банките е силна во однос на нивното целокупно работење, со особено силни резултати во Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија и Србија. „Овие ...
Грчките медиуми пишуваат дека преговорите се во завршна фаза, начелно трансферот е договорен, остануваат уште формалности пред тој да биде и официјално објавен. Панатинаикос подолго време го следел Растодер, во него гледа сегашност, но и потенцијал за ифнина. Се очекува наскоро трансферот да се комплетира и македонскиот напаѓач да го облече зелениот дрес. Грчките медиуми пишуваат дека преговорите се во завршна фаза, начелно трансферот е ...
Во гостување во „Отворено студио“ на Македонската телевизија, Мицкоски посочи дека реконструкцијата не се прави исклучиво врз основа на постигнатите резултати, туку и поради променетите приоритети на владините коалициски партнери. „Не се битни само резултатите, дали тие биле добри, недоволно добри или можеби воопшто немало резултати. Понекогаш реконструкцијата се прави затоа што се менуваат приоритетите. Можеби тие приоритети пред две години ...
„Ниски страсти и организирана кампања која овој период е забележлива. Ние сме зафатени со реконструкцијата и го користат слободниот простор, еден, двајца политички ликови во државава да се обидат да промовираат нешто кое никој не може да го прифати. Ова е еден поширок обид за влијание тука. Прилично искусен човек дипломат, на еден наш заеднички разговор многу одамна, пред седум, осум години на почетоците мои како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ми ...
На средбата со новинарите, Клековски говореше за лековите во државава 2023-2025 година во три сегменти: позитивна листа А, болнички лекови и лекови во условни буџети. Вкупната проценета вредност на лековите кои се финансираат од Фондот или од државата генерално во 2025 година се проценува на 11 милијарди денари, од кои најзначаен дел се условните буџети, или посебно скапите лекови. „Имаме пораст од 34 проценти на употребата на лекови во однос ...
25-годишниот чувар на мрежата пристигнува од Вардар 1961, каде помина две и пол години и беше дел од генерацијата што ја освои шампионската титула и Купот на Македонија. За Богдановски ова ќе биде нова соработка со Стојанче Стоилов, кој од ова лето ја презеде тренерската функција во Бутел Скопје. Кариерата ја започна во Металург, а потоа настапуваше и за Јуниор Кисела Вода, Голден Арт и Аеродром, пред во 2022 година да се пресели во Вардар. ...
Македонката ќе се соочи со шестата тенисерка на светот, Аманда Анисимова од САД. Ѓорческа до местото во главниот турнир стигна преку квалификациите, каде што забележа три победи и за првпат во кариерата обезбеди настап на еден Грен Слем турнир. Ждрепката не беше наклонета кон македонската тенисерка, бидејќи веднаш на стартот ја очекува една од фаворитките на турнирот. Анисимова има 24 години и веќе се етаблираше во самиот светски врв, ...
Како што соопштуваат од локалната самоуправа, во рамки на првата фаза од иницијативата, во населеното место Јака биле бесплатно распределени корпи за селекција на пластичен отпад во 60 домаќинства, со што граѓаните добија можност активно да се вклучат во процесот на селекција и рециклирање на отпадот. „Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека воспоставувањето на овој систем претставува значаен чекор кон ...