Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
„Сладолед за жени“ е новата театарска претстава која премиерно ќе биде изведена на 41. издание на Штипско културно лето (ШКЛ), соопштија од Театар Штип. Премиерата на претставата во режија на Никола Ристов е вечерва во 20 часот. -Претставата ја истражува тенката граница меѓу трагедијата и апсурдот. Една случајност, една погрешна одлука и група ликови кои очајно се обидуваат да ја сокријат вистината. Но вината има свој вкус и не исчезнува ...
Петтото издание на спортскиот фестивал „Илинден“ традиционално и годинава ќе се одржи на 2 август на кејот на реката Црн Дрим во Струга, во организација на спортско-рекреативниот клуб „Соларис“. Пријавувањето за учество е во тек, а натпреварувачите, како што информира претседателот на клубот Коста Хиохи, може да се пријават во две од четирите натпреварувачки дисциплини: пливање, кајак, суп и такла. – И оваа година сите заинтересирани ...
Македонскиот лев бек Филип Талески потпиша договор со тимот на Охрид за сезоната 2026/2027 со можност за продолжување за уште една сезона. Поранешниот македонски репрезентативец доаѓа од екипата на Татабања. Потекнува од школата на Металург, а потоа замина во бундеслигашот Рајн Некар Левен, а во Германија играше и за Балинген. Потоа играше и за Вардар и Бенфика. Post Views: 2 јули 9, 2026 Македонскиот лев бек Филип Талески потпиша договор ...
Студенти по археологија од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Австрија и други држави, ова лето стекнуваат практично искуство на археолошкиот локалитет Барутница кај селото Амзабегово, како дел од Летната археолошка школа BEAM (Birth of Europe – Excavations at the Neolithic site of Amzabegovo), која се реализира од 4 до 31 јули. Летната школа е заедничка иницијатива на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце ...
Македонците во Албанија и понатаму се соочуваат со низа предизвици поврзани со зачувувањето на јазикот, културниот идентитет и опстанокот на традиционалните населени места. Иако македонското малцинство е официјално признато, претставниците на заедницата укажуваат дека се потребни дополнителни напори и поголема институционална поддршка за унапредување на правата и можностите на Македонците во Албанија. Во регионите каде што традиционално живее ...
Денес во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска оствари средба со Самуил Наумовски Викиус, извршен директор на Шведско-македонската стопанска комора. Оваа стопанска комора, која официјално започна со функционирање во октомври 2025 год., наскоро ќе ја отвори својата канцеларија во населбата Црниче, токму на територијата на општина Кисела Вода. Зад комората стојат 35 етаблирани шведски компании кои ...
Американската технолошка компанија Мета го претстави новиот генератор за слики заснован на вештачка интелигенција „Мјуз имиџ“ (Muse Image), што бесплатно им е достапен на корисниците преку апликацијата Мета ВИ, како и на платформите Инстаграм и Вацап. Корисниците се загрижени поради можност за нарушување на приватноста. „Мјуз имиџ“ овозможува генерирање и уредување слики врз основа на текстуални упатства, со однапред подготвени предлози кои ...
Со натпреварот меѓу Франција и Мароко стартува четвртфиналната фаза на Светското првенство. Франција со максимален учинок и пет победи „влегуваат“ во дуелот против Мароко. Во групата постигнаа победи против Сенегал, Ирак и Норвешка, а во нок аут фазата Шведска и Парагвај. – Подготвувајќи се за натпреварот, профилот на Мароко не е како оној на Парагвај. Значи, Мароко, за оние кои не се запознаени со нив, веќе се истакна кога ги сретнавме пред ...
Репрезентацијата на Мароко пред четири години на Мундијалот во Катар играше во полуфиналето, а ривал им беше Франција. Двете репрезентации на годинашниов Мундијал ќе играат во четвртфиналето, што значи и крај за поразениот тим. – Ќе направиме сè што можеме за да победиме. Нема да ги слушаме луѓето што ни велат „веќе сте се снашле брилијантно, не е голема работа ако изгубиме, Франција е фаворит“ или нешто слично. Сакаме да победиме и ќе ...
Општина Илинден продолжува со реализација на мерките за поддршка на граѓаните преку унапредување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина. Во рамки на Програмата за финансиска поддршка на жителите, успешно беше реализиран Јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денес ги додели првите решенија, од вкупно 60 ...
Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска испиша нова страница во историјата на македонската кинематографија, со две номинации за 78. Emmy Awards, најпрестижните награди во светската телевизиска индустрија. Ова е првпат македонски филм да биде номиниран за Emmy Awards, со што успехот на „Силјан“ добива историско значење не само за Македонија, туку и за документарниот филм во регионот. Филмот е номиниран во категоријата ...
Општина Карпош во соработка со полициските служби вечерва ја спроведе превентивната акција „Соседски патроли“, чија цел е унапредување на јавната безбедност и подигнување на свеста кај младите за одговорно однесување. Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, командирот на Полициската станица Карпош, Стефан Тасевски, инспектори за малолетничка деликвенција, униформирани полициски службеници, како и родители. ...
Англискиот фудбалски прволигаш Ипсвич го урна клупскиот трансфер рекорд и го ангажираше бразилскиот напаѓач Емерсон како најскапо засилување во историјата на клубот по враќањето во Премиер лигата. Дваесетиедногодишниот Бразилец потпиша петгодишен договор, и иако клубот не ги објави финансиските детали за трансферот, британските медиуми објавија дека Ипсвич му платил отштета на француски Тулуз во износ од околу 24 милиони фунти. Емерсон, кој е ...
Новиот тренер на калчолигашот Милан, Рубен Аморим, изјави дека сака хрватскиот ветеран Лука Модриќ да остане во редовите на италијанскиот гигант и следната сезона. Аморим на денешната промоција во Милано рече дека веќе двапати разговарал со Модриќ и оти во 39-годишниот фудбалер од средниот ред гледа важна алка во тимот. „Сакам Модриќ да остане. Разговарав со Лука двапати и, доколку е потребно, ќе отидам да се видам со него. Го сакам Модриќ со ...
Македонскиот претставник во УЕФА Конференциската лига Силекс Кратово втора сезона ќе биде дел од ова натпреварување. Нивни ривал во првото квалификациско коло им е Динамо Минск од Белорусија, но поради состојбата во регионот (Украина) оваа екипа домашните натпревари ги игра надвор од својата држава. Натпреварот ќе се игра во Стара Загора во Бугарија. – Огромно задоволство што втора сезона по ред играме во Конференциска лига. За Динамо Минск ...
До крајот на Светското првенство во фудбал остануваат да се одиграат уште осум натпревари, што значи дека Мундијалот влегува во својата завршница. Со денешниот дуел меѓу Франција и Мароко што се игра во Бостон стартуваат четвртфиналните пресметки. Светскиот првак од 2018 Франција е фаворит во дуелот со Мароко, но токму африканската репрезентација е таа на која и се даваат најмногу шанси за изненадувања. Почетокот на натпреварот е во 22 часот. ...
Во „Ragusa 360 Rooftop“ во Скопје вечер ќе се одржи осмото издание на винскиот салон „Вино на штикли“, манифестација што ги обединува виното, гастрономијата, музиката и стилот во уникатно доживување за посетителите. Организаторите најавуваат дека на настанот ќе бидат претставени повеќе од 200 вина од домашни и странски винарии, меѓу кои бели, розе и црвени вина, внимателно селектирани за љубителите на винската култура. Како што информираат ...
Британецот Артур Фери и Германецот Александер Зверев ќе играат во полуфиналето на грен слем турнирот во Вимблдон. Дваесетитригодишниот Фери, 114. на АТП ранг-листата, го постигна најголемиот успех во кариерата победувајќи, совладувајќи го вечерва финалистот на Ролан Гарос, Италијанецот Флавио Коболи, со 6-4, 7-6 (4), 6-0. Фери стана првиот тенисер со вајлд-карта кој дојде до полуфиналето на Вимблдон, по успехот на Хрватот Горан Иванишевиќ во ...
Англискиот фудбалски прволигаш Фулам го назначи денеска поранешниот предводник на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, за свој нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор. Шпанскиот стратег на клупата на Фулам седнува на местото на Португалецот Марко Силва, кој ја презеде Бенфика. Арбелоа ќе дебитира на клупата на Фулам 24 август, кога лондонскиот клуб ќе го пречека градскиот ривал Челзи во воведното кол кога Фулам ќе го пречека својот голем ривал ...
Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза денеска пристигна во Охрид од каде ја започна официјалната посета на земјава, а на аеродромот „Св. Апостол Павле“ беше пречекан од директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, каде двајцата одржаа и билатерална средба, соопшти МВР. На средбата се разговарало за активности насочени кон јакнење на оперативната соработка, размената на информации и унапредување на заедничките ...
Оваа Влада историски прави најголеми издвојувања за општините, а за тоа е доказ овој ребаланс кој денес го разгледуваме во Комисијата за финансирање и буџет. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во рамки на амандманската распорава по предлог ребалансот на Буџетот за 2026 година во рамки на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет кој потенцираше дека буџетот е лимитирана и ограничена категорија каде ...
Седумкратниот освојувач на Вимблдон, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, е казнет парично со 5.600 фунти за недолично однесување за време на осминафиналниот натпревар против Русинот Роман Сафиулин, објавија денеска организаторите на грен слем турнирот. Во соопштението на организаторите на Вимблдон, се наведува дека Ѓоковиќ е казнет за „гласни вулгарности“ изговорени во дуелот што се одигра во неделата. Ѓоковиќ го победи Сафиулин по четири сета, ...
ЈП „Лајка“ почнува кампања за удомување на кучињата кои со години чекаат дом – соопштуваат од претпријатието. Во рамките на кампањата, со наслов „Толку долго чекаат што речиси сите ги знаат по име. Освен нивните семејства“, реализирана е фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако, како што наведуваат, станува збор за здрави миленици, социјализирани и подготвени за удомување. – Во наредниот период јавноста ќе има ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Лука Стојановски (26 години, 190 см) е првото летно засилување на МЗТ Скопје Аеродром, откако официјално стави потпис на договорот со шампионот. За Стојановски ова претставува враќање во добро позната средина, бидејќи веќе го носеше „сино-белиот“ дрес во сезоната 2018/19. Три години потоа беше дел од Академија ФМП, играше и за Еуро Никел, а изминатите три сезони ги мина во редовите на Пелистер. Станува ...
Фудбалската федерација на Португалија соопшти дека ја прекинува соработката со шпанскиот тренер Роберто Мартинез, кој ја предводеше Португалија на Светското првенство. Португалскиот тим беше единствениот од европските репрезентации што не успеа да го мине осминафинале по поразот од Шпанија (0:1). „ФПФ му се заблагодарува на Мартинез и на неговиот стручен штаб за професионализмот и посветеноста во изминатите 3,5 години. Во тој период ...
По завршувањето на Светското првенство репрезентацијата на Хрватска остана без селектор. По денешниот состанок со претседателот на ХНС Маријан Кустиќ договорено е Далиќ да ја напушти функцијата селектор на Хрватска. „Скромно доаѓање. Незаборавен пат. Достоинствено простување. По девет години селекторот Златко Далиќ донесе одлука да ја заврши неверојатната ера на чело на „ватрените“. Селекторе, благодарност за победите, успесите, пласманите, ...
Педесет и седум матуранти од штипските средни училишта не положиле државна матура во првиот рок на полагање, од вкупниот број 53 не положиле англиски јазик, а четворица не го положиле испитот по македонски јазик. Снежана Санева, раководител на Сектор за образование и јавни дејности при општина Штип, вели дека повеќе од 400 матуранти положиле македонски јазик, а 337 матуранти положиле англиски јазик. – Во овој јунски испитен рок, матура ...
Денеска во храмот „Свето Преображение“ во Кочани е извршен чинот на осветување на новопоставениот црковен крст и камбанаријата. Светиот чин на осветувањето го извршија свештеници од Кочанското архиерејско намесништво, во присуство на верници кои ја споделија духовната радост од овој, за православните верници, значаен настан. Од храмот истакнуваат дека осветувањето на крстот и камбанаријата претставува важен чекор во уредувањето на ...
Во рамки на 15-тата седница која се одржа во просториите на локалната самоуправа, Советот на Општина Карпош заседаваше и расправаше по 23 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во тој контекст, советниците го усвоија Општинскиот енергетски план за 2027 година, врз основа на согласноста од 27.05.2026 година, издадена од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во постапка пропишана со закон. Основната цел на овој ...
Поради практичноста и ниската продажна цена, користењето пластични садови стана тренд во секој дом. Според онколозите, оваа современа навика е поопасна отколку што изгледа. – Моите пациенти често бараат едноставен одговор на прашањето зошто заболеле од рак, но реалноста е многу посложена, изјавил д-р Сунил Камат, онколог на клиниката во Кливленд, во интервју за магазинот Парада. Една од причините за појава на оваа опака болест е средината во ...