Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ), институцијата која евидентира скоро 600.000 осигуреници и повеќе од 340 илјади пензионери во државата, доби неповолно мислење од Државниот завод за ревизија (ДЗР). Ревизорите констатирале дека финансиските извештаи за 2024 година не ја прикажуваат вистинито и објективно финансиската состојба на Фондот, а воедно утврдуваат и значајни отстапувања од законската регулатива, упатствата и ...

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, таа посочи дека барањето од Детската клиника било доставено на 22 јануари, по што праша како вработените биле повикувани на работа во првите 22 дена од годината во јавната здравствена установа во Скопје. „Требало да има обезбедено согласност пред Нова година за да може да ги задржи вработените. Што значи дека повторно се враќаме на она прашање – како директорот ги ангажирал и ...

Повикувајќи се на пресудата за предметот „Талески и други против Македонија“, судот оценил дека поништувањето на помилувања што ги даде претседателот Иванов било оправдано, но биле повредени правата на фер судење на двајца од тројцата жалители во предметот. Во образложението се наведува дека државата имала легитимно право да интервенира и да ги поништи аболициите, имајќи предвид дека тие биле донесени во услови на политичка криза и без ...

Честитајќи го јубилејот на ЕВН Македонија, министерката Божиновска потенцираше дека изложбата е приказна за патот што го помина македонската енергетика во изминатите две децении. „Во изминатите дваесет години, ЕВН Македонија остави значаен белег во развојот на електродистрибутивниот систем, во неговата модернизација, дигитализација и унапредување. Тоа е процес кој не се мери само преку бројки и инвестиции, туку и преку подобриот квалитет на ...

Според Обвинителството, на 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари. Со намера да ги вознемири и да ги заплаши жените, започнал да ја крши покуќнината и со нож им се заканил дека ќе ги убие. Сопругата ја удирал со тупаници по телото и ја влечел за косата, нанесувајќи и телесни повреди. Ценејќи дека се исполнети ...

Во првата контролна средба од овој циклус, избраниците на селекторот Жозеп Мариа Берокал загубија од Бугарија во Самоков со резултат 97-68. Македонската селекција настапи во некомплетен и подмладен состав со оглед на тоа што стручниот штаб не можеше да смета на неколку стандардни репрезентативци. Во последен момент отпаднаа неколку имиња, па бевме без капитенот Војдан Стојановски, но и Андреј Јакимовски, и натурализираниот играч кој е во ...

Создадено за современиот начин на живот, ова кафе е вкусно и практично решение за сите што сакаат да уживаат во својот омилен кафе ритуал каде и да се наоѓаат. Без подготовка, без чекање и без дополнително време. Само добар вкус што лесно се вклопува во секој дел од денот. „Со богат вкус на 100 отсто вистинско кафе и совршено избалансирана млечна нота, Нера кафе нуди кремасто уживање кое може да биде дел од вашето секојдневие. Без разлика ...

Норвежаните го отворија резултатот во 43. минута со гол на Педерсен. Тоа беше единствениот погодок во првото полувреме. По три минути игра во вториот дел Халанд зголеми на 2-0, а пет минути подоцна Сенегал се врати во игра преку Сар намалувајќи на 1-2. Но, не се чекаше многу на следниот гол, веќе во 58. минута Халанд даде нов гол и ја врати предноста од два разлика за Норвешка, беше 3-1. Конечните 3-2 ги постави Сар со својот втор гол на ...

Од здружението велат дека, истовремено, мотив за пратениците треба да биде и избегнувањето на албанското сценарио да се преслика во Македонија, односно, спречување легалните објекти за игри на среќа да се заменат со играчници на црно по подруми, каде државата ќе нема контрола, а младите ќе станат лесна мета. „Сметаме дека на јавната расправа дадовме доволно издржани аргументи дека актуелниот Предлог закон за игри на среќа и забавни игри ...

Централизираните азиски економии како Кина, Виетнам и Јужна Кореја се во подобра позиција да преговараат за купување гас на спот пазарот, што ја става Европа, која е ориентирана кон слободен пазар, во неповолна положба. Иако ЕУ воспостави механизам за заедничка набавка на енергетски производи по руската инвазија на Украина, оваа политика не се вкорени во пракса. Ова значи дека Европа, дури и со опстанокот на мировниот договор меѓу Соединетите ...

„Работата на Министерството за локална самоуправа поретко е во центарот на вниманието на јавноста, затоа што најголем дел од нашите политики се реализираат преку општините, планските региони и програмите за поддршка. Граѓаните ги гледаат новите улици, водоводи, училишта и градинки, но многу поретко се гледаат механизмите и политиките кои овозможуваат тие проекти да се реализираат“, рече Перински. Како најголем резултат во изминатиот период, ...

По промоцијата на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека на денешната Владина седница има една одлука којашто треба да се донесе во делот на позитивна оцена на работењето на АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, поврзана со еден чекор околу максималниот процент на количина на електрична енергија што треба да биде доставена до снабдувачот и мислам дека таа ќе се донесе. „Сите оние законски ...

„Борбата против корупцијата треба да почне токму онаму каде што таа најчесто се случува – во здравствените установи. Токму затоа, оваа обука за здравствени работници е една од клучните активности во проектот и очекуваме да придонесе за зголемување на свеста, но и на подготвеноста и вештините на здравствените работници да бидат дел од фронтот за борба против коруптивните практики. Ние веруваме дека тие може да бидат дел од решението, а не дел ...

Од АСОМ наведуваат дека дискусиите на јавната расправа, во која учествувале претставници на бизнис секторот, експерти, граѓански организации и здруженија на лица со попреченост, укажале на низа отворени прашања кои, како што велат, не можат да се надминат со поединечни измени. Претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, истакна дека зад најавените мерки за заштита на младите се крие ризик од воспоставување државен монопол во онлајн приредувањето ...

Зборувајќи по враќањето од преговорите во Швајцарија, Галибаф рече дека неодамнешниот договор меѓу Иран и Соединетите Американски Држави фундаментално ја променил ситуацијата на овој стратешки пловен пат, пренесува иранската државна телевизија ПресТВ. “Сите треба да знаат дека управувањето со Ормускиот теснец никогаш нема да се врати на состојбата пред војната. Се разбира, ќе се почитуваат меѓународните прописи, но Иран ќе го управува со ...

Либанските власти инсистираат дека разговорите лице в лице со Израел се единствениот начин да се обезбеди крај на војната што беснее од 2 март, кога вооружената група Хезболах отвори оган врз Израел како поддршка на Иран, што доведе до израелски воздушни и копнени напади во кои досега загинаа повеќе од 4.000 лица во Либан. Но, четирите рунди либанско-израелски разговори од април не доведоа до траен прекин на огнот. Најдолгото затишје во ...

Нашите одбојкарки добро влегоа во мечот, имаа водство од 12-10, но Словенија направи неверојатна серија и го доби сетот со 25-15. Во следните два сета не успеавме да пружиме позначаен отпор, Словенките рутински ги добија со по 25-10. Ана Фасулева со седум поени и Андротеа Милевска со шест поени беа најефикасни во селекцијата на Македонија. Настапот во Европската лига го завршивме со шест порази од исто толку натпревари. Нашите одбојкарки ...

Повеќето граѓани одамна се имаат помирено со фактот дека банкарската сметка чини пари. Месечните надоместоци, картичките, провизиите и членарините се сметаат за неизбежен дел од банкарскиот живот. Некој плаќа 30 денари месечно, некој 45, некој 60. Провизиите станаа толку вообичаени што ретко некој воопшто прашува дали постои друга опција. А постои. Обврска за понуда на платежна сметка со основни функции Во Законот за платежни услуги и платни ...

Од Фудбалскиот клуб Победа денес реагираат и на сериозен инцидент, при што во текот на ноќта од просториите на игралиштето е украден електричен мотор за вадење вода, како и дополнителна опрема, меѓу која црева, уште еден мотор на бензин и акумулатор од косилка. Според нив, со ова е направена значителна материјална штета и е отежнато одржувањето на теренот. Од клубот апелираат до граѓаните доколку имаат информации за настанот да ги известат ...

Бројот на вработени во јавниот сектор е зголемен на годишно ниво Во 2025 година во јавниот сектор во државата работеле 129.793 лица и, во споредба со состојбата во 2024 година, бројот е зголемен за 2.471 лице. Иако бројот на вработени според етничка припадност се зголемува и кај Македонците и кај Албанците, нивниот процентуален удел е помал во однос на 2024 година, поради квантитативниот пораст на вработените во јавниот сектор. На ниво на ...

Како што посочува, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – ...

Ова се случи откако претседателот Володимир Зеленски минатата недела предупреди дека Русија се подготвува за голем напад. Во објава на социјалната мрежа Телеграм, властите во Киев ги повикаа граѓаните веднаш да се евакуираат. Вториот по големина украински град Харков беше нападнат со беспилотни летала и две ракети, објави градоначалникот Ихор Терехов на Телеграм. Едно лице е повредено во нападите, додаде тој, без да даде дополнителни детали. ...

Иранската интеракција со Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) ќе продолжи во согласност со тековните процедури, со одобрение од иранскиот парламент и одлука на Врховниот совет за национална безбедност, додаде Багај. Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс изјави вчера во Швајцарија, еден ден откако во таа земја се одржаа разговори насочени кон завршување на војната на Блискиот Исток, дека Иран се согласил да им дозволи на ...

Предвидувањата се остварија, имаше невреме во текот на дуелот меѓу Франција и Ирак, па поради американските протоколи, натпреварот многу долго беше во прекин, траеше четири часа. Резултатот го отвори Мбапе кој прими една топка од Олисе на 18 метри од голот и силно шутна за водство од 1-0. По крајот на првото полувреме натпреварот беше прекин поради грмежите во силното невреме. Протоколите во САД се јасни, мечот се прекинува доколку има ...

Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. И утре времето ќе биде нестабилно, облачно, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер и дневни температури од 29 до 37 степени. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во Скопје претпладне сончево ...

Меси уште на самиот старт од мечот имаше шанса да постигне гол, но не реализираше удар од белата точка. Сепак во 38. минута Лео постигна гол за водство од 1-0 на Аргентина. Ова за него беше вкупно 17. гол на Мундијалите со кој стана најдобар стрелец на сите времиња на ова натпреварување. Аргентина беше подобра во текот на целиот меч, а Австрија се обидуваше да постигне гол, но тешко создаваше шанси. Кога се чинеше дека ќе биде крај на мечот, ...

Како што информира компанијата, донацијата опфаќа напредна заштитна опрема – одела, јакни, ракавици и чизми – наменета за пилотите кои управуваат со противпожарните авиони „Ер трактор“, со цел да се зголеми нивната безбедност и отпорност при интервенции во високоризични услови. Паралелно, ОКТА ја реализира и кампањата „Пази што правиш! За пожар малку треба!“, во партнерство со Дирекцијата за заштита и спасување и ЈП „Национални шуми“, ...

Новата цена на литар еуросупер БС – 95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на еуросупер БС – 98, додека еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава по 80,50 денари, а ЕЛ-1 за 79,50 денари. Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 3,932 денари за килограм и ќе изнесува 42,291 денари за килограм. Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61 процент во однос на одлуката од 15. месецов. ...

Константиновка се смета за порта кон остатокот од регионот Донбас. Доколку градот падне, руските сили би можеле да напредуваат кон последните преостанати украински упоришта на исток Краматорск и Славјанск, и со тоа да се приближат кон целосно освојување на Донбас, што е една од клучните цели на Кремљ во оваа војна. Овој руски напредок следи по месеци стагнација на фронтовската линија, за време на кои украинските команданти тврдеа дека оваа ...

„На крајот на краиштата, Доналд Трамп го турна чепот во Ормускиот теснец, не ние, но во наш интерес е да го отстраниме“, кажа Писториус во интервју за германскиот јавен радиодифузен сервис АРД. Германскиот министер додаде дека отворањето на Ормускиот теснец, односно можноста за безбеден транзит низ него, е во интерес на Европа, во интерес на снабдувањето со енергија и економското закрепнување. Министерот додаде дека секој договор за повторно ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Платина

49319.25