Со голема загриженост и со надеж за ваша медиумска поддршка, ви се обраќаме во врска со сериозниот и долгогодишен проблем со доцнењето на исплатите за придонеси за самостојните уметници во Македонија, се вели во соопштението од Самостојни уметници на Македонија што МИА го пренесува интегрално. Во прилог ви го испраќаме нашето отворено писмо упатено до Министерството за култура и туризам и министерот Зоран Љутков, а поврзано со повеќемесечното ...

Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година и дека во текот на утрешниот ден ќе бидат достапни на нивните сметки. Доцнењето, како што наведува, настанало поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со важечките законски и финансиски прописи. ...

В недела во Скопје ќе се одржи 11. издание на глобалниот хуманитарен мотоциклистички настан „The Distinguished Gentleman’s Ride“, кој ги обединува љубителите на класични мотоцикли и модата со цел собирање средства и подигнување на свеста за машките болести. Како што информираат организаторите, на улиците во главниот град се очекува да излезат повеќе од 220 мотоциклисти со своите класични мотоцикли. Основната цел на манифестацијата е ширење на ...

Македонската машка ракометна репрезентација попладнево со чартер лет отпатува за Прешов каде утревечер против домаќинот Словачка ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство 2027. Првиот натпревар на гостински терен избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го одиграат во „Татран Арена“ со почеток во 19 часот. Реваншот по кој ќе биде познат патникот на Мундијалот во Германија ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ ...

За да им се олесни изборот на деветтоодделенците при уписите во средно образование, Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование со поддршка од швајцарската амбасада подготвија онлајн-водич за квалификации – kvalifikacii.crso.gov.mk, кој ќе им овозможи да донесат правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат. Со овој водич првпат сите информации за стручното образование се ...

Завршена е изградбата на крак 1 од секундарната фекална канализација во општина Арачиново, со што се решава едно од клучните комунални прашања за жителите и се подобрува инфраструктурата вo општината – информира Владата. – Со реализацијата на проектот се обезбедува правилно и ефикасно одведување на отпадните води, што директно придонесува за подобрување на хигиенско-санитарните услови, заштита на животната средина и поквалитетен живот за ...

Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со претставници на организации и медиуми од Република Турција, меѓу кои Филиз Шахин, претседателка на здружението Светски бизнис-жени за едукација, култура, уметност, историја, здравје и солидарност, Серпил Екинџи, Накшије Илмек и Адил Кочалан, претседател на Здружението на медиумите. На средбата беа разменети ...

Општина Ѓорче Петров продолжува со силна градежна офанзива и реализација на капитални инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните. Во моментов, како што велат од локалната самоуправа, активно се работи на изградба на седум приклучни улици, со вкупна должина од 1.700 метри, со што значително се подобрува локалната патна мрежа, безбедноста и пристапноста во повеќе населени места на територијата на ...

Во знак на оддавање почит кон пчеларите и на сите кои во било кој сегмент се вклучени во одгледувањето и напредокот на пчелите, како незаменлив дел од опстанокот на живиот свет на земјата, денеска во Гевгелија се одбележа Светскиот ден на пчелата. Настанот го организираа АДРА – Македонија, амбасадата на Република Словенија, Пчеларската федерација на Македонија, а домаќин е Општина Гевгелија. На Манифестацијата која се одржа на градскиот ...

Во нашата историја и идентитет не постојат мали цели. Затоа мора секогаш да бидеме на висината на предизвикот, да го следиме трендот и да го надградуваме проектот. Нашата нова приказна за сезоната 2025/26 почнува со назначувањето на новиот тренер. Нашиот избор падна на олимписки и светски првак, човек кој е синоним за ракометот на овие простори — Лино Червар, објави претпладнево Еурофарм Пелистер. Хрватскиот тренер се обрвза на двегодишен ...

Траумата денес се смета за водечки концепт и фундаментална карактеристика на културата во целина. Како комплексен психолошки феномен што се проучува преку разни научни дисциплини, траумата сè повеќе добива истражувачки интерес и во полето на книжевните и културолошките студии, беше истакнато на Меѓународната конференција „Траумата во литературата“, што е дел од научноистражувачки проект на Институтот за македонска литература при Универзитетот ...

Деновите на Благоја Корубин се најстарата и најдолговечна научна манифестација во независна Македонија, тие се се дел од историјата, сегашноста и иднината на Институтот за македонски јазик – порача денеска директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, на отворањето на трибината со наслов „Македонскиот јазик и Благоја Корубин – 30 години меѓу нас“, организирана по повод чествувањето на 30-годишниот јубилеј на научната манифестација ...

Новата сообраќајна студија за Општина Битола е во завршна фаза и е во рамки на Генералниот урбанистички план којшто го изработуваме од 2022 година, изјави градоначалникот Тони Коњановски на средба со битолските новинари. Според градоначалникот Коњановски, со новата сообраќајна студија ќе се решат повеќе актуелни сообраќајни проблеми на подрачјето на Општина Битола. -Очекуваме новата сообраќајна студија да реши или да ни даде одговори за ...

Повеќе од 3.000 нови садници беа засадени во опожареното подрачје кај езерото „Младост“ во Велес, како силна порака дека Денот на Европа се одбележува и преку конкретна грижа за природата, заедницата и иднината. Во заедничката акција „Наша Европа, растеме заедно“ учествуваа ученици, студенти и волонтери, заедно со дипломати од Европската Унија, Општина Велес, невладини организации, партнери и членови на локалната заедница. Акцијата се одржа ...

Во Општина Аеродром деновиве се спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија на општината, со цел заштита на јавното здравје и превенција од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите. Во рамките на акцијата, како што соопштија од општинската прес-служба, се опфатени околу 3.000 шахти, во кои се поставуваат вкупно 9.000 мамци, а активностите ги опфаќаат и сите основни училишта и детски градинки на територија ...

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Пушкинова“, каде што започна изградба на нов паркинг простор. Како што информираат од локалната самоуправа, на површина од 437 квадратни метри ќе се постави партерно уредување со павер елементи. Во склоп на градежните работи соодветно се решава и атмосферската канализација преку сливник кој ќе се приклучи кон постојната мрежа. Паркингот на ...

На музичкиот натпревар за песна на Евровизија, додека во напнатите полуфиналиња, повеќето земји мора да се борат за своето место во финалето, на пет земји им е загарантиран директен влез. Тоа е таканаречената „Голема петорка“ држави коишто не се натпреваруваат во полуфиналињата и секогаш одат во финалето поради нивниот поголем финансиски придонес кон организаторите на натпреварувањето. „Голема петорка“ ја сочинуваат Франција, Германија, ...

Патувањето со домашно милениче е сè почесто, без разлика дали станува збор за одмор, преселба или кратко патување. Но, од неодамна тоа бара и дополнителна подготовка. Имено, од 22 април 2026 година Европската Унија воведе нови, подобри правила за патување со вашиот миленик. Овие промени се спроведени со цел да се зголемат здравствените контроли, со што ќе се спречи ширењето болести, пренесе „Дона модерна“ („Donna Moderna“). Новите одредби се ...

Центарот за заштита на потрошувачите во Хамбург го обвини производителот „Mondelez“ дека ја намалил тежината на одредени „Милка“ чоколади без соодветно известување за потрошувачите, што доведе до судски спор поради наводна измамничка деловна практика. Според наводите на организацијата, чоколадните табли на брендот „Милка“, со непроменет дизајн и амбалажа, станале полесни – од околу 100 на 90 грама, додека цената во малопродажбата истовремено ...

Поранешниот НБА-шампион, Голден Стејт објави двегодишно продолжување на договорот со главниот тренер Стив Кер. Клубот од Сан Франциско објави дека со 60-годишниот Американец минатиот викенд постигнат е договор за понатамошна соработка. -Благодарен сум за можноста да продолжам да го тренирам овој тим. Оваа организација ми значеше толку многу во текот на изминатите 12 години – од сопствениците до нашите играчи, тренерскиот персонал и ...

Кумановци вечерва ќе имаат можност ја ја проследат премиерата „Чичко Кумплунг“ од Сашко Насев, во режија на Јани Бојаџи, со почеток во 20 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“. Во претставата играат Мирослав Петковиќ, Кети Дончевска Илиќ, Давид Илиќ, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички, Жарко Јовановиќ. Директорката на установата, Јоана Сарафимовска, на прес конференцијата информираше дека ...

Легендарниот актер Џек Николсон во текот на седумдесеттите години не беше познат само по улогите кои ја обележаа историјата на филмот, туку и по бурниот приватен живот кој често беше исто толку воодушевувачки колку и неговите појавувања на големото платно.Николсон на почетокот на својата кариера важеше за една од најексцентричните фигури во филмската индустрија. Иако во тој период одигра некои од своите најдобри улоги, зад сцената водеше ...

Филмскиот фестивал во Кан синоќа беше официјално отворен со доделувањето на наградата за животно дело на новозеландскиот режисер Питер Џексон, и со значително помалку политички изјави отколку претходните години. Американскиот глумец Илајџа Вуд, ѕвезда од првите филмови под насловот „Господар на прстените“ зачекори по црвениот тепих пред да му ја додели Почесната „Златна палма“ на режисерот на тој филмски серијал. Џексон (64) се присети како ...

Сан Антонио спарс ноќеска на домашен терен ја победи Минесота во петтиот натпревар од четвртфиналната серија во плејофот на НБА со 126:97. Центарот на Спарс, Виктор Вембањама беше најдобар играч на натпреварот со 27 поени и 17 скока. Се истакнаа уште и Џонсон со 21 и Фокс со 18 поени. Во поразениот тим најдобри беа Едвардс со 20 и МекДениелс со 17 поени. Сан Антонио води со 3-2 во серијата прв до четири победи. Следниот меѓусебен натпревар на ...

Бетис избори учество во Лигата на шампионите по 20 години отсуство. Фудбалерите на Бетис синоќа го победија Елче со 2:1 во домашен натпревар на 36. коло од Ла Лига и го обезбедија петтото место во лигата, што ги квалификува за елитното натпреварување. Бетис последен пат играше во Лигата на шампионите во сезоната 2005/06, завршувајќи трет во својата група зад Ливерпул и Челзи. На два натпревара до крајот на шпанската лига 2025/26, тимот ...

Утрово најниска температура во земјава е измерена на Попова Шапка, каде биле регистрирани 5 степени. Во Берово се измерени 6 степени, 7 во Куманово, 8 во Крива Паланка, а 9 степени во Скопје-Петровец, Штип, Крушево, Маврови Анови и Лазарополе. Според УХМР, 10 степени биле измерени во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес и Струмица, 11 во Претор и Виница, 12 во Кавадарци и Гевгелија, додека најтопло било во Охрид, Битола, Прилеп и Демир Капија со ...

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векијo“, во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ годинава по деветти пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски, соопштија од поетската манифестација. Се наведува дека на конкурсот можат да ...

Вториот ден од манифестацијата „Денови на културата 2026“ во oпштина Илинден помина во духот на литературата, уметноста и младинската креативност, исполнувајќи го Домот на култура „Илинден“ со бројни културни содржини и богата уметничка програма, информираат од локалната самоуправа. Како што посочуваат, во рамки на традиционалното Литературно матине за деца, беа презентирани најдобрите творби од литературниот награден конкурс на тема ...

Се појавија нови детали во врска со повредата на плејмејкерот на Лејкерси, Лука Дончиќ. Според „Атлетик“, преглед спроведен во Шпанија откри дека повредата на словенечкиот кошаркар е посериозна отколку што првично се очекуваше по неговата првична магнетна резонанца. Првично беше објавено дека на Дончиќ му е дијагностициран истегнување на тетивата од втор степен. Сепак, подоцнежниот, пообемен медицински преглед откри пообемна и потешка ...

На сцената на Националната опера и балет вечерва со почеток во 20 часот, ќе биде изведена една од најзначајните музички драми во оперската литература – „Риголето“ од Џузепе Верди, во рамки на 54. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Диригент е Џанлука Мартиненги (Италија), режијата е на Пјер Франческо Маестрини (Италија), сценографијата ја потпишува Гилермо Нова (Шпанија), костимограф е Кристина Ачети (Италија), а ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.2
39%
1013
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
2.68
62%
1012
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.33
41%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.76
38%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
56%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
1.33
65%
1014
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
0.89
45%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.41
45%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.08
51%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 25ᴼ
2.24
49%
1012
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
0.89
35%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.8
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Рутениум

53852.50

Родиум

274085.11

Алуминиум

3.25

Сребро

1994.05

Злато

136962.18

Платина

56135.20

Цинк

0.00

Бакар

13.51

Калај

56.46

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Паладиум

43499.96