Стручен надзор ќе се врши над целокупниот тек на породување и лекување кај 19-годишната струмичанка која по царски рез остана неподвижна. Министерството за здравство соопшти дека вонредниот инспекциски надзор е завршен, без притоа да изнесе детали од него и дека имајќи ги предвид сериозните здравствени компликации на пациентката, донесено е решение за спроведување стручен надзор. Комисијата за стручен надзор е составена од лекари ...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведе вонредни инспекциски надзори во здравствените установи каде што се лекувала пациентката С.М., соопшти Министерството за здравство. Надзорите биле извршени во Општата болница во Струмица, Клиничката болница во Штип и на Универзитетската клиника за неврологија. Инспекторите извршиле увид во медицинската документација и здравствената евиденција, а земени се и изјави од здравствените ...

Извештајот за вонредниот инспекциски надзор во три болници, кој го правеше државниот санитарен и здравствен инспекторат, за случајот со 19 годишната Станка Михајлова која после породувањето со царски рез остана неподвижна, е вратен на доработка, дознава Телевизија 24 од извори од министерството за здравство. Според информациите, причината за враќањето на извештајот е поради тоа што не биле стигнати сите документи па потребно било појаснување. ...