Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Ексминистерот за европски прашања, Орхан Муртезани ќе биде нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Според медиумските сознанија нова амбасадорка во Лондон ќе биде Илина Мангова, која зад себе има богата кариера во невладиниот сектор како дел од раководството на Меѓунароодниот републикански институт ИРИ. Линда Салиеска Иљазоска е кандидатка за амбасадорка во Хаг. Крум Ефремов ќе биде новиот македонски амбасадор во Бугарија. ...
Причината за ова, како што се наведува, е тоа што Русија го изгубила пристапот до сателитскиот систем Старлинк на милијардерот Илон Маск. Од почетокот на февруари руските сили повеќе не можат да го користат, што значително влијаело на комуникацијата меѓу единиците и со техничката опрема. Според Киев, руските беспилотни летала со помош на Старлинк ги заобиколувале електронските системи за попречување, а потоа прецизно ги погодувале своите ...
Неговите бројни придобивки вклучуваат сè, од поддршка на дигестивниот систем до зајакнување на имунитетот и здравјето на кожата. Еве зошто вреди да се вклучи во секојдневна употреба. Го ублажува стресот и анксиозноста Камилицата делува како природен седатив, опуштајќи го нервниот систем. Редовната консумација може да го намали нивото на хормоните на стрес, да го подобри квалитетот на спиењето и да помогне при несоница. Ги ублажува ...
„Во текот на 2025 година реализирани се обезбедувања на 61 делегација и 153 меѓународни и домашни настани, оценети со највисоки оценки од нашите меѓународни партнери. Тоа е потврда дека македонската полиција стои рамо до рамо со најдобрите и работи во согласност со највисоките професионални стандарди – потенцира министерот Тошковски“, пишува во соопштението на МВР. Тој нагласи дека во услови на променлива и комплексна безбедносна средина ...
Според него, членовите на Советот на вчерашната седница на која се разгледувале кандидатурите за нов државен обвинител ја искористиле својата службена положба и ги пречекориле границите на своето службено овластување, постапувајќи спротивно на член 62 став 1 алинеја 1 од Законот за јавно обвинителство при разгледување на неговата пријава. „Заради вистината ќе споделам со вас дека Советот на јавни обвинители денес при очи сите не направи ...
Како што информираа од ТППЕ Струмица првиот пожар избувнал во 7 часот во викендичка во излетничкото место Суви Лаки, а во гаснењето на пожарот учествувале и пожарникари од ТППЕ Берово, односно пожарот го гаснеле вкупно осум пожарникари и две против пожарни возила. Според информациите од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, благодарение на добрата изолација на викендичката, пожарот не се проширил и е навреме изгаснат. Веднаш по овој ...
Помеѓу перформансите, дизајнот и цената, купувачите често поминуваат недели во истражување, чекајќи го вистинскиот момент за својата следна инвестиција. За сите оние што веќе некое време разгледуваат, но сè уште ја немаат донесено финалната одлука, Анхоч ја започнува својата најнова кампања која ги отстранува сите дилеми. Под слоганот „Вистински избор. Во вистинско време“, компанијата нуди услови што ја прават технологијата подостапна од кога ...
Се работи за навивачот Ристе Божиновски – Мачор кој има сериозна здравствена битка. Поради тоа, група навивачи заедно со капитенот Дамјан Стојановски, директорот Филип Ѓорески и тренерот Васко Атанасов го изненадија во болницата. Тие го донесоа пехарот од Купот кај својот голем навивач, а исто така му подарија и златен медал од победничките. Ристе Божиновски е долгогодишен навивач и еден од основачите на групата „Фемили Аеродром“, татко на ...
Организаторите објавија дека Ѓоковиќ повторно ќе биде дел од „тенискиот рај“, турнир што го има освоено пет пати. Србинот го дели рекордот со Роџер Федерер по бројот на освоени трофеи. По настапот на Австралија Опен, Србинот реши да ја прескокне Доха и да се фокусира на американската турнеја. Иако има 39 години, Ѓоковиќ и натаму е конкурентен на највисоко ниво, но ќе се соочи со силна конкуренција предводена од младите таленти Карлос Алкараз ...
Меѓу двете држави досега не се одржувал воздушен сообраќај и се очекува воспоставувањето редовни авиолинии да придонесе за зголемување на економската соработка, туризмот, трговската размена и севкупните билатерални односи. „Со спогодбата се создаваат либерални и фер услови за работа на авиопревозниците преку поттикнување конкуренција, пониски цени за патниците, како и можност за воведување нови и поквалитетни услуги. Истовремено, спогодбата ...
Минимално зголемување на нивото од три сантиметри во споредба со вчерашното има реката Треска на мерното место кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања каде водостојот е зголемен за четири, односно за два сантиметра, и Струмица кај Коњарево каде нивото е повисоко за три сантиметри. Најголемо зголемување на водостојот од 24 сантиметри има реката Струмица кај мерното место Сушево, за 20 сантиметри во споредба со вчера е ...
За членови на Управниот одбор избрани се истакнати претставници на водечки компании со грчки капитал во земјава: Илијас Пападопулус од Стопанска банка Скопје, членка на NBG Group, Димитрис Пасхос од ОКТА, членка на Hellenic Energy Group, Илијас Тсукалас од ЕДС, членка на PPC Group и Василис Анагносту од Мермерен комбинат Прилеп, Павлидис Групација. Со ова, Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето активно и силно присуство во државата, ...
Количината врнежи за изминатите 24 часа до 7 часот изутрина во Струмица изнесува 13 литри на квадратен метар, 11 во Берово, 8 во Претор и Гевгелија, 7 во Демир Капија, 6 во Битола, 5 во Тетово, Пожаране и Kрушево, 4 во Прилеп, 3 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Штип, Виница и Ѓуриште, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Охрид, 1 во Кавадарци и Mаврови Анови. Снежна покривка има и во Маврови Анови, 3 сантиметри, во Берово, 2 и во Ѓуриште 1 ...
Винисиус со начинот на прослава на погодокот го навлече гневот на фановите на Бенфика, а потоа и на фудбалерите по што настана голема мешаница по која се пожали на расистички навреди. Но, ова не е првпат да му се случи нешто вакво на Винисиус, тој постојано е мета на расизам. Мурињо смета дека е проблематично однесувањето на Бразилецот, па затоа се случуваат сите тие мешаници. „Кога тоа се случува на толку многу стадиони, секогаш со истиот ...
Зимската параолимпијада ќе се одржи од 6 до 15 мај во Милано и Кортина. Русија и Белорусија по долго време првпат ќе учествуваат под своето знаме. Тоа ќе бидат шест руски и четири белоруски спортисти. Тоа ќе биде првпат по Сочи 2014 година да се вее руското знаме на едни параолимписки игри. Најпрво беше забрането поради допинг скандалот, а потоа и поради војната со Украина. Ова би требало да е уште едно наговестување на постепено враќање на ...
По погодокот се случи хаос кој кулминираше со навреда на Престијани кон Винисиус поради која имаше подолг прекин. Наводно Аргентинецот расистички го навреди Бразилецот викајќи го „мајмун“. По мечот Винисиус се обрати со соопштение за целата ситуација. „Расистите се пред се кукавици. Тие треба да го стават дресот на нивните усни за да покажат колку се слаби“, пишува Винисиус. „Но имаат заштита од другите, кои теоретски имаа јасна обврска да ги ...
Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции. „За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки во согласност со своите надлежности“, соопшти ЦУК. Во Скопје, како резултат на силниот ветер во скопската котлина, на шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир, Граничен премин Делчево, Страцин и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...
Клучниот пресврт во истрагата го донесе сведоштвото на лице, кое било вработено во служба за противпожарна безбедност и бил формално задолжен да предупреди на опасноста. Овој исказ стана главниот столб врз кој обвинителството ја гради тезата за убиство од небрежност. Според Свисинфо, лицето двапати ги известило сопствениците за опасноста која демне, но тие не одговориле никако на предупредувањата. Медиумот објаснува и дека скалите од подрумот ...
Реал Мадрид имаше слатка одмазда иако војната ќе трае уште едно полувреме. Кралскиот клуб беше подобар и заслужено победи, може и да жалат што не е со повеќе голови разлика. Единствениот гол го постигна Винисиус жуниор во воведниот дел од второто полувреме. Играчот на Реал по дадениот гол направи хаос со својата реакција и предизвика навреди на расна основа по што мечот беше некое време во прекин. Во текот на мечот Жозе Мурињо доби црвен ...
Неговата реакција доаѓа откако денеска Советот на јавни обвинители ја одби неговата кандидатура за државен јавен обвинител, затоа што, како што беше наведено во мислењето – не го исполнувал условот од 10 години непрекинат работен стаж како судија или обвинител во областа на кривичното право. Панчевски ја објави потврдата, со која покажува дека го задоволува условот што од него се бара за избор на државен јавен обвинител. „Чисто заради сите ...
Уредот е 1,5 до 2 пати попрецизен од претходно достапните аналитички алатки и ги поставува темелите за развој на брзи тестови од следната генерација, според Руската научна фондација (РСФ). Пушење, консумирање алкохол, загадувањето на воздухот, хроничните заболувања и голем број други фактори доведуваат до акумулација на реактивни кислородни видови во човечкото тело. Според Руската научна фондација, овие честички, кога се премногу, ги ...
Филмот „Соучесници“ е психолошка и социјална драма, во кој идиличниот живот на главните ликови нагло се менува по сообраќајна несреќа. Додека се борат да се справат со последиците, нивната совест ги прогонува, трансформирајќи ја нивната врска и доведувајќи до низа неочекувани настани. Продуцент на филмот е Лазар Ристовски (Зилион филм), а копродуценти се Роберт Насков (Партизанс) и Иван Малоча (Интер филм). Директор на фотографија е Бојан ...
Според соопштението од неговото семејство, тој починал мирно во својот дом во Вирџинија, а покрај него била неговата сопруга. Дувал не сакал формална комеморација, па семејството ги охрабри обожавателите да му оддадат почит со „гледање одличен филм, раскажување добра приказна околу масата со пријателите или возење низ природата и уживање во убавината на светот“, се наведува во текстот. Тој беше најпознат по улогата на Том Хејген, заедно со ...
Изложбата опфаќа дваесет графики, кои претставуваат внимателно селектиран пресек од неговото најново творештво. Делата веќе биле претставени на бројни групни изложби и меѓународни конкурси во повеќе европски и светски земји, каде што биле високо оценети од стручната јавност, но и препознаени од љубителите на класичната графика како дела со изразена авторска ракописност и концептуална продлабоченост. Сите графики се реализирани во техниката ...
Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ ја добија новинарот Ристо Тасев од Струмица и фоторепортерот на МКД.мк Роберт Атанасовски. Наградата за истражувачко новинарство ја поделија новинарите на „Код“, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и Ирена Мулачка од „Фокус“ за нивните стории за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Здружението на новинари на Македонија додели и признанија на Владо Апостолов од БИРН, а наградата ...
Со искрено задоволство ја споделувам веста која со години ја чекаа повеќе од 100.000 жители што секојдневно го користат еден од најклучните сообраќајни правци во Скопје булеварот „Борис Трајковски“, пишува на својот профил на Фејсбук, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Денеска остварив средба со стопанствениците долж трасата и постигнавме договор за забрзано спроведување на експропријацијата, процес кој во минатото останал ...
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 7 до 12 степени. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд и снег. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утре времето ќе биде ...
Министерството за јавна администрација соопшти дека на средбата се дискутирало за принципите на професионализација, мерит систем, транспарентност и отчетност во именувањето и управувањето со високите раководни структури во државната управа, како и за потребата од јасно разграничување на надлежностите, унапредување на координацијата и зголемување на ефикасноста во функционирањето на институциите преку новото законско решение за организација и ...
Зеленски, кој во интервју за американскиот медиум Аксиос зборувал за актуелните тековни преговори, оцени дека е неправедно тоа што американскиот претседател Доналд Трамп продолжува јавно да бара од Украина, а не од Русија, отстапки за постигнување мир. Украинскиот претседател кажа дека иако можеби е полесно за Трамп да изврши притисок врз Украина отколку врз многу поголемата Русија, начинот за создавање траен мир не е да му ја предаде ...