Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Охрид, а најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени четири степени. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, најтопло утрово било во Велес каде се измерени 14 степени во 8 часот. За денеска синоптичарите најавуваат локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови каде ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар. Ќе дува засилен северозападен ...
По повод 25-годишнината од СОС Детско село, во соработка со театрите низ Македонија се реализира хуманитарната иницијатива „Театрите за СОС Детско село“, под мотото „Сцената што менува животи“, преку која, секој купен билет претставува директна поддршка за децата и младите. Македонскиот народен театар со особена чест се приклучува кон оваа значајна акција, а вечерва, на 19 мај, во 20 часот, на малата сцена во МНТ ќе биде изведена претставата ...
Со Концерт на реномираното трио АПЕРТО во состав Марина Трајковска – виолина, Момчило Куфојанакис – виолина и Весна Ангелова Христов – пијано, македонскиот КИЦ во Загреб утре, 19. мај во 19.00 часот ја отвара концерната програма за оваа година. Триото АПЕРТО веќе подолг период активно дејствува на македонската и меѓународната музичка сцена, со јасна мисија за афирмација и развој на класичната музика и камерното музицирање. Нивната уметничка ...
Во рамки на одбележувањето на јубилејот 80 години Драмски театар Скопје, вечерва со почеток во 20 часот на малата сцена, ќе биде изведена јубилејната 50. изведба на монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, работена според романот „Пет часа со Марио“ од еден од најзначајните шпански автори на XX век, Мигел Делибес, во драматизација и режија на Дејан Пројковски. Претставата, која од премиерата во мај 2021 година остави силен белег ...
Во Делчево синоќа беше промовирана нова поштенска марка со мотиви од Разловечкото востание по повод 150-годишнината од овој значаен историски настан, со што се оддава почит на разловечките востаници и нивната борба за слобода. Поштенската марка е со номинална вредност од 48 денари, отпечатена во тираж од 6.000 примероци, а нејзин автор е дизајнерката Лариса Донев од Бирото за филателија при АД „Пошти на Македонија“. На промоцијата беше ...
Манчестер јунајтед е заинтересиран за напаѓачот на Милан и Португалија, Рафаел Леао. Управата на италијанскиот клуб ќе ја разгледа понудата на „Црвените ѓаволи“ доколку понудат најмалку 40-50 милиони евра за играчот. Милан е подготвен да го пушти 26-годишниот Леао за таа сума поради финансиски тешкотии. Договорот на португалскиот напаѓач, кој истекува во летото 2028 година, вклучува клаузула за ослободување од 175 милиони евра. Крилниот ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, коментираше за својата иднина во клубот и подготовките за следната сезона по победата од 1:0 над Жирона во 37.-то коло од Ла Лига. – Во моментов се обидувам да ја разберам мојата состојба и правилно да пристапам кон новата сезона. Продолжувам. Се надевам дека тимот ќе биде засилен со квалитетни играчи. На крајот на краиштата, многу зависи од играчите, а не од тренерите. Следува тежок натпревар ...
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Денес, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со локален пообилен пороен дожд од над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен ветер со брзина од над 70 километтри на час краткотрајно во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер со брзина од над 50 километри на час, информира Упразвата ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на вториот Гренд слем турнир – Ролан Гарос откако во првото коло од квалификациите загуби од 17. носителка Сузан Ламенс од Холандија со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2). Мечот траеше 69 минути и беше прекинат во првиот сет при 2:2 во гемови поради дожд. Во продолжението од мечот Ѓорческа дојде до предност од 4:3, но ривалката успеа да освои три гема во серија и го доби првиот сет со 6:4. Во ...
Во Делчево денеска започнува централната програма по повод одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание, која се реализира под мотото „150 години Разловечко востание: Искра за вечна слобода на македонскиот народ“. Настаните стартуваат во 14 часот на летната сцена со Локален базар, на кој на десетина штандови ќе бидат претставени рачни изработки и индивидуални производи препознатливи за делчевскиот регион. -Во 17:00 часот во салата на ...
Новиот Градски пазар во Виница вчера беше свечено отворен, а со редовна работа ќе започне на 3 јуни 2026 година, информираат од ЈП „Солидарност“ Виница. Во меѓувреме, Советот на Општина Виница треба да донесе Ценовник за работа на пазарот, по што ќе бидат утврдени условите за користење на новиот објект. Од ЈП „Солидарност“ ги повикуваат сите продавачи на земјоделски и други производи да присуствуваат на координативен состанок кој ќе се одржи ...
Мотоциклистот Алекс Маркез, кој падна на трката за Големата награда на Каталуња, успешно е опериран. Тој ја скрши клучната коска, според објавата на страницата на социјалните мрежи на неговиот тим „Гресини Рејсинг“. Маркез е опериран на десната клучна коска ноќта по несреќата, а фрактурата беше стабилизирана со плочка. Се очекува наскоро да биде отпуштен од болница. Во неделата, Маркез се судри со Педро Акоста, ја напушти патеката, падна од ...
Еден од најдобрите фудбалери на ПСЖ, Усман Дембеле, почувствувал непријатност во листот и ќе остане под лекарски надзор во наредните денови, објавено е на официјалната веб-страница на клубот од Париз. Вчера во поразот на Пари Сен-Жермен од Париз во 34. коло од Лига 1, Дембеле побара да биде заменет на средина од првото полувреме и на негово место во игра влезе Гонсал Рамос во 27. минута. – Усман Дембеле, кој беше заменет синоќа против Пари ...
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Ламин Јамал, може да го пропушти почетокот на Светското првенство во 2026 година поради повреда. Според „Атлетик“, 18-годишниот фудбалер нема да има време да закрепне од повредата на мускулот што ја заработи на 22 април во поразот од Селта Виго со 1:0 во 33. коло од Ла Лига. Се очекува играчот од средниот ред да го пропушти првиот натпревар на Шпанија против Капе Верде на 15 јуни. Неговото учество во ...
Во просториите на Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, вечерва беше промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска, насловена „Македонија низ вековите“. Настанот, кој симболично се совпадна со одбележувањето на Светскиот ден на музеите, собра бројни претставници на академската фела, културни дејци и почитувачи на македонската историја. Модератор на настанот беше Валентина ...
Пушка од семејството на Димитар Поп Ѓеоргиев Беровски заедно со уште многу видови оружје кое се користело и во Разловечкото и во Кресненското востание, како и оружје кое, главно, го поседувал турскиот аскер старо, околу 3 века, е дел од приватната колекција на старо оружје Ванчо Габер и Благој Механиџиски од Берово. Ова оружје беше денеска изложено во рамките на локалниот базар организиран од Општина Делчево, како дел од чествувањето на ...
Актерот на НТ „Антон Панов“, Коста Ангов, ја доби наградата за најдобра машка улога на 35. издание на Друмеви театарски празници, кој се одржува во Шумен, Бугарија – соопштија од оваа културна установа. Во соопштението се наведува дека ова е и големо признание за Струмичкиот театар, а наградата за најдобра машка улога Ангов ја добил за улогата на Мажот во претставата „Деца на светот“ од Стефан Цанев, во режија на Васил Михаил, во продукција ...
Оригиналниот македонски мјузикл „Као какао“ ќе биде премиерно изведен на 2 и 3 јуни во Македонскиот народен театар, со почеток во 20.30 часот. Репризите се закажани на 11 и 12 јуни. Станува збор за мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски. Текстот е на Венко Андоновски, режијата на Дејан Пројковски, кореографија – Олга Панго, аранжмани – Бобан Мирковски, продуцент – „Баги комуникации“, копродуцент – Македонскиот народен театар. ...
Најновото истражување на туристичката агенција „Беркшир хатавеј травел протекшн (Berkshire Hathaway Travel Protection) ги открива најбезбедните земји за патување во 2026 година. Станува збор за годишна ранг-листа која веќе десет години ги анализира државите според нивото на безбедност за туристите, при што се земаат предвид политичката стабилност, инфраструктурната развиеност, како и стапката на криминал. Според експертите, на врвот на оваа ...
Со двоседот „Севен“ кој ќе биде произведен во симболични 100 примероци, малата британска компанија „Катерхам“ потсетува на 100-годишнината од познатата германска патека на која заврши 54-тото издание на „трката 24 часа Нирбургринг“.Одбележувајќи ја 100-годишнината на единствената германска патека „Нирбургринг Нордшлајфе“ (Nürburgring Nordschleife), во „Катерхам“ подготвија бројчено ограничено издание базирано на својот безвременски ретро ...
Астон вила размислува да го потпише напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, објави „Мундо Депортиво“. Договорот за позајмица на 28-годишниот Англичанец со шпанскиот шампион вклучува клаузула за ослободување од 30 милиони евра, која треба да се активира до 15 јуни. Сепак, иако и клубот и играчот се заинтересирани за потпишување на траен договор, финансиските фактори ја комплицираат ситуацијата. Ваков епилог одговара на Астон вила која ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, го сподели своето мислење за напаѓачите на тимот, Винисиус и Килијан Мбапе. – Многу сум задоволен од сите. Нивните напори. Свесни сме дека не сме ги постигнале нашите цели и секогаш сакаме да се подобруваме. Тука сум четири месеци и мислам дека двајцата се потрудија најдобро што можат. Секој од нив имаше свои тешкотии со кои се соочи. Беа тешки четири месеци за сите, вклучително и за нив. Но, тие се ...
Тренерот на Вест Хем, Нуно Еспирито Санто, ги оцени шансите на неговиот тим да остане во Премиер лигата по вчерашниот пораз (3:1) од Њукасл на гостинскиот натпревар од 37. коло. – Боли. Ги боли момците, нè боли нас, го боли клубот. Затоа мора да ја завршиме сезоната оваа недела со достоинство и почит кон навивачите. Мора да играме подобро за да им покажеме на нашите навивачи на стадионот во Лондон различен резултат и различен пристап кон ...
Фудбалерот од средниот ред на Барселона и Шпанија, Фермин Лопез, може да го пропушти Светското првенство 2026 година поради скршеница на десното стапало. Според новинарот Фабрицио Романо, 23-годишниот Лопез ќе треба да се оперира. Фермин настапи на 48 натпревари за Барселона во сите натпреварувања во сезоната 2025/26. Тој постигнал 13 гола и има 17 асистенции. Светското првенство во 2026 година ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули. Во групата Х, ...
Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, доби продолжување на договор до 2028 година, објави прес-службата на каталонскиот клуб. Договорот, исто така, вклучува опција за дополнителна една сезона. Шеесет и едногодишниот Германец ја презеде Барселона во мај 2024 година. Под негово водство, тимот освои две титули во шпанското првенство и шпанскиот Суперкуп, како и еден шпански куп. Од август 2021 до септември 2023 година, Флик беше селектор на ...
Реал Мадрид го објави заминувањето на 34-годишниот дефанзивец и капитен на тимот Дани Карвахал на крајот од сезоната 2025/26. – Реал Мадрид ја изразува својата благодарност и љубов кон една од најголемите легенди на нашиот клуб и светскиот фудбал, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на мадридскиот клуб. Карвахал се приклучи на Реал Мадрид на десетгодишна возраст во 2002 година и игра за сениорскиот тим од 2013 година. ...
Клубот за планински спортови „Осоговски Орел“ од Кочани викендов на падините на Осоговските Планини ја реализираше третата планинско-велосипедска тура „Манданата 2026“. На овој спортско-рекреативен настан учествуваа повеќе од 50 велосипедисти од клубови од Македонија, кои возеа на кружна патека долга 25 километри, со висинска разлика од 900 метри. Уесниците стартуваа од месноста Бочвенец, каде претходно беше организирано кампување со ...
Со реализацијата на најавените капитални проекти, Општина Кочани става силен акцент врз модернизацијата на патната мрежа и подобрувањето на комуналната инфраструктура, со цел долгорочно да го унапреди квалитетот на живеење на граѓаните и да го поттикне локалниот економски развој. На врвот на приоритетите е почетокот на изградбата на Јужниот булевар, односно влезот во Кочани откај Грдовци, проект кој целосно ќе го промени сообраќајниот крвоток ...
Водостоите на реките низ земјава бележат умерени дневни промени, при што се регистрирани и зголемувања и намалувања на различни мерни места, додека нивото на природните езера останува стабилно, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. Според мерењата, на Вардар се регистрирани различни промени по текот на реката – благ пораст има кај Таор (од 146 на 152 см), Велес (од 84 на 86 см) и Демир Капија (од 140 на 152 см), ...
При извршената контрола на терен во рамките на реконструкцијата на плоштадот кај Чинарот надзорниот орган констатирал неправилности во поставувањето на коцката на почетокот од пешачката зона, на површина од приближно 45 квадратни метри. На изведувачот притоа му е издаден налог за корекција и целосно усогласување со проектната документација и техничките стандарди, при што сите трошоци за прередување ќе бидат на товар на изведувачот. Од Општина ...