Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното гостување во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител, најави дека во наредните десетина дена започнуваат градежните активности за поврзување на подземната сообраќајница под „Лимак“ со булеварот „Македонија“, како и изградбата на кружни текови на влезот и излезот од оваа клучна сообраќајница за главниот град. „Во наредните десетина дена започнуваме со втората фаза, односно со ...
Канадската пливачка Самер Мекинтош постави нов светски рекорд на 200 метри пеперутка, соборувајќи го најдолготрајниот светски рекорд во женска конкуренција, откако ја исплива патеката за време од 2:01,65 во неделата на националното првенство во Монтреал. Претходниот рекорд од 2:01,81, во сопственост на кинеската пливачка Лиу Зиге, беше поставен во октомври 2009 година во ерата на полиуретанските костими, кои наскоро беа забранети, и ...
Шпанскиот кошаркарски стратег Педро Мартинез (65) ја напушти тренерската должност во Валенсија за да седне на клупата на Реал Мадрид, со кого потпиша тригодишен договор. Во неодамна завршената сезона во шпанското кошаркарско првенство, Мартинез ја предводеше Валенсија до втората титула во клупската историја и до нејзиното прво учество на завршниот турнир од Евролигата, во кое загуби од Реал во полуфиналето. И покрај скромниот буџет за ...
Австриецот Оливер Гласнер е назначен за нов тренер на Нотингем Форест, објави денеска англискиот фудбалски прволигаш. Тој Гласнер седнува на клупата на Форест на местото на Португалецот Витор Переира, кој беше разрешен од должноста минатата недела. За помалку од една година, Нотингем Форест смени пет тренери – Нуно Еспирито Санто, Анге Постекоглу, Шон Дајч и Витор Переира. Гласнер има успешна работа во Кристал Палас, со кого го освои ФА Купот ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, призна денеска дека го повикал првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино и побарал преиспитување на одлуката за црвениот картон што му беше покажан на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун во шеснаесетфиналето на Светското првенство. Балогун, кој со три голови е најдобар стрелец на американската репрезентација на Мундијалот, беше исклучен на средина од второто ...
Италијанскиот фудбалер од средниот ред Сандро Тонали ги напушти редовите на премиерлигашот Њукасл и му се приклучи денеска на лондонски Тотенхем, јавија англиските медиуми. Според истите извори, вкупната вредност на трансферот ќе достигне 100 милиони фунти. Од оваа сума, Тотенхем му исплатил на Њукасл 92,5 милиони фунти, а остатокот ќе биде платен во бонуси. Станува збор за втора највисока сума која Њукасл ја инкасирал од продажба на свој ...
Од речиси 50 лица кои живееле во нејзината станбена зграда, само тројца биле извлечени живи. Карина Бланко не била во својот дом кога земјата почнала силно да се тресе. По силните потреси, таа избегала надвор заедно со останатите жители. – Кога сфатив колкави се штетите почнав да викам по мојата ќерка. Влегов во автомобил и возев најбрзо што можев, изјави Бланко. На 24 јуни два силни земјотреси ја погодија Венецуела во период од само неколку ...
Мистериозните „вселенски топки“ пронајдени на плажите близу Таунсвил, во североисточната австралиска сојузна држава Квинсленд, се метални делови од ракета што неодамна влегле во атмосферата, соопшти Австралиската вселенска агенција (АСА). Имено, шест загадочни метални предмети во топчест облик беа пронајдени од жителите во петокот, саботата и неделата на делови од плажата Форст, северно од Таунсвил. Полициските и противпожарните служби ги ...
Раководното тело на европскиот фудбал УЕФА денеска остро ја критикуваше одлуката на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да му го укине црвениот картон на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун за да може да настапи на вечерашниот осминафинален натпревар на Светското првенство против Белгија, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, побара од ФИФА да го разгледа случајот. УЕФА соопшти дека светската фудбалска организација „ја ...
Репрезентацијата на Норвешка направи подвиг и успеа да се пласира во четвртфиналето на Мундијалот, а последна „жртва“ беше повеќекратниот светски шампион Бразил. Норвешка победи со 2-1, а стрелец на двата гола беше првата ѕвезда на тимот Ерлинг Халанд. – Се чувствувам доста добро по двата гола што ги постигнав против Бразил и победата од 2-1 против нив. Колку многу значи тоа за Норвешка, мислам дека го кажав и претходно, но мислам дека ја ...
Ансамбот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ интензивно ја подготвува претставата „Ловец во р’жта“ според истоимениот роман на Џ. Д. Селинџер, во режија на Мартин Кочовски. Според режисерот Кочовски, претставата е еден вид кратка историja на подемот и падот на индивидуата од средината на минатиот век до денес, со субjективна визиja за судбината на индивидуата во блиската иднина. – Текстот е цивилизациски важен, популарен, оти ...
Во Пустец, Мала Преспа, синоќа заврши 21. издание на фестивалот „Македонски културно лето 2026“. На програмата на оваа значајна културна манифестација, во изминатите пет дена се најдоа познатите “Љубојна”, “ансамблот Тиквеш”, претставите за деца / мјузикл “Штурците и Мравките”, и “Шеќерната Приказна”, се одржа и ревија на народни носија “Од Љубаништа до Дебор“, Промоција на книгата “Охридски фолклористи”, Краткометражен филм “Приказна за една ...
НУ „Завод и музеј“ – Битола и Центарот за истражување на предисторијата, заедно со експерти од Германскиот археолошки институт и Универзитетот во Базел ги завршија теренските истржувања во арехолошкиот локалитет Велушка Тумба во Пелагонија. Во текот на истражувањата тимот археолози добија повеќе податоци за архитектурата, материјалната култура, стопанството и обредите на заедницата која што ја основала оваа неолитска населба. Велушка Тумба во ...
Држи се за мене“ на Мирсини Аристиду од Кипар ќе го отвори годинашното петто издание на Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“, кој ќе се одржи од 8 до 15 јули во Дојран, Струмица и во Гевгелија. Во рамките на програмата на фестивалот ќе се одржат проекции на два филма во чест на Тони Наумовски, годинешниот лауреат на единствената награда за високо актерско достигнување во уметноста на филмот „Мето Јовановски“, како и ...
Џез групата Next to Silence на 9 јули (20:30 часот) ќе одржи самостоен концерт во Сули ан (20:30 часот)во рамки на фестивалот Скопско лето. На концертот ќе биде изведена музика што составот ја сними неодамна. Иако музиката се уште не е издадена на албум, сепак ова ќе биде ретка прилика таа да се слушне и публиката да се запознае со карактерот на новите композиции на Next to Silence. Next to Silence е македонски џез состав кој функционира ...
Познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознато како Бигорски манастир и годинава ќе го одбележи сечесниот празник на раѓањето на својот патрон и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован – Иванден, што е втора манастирска слава. По тој повод Свештената бигорска Обител преку објава ги кани верниците на заедничка прослава, која почнува вечерва, на 6 јули, со сеноќно бдение, коешто ќе ...
Во Охрид од вчера официјално започна јубилејното, 5. издание на ракометниот камп „40х20“, кој ќе трае до сабота. Повеќе од 120 учесници од пет држави – Македонија, Шведска, Германија, Швајцарија и Србија – во наредните седум дена ќе имаат можност да ги усовршуваат своите ракометни вештини, да стекнуваат нови знаења, да се дружат и да уживаат во бројни едукативни и забавни активности. Организаторите и оваа година подготвија богата и разновидна ...
Бесплатната правна помош е важен инструмент за зајакнување на пристапот кон правдата, таа треба да обезбеди еднаков пристап на граѓаните до правдата без разлика на нивната економска и социјална положба. Тоа беше истакнато на годишната „Охридската летна школа на природно право“ што од денеска се одржува во Охрид, посветена на унапредување на знаењето и професионалните капацитети во областа. Настанот се одржува во организација на Центарот за ...
Општина Пробиштип од денеска почнува да ги прима пријавите за штетите на земјоделските култури и на објектите по големиот пожар, кој се случи на 3 јуни во атарите на селата Неокази, Бучиште и Ратавица, информираше градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски. Тој истакна дека пријавувањето на штетите ќе трае до 15 јули, по што на терен ќе излезе Комисијата за проценка на штетите формирана од Општината. -Ние како општина имаме формирано ...
Општина Илинден започна со реализација на проектот за реконструкција на спортската сала „Гоце Делчев“ во населеното место Илинден, како дел од континуираните активности за унапредување на спортската инфраструктура и создавање подобри услови за спорт и рекреација. -Оваа реконструкција се врши по речиси дводецениско користење на салата, при што се предвидени повеќе градежни и технички зафати насочени кон подобрување на функционалноста, ...
Мексиканската репрезентација со поразот од 2:3 од Англија го заврши настапот на Светското првенство. Но, тоа не е единствениот крај бидејќи за нивниот селектор Хавиер Агире, ова беше последен натпревар на клупата на Мексико. – Јас се збогувам, збогум на фудбалот, збогум на стадионот Ацтека и си заминувам гордо по толку многу години. Поминав многу години од мојот фудбалски живот тука на овој стадион. Но, мислам дека треба да се игра совршен ...
На половина од осминафиналната фаза на Светското првенство се случи и едно големо изненадување, елиминацијата на Бразил, а секако со големо внимание токму поради тоа ќе се очекуваат и другите четири осминафинални дуели. Денешната програма нуди еден екстра квалитетен натпревар на европски репрезентации и секако натпревар на домаќинот САД. Европа сигурно ќе има уште еден четвртфиналист бидејќи вечерва во Далас играат Португалија и Шпанија. ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 187 примероци од 41 мерно место. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 29.06.2026 до 03.07.2026 зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет ...
Друштвото на писателите на Македонија во чест и спомен на поетесата Даница Ручигај го распиша конкурсот за најдобра необјавена поетска книга „Даница Ручигај“ за 2026 година. Конкурсот ќе биде отворен до 16 август 2025 (недела).Наградата „Даница Ручигај“ се доделува за необјавена поетска книга напишана на македонски јазик или на некој од јазиците на националностите во РСМ, со доставен превод на македонски јазик и уредно пријавена на конкурсот ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Собранието, на Надзорната расправа „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употребата на македонскиот јазик“, истакна дека спроведувањето на Законот е обврска на сите институции и дека неговата доследна примена не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки. Тој нагласи дека Законот е донесен со широк парламентарен консензус на почетокот на 2024 година, а ...
Се подготвуваат тендерските постапки за изградби на современи системи за управување со отпад во Русиново и Новаци, додека за изградбата на современата фабрика за отпад во Светиниколското село Мечкуевци, која ќе биде за преработка на отпадот за 18 општини од Источниот и Североисточниот регион тендерската постапка е во завршница, истакна на денешната прес-конференција министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа. Тој ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска оствари работна средба со директорката на градинката „Пролет“, на која се рзговараше за тековното фукционирање на градинката и условите за престој на децата во перидот додека се одвива изградбата на новиот објект, соопштуваат од локалната самоуправа. – На денешната средба беше констатирано дека згрижувањето на децата од двата објекта се реазлизира редовно и организирано, при што се ...
За да им се излезе во пресрет на жителите кои претрпеа поголеми штети поради неодамнешните обилни врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на град Скопје, Општина Кисела Вода отвора постапка за доделување еднократна парична помош за овие граѓани. Како што се наведува во соопштението од општината, лицата кои ќе аплицираат за оваа помош, потребно е до Архивата на Општина Кисела Вода да достават барање придружено со следната ...
Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска се извини откако во интервју за еден хумористичен поткаст даде груба забелешка за пејачката Кајли Миног, што предизвика негодување кај групите за правата на жените и кај опозициските пратеници. Водителката на поткастот, Ники Озборн, го праша Албанезе со која од трите австралиски познати личности би се оженил, со која би излегувал или би „спиел“, на што премиерот првично одби да одговори, велејќи ...
Американскиот Научен центар на Калифорнија (California Science Center) во Лос Анџелес објави дека последниот вселенски брод на НАСА, „Ендевор“ (Endeavour) ќе биде изложен во надградена поставка во Воздухопловно-вселенскиот центар „Семјуел Ошин“, почнувајќи од 13 ноември оваа година. Новиот дел од научниот музеј, со површина од 18.600 квадратни метри, ќе биде дом на култниот шатл, заедно со колекција од 100 експонати, вклучувајќи избор на ...