Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, во Приштина учествуваше на завршната церемонија за доделување на грантови за општините преку ИПА III програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија. Како што соопшти Општина Бутел, проектот „Заеднички напори за намалување на отпадот и подобрување на одржливоста – REDUCE“ е финансиран од Европската Унија преку ИПА III програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и ...
Времето денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо ...
Епидемијата на Ебола во Демократска република Конго (поранешен Заир) го менува планот за подготовки за Светското првенство. Светската здравствена организација (СЗО) прогласи епидемија на смртоносната болест во Конго, а досега се забележани 139 смртни случаи и има потенцијални 600 заразени. Вонредната ситуација влијаеше и на текот на подготовките на фудбалската репрезентација. Фудбалската федерација на земјата донесе одлука националниот тим да ...
Во присуство на голем број колеги, пријатели и почитувачи на пишаниот збор, вечерва беше промовирана книгата „Никогаш не се расправај со идиоти“ од професорот Звонимир Јанкуловски. Станува збор за збирка на внимателно одбрани колумни, која, како што беше речено, претставува едноставно патување низ времето преку настаните кои оставија траги и траен белег во поновата македонска историја. Промотори беа новинарите Дејан Николовски и Александар ...
Македонија следната година ќе учествува на изборот за песна на „Евровизија“, потврди директорот на МРТ, Зоран Ристоски. На Јавната седница на програмскиот совет на МРТ, на која присуствуваат претставници на еснафски здруженија, медиумски организации и релевантни институции, Ристоски сподели дека имал средби со претставници од Европскиот радиодифузен сојуз (ЕБУ) и дека со сигурност може да каже дека Македонија ќе испрати претставник на ...
Македонската фудбалска репрезентација на 29. мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина за македонските навивачи обезбеди влезници по цена од 1000 денари за секторите ЈУГ Б4, ЈУГ Б3 и ЈУГ – стоење на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево. Навивачите на македонската репрезентација билетите можат да ги купат директно преку веб платформата на ...
Светската фудбалска федерација ФИФА се подготвува за нов радикален потег – зголемување на бројот на репрезентации на Светско првенство 2030. До почетокот на Светското првенство 2026 има околу три недели и на овој Мундијал бројот на репрезентации е зголемен од 32 на 48, а ФИФА веќе размислува за 66 репрезентации. Специјализирани спортски медиуми пренесуваат дека оваа идеја за зголемување на бројот на учеснички првобитно било предложено од ...
Снимена е мечка како трча низ улицата Македонска фаланга кај Градскиот парк во Битола и објавена на социјалните мрежи. Снимките презивикаа вознемиреност кај битолчани зашто паркот е доста фреквентно место, често посетено и од родители со мали деца и пензионери, а на истата улица каде беше снимено животното се наоѓаат и Средното медицинско училиште и Техничкиот факултет, а во непосредна близина и средношколскиот дом „Мирка Гинова“. Од СВР ...
Бразилскиот фудбалер Нејмар повторно се повреди, но најавите се дека ќе биде подготвен за подготовките за Светското првенство. Неговиот клуб потврди дека во средата Нејмар добил мала повреда на листот од ногата. Повредата се случила на неделниот натпревар кога Сантос загуби дома од Коритиба (0:3). Фудбалерот е под терапија во клупскиот центар и неговата состојба ќе ја следи и лекар на бразилскиот тим. Последниот натпревар за Бразил, Нејмар го ...
Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, ги донесе следните одлуки: – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на клубот. – ...
Македонскиот претставник во финалето на ЕХФ Европскиот куп ГРК Охрид на социјалните мрежи објави дека влезниците за реванш финалето со унгарската екипа Татабања се распродадени за 15 минути. И пред да бидат пуштени во продажба влезниците денеска постоеше огромен интерес и беше јасно дека капацитетот на салата е мал да ги прими сите заинтересирани за следење на финалето. Реваншот охриѓани ќе го играат на домашен терен во СЦ „Билјанини извори“ ...
Со силни безбедносни мерки, како во центарот на градот така и во околината на салата, со фан-зона за навивачите и љубителите на кошарката, Атина се подготвува за завршниот турнир на Евролигата што ќе се одржи од утре до недела, а учество обезбедија Валенсија, Реал Мадрид, Олимпијакос и Фенербахче – јави дописничката на МИА од Атина. Атина, по пауза од 19 години, е домаќин на фајналфорот, натпреварите ќе се одржат во реновираната олимписка ...
Менаџерот на Астон Вила Унаи Емери соборува рекорди и синоќа со својата екипа го освои пехарот во Лига Европа. Ова е за него петти триумф во ова натпреварување откако претходно во три наврати победуваше со Севиља и еднаш со Виљареал. Благодарен сум на сопствениците, тие постојано не поддржуваа. Секако и на навивачите и играчите. Секогаш кога бев успешен во ова натпреварување ми беа потребни добри играчи. Ова е навистина фантастично. Сите ...
Времето во следните денови ќе се задржи променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец – над 50 километри на час. Утре и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Според информациите од синоптичарите, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, ...
Во Прилеп утре, а на Рудина (Долнени) задутре, ќе се одржува 52 фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Околу 250 учесници од сите краишта на Македонија, вљубеници во изворниот мелос, ќе ги разлеат звуците на гајдата, кавалот, зурлата, ќе одекнат тапаните, ќе зазвучи изворната песна која се негува со векови и е дел од богатото традиционално културно наследство. На денешната прес-конференција во Ценатрот за култура „Марко ...
Врз основа на обемна анализа од Европската комисија, Нови Сад се претстави како еден од најуспешните примери за долгорочен развој на Европска престолнина на културата, соопшти денеска Фондацијата Нови Сад 2022. Истражување, прво од таков вид спроведено од ЕК откако проектот EPK постои од 1985 година, го издвои Нови Сад меѓу 22 градови, поранешни носители на титулата и според резултатите од анализата градот беше истакнат во речиси сите клучни ...
Според истражувањето спроведено од компанијата за истражување на пазарот „Никеи рисрч“ (Nikkei Research), третина од јапонските компании користат или размислуваат за воведување роботи со вештачка интелигенција, при што транспортниот сектор се издвојува како најнапреден. Во анкетата биле опфатени голем број компании во Јапонија, од кои четири проценти веќе активно користат ВИ, а други пет проценти од фирмите планираат нивно воведување во ...
Научници открија два грбави кита, кои, пливајќи меѓу Австралија и Бразил, поставиле нов рекорд од 14.500 километри. Китовите биле препознаени според карактеристичните ознаки на нивните опашки на две локации оддалечени 14.500 километри. Тие се движеле во спротивни насоки и поминале поголемо растојание од кој било досега регистриран грбав кит. Според Филип Клефам, поранешен раководител на програмата за истражување на китови на Националната ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски го соопшти списокот на играчи кои се во комбинација за претстојните пријателски натпревари на гостински терен против Босна и Херцеговина (29 мај) во Сараево и Турција (1 јуни) во Истанбул. Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 27 играчи, а меѓу нив петмина кои за прв пат ќе го носат националниот дрес. Дебитанти се: Аломеровиќ, Јанкулов, Анѓелески, Додев и ...
Безвременската оперска класика „Травијата“ од Џузепе Верди, ремек-дело кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика, на 27 мај ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет во рамки на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, оваа опера раскажува длабоко човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со општествените норми. Во улогата на Виолета Валери ќе ...
Општина Битола го одбележа Светскиот ден на културната различност востановен со одлука на Генералното Собрание на Обединетите нации и поддржан од УНЕСКО. Во своето обраќање до учесниците на културниот настан, културно уметнички друштва и претставници на етничките заедници во Битола, градоначалникот Тони Коњановски истакна дека локалната самоуправа продолжува да ја негува културата и мултикултурата како важно обележје на градот. -Со овој ...
Во Гостивар денеска е отворен еднодневен саем на занаетчиството под мотото „Занаетот не те остава без леб“ за промоција на занаетите. Во малиот парк на градскиот плоштад беа поставени дваесетина штандови на кои беа изложени предмети и производи кои главно се изработени од човечка рака. Саемот на занаетчии го организираа невладината организација Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) во соработка со општина Гостивар и Регионална ...
По последните случувања на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, би сакале да го дадеме следново соопштение: „Министерството за спорт најостро ги осудува свирежите на националната химна од страна на навивачите на Шкендија, но уште повеќе нè загрижува однесувањето на играчите кои одбија да ги примат медалите по завршувањето на натпреварот. Во последниов период имаше повеќе настани што доаѓаат од повеќе страни ...
Во период кога земјоделството сè повеќе се поврзува со технологијата, податоците и иновациите, Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје продолжува да се позиционира како едно од клучните места каде македонското земјоделство ја гради својата дигитална иднина. Токму во таква атмосфера на современи пристапи, практично знаење и визија за развој на секторот, Факултетот беше домаќин на значајна работна посета на претставници од Агенцијата ...
За прв пат во Македонија, младите фудбалски таленти ќе имаат можност да бидат дел од официјалниот AC Milan Academy Camp, кој ќе се одржи во Скопје од 10 до 14 јуни 2026, на терените на Фудбалската федерација на Македонија, објави организаторот на настанот. Кампот на Милан во Скопје ќе се реализира со поддршка од Италијанската амбасада и Фудбалската федерација на Македонија. Кампот е наменет за момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 години, ...
Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција информираше за смената на директорите на двете детски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“. Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“, Ивана Ангеличкова заминува на директорската позиција на градинката на „Астибо“, а на нејзиното место за вршител на должност директор на „Вера Циривири-Трена“ е назначена Ана Јакимова. Јорданов посочи дека причината за ...
Познати се и двојките за баражите за место во Втората македонска фудбалска лига, каде осум екипи ќе водат битки за четирите позиции. Жрепката се одржа денес во просториите на ФФМ. За четирите места во оваа конкуренција ќе се борат осум екипи од кои три се екипи кои се пласираа од деветтото до 11. место во Втората лига и петте шампиони во регионалните лиги. Двојки: Тетекс Тетово – Влазними Струга Каменица Саса – Еуромилк ГЛ Кожув Гевгелија – ...
Случаите на бактериски сексуално преносливи заболувања нагло се зголемија во Европа – соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ). Пријавените случаи на гонореја и сифилис достигнаа највисоко ниво за повеќе од една деценија во 2024 година, според здравствената агенција на Европската Унија со седиште во Солна, Шведска. Официјално, во 14-те земји што обезбедија податоци регистриран е 106.331 случај на гонореја ...
Плановите беа објавени во поднесокот за хартии од вредност, што е неопходен за секоја компанија која планира да излезе на берза. Првичната јавна понуда, според познавачите, би го направила извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, уште побогат и воедно прв трилионер во светот, што според аналитичарите е пресвртница која покажува колку е навистина богата технолошката индустрија. Се очекува првичната јавна понуда на „Спејс-Икс“ да ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, рече дека по помалку успешната минатата сезона, е задоволен од тоа како тој и тимот се прилагодиле на заедничката работа. – Се чувствувам многу добро. Потребно беше многу време мене и на тимот да го пронајдеме вистинскиот баланс на двете страни, а минатата сезона беше тешка со оглед на тоа што престанавме да работиме на автомобилот. Направивме многу промени и внатрешно и во нашите фабрички операции. И никогаш ...