Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Врз основа на одговори од повеќе од 24.000 жители за квалитетот на живот, заедницата и секојдневното задоволство, списанието „Тајмаут“ (TimeOut) објави листа од 20 најсреќни градови во светот за 2026 година. Само највисоко рангираниот град од секоја земја се наоѓа на конечната ранг-листа, така што списокот би имал глобален карактер. На тој начин, Бат во Обединетото Кралство (поточно југоисточна Англија) се најде на првото место. Според ...
Германскиот автопроизводител „Бе-ем-ве“ (BMW) развива систем што ја менува бојата на каросеријата со притискање копче. Компанијата првпат го претстави овој концепт на „ЦЕС 2022“, кога демонстрираше возило што самото може да се менува од црна во бела боја, а потоа следеа подоцнежни верзии со повеќе бои и различни шари. Најновата верзија на технологијата, наречена „Е Инк“ (E Ink), беше прикажана на моделот „И-икс-3“. На хаубата на автомобилот ...
Овогодишното 78. доделување на наградите Еми ќе се одржи на 14 септември, во театарот Пикок во Лос Анџелес. Водителка на церемонијата ќе биде актерката Маришка Харгитеј. Настанот ќе биде емитуван во живо на телевизија Ен-би-си. „Манифестацијата ќе се одржи на 14 септември во театарот Пикок, каде што се одржува години наназад. Ќе биде достапна и на стриминг-платформата Пикок“, стои во соопштението на Ен-би-си Универзал, објавено вчера. ...
Американската „кралица на поп-музиката“, Мадона го откажа својот музички настап на лондонската „Парада на гордоста“ поради безбедносни причини. Иако таа со нетрпение очекуваше да биде дел од настанот, организаторите и нејзиниот тим проценија дека нејзиното доаѓање во британската престолнина може да предизвика хаос поради големиот број луѓе. Дивата, која во мигов го промовира својот нов албум „Confessions on a Dance Floor: Part II (Исповеди на ...
Американската инфлуенсерка Ема Кејт Вилман стекнува сѐ поголема популарност, како што сѐ повеќе луѓе сфаќаат дека наликува на норвешката фудбалска ѕвезда Ерлинг Халанд… Па така, и фудбалерот се појави во нејзините коментари. Ема се осврна на својата „популарност преку ноќ“, додавајќи дека и претходно ја споредувале со Халанд, иако „наездата“ од следачи се случува сега, откако пред неколку дена Норвешка го елиминираше Бразил од Светското ...
Повеќе од 200.000 кондоми од Кина, лажно декларирани како играчки, ги заобиколија барањата за контрола на квалитетот на Европската Унија, изложувајќи ги потрошувачите на опасност и ризик од сексуално преносливи инфекции, несакани бремености и опасни хемикалии и материјали, објави „Евроњуз“ (Euronews). Во ЕУ, кондомите се класифицирани како медицински помагала и мора да ги исполнуваат строгите здравствени и безбедносни стандарди, вклучувајќи ...
Селото Варена во Италија воведува казни од 50 до 200 евра за туристите кои се движат без маица или во костими за капење. Целта на ваквата одлука е да се намалат негативните последици од масовниот туризам, а со тоа да се зачува угледот и мирот на ова историско место. Според статистиката на локалната власт, постојаниот пораст на туристи сè повеќе влијае врз секојдневниот живот на мештаните. Со воведување на новите мерки надлежните сакаат да ја ...
Претседателот на КК Будуќност Драган Бокан зборуваше за иднината на АБА лигата и можноста регионалното натпреварување да добие право на директно учество во Евролигата. Тој откри дека до АБА лигата стигнал предлог според кој шампионот ќе има загарантирано учество во Евролигата во следните десет години. – Предлог договорот за првакот на АБА да има директно учество во Евролигата е стигнат. Претходно беше најава, а од следната сезона почнува ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков реагира на, како што наведува, изнесените неточни тврдења во дискусијата на седницата на Комисијата за ребаланс на буџетот оценувајќи дека тие не се во согласност со официјалните буџетски документи. Во соопштението од Министерството за култура и туризам се наведува дека, според Љутков, во официјалниот ребаланс не постојат тврдења дека средствата за кадровско зајакнување и инспекцискиот надзор се ...
Пловен мини концерт во водите на реката Црн Дрим ќе се одржи во понеделник на 13 јули во Струга, кај дрвениот мост. Иницијативата, како што соопшти Europe House Struga, е на Коста Костоски. – Europe House Struga верува дека најдобрите идеи се оние што ја поврзуваат локалната заедница, креативноста и јавниот простор. Затоа со особено задоволство ја поддржуваме оваа уникатна иницијатива на Коста Костоски која претставува уникатно музичко ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните работи за регулација на одводниот канал во населеното место Сингелиќ. Министерството инвестира 21 милион денари во овој проект, а градежните активности на терен се веќе во напредна фаза со бетонирање на коритото со цел трајна заштита од поплави. Овој канал е клучен дел од ...
Општина Битола утврди нов акциски план за работата на Локалниот економско социјален совет што ќе се реализира во периодот од 2026 до 2029 година. Посебен акцент во работатана ЛЕСС Битола овој пат се става на младинското вработување и на усогласувањето на образовниот систем сореалните потреби за вештини на пазарот на труд, диктирани од бизнис секторот, посочија од тамошната локална самоуправа. Заедничките цели кои партнерите ги реализираат ...
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска направи увид во почетокот на градежните активности за изградба на нова водоводна мрежа на улицата „Речиште 1“, во Драчево. Со овој инфраструктурен проект, чија реализација е целосно финансирана од Општина Кисела Вода, се поставуваат нови водоводни цевки во должина од 310 метри. Дополнително, општината ги покрива и трошоците за изведба на приклучоци за водомери, со што домаќинствата од овој ...
Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ избори пласман во уште едно полуфинале откако доцна синоќа го совлада Феликс Оже-Алиасиме со 3-2 во сетови за 5 часа и 14 минути игра. Негов противник во полуфиналето ќе му биде ланскиот освојувач на Вимблдон Јаник Синер. – Возбудливо е да се биде дел од епски меч. Мислам, не се сеќавам дека играв толку долго, можеби финалето на Роџер (Федерер) во 2019 година е блиску, но во однос на времето и ...
Репрезентацијата на Швајцарија оствари резултат достоен за почит – пласман во четвртфиналето за прв пат по 1954 година. Швајцарија во осминафиналето по изведувањето на пенали ја победи Колумбија со 4:3 откако беше 0:0. Голманот на Швајцарија, Грегор Кобел успеа во четвртата серија да го одбрани пеналот на Кучо Хернандез, што се покажа и како решавачко. – Веќе им кажав (на соиграчите), навистина сум лош во зборувањето за моите емоции веднаш по ...
Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека времето ќе биде променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Потоа следува период на претежно стабилно и потопло време. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во недела кога ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец. Post Views: 2 јули 9, 2026 Управата за хидрометеоролошки работи ...
Со концерт посветен на 150-годишнината од раѓањето на големиот шпански композитор Мануел де Фаља, македонскиот КИЦ во Загреб свечено ја заокружи својата концертна сезона. Бројната публика уживаше во извонредната изведба на Дуото Бадивуку-Кастратовиќ, составено од истакнатите македонски уметници Сихана Бадивуку (виолина) и Маја Кастратовиќ (пијано), кои со својата виртуозност, префинета музикалност и исклучителна сценска комуникација приредија ...
Овој јули, грчката музика, митологија и танц пристигнуваат на два еминентни летни фестивали во Северна Македонија. Со поддршка на Амбасадата на Грција во Скопје, Генералниот конзулат на Грција во Битола и значајниот придонес на грчките компании активни во земјата, публиката во Битола и Охрид ќе има можност да го доживее богатото културно наследство на Грција преку музика, танц и песна. На 16 јули, античкиот театар Хераклеја Линкестис во ...
Во манастирот „Св. Петка“ во селото Велгошти вчера беше одбележан значајниот јубилеј – 125 години од формирањето на Првата охридска востаничка чета, историски чин кој се смета за еден од најзначајните моменти во дејствувањето на Охридската револуционерна организација. На пригодната свеченост, во име на Општина Охрид присуствуваше делегација предводена од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, која положи цвеќе во ...
Во периодот јануари-јули 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 82 296 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и стопанските субјекти на територијата на градот Скопје. Отстранети се и 14 535 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 2385 кубни метри, е подигнато во општината Центар. ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти ...
Еден од најдобрите тенисери на светот Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Вимблдон, откако во најдолгото четвртфинале (5 часа и 14 минути) со 3-2 во сетови (7:6(10), 3:6, 6:3, 7:6(4) и 7:6 (10-4) го совлада канадскиот Феликс Оже-Алиасиме. Ѓоковиќ во текот на мечот постојано имаше водство од еден сет, но противникот не дозволи седумкратниот шампион на Вимблдон да го заврши мечот порано, па решаваше петтиот сет и тајбрејк во ...
Репрезентацијата на Египет и покрај водството од 2:0 против светскиот првак Аргентина го загуби осминафиналето со 3:2. Но, во таборот на Египет беа исклучително незадоволни и бесни пред сè од судиските одлуки, па дури и од ВАР проверки. – Значи, велам дека ова е незаслужена победа за Аргентина. Ветувам, откако ќе се вратам, воопшто нема да ги гледам другите натпревари на ова Светско првенство бидејќи во него нема правда. Она што ни се случи ...
Во духот на својата трајна програмска определба за афирмација, промоција и зачувување на македонското културно и духовно наследство, македонскиот Културно-информативен центар во Софија на 7 јули 2026 година свечено го отвори новиот циклус културни и книжевни настани посветени на одбележувањето значајни јубилеи и годишнини на истакнати личности и капитални дела што претставуваат темелни вредности на македонската национална култура, литература ...
Прв пат во својата кариера, 29-годишниот германски тенисер Александар Зверев ќе настапи во четвртфиналето на грен слем турнирот во Вимблдон, откако денеска триумфираше над Чехот Јиржи Лехечка со 6-4, 7-5, 3-6, 7-6(6). Овој осминафинален дуел беше прекинат во понеделник, точно на полноќ, при водство на Зверев од 2-0 во сетови и 3-3 во гемови во третиот сет. Во продолжението на натпреварот, Лехечка освои три врзани гема и се избори за четврти ...
Кошаркарот на НБА лигашот Кливленд, Донован Мичел, потпиша нов долгорочен договор, објави денеска неговиот менаџерски тим. Договорот е на четири години, во вкупна вредност од 273 милиони долари, што беше максималната сума која тимот можеше да му ја понуди. Договорот вклучува и клаузула за последната година од договорот – сезоната 2030/31, што би му овозможило на Мичел да го раскине предвреме. Мичел го предводеше Кливленд минатата сезона до ...
Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино се огласи денеска преку социјалните мрежи, но наместо одговор на контроверзите што се појавија на Светското првенство во последните денови, изнесе комплименти за организацијата на турнирот и судиите. „Светското првенство донесе неверојатен успех, а голем дел од заслугата за тоа му припаѓа на нашиот одличен судиски тим. На првенството судат најдобрите судии во светот, ...
Актуелниот светски првак Аргентина ја продолжува одбраната на титулата на мундијалскиот турнир, откако вечерва се пласираше во четвртфиналето совладувајќи го Египет по чудесен пресврт со 3-2 во Атланта. Египет имаше сензационално водство од 2-0 со головите на Ибрахим (15 минута) и Зико (67), кое го одржуваше до завршните десет минути од регуларниот дел. Аргентинската опсада на голот на Египет вроди со плод во 79 минута кога Ромеро ја ...
Македонскиот првак Вардар загуби вечерва во Скопје од фински Купс со 2-0 во првиот натпревар од воведното коло во квалификациите во Лигата на шампиони. Финскиот шампион заслужено дојде до победата на Националната арена „Тодор Проески“ со головите на Магаса (45) и Армах (49), оставајќи му само теоретски шанси на Вардар дека може да ја надомести негативата на реваншот по една недела во Куопио. Првото полувреме донесе претпазлива игра на двете ...
Кавадарци е во потрага по крал и кралица за овогодинешниот тиквешки карневал, дел од традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“. Од организацијата денеска информираа дека пријавувањето за крал и кралица, но и за останатите учесници во тиквешкиот карневал, трае до 20 јули. Годинава, „Тиквешкиот гроздобер“ ќе се одржи од 4 до 6 септември. Како и секоја година, така и оваа се очекуваат голем број посетители од земјава и странство. ...
Американската тенисерка Коко Гоф (ВТА – 7) е првата полуфиналистка на овогодишното издание на Вимблдон, откако попладнево во четвртфиналето на женскиот турнир ја совлада сонародничката Џесика Пегула (ВТА – 4) со 4-6, 6-3, 6-3. За 22-годишната Гоф ова е прво полуфинале на Вимлбдон, каде до оваа година не го помина ниту осминафиналето. Воедно, ова е прво полуфинале за Гоф од Ролан Гарос во 2025 година, кога ја освои титулата во Париз, а ...