По одличната сезона во ТФТ, македонскиот репрезентативец Виктор Ташовски за првпат во својата кариера ќе заигра во странство. Тој е нов член на хрватски Дубровник. Ташовски имаше просек од 15,8 поени, 3,3 асистенции и 1,3 украдени топки во ТФТ. Дубровник минатата сезона ја заврши на петтата позиција во регуларниот дел од првенството на Хрватска, а во четвртфиналето беше елиминиран од Задар. По одличната сезона во ТФТ, македонскиот ...

Хрватскиот кошаркарски клуб Дубровник денеска објави дека е потпишан договор со Виктор Ташовски, 24-годишниот македонски плејмејкер. Ташовски доаѓа во Дубровник од редовите на ТФТ Скопје, каде што одигра 31 натпревар минатата сезона, со просек од 15,8 поени, 3,3 асистенции и 1,3 украдени топки по меч. Тој играше и во АБА 2 лигата, каде што имаше просек од 14,4 поени и 2,7 асистенции по натпревар. Ташовски е член на репрезентацијата на ...