Тројца луѓе загинаа, а најмалку 21 беа повредени во експлозија на рачно изработена бомба што ја носела жена во близина на ресторан во централниот дел на Москва. Полицијата соопшти дека експлозијата се случила синоќа нешто пред 20 часот, во близина на италијански ресторан лоциран во една од познатите седум згради од сталинската ера на плоштадот Кудринскаја. Според рускиот антитерористички комитет, а пренесено од државната агенција РИА, ...

Три лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија што синоќа избувна во близина на едно кафуле во центарот на Москва, потврди руското Министерство за внатрешни работи. „Московската филијала на МВР работи на местото на инцидентот. Според достапните информации, денеска околу 20:10 часот по локално време се случила експлозија во близина на летна бавча на кафуле, во која три лица загинаа, а 15 се повредени“, изјави синоќа претставник на МВР. ...