„Нашата цел е јасна – Центар ќе биде првата општина со Зелен буџет. Секој што ќе врати шише или лименка ќе добие зелени поени што ќе може да ги искористи за купување, паркинг или превоз. Создаваме систем во кој одговорноста не само што се вреднува – туку се наградува,“ изјави Лабудовиќ. Со овој концепт, граѓаните што ќе ги користат ПВМ-апаратите за рециклирање ќе добиваат зелени поени што ќе може да ги заменат за практични придобивки во ...

Филмот претставува интимен портрет на една од највлијателните хуманитарки на 20-от век, фокусирајќи се на нејзината внатрешна борба, верба и мисија. Главната улога ја толкува светски познатата актерка Номи Рапас, во друштво на Никола Ристановски и Силвија Фокс. Сценариото е заеднички труд на Теона Стругар Митевска, Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ. Ова кинематографско остварување е поддржано од бројни европски и светски филмски институции, а ...

Иако во моментов е на чело на табелата, на Македонија ѝ се даваат убедливо најмалку шанси за да остане таму. Имаме најмалку шанси и за втората позиција. Во најдобра позиција е Белгија која има 67 проценти шанса да го освои првото место, на Велс му се даваат 26,2 проценти, а на Македонија само 6,8. Се смета дека на втората позиција ќе заврши Велс кој има 45,6 проценти на шанси за тоа, Белгија е со 29 проценти, а Македонија со 25,3. 🇧🇪 Belgian ...

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ има уште една пречка до финалето на мастерсот во Шангај откако денеска го совлада Бергс. Српскиот тенисер овојпат дојде до победа во два сета. Првиот сет го доби со 6-3, со еден брејк. Многу поинтересен беше вториот сет кој Новак го доби со 7-5. При резултат 4-4, Ѓоковиќ направи брејк и имаше сервис за меч, но Бергс направи рибрејк и израмни на 5-5. Потоа следуваше нов брејк на Ѓоковиќ за водство ...

Грик рипортер пишува дека Захарова навела десет наводни прекршувања од страна на Западот. Според порталот, нејзините примери вклучуваат бомбардирање на Југославија од страна на НАТО во 1999 година без одобрение на Обединетите нации (ОН), постоење на црни локации на ЦИА во Литванија, Полска и Романија и наводна поддршка од Западот за протестите на Мајдан во Украина во 2014 година. Таргетирање на грчката политика „Меѓу наведените примери, Захарова ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска го повика министерот Муцунски најдоцна до утре да ја информира јавноста дали се разговара со Велика Британија за лоцирање на мигранти во нашата земја. Филипче ова го кажа коментирајќи го објавениот текст во „Политико“ дека Британија е сè поблиску до договор за отворање центар за враќање мигранти во една земја од Западен Балкан. „Во целост ја отфрлам дезинформацијата дека Владата или Министерството за ...

„Од самиот почеток јасно кажав дека ќе воведеме ред во системот на концесии. Тоа значи дека секој што добил право да користи државен ресурс мора да ги исполнува обврските, без исклучок. Ги зголемивме надоместоците за концесиите во рударството – мерка што не е направена со години – и воспоставивме нов систем за контрола и наплата. Конкретните бројки покажуваат дека за првите шест месеци од 2025 година, Министерството оствари наплата од над ...

„Академската средина се подели на ‘про наши и про нивни’, додека МАНУ секогаш за сите прашања е поттурнувана на страна, и се водат чудни полемики за проценти на застапеност, за тоа кој бил, а кој не бил академик, наместо за проценти на искористеност на нивните знаења и искуства. Има многу прашања за кои не се прашани, но и тие некако автоцензурирачки и задоцнето реагираат. Имам чувство дека престана да се комуницира со младите кои си создадоа ...

„Оваа одлука е донесена по официјалниот предлог на партијата Движење Самоопределување, која освои најголем број пратенички места во собранието, според резултатите од изборите одржани на 9 февруари оваа година“, соопшти кабинетот на косовската претседателка. Според уставот, претседателот, во консултација со партијата или коалицијата која има мнозинство во собранието, му го дава мандатот на кандидатот за премиер. Носителот на мандатот потоа има ...

Анализата потсетува дека во сторијата на ИРЛ објавена на 28 септември годинава, беа обелоденети пораки меѓу инспектори од Државниот пазарен инспекторат, од полицијата и од УЈП со синот на газдата Дејан Јованов – Деко, Михаил, за кои ИРЛ кажа дека биле доставени од свиркач, а кои посочуваат на сомнеж за подмитување со подароци, дојави до дискотеката пред да има инспекциска контрола, а се наведува и дека полициски инспектори наводно биле редовни ...

„Живееме во тегобно време на војни и воени закани, срамни за 21 век. Битисуваме оптоварени со суштински проблеми во остварувањето на правото, правдата, хуманоста и солидарноста. Исправени сме пред нови предизвици, несвојствени за демократијата. Од нас се бараат илинденска и партизанска зрелост, мудрост и храброст во донесувањето клучни одлуки. Повторно мора да бидеме обединети и сплотени, ако сакаме да го сочуваме она што го наследивме од оние ...

„Во врска со објавите на социјалните мрежи, за директорот на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува одлуката да биде разрешен од функцијата. Немаме сомневање дека јасно и недвосмислено институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури. Извршувањето на јавна функција носи конкретни обврски и одговорности. Нашата заложба е правилата и законите да важат за сите подеднакво и управувањето ...

На денешната прес конференција, Ѓорѓиевски претстави еден од седумте столба на неговата програма насловен „Скопје – град на слоеви, град на култура“. „Културната стратегија за Скопје ја препознава слоевитоста на градот како негово најголемо богатство. Токму затоа, таа се темели на три клучни насоки: ревитализација на јавните простори, развој на културната инфраструктура и системска поддршка на културниот развој. Скопје е град што ја раскажува ...

„Се согласивме со Доналд дека ќе мора да размислам во Москва и да разговарам со нашите колеги и сојузници. Тој ми го кажа истото. Ова се сложени прашања кои бараат дополнителна разработка, но остануваме врз основа на таа дискусија која се одржа во Енкориџ“, кажа рускиот лидер. Тој истакна дека сè уште постои можност за зачувување на Договорот за стратегиско офанзивно намалување и ограничување на оружјето (СТАРТ). „Дали овие неколку месеци ќе ...

Баражот веќе го имаме во рака без разлика како ќе ги завршиме квалификациите, него го обезбедивме преку Лигата на нации. Но, Македонија со денешниот резултат остана во игра за првото место и директен пласман на Мундијалот. Во моментов сме први на табелата со бод повеќе од Белгија и два од Велс, со таа разлика што овие две селекции имаат и натпревар помалку. Иако сме на врвот, работите не зависат од нас. Клучен за кристализирање на целата ...

Според Трајановски, комуналната полиција ќе има превентивна улога во спречување на создавање диви депонии, палење отпад и несовесно постапување со ѓубрето. „Со воведување на строги мониторинг и лиценцирање на сите транспортни возила за градежен шут и кабаст отпад, ќе се обезбеди јасно следење на нивното движење и на местата каде отпадот се одлага. Благодарение на беспилотни летала со термални сензори, ќе се врши рана детекција на чад, оган и ...

Денеска на 11 Октомври – Денот на востанието, ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Демир Хисар. Кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција во централниот Штаб во центарот на градот. СДСМ и коалицијата ќе одржат митинзи во Желино, Теарце, Тетово и во Јегуновце. Претставниците на ПП Левица ќе одржат средби со граѓаните на Прилеп, Куманово, Старо ...

Празникот годинава ќе биде одбележан со свечена академија во Прилеп и доделување на истоимената награда во Скопје. Свечената академија под мотото „На вистинската патека, за татковина со иднина“ ќе се одржи во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и на неа, според најавата од владината прес-служба, ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Во Скопје, во Собранието ќе бидат доделени годинашните награди „11 Октомври“. Наградата за животно дело во ...

Селекторот Благоја Милевски е задоволен од начинот на кој Македонија одигра дефанзивно, но не и од организацијата на играта која требала да биде поинаква. „Задоволен сум од начинот на кој функциониравме во одбраната, но никако не можам да бидам задоволен од тоа како изгледавме во организацијата на играта, а тука заслуга има и противникот, но крајниот резултат е одличен за нас, задоволен сум од начинот на кој момците го истуркаа овој меч. Добивме ...

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до вторник времето ќе биде претежно стабилно со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Кон средината на следната седмица под влијание на влажна и посвежа ...

Портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи Маркус Ламерт изјави дека со новиот систем ќе се врши електронско регистрирање на податоците за државјаните од трети земји кои не се членки на ЕУ при нивното преминување преку надворешните граници на Шенген зоната за престој во држава членка до најмногу 90 дена. Имплементацијата на системот ќе биде постепена во период од шест месеци, при што во првите 30 дена земјите членки ќе треба да ...

Мицкоски кажа дека овие локални избори за противниците значат спас за нивните политички кариери и спас на нивните бизниси, но сепак ќе доживеат огромен дебакл. „Јасно е дека ова не се само локални избори, туку од вашиот глас зависи и тоа како ќе се развива државата и во кој правец ќе се движи. За нашите противници ова се избори каде тие сакаат да си ги спасат политичките кариери, но зад тоа стои намерата на човекот кој си ја приватизираше ...

„Во врска со објавите на социјалните мрежи изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето превземање на менаџирање на Клиниката за неврологија. Тоа е постапка со која не се гордеам и сметам дека е момент на моја слабост која не смее да биде пример. Секој човек во животот се соочил со слабости, предизвици и грешки. После ова знам дека оваа грешка нема да се повтори и сум подготвен да живеам со сите ...

„Отворањето на понудите беше извршено на 8 октомври 2025 година. Понатаму следи постапка на проверка на понудите и предлог за избор на Изведувач, кои потоа треба да бидат поднесени и одобрени од страна на ЕБОР. Најпосле е постапката за потпишување на Договор со најповолниот Изведувач кој ќе биде избран. Очекуваме овие процедури да се завршат до февруари идната година“, велат од ЈПДП за МИА. Девет фирми на 1 август годинава добија покана од ЈПДП ...

Еден од најдобрите на натпреварот беше Ѓоко Зајков кој заедно со останатите делуваше беспрекорно во одбраната. „Одигравме храбро и дисциплинирано во одбрана, се разбира дека не можеме против ваков противник секогаш да се надигруваме. За мене ова е многу голем бод, игравме на гости со Белгија. Но мораме да ги спуштиме нозете на земја, имаме уште еден важен натпревар за три дена во кој мораме да освоиме три бода, ако сакаме да одиме на Светско. ...

Директорот на Канцеларијата за управување и буџет Расел Воут објави на социјалната мрежа Икс дека почнало „намалувањето на работната сила“, додека портпарол на Канцеларијата кажа дека намалувањата се „значајни“, без да даде детали. Белата куќа ги наави масовните отпуштања непосредно пред почетокот на блокадата на владата на 1 октомври, која почна затоа што републиканците и демократите не можат да се договорат за буџетот. На федералните служби им ...

Македонија останува на првата позиција во групата, македонските фудбалери тактички одиграа одличен натпревар, беа максимално фокусирани од првата до последната минута и на крајот заслужено го освоија бодот против квалитетно многу посилната репрезентација на Белгија. Селекторот Милевски се реши мечот да го почне со комплетно затворена тактика, во првото полувреме Македонија се бранеше со сите фудбалери, а Белгија нервозно се обидуваше да најде ...

„Главниот напад беше во четири области“, им кажа Зеленски на новинарите во Киев. „Верувам дека временските услови влијаеја на нашата способност да се одбраниме – приближно за 20 до 30 проценти“, додаде претседателот на Украина. Руски беспилотни летала и ракети ги погодија украинските енергетски објекти во текот на ноќта, оставајќи делови од Киев во мрак, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија и вода за домаќинствата и запирајќи ја ...

Ерменија поведе, даде гол во 38. минута, а ние речиси и да не покажавме ништо во првите 45 минути. На одморот заминавме со негатива. Во вториот дел заигравме подобро и по десетина минути Трајков погоди со глава за израмнување на 1-1. Клучниот момент се случи во 83. минута кога Трајков сакајќи да пронајде свој играч во офанивата, шутна, а топката заврши во голот на голманот Давитјан кој направи катастрофална проценка. Македонија победи со 2-1. За ...

Естонија, Летонија и Литванија долго време ги предупредуваа другите членки на НАТО за можна руска агресија, наведувајќи ги сè почестите сајбер напади, дезинформациските кампањи и упадите на руските воени авиони и беспилотни летала во последните месеци. Русија тврди дека нема планови да го нападне НАТО, но трите земји, кои Москва ги анектираше за време на Втората светска војна, ги дуплираа своите трошоци за одбрана од почетокот на инвазијата на ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1012
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
87%
1007
weather icon

Загреб

11ᴼ / 8ᴼ
0.51
89%
1005
weather icon

Софија

13ᴼ / 8ᴼ
1.03
49%
1012
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.72
66%
1009
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
96%
1005
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
2.24
78%
1013
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
100%
1010
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 5ᴼ
1.03
84%
1011
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.24
84%
1005
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1014
Currency

61.625

Currency

53.0011

Currency

70.5337

Currency

34.5108

Currency

37.8478

Currency

66.6324

Currency

7.44275

Currency

0.66572

Currency

0.34687

Currency

0.52556

Currency

1.2636

Currency

0.60355