Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Американската вселенска агенција (НАСА) објави аудио-снимка која прикажува како навистина звучи „црна дупка“ во длабочините на вселената. Необичниот звук доаѓа од галактичкото јато „Персеус кластер“ (Perseus Cluster), кое се наоѓа на околу 250 милиони светлосни години од Земјата. Снимката за кратко време стана вирална на социјалните мрежи поради својот длабок и вознемирувачки тон. – Иако со децении се верувало дека вселената е целосно тивка ...
Рикардо Пјати зборуваше за работата со Јаник Синер. Италијанецот го тренираше светскиот број еден од неговите тинејџерски години до 2022 година. – Моравме сè да изградиме од нула бидејќи беше физички мал – требаше да му дадеме време да се развива. Исто така, требаше да го разбере својот стил на играње, бидејќи играше многу малку. До 14-годишна возраст, тренираше три пати неделно. Нашиот пристап беше да работиме многу напорно на техниката и да ...
Реномираната американска телевизија ЕСПН го ажурираше свој прогнозиран драфт за НБА во 2026 година. Најзначајната промена беше додавањето на 21-годишниот Адај Мара во првите 10. „Големиот човек“ скокна директно на 8. место, истиснувајќи го бекот Брејден Бурис од првите 10. Топ 10 на „ESPN“: 1.Еј Џеј Дибанза (Бригам Јанг) – Вашингтон 2. Дарин Петерсон (Канзас) – Јута 3. Камерон Бузер (Дјук) – Мемфис 4. Кејлеб Вилсон (Северна Каролина) – Чикаго ...
Во Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, на 21 мај 2026 година (четврток), со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи концерт на ансамблот „Алтус НЗ“, составен од уметниците Елена Стојческа – флејта, Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Паскал Краповски – виолончело и Ромен Петио – гитара. Музичарите се дел од ансамблот „Алтус НЗ“ (Altus NB) – македонско-француска уметничка платформа посветена на современото музичко творештво и ...
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Битола денеска го одбележаа 20-ти мај – Денот на македонските пожарникари. На свеченоста која што се одржа пред зградата на противпожарната единица цвеќе на спомен плочата положија градоначалникот Тони Коњановски, делегација на Советот на Општина Битола предводена од претседателот Бојан Бојкоски, советници и други делегации, како и градоначалниците од Новаци и Могила. -Ова е најстарата ...
Мечка се појави деновиве во планините околу Струмичко и во близина на повеќе села, а од завчера ловочувари од ЛД „Беласица“ од Струмица ја следат на нејзиниот пат – информираа од ова ловно друштво. Најпрвин траги од движење на мечката биле забележани во атарот на селото Вељуса, кај местото Турски Скрки, а вчера животното се движело на потегот меѓу селата Рич, Струмица и Липовиќ, Конче. – Ловочуварите се на терен за да ја следат ситуацијата и ...
Простор за едукација на речиси 200 деца ќе се овозможи со доградба на осум училници во ООУ „Јоаким Крчовски“ во населеното место Волково-Орман во општина Ѓорче Петров. Камен-телемникот на доградбата денеска беше поставен во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и општинските власти. Проектот е финасиран со 42 милиони денари преку вториот повик на Владата. – Денеска одбележуваме 80 години јубилеј на училиштето и ги поставуваме темелите за ...
Низ Европа деновиве помина воз што потсетува на златната ера на легендарниот „Ориент експрес“, а неговото појавување низ балканските градови привлече големо внимание кај граѓаните и туристите. Станува збор за луксузниот „Балкан експлорер“, воз кој нуди уникатно искуство низ Југоисточна Европа, со ентериер и услуга што потсетува на хотел со пет ѕвезди. Заборавете на ладните сендвичи на железничката станица, кафе во пластична чаша и метеж во ...
Поранешниот возач во Формула 1, Дејвид Култхард, објасни зошто верува дека Макс Верстапен ќе продолжи да вози за Ред Бул. – Според мене, Макс нема да си замине затоа што ниеден друг тим од Ф1 нема да му дозволи да биде Макс. Мекларен не може да го направи тоа. Ферари исто така не може. Ни Мерцедес не би, иако Макс возеше Мерцедес (на трката 24 часа Нирбургринг). Сето тоа е затоа што мора да инвестираат во еден конкретен возач. Но, Ред Бул е ...
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) е во контакт со Фудбалската федерација на ДР Конго (ФЕКОФА) и го информира тимот за безбедносните препораки поради епидемијата на ебола, објави Ројтерс, повикувајќи се на соопштение од федерацијата. – ФИФА е свесна за ситуацијата околу епидемијата на ебола и ја следи внимателно со ФЕКОФА за да се осигури дека тимот е информиран за сите безбедносни препораки. ФИФА продолжува да соработува со сите три ...
Челзи е заинтересиран да го ангажира фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, објави „Ел Насионал“. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, кој ја презеде функцијата менаџер на Челзи на 17 мај, сака да го привлече Французинот во тимот од Лондон. Раководството на Челзи наводно веќе контактирало со мајката и агент на Мбапе, Фајза Ламари. Договорот на 27-годишниот Французин со Реал Мадрид е до летото 2029 година. „Трансфермаркт“ ја ...
Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес синоќа беше промовиран романот „Клучниот код на молкот“ од Емилија Златкова Анастасова на која ова и е 12. книга и петта од серијалот со детективката Силвија Силјановска. Книгата ја промовираа професорката и писателка Соња Карбева и писателката Десанка Николова. Во своето излагање промоторката Соња Карбева пред присутните појасни дека клучната порака која таа ја пронашла меѓу редовите бил повикот ...
На лична покана на амбасадорот на Република Кипар во Софија, Н.Е. Хараламбос Кафкаридес , проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, присуствуваше на свечениот настан организиран по повод Претседателството на Република Кипар со Советот на Европската Унија во 2026 година. Настанот се одржа во свечена и пријателска атмосфера, во присуство на бројни претставници на ...
Општина Чаир го претставува „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма со културни, уметнички, спортски и забавни активности за сите генерации. Како што соопштуваат од општината, од 1 до 30 јуни, Чаршијата и повеќе локации на територијата на општината ќе се претворат во центри на културата, традицијата, музиката и креативноста, преку низа активности кои имаат за цел збогатување на јавниот живот и промоција на културните вредности. ...
Министерството за спорт секогаш ќе стои на страната на принципите и на вистинските спортски вредности коишто еден спортист, спортски работник, селектор, спортски директор или секој еден човек кој е директно или индиректно поврзан со спортот, треба да ги промовира. Ако сакаме да имаме поздраво општество треба сите да работиме на тоа, истакна министерот за спорт Борко Ристовски во емисијата „Директно“ на ТВ Телма во која повод беше непримерната ...
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, е опериран и нема да учествува на Светското првенство, објави инсајдер Фабрицио Романо. На 17 мај, играчот од средниот ред претрпе фрактура на петтата метатарзална коска на десното стапало на средбата со Бетис во 37. коло од шпанското првенство. Тој беше се најде на проширениот состав на Шпанија за Светското првенство во 2026 година. Мундијалот ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 ...
Њујорк Никс ги победи Кливленд Кавалирс со 115:104 по продолжение во првиот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА-лигата. Натпреварот се одигра ноќеска во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк. Плејмејкерот на домашниот тим Брансон, постигна 38 поени, двоцифрени беа и Бриџис (18), Харт (13), Таунс (13 + 13 скока), Ануноби (13). Во тимот на Кливленд се истакнаа Мичел (29 поени), Харден (17), А. Мобли (15 + 14 скока) и Мерил (12). ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се обрати до тимот по ремито 1:1 на Манчестер сити со Борнмут во 37. коло од англиската Премиер лига. По овој резултат Арсенал ја обезбеди шампионската титула. – Повторно испишавме историја, заедно. Не би можел да бидам посреќен и горд на сите поврзани со овој фудбалски клуб. Ајде само да уживаме во моментот, изјави Артета за клупскиот сајт на Арсенал. Откако Манчестер Сити не успеа да го победи Борнмут ...
Менаџерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, му честиташе на Арсенал за освојувањето на титулата по синоќешното реми 1:1 со Борнмут во 37. коло од англиската Премиер лига. – Беше тежок натпревар, го знаевме тоа. Ни недостасуваше малку енергија, и тоа е нормално. Тие имаа 12 дена за подготовка, а ние имавме три. Постигнавме гол, но беше предоцна. Моите фудбалери дадоа максимум цела сезона, борејќи се во тешки услови до самиот крај. Бевме ...
Астон Вила ќе игра против Фрајбург во финалето на Лигата Европа во Истанбул. Натпреварот ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот на „Водафон Парк“ во Истанбул. Тренерот на Астон вила четири пати ја освои Лигата на Европа – три пати со Севилја (2013/14, 2014/15 и 2015/16) и еднаш со Виљареал (2020/21). Емери беше финалист во второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување во Европа со Арсенал во 2018/19 година. – Не сум крал на ова ...
Ревија на кратки филмови од последните две изданија – 2024-2025 година на „ФИЛМАЈ“ – фестивалот на краток филм, во организација на фото-кино клуб „Козјак“ ќе се реализира вечер со почеток во 20 часот во Куманово. Како што соопштија од „ФИЛМАЈ“, прикажани ќе бидат осум кратки филмови, а влезот е бесплатен за сите посетители. – Ревијата претставува мало загревање за публиката, една недела воочи осмото издание на „ФИЛМАЈ“ 2026 – фестивалот на ...
Во рамки на 54. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“, вечер со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Со делото, кое важи за едно од најемотивните и најизведувани во светскиот оперски репертоар, ќе диригира гостинот од Грција Мирон Михаилидис, додека режијата ја потпишува Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е на Живојин ...
Францускиот репрезентативец и играч на Сан Антонио, Виктор Вембањама испишува историја во НБА лигата и стана седмиот играч во НБА лигата кој успеал да запише 40 поени и 20 скокови конференциско финале или во финалето. Тој во дуелот број 1 од НБА финалето против Оклахома Сити го заврши со 41 поен и 20 скокови, а натпреварот имаше и две продолженија. Французинот е втор играч во дресот на Сан Антонио по Дејвид Робинсон со 40 поени и 20 скокови ...
Во ситуација кога повеќекратниот првак на Италија, Јувентус е сè подалеку од пласманот во Лигата на шампионите особено по поразот во последното коло на домашен терен од Фиорентина се појавија и нови проблеми. Лошата атмосферата од теренот се пренесе и меѓу играчите. За време на дуелот со Фиорентина дојде до вербален дуел на соиграчите Душан Влаховиќ и Мануел Локатели. Поради инцидентот раководството на Јувентус донесе одлука двајцата да бидат ...
На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) беше споделена петиција со која се бараат потписи за суспендирање на новиот Ценовник на ПОЦ и јавна расправа со жителите. Во објавата, профилот со име „Иво Антов“ вели дека градоначалникот на Општина Центар наместо да гради паркинзи, тој на местото на старите одобрувал изградба на нови згради. „Градоначалникот на Центар наместо да гради паркинзи, тој на местото од старите одобрува изградба на нови ...
На неколку дена до почетокот на Ролан Гарос стигна лоша вест и за организаторите на Вимблдон. Победникот на годинашниов Австралија опен, Карлос Алкараз го откажа учеството поради повреда. Шпанецот сезоната ја почна одлично со триумф во Мелбурн, потоа поради повреда на рачниот зглоб почнаа лошите резултати. – Моето заздравување тече добро и се чувствувам многу подобро, но за жал уште не сум подготвен да се натпреварувам. Ги откажав двата ...
Сан Антонио успеа да поведе со 1-0 во победи во финалето на Запад откако по две продолженија го совлада шампионот Оклахома Сити со 122:115. До победата стигнаа без помошта на „Ол-стар“ бекот Дерион Фокс, кој не беше во составот поради повреда на десниот скочен зглоб. Од клубот стигнуваат добри вести бидејќи Фокс можно е да се појави на вториот натпревар бидејќи неговото враќање сега е означено како „од ден до ден“. Тој проблемот со повредата ...
Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, кој ќе се одигра на 20. мај (среда) со почеток во 20:00 часот на Национална арена „Тодор Проески“. Главен судија на финалната пресметка ќе биде Игор Стојчевски, најдобриот македонски судија, интернационален ФИФА судија, дел од ментор програмата за елитни судии на УЕФА. Славниот турски арбитар Џунејт Чакир е ...
Арсенал е шампион на Премиер лигата за прв пат по „Непобедливите“ на Арсен Венгер во 2004 година, откако Манчестер Сити ремизираше 1-1 против Борнмут. Ова е круна на извонредното достигнување за Микел Артета на неговата прва менаџерска работа. Шпанецот го трансформираше Арсенал во претендент откако ја презеде функцијата од Унаи Емери во декември 2019 година. Неговиот тим заврши како второпласиран во последните три сезони и водеше поголемиот ...
На редовната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС денеска се разговарало за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, при што биле донесени повеќе одлуки во интерес на граѓаните и локалната самоуправа, соопшти попладнево скопскиот градоначалник и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук. – Една од клучните одлуки е формирањето на кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел подобра, побрза и поефикасна координација меѓу ...