Како што изјави обвинителот Љубомир Лапе, издадени се и наредби за утврдување на локации преку базни станици на телефони, како и други видови вештачења кои треба да помогнат во расчистување на случајот. „Во моментов Јавното обвинителство и понатаму постапува во насока на откривање и докажување на кривичните дела. Се чекаат резултати како од наредените ексхумации, обдукции така и од нареденото психијатриско вештачење, но и други друг вид ...

„Новиот ирански лидер штотуку побара од Соединетите Американски Држави прекин на огнот“, напиша Трамп. Тој додаде дека Вашингтон ќе ја разгледа таа можност „кога Ормускиот теснец ќе биде отворен, слободен и безбеден“. „Дотогаш, ќе го срамниме Иран со земја“, порача американскиот претседател, во изјава што дополнително ја нагласува острата реторика на администрацијата во текот на конфликтот. Во претходните изјави, Трамп повеќепати истакна дека ...

Многу луѓе купуваат повеќе зеленчук отколку што навистина трошат, а лошото складирање дополнително го скратува неговиот рок на траење. Стручњаците предупредуваат дека најчестата грешка е недостаток на план за оброци, поради што намирниците се забораваат или се расипуваат. Лиснат зеленчук како спанаќот и зелената салата траат од три до пет дена ако се чуваат во фиоката за зеленчук, по можност во вреќичка во која воздухот може да циркулира или ...

Иницијатори за одржување на ваква надзорна расправа се пратеничките Жаклина Пешева од ВМРО-ДПМНЕ и Моника Зајкова од Либерално-демократската партија. Зајкова во образложението потенцира дека Собранието нема намера да се меша во судската власт и да глуми правосуден орган, но дека согласно Деловникот има можност да свика надзорна расправа со цел да ги повика институциите од неговиот делокруг за да види колку ги спроведуваат законите што ги носи ...

Пешаците претставуваат една од најранливите категории учесници во сообраќајот, а статистичките податоци укажуваат на потребата од континуирана едукација, подигнување на јавната свест и зајакнување на одговорното однесување кај сите учесници. Со оваа кампања се стремиме да поттикнеме поголема внимателност, почитување на сообраќајните правила и меѓусебна толеранција помеѓу возачите и пешаците. Кампањата ќе опфати низа активности, вклучувајќи ...

„Очекувам од новиот јавен обвинител да излезе во јавноста со став како тогашната затвореничка Катица Јанева ги пренесе своите овластувања и ги оживеа предметите од поранешното специјално јавно обвинителство (СЈО). На кој начин и како беше тоа направено. Македонската јавност и граѓаните заслужуваат да знаат бидејќи тие ги плаќаа оние скапи милионски хонорари за тие т.н. обвинители, кои беа дел од СЈО. Тоа треба да го знае македонската јавност ...

Кружниот напаѓач ќе остане дел од битолскиот состав и во сезоната 2026/27, со што се потврдува континуитетот во ростерот на актуелниот шампион на Македонија. Пешевски е еден од играчите чие доаѓање се совпадна со подемот на клубот и освојувањето на трофеи во домашното првенство. Неговото искуство и стабилност на позицијата пивот беа значаен фактор во резултатите на Пелистер во изминатиот период. Пред ангажманот во Битола, тој настапуваше за ...

Фрустрацијата кај Италијанците беше очигледна веднаш по последниот удар од белата точка. Голманот Џанлуиџи Донарума не можеше да ги сокрие емоциите, па влезе во вербални конфликти со неколку противнички фудбалери. Ситуацијата можеше да ескалира, но беше смирена откако во мешаницата се вмешаа Един Џеко и италијанската легенда Леонардо Бонучи. Овој пораз сигурно уште долго ќе биде болна тема за Италија, која третпат по ред не успева да се ...

Искусниот ракометар се очекува да го засили тимот за следната сезона, како дел од амбициозниот проект што го води тренерот Борис Ројевиќ. Зечевиќ зад себе има петгодишен стаж во Партизан, период кој беше одбележан и со две сериозни операции на коленото, но во Охрид веруваат дека неговото искуство и квалитет ќе донесат дополнителна вредност во ростерот. Охриѓани со вакви потези најавуваат сериозни амбиции за наредната сезона и желба да бидат ...

„Од тој датум кога починаа, како животот да ми застанал. Немам мотив за живот“, рече Саздов. Во 2021 година се запознале со Стојанче во Противпожарната служба, каде што се вработиле, се дружеле со него и неговата сопруга и ќерката, потоа и со девојката на Мартин. „Додека се дружевме, Ивана ја гледав како сестра, како најдобра другарка. Престанавме да се дружиме кога дознав дека се гледал со девојката со која се гледав јас, со мојата девојка, ...

„Надзорот покажа дека спротивно на член 48 став 2 од ЗААВМУ, емитуваната содржина на МРТ2, во рамки на музичката програма ‘Фестивал на детска песна – Билбилите на Кораб’, поттикнува и шири нетрпеливост врз основа на национална и етничка припадност преку иредентистички симболи и експлицитни политички пораки за промовирање на моноетнички, иредентистички „аманет“ за обединување на територии“, се вели во заклучокот на Извештајот на ААВМУ. Предмет ...

„Застои во поглед на постапувањето по сите предмети нема да има, без оглед на тоа кој се јавува како застапник на обвинението, затоа што станува збор за јавнообвинителски предмети кои се проследени до надлежниот суд. Судот е тој што понатаму ќе ја определува динамиката на постапувањето“, изјави обвинителката Андонова. Андонова потврди дека имала време да се запознае со материјалите од сите три предмети поврзани со случајот, кои ѝ беа ...

„Тука сме да ја поддржиме оваа иницијатива, бидејќи сме една од болниците каде што најчесто се имплантираат таканаречените вештачки срца. Оваа терапија е наменета за тешко болни пациенти и служи како премостување на периодот додека се пронајде соодветен орган за трансплантација. Конкретно, зборуваме за срце. Во моментов имаме пациенти кои веќе седма година живеат со вештачко срце, нешто што е реткост дури и во светски рамки. Доколку тие ...

Ризикот е за околу 28 проценти поголем, во просек. Тоа не е голема разлика, но може да биде доволно значајна за да преовладува ако се вклучени и други фактори на ризик. „Објавени се многубројни систематски прегледи со мета-анализи кои ја истражувале корелацијата помеѓу АБО и Резус (Rh) крвните групи со различни здравствени исходи. Сепак, до денес, поврзаноста помеѓу овие крвни групи и исходите за човечкото здравје останува контроверзна“, ...

Аустријан ерлајнс денеска одбележува значаен јубилеј на македонскиот пазар – 30 години од воспоставувањето на авиолинијата Скопје – Виена и почетокот на успешната соработка со Меѓународниот aеродром Скопје и ТАВ Македонија. На Меѓународниот aеродром Скопје со церемонијален воден мост по слетувањето на авионот, беа пречекани патниците, кабинскиот персонал и менаџментот на авиокомпанијата, со што беше одбележан овој значаен јубилеј. Неџат Курт, ...

Работата е најдобрата ресоцијализација на осудените лица, но тие одат во затвор за да ја одлежат казната и тоа буквално значи дека лежат. Има ли тука ресоцијализација, нели треба таа казна да се одработи, а не да се одлежи? Кога стапив на функција, тоа ми беше една од првите приоритетни работи, сепак сум нов човек во затворскиот систем. Имам посетено многу затвори и можам да кажам дека на Балканот, еве да тргнеме од Србија, Хрватска, Косово, ...

„Тоа е позната реторика, сега што да коментирам кога сум ја коментирал многупати во минатото. Начинот на кој СДСМ ги гледа евроинтегративните процеси, а тоа е исклучиво распродавање на македонскиот национален идентитет, удар врз ткивото, тоа се, би рекол, мекотелни политики. Тие се мекотелни политичари, тие се мекото ткиво на македонскиот идентитет и на тој начин ја загрозуваат целата онаа стратегија што ние како Влада ја градиме“, рече ...

Фудбалот на овие простори е спорт број еден, а тоа го потврдува и статистика која вели дека на секое првенство има претставници од овој регион. Од 1998 година, па досега секогаш имало по две селекции од поранешната држава Југославија. Престојното ќе биде осмо по ред, а на него ќе бидат Хрватска и БиХ. Хрватите не беа само во 2010 година, тогаш претставници на „Југославија“ беа Србија и Словенија. Македонија досега не успеала да се најде на ...

Младинците на битолскиот тим не успеаја втора година во низа да се пласираат на „фајнал-фор“ турнирот во младинското елитно натпреварување. Откако вчера го елиминираа дански Алборг, сега на патот на пелистерци им застана германски Фуксе. Бундеслигашот се наметна уште од стартот, па уште на полувреме го реши прашањето на победникот бидејќи водеше со 10-28. До крајот Германците уште поубедливо го добија мечот за пласман на завршниот турнир. Во ...

„Новиот јавен обвинител Ненад Савески за 24 часа успеа да исполни сѐ што му порача Мицкоски од говорница, како да има иста глава со Мицкоски. Прво, ја елиминира Ивана Алексова Трајчева, која е единствен квалитетен обвинител во ОЈО ГОКК и која ги поапси началниците, инспекторите и полицајците кои беа одговорни ноќта кога се случи трагедијата во Кочани. Сите овие уапсени се вмровски кадри кои два дена пред трагедијата славеле роденден на ...

Џеко по вторпат во кариерата се пласира на Светско првенство, но овојпат е неизвесно дали ќе го игра. Медиумите од Босна и Херцеговина пишуваат дека Џеко има повреда на клучната коска која мора да биде санирана со операција. Во наредните денови ќе има подетални инфомации за повредата и колку време ќе му биде потребно да ја санира. Босанците засега се во неизвесност, клупската сезона за Џеко е сигурно завршена, а ќе биде во трка со времето за ...

Од организацијата соопштија дека Пешева, која е активистка на Анима Мунди и долгогодишен борец за хумано и системско справување со проблемот со бездомните животни, за разрешувањето била известена телефонски, без претходна средба, без образложение и без официјална институционална комуникација. Отстранети се активисти од Управниот одбор. Отстранет е директор, активист. Отстрането е сè што не е подобно и сè кај кое нема да помине наредба на ...

Српскиот тенисер немаше дилема за кој ќе навива на овој натпревар, тоа го кажа и пред почетокот на мечот, па по последниот пенал заедно со сите околу него се радуваше на големиот успех на Босанците. ⚽️ La reacción de Novak Djokovic al penal que dejó a Italia FUERA del Mundial. 😳 IMPERDIBLE.pic.twitter.com/KYgQO9b929 https://t.co/PcvTU12Psq — Tiempo De Tenis (@Tiempodetenis1) April 1, 2026 Пред почетокот на мечот: Novak Djokovic getting ...

Сензационалниот успех ги извади сите Босанци на улица, луѓето во сите градови во БиХ излегоа и славеа до сабајле. Земјата гореше, факели, огномети, петарди, песна, среќни луѓе… Погледнете дел од атмосферата во БиХ по мечот со Италија: WHAT A NIGHT!🇧🇦 pic.twitter.com/mxGCcO5AWG — Bosnian Football (@BosniaNTBall) April 1, 2026 So happy for Edin Dzeko. What a send off he will have! 🇧🇦💎 pic.twitter.com/UyGNd3tJ0W — Bosnian Football ...

Главната расправа закажана за денеска се одложи за 20 април по барање на бранителот на обвинетите Кире Богатинов и Кристина Николова, кој информирал дека истовремено имал обврска во друг притворски предмет со приоритет во Основниот суд Кочани. Судијата информираше дека телефонски го контактирал бранителот и побарал да обезбеди присуство на друг адвокат за денешното рочиште, со цел да се утврди динамиката на постапката. Како замена беше дојден ...

Според ИДФ, во вчерашниот напад во градот Махалат е убиен Махди Вафаеи, кој бил задолжен за инженерство во рамките на либанскиот корпус на силите Кудс. Израелската војска тврди дека Вафаеи работел повеќе од две децении на развој на подземни проекти во Либан и Сирија. Според нив, тој учествувал во „десетици подземни проекти во Либан кои биле користени за складирање напредно оружје“. Иран сè уште не ги коментирал овие тврдења. Според ИДФ, во ...

„Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција“, наведува Обвинителството во денешното соопштение. Триесет и тригодишникот започнал семејна расправија со таткото заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што физички го нападнал удирајќи го со рака и тврди метални предмети, сè додека не ...

Овој Мундијал ќе влезе во историјата како прв со 48 репрезентации, што значи и нов формат на натпреварување и значително поголем број натпревари. Репрезентациите се распределени во 12 групи со по четири селекции, а веќе е познат и изгледот на сите групи. Групи за претстојното Светско првенство: Група А: Мексико, Јужна Африка, Кореја, Чешка Група Б: Канада, БиХ, Катар, Швајцарија Група Ц: Бразил, Мароко, Хаити, Шкотска Група Д: САД, Парагвај, ...

Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на билатералните односи, реафирмирањето на француската поддршка за евроинтегративниот процес на нашата држава, како и размена на мислења за актуелни регионални, европски и глобални прашања. Предвидена е и средба со Жером Филипини, директор на Националниот институт за јавни служби на Француската Република (INSP), при што ќе биде потпишана Декларација за намери помеѓу Министерството за ...

Тоа е важно, затоа што се соочуваме со реални демографски предизвици кои бараат нови модели за привлекување и задржување студенти и кадри. Недостатокот на вештини и иселувањето на талентите не можат да се решаваат изолирано, туку преку мобилност, циркулација на идеи и, пред сè, преку заеднички решенија. Ова го нагласи министерката за образование и наука, Весна Јаневска на затворањето на конференцијата, на која во изминатите два дена беа ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
67%
1015
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
37%
1018
weather icon

Загреб

15ᴼ / 11ᴼ
4.63
43%
1021
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
48%
1015
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.6
64%
1017
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
2.68
41%
1020
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
55%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
59%
1013
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
36%
1013
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
61%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
3.09
31%
1019
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
7.2
91%
1015
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Злато

166450.52

Рутениум

54591.97

Сребро

2840.84

Платина

66680.65

Иридиум

253540.09

Цинк

3.43

Алуминиум

3.56

Калај

50.46

Бакар

12.11

Паладиум

49675.57

Кобалт

45.39

Родиум

326330.08