Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје, утре ќе се одржи четиринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“. Во рамки на настанот ќе се реализира велосипедска трка со почеток во 09:45 часот, со траса на движење од пред Музеј на град Скопје по ул. „Св. Кирил и Методиј“, лево по бул. „Св. Климент Охридски“, право по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Тодор ...
Кошаркарите на Детроит Пистонс се изборија за нова мајсторка откако ноќеска во натпреварот број 6 како гости го совладаа Кливленд со 115:94 и изедначија на 3:3 во победи, додека Сан Антонио избори финале на Запад откако ја совлада Минесота со 139:109. Детроит беше уште еднаш на прагот на елиминација, но повторно избори мајсторка на домашен терен. Во текот на првиот Детроит водеше благодарение на серијата од 13:0, иако Кливленд на полувреме ...
Екипата на Астон Вила синоќа во претпоследното коло од Премиер лигата пред своите навивачи го совлада актуелниот првак Ливерпул со 4:2 и обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Со новите три бодови се пробија на четвртото место на табелата, пред Ливерпул кој пак за учество во Лигата на шампионите ќе мора во последното коло на домашен терен да го совлада Бурнемут. По мирниот почеток на натпреварот во 42.минута Морган Роџерс донесе водство за ...
По најавените заминувања на Мохамед Салах и Енди Робертсон, како и евентуалниот трансфер на Алисон во Јувентус најверојатно по осум сезони минати во Ливерпул, Вирџил Ван Дајк ќе го напушти клубот. Тоа значи и последниот играч од ерата на менаџерот Јирген Клоп дека го напушта Ливерпул. Според турските медиуми тој веќе дал потврден одговор за трансфер во Галатасарај, со услов Ливерпул да го пушти без обесштетување. Ако дојде до евентуален ...
Делчевските матуранти синоќа со традиционално дефиле низ центарот на градот ја одбележаа матурската вечер, обојувајќи го Делчево во духот на младоста, елеганцијата и надежта. Вкупно 66 матуранти од средношколскиот училишен центар СОУ „М.М.Брицо“ продефилираа пред бројни граѓани, кои со аплаузи и поддршка ја поздравија генерацијата 2022/2026 на нивниот свечен чекор кон новото животно поглавје. Градоначалникот Гоцевски, упатувајќи честитка до ...
Прославениот голман на минхенски Мануел Нојер потпиша нов договор со баварскиот гигант до јуни 2027 година. „Баерн имал многу фантастични голмани низ својата богата историја, а Нојер дефинитивно е на таа листа. Тој е вистински модел на теренот и надвор од теренот. Горди сме на тоа како тој го обликуваше нашиот клуб откако е со нас“, изјави вечерва претседателот на Баерн, Херберт Хајнер. Четириесетгодишниот Нојер му се приклучи на Баерн од ...
Неидентификувано лице се согласи да плати 9.000.100 долари на хуманитарна аукција за вечера со милијардерот Ворен Бафет и американската кошаркарска ѕвезда Стеф Кари. Аукцијата на „Ибеј“ (eBay) траеше една недела и заврши во четвртокот. Бафет, Кари и неговата сопруга Ајеша Кари ќе му се придружат на победникот и уште седум други гости по негов избор на заедничка вечера на 24 јуни во Омаха, Небраска, каде е сместено седиштето на конгломератот ...
Италијанскиот фудбалер Самуеле Инасио го продолжи денеска договорот со Борусија Дортмунд до јуни 2029 година. Инасио дојде во Борусија во 2024 година од редовите на Аталанта. Оваа сезона, 18-годишниот Инасио одигра шест натпревари во Бундеслигата, а го постигна својот прв гол за Дортмунд во победата од 3:2 против Ајнтрахт Франкфурт. „Многу сум среќен во Дортмунд и горд што дебитирав во Бундеслигата во овој голем клуб. Чувството да го ...
По долго боледување почина Мајкл Стоун, постариот брат на Шерон Стоун. Актерката ја сподели веста за неговата смрт на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од својот брат и порака со која му изрази последен поздрав и му посака мир. – По долго боледување почина мојот постар брат Мајк Стоун. Му посакуваме мир, напиша актерката. Мајкл Стоун во текот на својот живот бил присутен во светот на филмот и телевизијата, градејќи кариера преку ...
Германскиот тенисер Александар Зверев нема да настапи на претстојниот турнир во неговиот роден град Хамбург, јави денеска агенцијата ДПА. Според истиот извор, Зверев чувствува болки во грбот и претпочита да одмори уште една недела пред вториот сезонски грен слем турнир Роланд Гарос. Турнирот во Хамбург започнува в недела, а Ролан Гарос на 24 мај. „Навистина сум разочаран што морам да се повлечам од овогодишниот турнир во Хамбург. Тоа е мојот ...
Со гостински триумф попладнево над Струга од 1-0 во рамки на 33. прволигашко коло, Вардар ја освои шампионската титула и го зацврсти статусот на најтрофеен клуб во историјата на Првата македонска фудбалска лига. За Вардар ова е рекордна 12. титула, а прва по пауза од шест години. Вардар триумфираше на гостувањето во Струга со голот на Цветковиќ во 5. минута и ја задржа предноста од шест бодови пред второпласираната Шкендија, пред нивниот ...
Португалскиот стратег Жозе Мурињо потврди денеска дека има понуда за продолжување на договорот со Бенфика и оти не знае дали има понуда и да се врати на клупата на Реал Мадрид, каде што беше тренер од 2010 до 2013 година. „Во средата добив понуда од Бенфика за продолжување на договорот. Мојот агент ја прими понудата, но не сакав да ја видам, да знам за неа или да ја анализирам. Тоа ќе го направам дури од недела“, изјави 63-годишниот Мурињо ...
Манчестер Јунајтед ќе го задржи Мајкл Карик на тренерската должност, објави денеска италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Според истиот извор, косопственикот на Јунјатед ја одобрил одлуката на клубот да ја продолжи соработката со Карик. Поранешниот англиски репрезентативец ќе потпише договор со Јунајтед до крајот на сезоната 2027/2028 со опција за продолжување за уште една година. Карик во јануари оваа година седна на клупата на 20-кратниот ...
Во Собранието денеска беше промовиран нов портрет на поранешниот претседател Борис Трајковски, а во холот пред пленарната сала е отворена изложба со негови фотографии. Трајковски е државник, чиј лик и дело оставија длабока трага во современата македонска историја. Портретот го откри претседателот на Собранието, Африм Гаши, а на свеченоста присуствуваа членови на семејството на Трајковски, негови пријатели и соработници, пратеници и ...
Во 2025 година во кино салите во земјава се прикажани за 12.9% помалку кино кино-претстави отколку во 2024-та, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на прикажаните филмови е 922, на кино-претставите 12 057, а бројот на посетителите е 299 560. Со истражувањето на ДЗС биле опфатени 17 кина. Post Views: 2 мај 16, 2026 Во 2025 година во кино салите во земјава се прикажани за 12.9% помалку кино кино-претстави отколку во 2024-та, соопшти ...
Со такси-превоз, во 2025 година во земјава се превезени 18 449 000 патници, од кои 16 964 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот превоз 1 485 000 патници, соопшти Државниот завод за статистика. Со 1 982 патнички автомобили се изминати вкупно 60 158 000 километри, од кои 53 418 000 во градскиот превоз, а 6 740 000 километри во меѓуградскиот превоз. Post Views: 2 мај 16, 2026 Со такси-превоз, во 2025 година во земјава се превезени 18 449 ...
Општина Ѓорче Петров започна со реализација на пилот-проект за селекција на отпад, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот на локално ниво. Како што е наведено во соопштението на Општината, во рамки на проектот се доделуваат канти за пластична (ПЕТ) амбалажа на 60 домаќинства, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот на локално ниво. Проектот, ...
Општина Аеродром, во соработка со компанијата ЕКОТИП, воведе современа Tersano SAO® технологија за чистење, дезинфекција и дезодорирање во сите објекти на детската градинка „Буба Мара“, со што се поставуваат нови стандарди за хигиена, безбедност и грижа за здравјето на децата. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и комерцијалната директорка ...
Со забрзана динамика се одвиваат градежните работи за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Преку објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски наведува дека проектот е во завршна фаза. – Наскоро, овој важен мост на реката Вардар ќе биде ставен во функција и ќе овозможи подобро, побрзо и побезбедно движење за скопјани – вели тој. Тој додава дека се работи на откочување на проекти ...
Над 100 моторџии од повеќе градови низ државава денеска се собраа во Градски парк кај фонтаната, каде се одржа мото дефиле по повод Меѓународниот ден на семејството, во организација на Мото клубот „Вепар“ и СОС Детско село. Моторџиите со ова дефиле ја потсетија јавноста дека семејството не е само место каде што растеме, туку чувство на сигурност, грижа и припадност. За нас ова дефиле не е само возење, туку начин да покажеме дека како заедница ...
Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам стана првиот британски спортски милијардер, објави денеска „Сандеј Тајмс“ во најновата листа најбогати луѓе во Велика Британија за 2026 година. Заедничкото богатство на Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија се проценува на 1,185 милијарди фунти. Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација денес е косопственик на Интер Мајами, кој се смета за највредна франшиза во американската МЛС ...
Борба за титулата во Премиер лигата се одвива и надвор од теренот. Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вети награда за фудбалерите на Барнли, ако успеат да го запрат Арсенал. Според англиските медиуми Гвардиола ветил „Ролекс“ часовници за играчите на Барнли, ако го запрат Арсенал во борбата за шампионската титула. „Топџиите“ имаат шанса по 2004 година повторно да бидат шампиони на Премиер лигата бидејќи имаат два бода повеќе од ...
Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Руди Гарсија, го објави денеска списокот фудбалери за претстојното Светско првенство (СП2026) на кој се најде и напаѓачот Ромелу Лукаку, кој пропушти голем дел од оваа сезона во дресот на Наполи поради проблеми со повреди. За Лукаку и неговите репрезентативни колеги, Кевин де Брујне и Тибо Куртоа, ова ќе биде четврто мундијалско учество. Лукаку последен пат го облече белгискиот дрес во ...
Македонската фудбалска репрезентација на 1 јуни ѝ гостува на Турција во контролен натпревар во Истанбул, официјално потврди денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Шукру Сараџоглу / Чобани“ со почеток во 19:30 часот по македонско време. Репрезентацијата на Турција е учесник на Светското првенство 2026 и ќе биде сериозен тест за избраниците на селекторот Гоце Седлоски. Претходно, македонската ...
Од денеска до недела во Прилеп се одржува манифестацијата „Денови на Крали Марко“. Манифестацијата е трдиционална, а сите настани оваа година се во рамките на одбележувањето на 631 година од загинувањето на Крал Марко, личност од преданијата, но и од историјата, значајна за средновековниот Прилеп. Крали Мареко загинал на 17 мај 1395 година. Во рамките на манифестацијата, денеска во Заводот и музеј во Прилеп беше отворена изложбата ...
Во пресрет на одбележувањето на 21. годишнина на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), денеска директорот Стојанче Ангелов со голема благодарност се обрати до сите вработени, поранешни и сегашни припадници, а и соработници, кои со својата професионалност и посветеност придонесуваат во исполнувањето на мисијата на ДЗС. Исто така, пригодно се обратија и заменик-директорот Кашмир Салиу и повозрасните вработени, кои се дел од ДЗС уште од ...
Продолжува изградбата на базенот во Струмица, како дел од инвестициите во спортската инфраструктура. Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот Петар Јанков извршија увид на терен, при што беше потврдено дека работите се одвиваат според планот. Базенот, вреден 50 милиони денари, се очекува да биде завршен до крајот на јануари 2027 година и по пуштањето во употреба ќе биде на располагање на учениците, спортистите и граѓаните. Како ...
Фудбалерот на Манчестер Сити, Португалецот Бернардо Силва ги игра последните натпревар во синиот дрес. На крајот од сезоната ги напушта редовите на „граѓаните“, а не е познато која ќе биде неговата следна дестинација. Португалските медиуми пренесуваат дека имало повик и од Бенфика, што би значело враќање во матичната земја. – Изјавив дека ова лето не заминувам во Бенфика. Сакам да се вратам, но не знам дали тие ќе ме сакаат кога јас ќе имам ...
Шимус Колман на крајот од сезоната го напушта Евертон, клуб во кој мина 17 години. Воедно стана и фудбалска икона на клубот и ја носеше капитенската лента. Тој во клубот дојде од Слиго Роверс во 2009 година и беше донесе од страна на менаџерот Дејвид Мојс за сума од 60.000 фунти. Колман е рекордер по бројот на настапи за Евертон во Премиер лигата со вкупно 372 одиграни натпревари, а на вечната листа може да се искачи до бројката од 434 ...
На втората полуфинална вечер од 70. издание на Евросонг во финалето одат следните земји: Бугарија, Украина, Норвешка, Австралија, Романија, Малта, Кипар, Албанија, Данска и Чешка. Во второто полуфинале настапија 15 земји. Бугарија, претставена од Дара со песната „Бангаранга“ (Bangaranga), ја отвори вечерта по што следуваа Азербејџан, Романија, Луксембург, Чешка, Ерменија… Лелека од Украина ја изведе песната „Ридним“ (Ridnym)“, а по неа, ...