Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Со мотото „Сите на Водно!“ викендов се одржа 14-тото издание на спортската манифестација „Прв до врв“, која и оваа година го претвори Водно во најголемата спортско-рекреативна сцена во земјата. Со повеќе од 4.500 учесници од Македонија и странство, настанот уште еднаш ја потврди својата позиција како најмасовно организирано планинско искачување во регионот и еден од најзначајните спортски настани на отворено кај нас – соопшти организаторот. ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности што се одвиваат на терен на овој значаен сообраќаен потег во Аеродром, кој за првпат добива целосна и темелна реконструкција. -Со проектот обновуваме делница во должина од 777 метри, со поставување на околу 6.000 м² нов асфалт, како и нови тротоари на површина од 1.500 м². Особено е важно што за првпат овде поставуваме и улично осветлување, со што ...
Барселона синоќа го победи Бетис со 3:1 на свој терен 37. коло од Шпанското фудбалско првенство. Каталонците стана првиот тим што ги доби сите домашни натпревари во сезона во Ла Лига со 38 натпревари и 19 домашни натпревари. Ова е прв пат да се случи такво нешто во натпреварувањето откако Реал Мадрид ги освои сите 17 домашни натпревари во сезоната 1985/86. Барселона ја обезбеди титулата во Шпанското првенство за сезоната 2025/26. Тимот има 94 ...
Владата не планира укинување на културните институции, туку нивна реорганизација со цел подобрување на условите за работа и поефикасно користење на ресурсите, истакна денеска во Собранието министерот за култура и туризам Зоран Љутков одговарајќи на пратеничко прашање за состојбата со музичкиот ансамбл во Тетово. Тој нагласи дека во Националната стратегија за развој на културата 2026–2030 не се предвидува затворање на институции, туку „разумна ...
Експерти за родителство и педијатрија советуваат идните родители навреме да започнат со подготовка на домот за доаѓање на новороденчето. Тие препорачуваат организацијата и планирањето да почнат уште во второто тримесечје од бременоста, додека уредувањето на просторот и конкретните подготовки да се реализираат во почетната фаза од третото тримесечје, пишува магазинот „Парентс“. Според Ерика Полсон, сертифицирана бабица, експерт за породување и ...
АК Олимп од Битола, викендот испиша една од најголемите страници во својата понова историја. На Купот на Македонија за сениори и сениорки 2026 одржан во Скопје, Олимп во женска конкуренција го освои првото место со 367 бодови, додека во севкупниот пласман со 831 бод го освои второто место веднаш зад екипата на Куманово. За успехот на АК Олимп најзаслужни се Ирма Хајдари која триумфираше на 800 метри со резултат 2:25.75, како и на 1500 метри ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташе на светскиот рекет број еден Јаник Синер за комплетирање на трофеите од сите Мастерс турнири. Италијанецот стана вториот играч во историјата на Здружението на тениски професионалци (АТП) кој победил на секој АТП 1000 турнир во календарот. Синер го постигна овој подвиг откако го победи Норвежанецот Каспер Руд (6-4, 6-4) во финалето на АТП 1000 турнирот во Рим. – Честитки, Јаник! Импресивно. ...
Нина Ангеловска Станков ексклузивно пристигнува со своја книга во издание на ТРИ. Нејзиното име е едно од најпрепознатливите на македонската бизнис-сцена. Препознаена е како коосновач на „Grouper.mk“, првата платформа за групни попусти и една од водечките компании за е-трговија во земјата, меѓународно признат бизнис-лидер, доктор на науки и првата жена министер за финансии во Македонија. Со оваа книга таа влегува подлабоко во својата ...
Со последните одлуки на Советот на Општина Центар, во оваа општина се воспоставува нов систем на паркирање, во кој јавниот простор ќе се користи порационално, а жителите полесно ќе може да дојдат до паркинг-место во близина на својот дом, односно таму каде што тоа е најпотребно. Како што информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, една од најважните промени е новиот начин на издавање на повластените паркинг-карти. Наместо како досега – по ...
Пазарот на криптовалути влегува во фаза на продолжена корекција под влијание на острата реторика на Федералните резерви на САД (ФЕД), растот на геополитичките тензии и прелевањето на капиталот во акции на компании од секторот за вештачка интелигенција, што би можело да го доведе биткоинот до тестирање на нивото од 70.000 долари до крајот на мај. Ова го изјави Александар Баришников, управник на фондот „Мајнинг“ во УК „Рекорд капитал“. „За ...
„Гугл“ започна со тестирање измени за бесплатниот простор за новите корисници на „Џимејл“. Наместо досегашните 15 гигабајти (ГБ), новите сметки сега добиваат само 5 ГБ почетен простор. Од компанијата потврдија дека станува збор за пробна политика за управување со складирањето податоци. Според новите услови, корисниците ќе можат да го добијат целосниот бесплатен капацитет дури откако ќе поврзат телефонски број со својата сметка. Со додавање на ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1:0 во победи во финалната серија од плејофот, откако синоќа на домашен терен го совладаа Маџари со 84:77. Дебитантот во најсилната македонска кошаркарска лига одигра добро во првото полувреме во кое најчесто го имаше водството. Маџари имаше највисоки, плус девет (33:24), по што аеродромци направија серија од (17:3) со која целосно го свртеа резултатот (45:40) на полувремето. Во текот на третата ...
Кливленд кавалирс ноќеска на гостински терен го победи Детроит пистонс со 125:94 во седмиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот. Најдобар стрелец на натпреварот беше бекот на Кавалирс, Донован Мичел, кој постигна 26 поени, Ален и Мерил постигнаа по 23. Во поразениот тим најефикасни беа Џенкинс (17 поени), Канингем (13) и Робинсон (13). Кливленд ја доби серијата подобар од седум со 4-3. Тие ќе се соочат со Њујорк во полуфиналето. Post ...
Сопственикот на Кливленд кавалирс, Ден Гилберт, го организирал превозот на навивачите на тимот на седмиот натпревар од четвртфиналната плејоф серија на НБА против Детроит, објави „ESPN“. Пред натпреварот, на социјалните мрежи кружеа фотографии од повеќе од 20 автобуси со навивачи на Кавс, кои беа транспортирани до Детроит со бесплатни маички, храна и билети. Растојанието помеѓу двата града е приближно 170 км. – Неверојатно е дарежливо од ...
Жозе Мурињо ќе биде назначен за нов тренер на Реал Мадрид, објави новинарот Фабрицио Романо. Според Романо, двете страни постигнале договор за условите на двегодишен договор. Шеесет и тригодишниот тренер наводно ќе пристигне во Мадрид по натпревар од последното, 38. коло на Ла Лига помеѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао. Натпреварот ќе се одржи на 23 мај. Мурињо претходно го водеше Реал Мадрид од 2010 до 2013 година. Под водство на португалскиот ...
Општина Илинден, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на жителите, и оваа година продолжува со спроведување на Јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели, со цел унапредување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина. Со јавниот повик се предвидува кофинансирање во висина од 50 проценти од вредноста на набавениот клима уред или соларен панел, односно најмногу до 10.000 ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд во пограничните места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од два до 11 степени, а максималната од 15 до 25 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне 24 ...
На 18 мај со почеток во 20 часот на големата сцена во МНТ ќе гостува претставата „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Никшиќко позориште. Претставата „Татко“ е едно од најпознатите дела на Зелер и има освоено престижни награди. По истиот текст е снимен и актуелниот филм, кој освои „оскар“. Актерската екипа е: Владан Гајовиќ, Ања Дрљевиќ, Никола Васиљевиќ, Маја ...
Овој викенд во водите на Охридското Езеро, со централна локација во Автокамп Градиште, успешно се реализираше голема регионална еколошка акција за чистење на подводниот свет, во организација на Нуркачкиот Центар Амфора. Во акцијата учествуваа вкупно 80 нуркачи од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, обединети со заедничка цел – заштита на едно од најстарите и највредните природни богатства во Европа. Во текот на акцијата беше ...
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје ги повика граѓаните со заостанати обврски за потрошена вода да ја искористат можноста за отплата на долговите на рати без пресметка на камата, во рамки на тековната акција што трае до 5 јуни годинава. Како што информираат од претпријатието, акцијата опфаќа плаќање на заостанати долгови, и тужени и редовни, без камата за задоцнето плаќање, а рокот за користење на поволноста истекува на 5 ...
Македонската ракометна репрезентација избори учество на уште едно Светско првенство откако и во реваншот од баражот ја совлада Словачка со убедливи 38:23. Во прекрасна атмосфера во исполнетата сала во СЦ „Борис Трајковски“ македонските ракометари играат пред сè за македонските фанови. Македонските ракометари бодрени од македонските фанови по десет минути игра водеа со пет разлика (7:2). По водството од 9:3 словачкиот селектор побара тајм аут ...
Македонската ракометна репрезентација со две победи и вкупна гол-разлика од 22 гола во баражот ја совлада Словачка и по десетти пат избори пласман на Светско првенство. Сакам да им честитам на момците за денешните 15 гола разлика, таа разлика не се постигнува туку-така. Мора да бидеме задоволни без разлика на нивото на ривалот Словачка. Презадоволен сум од пристапот на двата натпревара од сите играчи. Во претходните 1,5 година успеавме да ...
Македонската ракометна репрезентација обезбеди нов пласман на Светското првенство, откако убедливо ја совлада Словачка и во реванш натпреварот, потврдувајќи го местото меѓу најдобрите светски селекции. Големиот успех предизвика бројни честитки од државниот врв, спортската јавност и навивачите. Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи им честиташе на ракометарите за успехот, посочувајќи дека овој резултат е гордост за ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го посети македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ во Крањ. Како што истакна претседателката, ова друштво повеќе од три децении е македонско катче во Словенија, во коешто, со песна, оро, поезија и културно творештво се негуваат и чуваат македонскиот јазик, традицијата и чувството на припадност кон матицата, пренесувајќи ги на помладите генерации. Низ годините, од фестивалот „Етнофолк“ и ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во текот на следната недела ќе биде дел од квалификацискиот дел од женскиот турнир на Гренд слем турнирот Ролан Гарос во Париз. Таа во првата рунда од квалификациите ќе игра против Сузан Ламенс од Холандија. Нејзината прва ривалка Ламенс има 26 години и се наоѓа на 124.место на ВТА листата и е рангирана како 17.носителка на квалификацискиот турнир. Оваа година Лина Ѓорческа имаше настап и на првиот ГС ...
Ракометните репрезентации на Норвешка, Шпанија и Фарски острови по реванш бараж дуелите обезбедија пласман на Светското првенство 2027 што ќе се игра во Германија. Тие вчера постигнаа победи и ги елиминираа Турција, Босна и Херцеговина и Шпанија. Резултати на вчера одиграните дуели: Турција – Норвешка 30:37 (30:43 прв натпревар), Фарски острови – Босна и Херцеговина 33:28 (24:22), Израел – Шпанија 29:36 (27:32) – двата натпревара се играа на ...
Лука Дончиќ пред враќањето во Љубљана имал состанок со првите луѓе на „езерџиите“ и спортскиот сектор. Според словенечките медиуми темата на разговорот бил планот за лето и заздравување од повредата и подготовката за следната сезона. Од клубот сакаат играчот во својата деветта НБА сезона да биде подготвен и во летото фокус да стави на рехабилитацијата и физичката подготовка. За разлика од претходните години Дончиќ ова лето нема да настапува ...
Шеј Гилџус-Александер ја освои МВП наградата како најкорисен играч сезонава во НБА лигата. Тој стана 14.тиот играч во историјата на НБА лигата, кој ова признание го освојува две сезони една по друга, пренесува ЕСПН. Гилџус-Александер играчот на Оклахома Сити, е поуспешен од другите двајца финалисти Виктор Вембањама од Сан Антонио и од Никола Јокиќ од Денвер. Тој е првиот бек по Стеф Кари, кој ја добива наградата. Во текот на целата сезона ...
Екипата на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со денешната победа од 3:0 на гости против Пиза избори пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Елмас настапи 59 минути, а асистираше при вториот гол на Амир Рахмани. Наполи со 73 бодови е на второто место. За разлика од Наполи, Јувентус по денешниот пораз од Фиорентина (0:2) на домашен терен е сè подалеку од Лигата на шампионите. Јуве со 68 бодови е на шестото место, а ист број ...
Екипата на Манчестер Јунајтед сезонава во Премиер лигата ќе заврши на третата позиција откако во денешниот прв дуел од 37.коло на Премиер лигата го совлада Нотингем Форест со 3:2. Манчестер Јунајтед има 68 бодови или шест повеќе од Астон Вила, која е на четвртото место, а девет помалку од Манчестер Сити со 77. Манчестер Јунајтед поведе во 5.минута со голот на Лук Шоу, додека на стартот од вториот дел гостите изедначија преку Морато. Матеус ...