Во 2025 година, од 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, само 47,4 милиони, или 23,4 %, вклучувале деца. Повеќето од нив биле парови со деца (14,7 %), други видови домаќинства со деца (5,6 %) и самохрани возрасни лица со деца (3,0 %) – покажуваат податоците на Евростат. Преостанатите 76,6 % од домаќинствата без деца се состоеле од самохрани возрасни лица (37,5 % од сите домаќинства), парови (24,1 %) и други домаќинства (15,1 %). Помеѓу 2016 и 2025 ...

Репрезентативецот на Црна Гора во подводен риболов, Душан Вукчевиќ, по драматична 18-минутна борба со туна тешка 82 килограми, успеа да ја извлече огромната риба. Туната е уловена на отворено море,во близина на Бар, пренесе РТЦГ. – Ова е улов на животот, како што милуваме да кажеме ние риболовците. Станува збор за голема и опасна риба, т.е исклучително е тешка за лов бидејќи поседува огромна сила. Тоа се суштества кои во текот на целиот свој ...

Валенсија е последниот учесник на фајнлфорот во кошаркарската Евролига, откако синоќа на домашен терен триумфираше над Панатинаикос со 81-64 (14-10, 21-13, 21-27, 25-14) во решавачкиот петти натпревар. Шпанскиот тим беше на чекор до елиминација по двата воведни порази на домашен терен, но потоа славеше двапати во Атина и се избори за мајсторка пред своите навивачи. Во текот на првото полувреме, Валенсија имаше водство и од 17 поени разлика, а ...

Кошаркарите на Кливленд се на чекор до пласман во финалето на Источната конференција во НБА лигата, откако синоќа на гостински терен го совладаа Детроит со 117-113 по продолжение во петтиот натпревар од полуфиналето и поведоа со 3-2 во серијата до четири победи. Кливленд до третата едноподруго победа во полуфиналната серија со Детроит го предводеше Џејмс Харден со 30 поени. Ова беше неговиот 185. плејоф натпревар во кариерата во која сè уште ...

Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија по десетти пат во својата историја откако го совладаа синоќа Лацио со 2-0 во финалето во Рим. Интер доминираше од самиот почеток на натпреварот и заслужено го освои трофејот. „Нероаѕурите“ дојдоа во водство во 14 минута со автоголот на Адам, а конечниот резултат го постави Лаутаро Мартинез дваесет минути подоцна. Победничкиот трофеј на теренот го внесоа Кристијан Виери и Ален Бокшиќ, а на ...

Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата во француската Лига 1, откако синоќа го совладаа директниот конкурент Ленс на гостински терен со 2-0 и стекнаа недостижна предност од девет бодови на едно коло до крајот на сезоната. Кварацхелија му донесе водство на ПСЖ во 25 минута, а откако Ленс во продолжението пропушти неколку идеални шанси за гол, победата на гостите од Париз ја запечати Мбапе во 94 минута. За ПСЖ ова е вкупно 14 француска титула ...

Најсвежо утрово е на Попова Шапка каде е измерен 1 степен, а најтопло во Гевгелија со 13 степени. Во Mаврови Анови, Пожаране, Лазарополе се измерени 4 степени, 5 во Берово, Тетово, Радовиш, Скопје-Петровец и Крива Паланка, 6 во Kрушево и Куманово, 7 во Скопје-Зајчев Рид и Претор, 8 во Штип и Виница, 9 во Охрид и Прилеп, 10 во Битола, Струмица, Демир Капија и Велес, како и 11 степени во Кавадарци, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. ...

Од 14 до 20 мај во Скопје ќе се одржи шестото издание на книжевниот и културен настан „Јес фестивал“, во организација на издавачката куќа „Чудна шума“. Настанот ќе се одвива на седум локации и вклучува книжевни вечери, промоции, изложби и креативни работилници за деца. Како што стои во соопштението на „Чудна Шума“, гости на годинешниот фестивал ќе бидат автори од Европа, меѓу кои Хеа Схутерс (Белгија), Рудина Чупи (Албанија), Самира Кентриќ ...

Општина Велес со цел да им помогне на занаетчиите на територијата на општината вклучени во дефицитарните занаети и занаети во изумирање, одлучи да ги субвенционира, за што веќе распиша и јавен повик. Средствата за оваа намена се вкупно 500 илади денари или најмногу до 15 илјади денари по корисник со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик трае до 11 јуни 2026. Право на користење на финансиски средства за субвенционирање на ...

Екипите на „Чистота и зеленило“ Куманово со механизација се обидуваат да го изгасат пожарот на депонијата „Краста“ кој избувна вчера, соопштија денеска надлежните од претпријатието. – Пожарот избувна в доцните попладневни часови. Екипите веднаш реагираа и денеска се на локацијата. Имаме два булдожери кои затрупуваат со земја, се надеваме дека наскоро целосно ќе го изгасиме пожарот – изјави директорот претпријатието, Сашо Томиќ. Депонијата ...

Актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ќе ја брани титулата во финалето против дебитантот Маџари, откако вечерва во третиот натпревар од полуфиналната серија го совлада Пелистер на домашен терен со 87:58 и го елиминираше битолскиот состав во серијата подобар од три натпревари. МЗТ Скопје до втората победа над Пелистер дојде со фуриозна трета четвртина во која постигна 29 поени, а противникот само пет и стекна недостижна ...

Холандскиот стратег Дик Адвокат денеска повторно е назначен за селектор на Курасао и на претстојното Светско првенство ќе стане највозрасниот тренер во 96-годишната историја на мундијалските турнири. Враќањето на 78-годишниот Адвокат, три месеци откако поднесе оставка поради здравствени проблеми на неговата ќерка, официјално го потврди Фудбалската асоцијација на Курасао, ден откако неговиот сонародник Фред Рутен ја напушти функцијата. СП 2026 ...

Капитенот на германскиот фудбалски првак Баерн, 40-годишниот голман Мануел Нојер, се согласи со условите на новиот договор што му го понудил клубот од Минхен, јавија денеска германските медиуми. Сегашниот договор на Нојер со Баерн истекува следниот месец, а според извештаите, двете страни се договориле за продолжување на соработката за уште една сезона. Според Скај, официјалната потврда треба да биде објавена по саботниот дуел меѓу Баерн и ...

Општиот суд на Европската Унија денеска му додели делумна победа на издавачот на стриповите „Астерикс“ во спорот околу трговската марка „Обеликс“. Судот на ЕУ ја поништи одлуката на Канцеларијата на ЕУ за интелектуална сопственост (ЕУИПО), која претходно одби да ја прогласи за неважечка трговската марка регистрирана од полска компанија за производство на оружје. Францускиот издавач „Ле едисион Албер Рене“ ја оспори таа одлука, а на денешната ...

Регионалниот суд во германскиот град Бремен денеска донесе пресуда против кондиторскиот гигант „Монделез интернационал“ (Mondelēz International), откако утврди дека компанијата ги довела во заблуда потрошувачите со намалување на грамажата на популарното чоколадо „Милка“, без притоа да ја промени амбалажата. Во образложението на пресудата се наведува дека препознатливиот изглед на пакувањето кај купувачите создава очекување за одредена ...

Македонската женска одбојкарска репрезентација денеска под водство на новиот селектор Милош Гавриловиќ ги почна подготовките за настапот во Европската лига, која од оваа година, воедно, ќе ја има улогата на квалификациски циклус за следниот континентален собир во 2028. На првиот собир во Скопје селекторот Гавриловиќ повика 26 одбојкарки.„Посакувам среќа, дадете сè од себе, тоа е единственото што го барам од вас и се надевам дека со добра ...

Етиопската атлетичарка Јебргуал Мелесе (36) почина за време на тренинг, објави денеска Етиопската атлетска федерација. Мелесе се онесвести за време на подготовките за настап на претстојниот маратон во Отава, а лекарите и покрај брзата интервенција не успеаја да го спасат нејзиниот живот. „Етиопската атлетска федерација изразува длабоко жалење поради ненадејната смрт на оваа херојска атлетичарка и им изразува сочувство на нејзиното семејство, ...

Француското лево крило Адама Кеита потпиша денеска договор со ГРК Охрид како петто засилување во редовите на македонскиот ракометен прволигаш за следната сезона. Двцаеетиосумгодишниот Кеита, како што е соопштено, стави потпис на едногодишен договор, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Кеита ќе му се приклучи на ГРК Охрид од редовите на грчки АЕК, откако претходно во кариерата настапуваше и за францускиот гигант ПСЖ. ...

Меѓународниот хорски фестивал Тетовски Хорски Одзиви (ТЕХО) по 35-ти пат ќе биде одржан викендов во Тетово и во Лешок. Хорскиот фестивал оваа година фестивалот е посветен на православната хорска музика и ќе обедини хорови од четири држави. Ќе бидат исполнети 90 композиции од вкупно 13 хорови од кои три се од други држави, а останатите од повеќе градови во Македонија. – Овогодишното ТЕХО е традиционално и духовно воздигнување на музиката токму ...

Катаклизмичната вулканска ерупција е една од најнасилните и најуништувачки појави што може да ги приреди нашата планета. Огромни облаци од пепел и гас се шират во атмосферата, додека жешката растопена карпа се издига и се тркала по површината, уништувајќи сè пред себе. Но, вулканите можат да бидат и корисни. Нивните ерупции можат да создадат дел од најплодните земјоделски површини на планетата, да изградат нови копна и да помогнат во ...

Членовите на групата „Меморија“ денеска на прес-конференција го најавија големиот солистички концерт што ќе се одржи на 23 октомври во арената „Јане Сандански“. Концептуално најавуваат дека овој концерт ќе биде поразличен и ќе значи од историја до меморија, бидејќи на самиот концерт ќе се свири историјата на македонската рок музика, односно најзначајните моменти од неа. На концертот освен песните на „Меморија“ ќе биде изведено се она што ги ...

Научниците од Сибирскиот универзитет за инженерство и биотехнологија развија и патентираа материјал за градежништво и дизајн што ветува. Се работи за тнр. „проѕирно дрво“, објави руското Министерство за образование и наука. „Научниците развија и патентираа нов метод за производство на проѕирно дрво, материјал којшто ја комбинира природната естетика на дрвото, неговата цврстина и способност за пренесување на светлина. Овој развој е поврзан со ...

Капитенот на Вардар, Гоце Георгиевски потпиша нов договор за наредната сезона и својата богата кариера ќе ја заврши во „црвено-црниот“ дрес. – РК Вардар е неизмено горд што нашиот капитен го продолжи договорот за уште една сезона и својата кариера ќе ја заврши во нашиот клуб. Се надеваме со уште поуспешна сезона од актуелната-стои во објавата на Вардар. Георгиевски потекнува од школата на Металург, а во својата богата кариера бележеше одлични ...

Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ, може да ја продолжи својата кариера во Милан. Според „Кориере дело Спорт“, Милан може да му даде понуда на 26-годишниот Србин ако Масимилијано Алегри остане главен тренер на тимот. Влаховиќ ќе стане слободен агент на крајот на јуни откако ќе му истече договорот со клубот од Торино. Напаѓачот е во Јувентус од 2022 година. Оваа сезона, тој настапи на 21 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи осум ...

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, ќе добива 25 милиони долари основна плата според неговиот нов договор во 2026 година, објави „АП“ повикувајќи се на податоци од Здружението на играчи на главната лига. Вкупната плата на 38-годишниот Аргентинец оваа година може да достигне 28,3 милиони долари. Платите на Интер Мајами се 54,6 милиони долари, што е за 20 милиони долари повеќе од 32,7 милиони долари на второпласираниот Лос Анџелес ФК и ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одговори на прашање за состојбата на клубот. На 10 мај, Реал Мадрид загуби со 2:0 од Барселона во 35. коло од Ла Лига и остана и без теоретски шанси за барем еден трофе сезонава. – Дали сме го допреле дното? Изненаден сум од ова прашање. Што да кажат тогаш другите клубови? Па ние не сме 50 години без да освоиме ништо. Јасно е дека Реал Мадрид е таму каде што е денес благодарение на своите високи ...

На пет ирачки репрезентативци им се одбиени визи за САД за учество на Светското првенство во 2026 година, објави Галеб ал-Замели, претставник на Ирачката фудбалска федерација. Во интервју за „Шафак њуз“, Ал-Замели изјави дека на Ибрахим Бајеш, Моханад Али, Зеид Тахсин, Хајдар Абдул-Карим и Али Ал-Хамади им е одбиен влез во САД од непознати причини. Членот на федерацијата истакна дека организацијата има намера да апелира до Светската фудбалска ...

Изложба на накит е отворена во Куќа на мирис и вкус при Музеј галеријата во Кавадарци. Се работи за накит од Штип и Штипско. Автор на изложбата е виш кустос Бети Иванова од националната установа Завод и музеј Штип, а куратори се виш кустос Томе Крстевски и кустос Ангела Симонова, двајцата од кавадаречкиот музеј. – Изложени се 33 експонати од накит и 13 паноа со фотографии и текст, што го појаснуваат накитот што е дел од етнолошката збирка на ...

Во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките за новата претстава „Девојките на Марко“ според Боинг Боинг од Марк Камолети во режија на Синиша Ефтимов. Во претставата е ангажиран поголемиот дел од ансамблот на Театарот. „Девојките на Марко“ е текст напишан пред 60 години и до ден-денес успешно „живее“ на сцените низ светот. Овој текст влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмногу поставуван француски текст ...

Почна реконструкција на вториот крак од улицата „Боро Менков“ во Скопје Север, соопшти денеска на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Реконструкцијата, додава, ќе ги опфати и тротоарите, пешачките патеки, како и паралелните паркинзи. – Ова е една од најголемите и најзначајните улици во Скопје Север. Реконструкција на сите пристапни патеки до зградите во должина од над 2.000 метри е во тек и се работи. Со ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.09
32%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
60%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.09
32%
1012
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
1.05
35%
1013
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.74
41%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
1.01
72%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
1.79
42%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.79
46%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.19
43%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
43%
1012
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 33ᴼ
2.24
28%
1012
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
5.33
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Цинк

0.00

Злато

136962.18

Калај

56.46

Платина

56135.20

Рутениум

53852.50

Паладиум

43499.96

Бакар

13.51

Иридиум

252383.36

Сребро

1994.05

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25

Родиум

274085.11