Поранешниот тренер на лондонски Челзи, Лиам Росениор, седна на клупата на францускиот прволигаш Париз ФК, потпишувајќи денеска договор до јуни 2028 година. Четириесетиедногодишниот англиски стратег доаѓа на местото на Антоан Комбуаре, кој го предводеше клубот до 11. место изминатата сезона во француската Лига 1. „Лиам Росениор ги има сите квалитети што ги баравме“, рече спортскиот директор на Париз, Марко Непе. „Тој е модерен и посакуван ...

Со целовечерен концерт исполнет со богатството на хрватската фолклорна традиција, Ансамблот за народни игри и песни на Хрватска ЛАДО го затвори јубилејното 65. издание на Балканскиот фестивал во Охрид. Настапот, како што информираат организаторите, беше проследен со голем интерес, а публиката ги награди изведувачите со долги аплаузи и овации. Во рамките на концертната програма беа изведени повеќе препознатливи кореографски постановки, меѓу ...

Во Секторот за внатрешни работи Охрид денеска се одржа работен состанок со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Србија, кои од утре до 31 август, заедно со припадници на македонската полиција, ќе патролираат низ Охрид во рамки на заеднички полициски патроли. Активноста се реализира врз основа на Протокол за соработка за време на туристичката сезона, а од утре и официјално започнува функционирањето на мешовитите ...

Европската ракометна федерација денеска ги објави клубовите кои ќе се натпреваруваат во Лига Европа и во Европскиот куп. Од македонските екипи Еурофарм Пелистер ќе биде дел од Лига Европа, а 32-те екипи ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи. Во следната рунда ќе продолжат двете првопласирани од секоја група и трето и четвртопласираните од групите од Лигата на шампионите. Потоа 28-те екипи ќе играат два натпревара (дома-гости), а ...

Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) Битола, во соработка со компанијата МИКРОДЕЛ, реализираа иновативен проект за промоција со примена на холограмска технологија. Станува збор за современ и атрактивен пристап на презентација што претставува една од првите имплементации на холограмска технологија за промоција на високообразовна институција во Македонија. -Проектот е ...

Главниот град на Данска, Копенхаген е прогласен за град со најдобар квалитет на живот во светот втора година по ред, според годинашната листа објавена од истражувачката рубрика „Оддел за информации“ на британското списание „Економист“ („Economist Intelligence Unit“ (ЕИУ)). Во списокот најдобри мета за живеење, вклучени се 173 градови низ целиот свет, а данската престолнина го задржа првото место пред Виена (Австрија), којашто претходно беше ...

Грчкиот кошаркарски репрезентативец и нов член на НБА тимот Мајами Јанис Адетокумбо реши во новиот клуб да го носи дресот со број 7. Ова се случи само неколку часови откако почна продажба на дресот со неговиот досегашен број 34. Сепак откако Јанис објави дека ќе игра со „7“, Мајами ја потврди промената. Адетокумбо за време на сите 13 сезони, колку настапуваше во Милвоки го носеше дресот со бројот 34. Оваа промена направи и мал хаос, особено ...

Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. Потоа следува период на стабилно време, освен во недела кога повторно се очекува попладневна нестабилност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Post Views: 3 јули 8, 2026 Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и ...

На 500 метри од локалитетот „Баргала“, од левата страна на Козјачка река откриена е и доцноантичка некропола, додека средовековната се наоѓа веднаш до црквата Свети Ѓорѓи, односно до ѕидовите на локалитетот „Баргала“. Археологот Митко Штерјов од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип вели дека доцноантичката некропола се простира на површина од пет хектари, а откриени се и гробници во кои се најдени коски од осум починати лица. ...

Од 24 до 26 јули во Струмица по втор пат ќе се одржи „СФЕСТ“, соопштија организаторите денеска на прес-конференција. – На само 15 дена пред почетокот на второто издание на СФЕСТ, со големо задоволство можеме да кажеме дека Фестивалот продолжува да расте и да се развива во културен настан кој сигурно го зазема своето место на мапата на летните фестивали во Македонија, рече Елена Запрова од Организацискиот тим на Фестивалот. Таа изрази ...

Град Скопје издвои финансиска помош од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот во Венецуела – објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на „Фејсбук“. – Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес. Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде најгласна. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје не остана ...

На првата трка со бикови на овогодишниот Фестивал „Сан Фермин“ во Памплона, северна Шпанија, денеска, пет тркачи беа повредени. Не се работи за животозагрозувачки повреди, објави Шпанската радиотелевизија – РТВЕ. Станува збор, главно, за модринки – без рани од долгите, остри рогови на биковите, објави државниот радиодифузен сервис. Сепак, три лица се однесени в болница. Фестивалот во чест на светецот-заштитник на градот, Свети Фермин, почна ...

Репрезентацијата на САД доживеа непријатно изненадување откако ноќеска беше елиминирана од Белгија по поразот од 1:4 и со тоа Мундијалот го заврши во осминафиналето. Охрабрени по победите во групата, американскиот тим влезе со оптимизам во дуелот со Белгија. – Не го покажавме нашиот вистински квалитет како тим. Не ја поврзавме играта. Белгија беше подобра од нас, и тоа е тоа. Беше многу лош ден. Не беше наш ден, колективно или индивидуално. ...

Со масовно приуство на верници од сите делови на државава и гости од повеќе цркви, Бигорски манастир ја одбележува втора манастирска слава, сечесниот празник на раѓањето на својот патрон и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован – Иванден. На сеноќното бдение присуствуваше и Неговото превосходство, цивилниот управник на Света Гора, Алкивијадис Стефанис. Неговото преосвештенство, епископ Антаниски г. ...

Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери. Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни апликации преку кои граѓаните ќе имаат целосен увид и контрола врз услугите што ги користат. Апликациите ќе овозможат навремени известувања, поднесување барања, следење на статусот на услугите, како и поедноставена комуникација со ЈП ...

Актерот Џорџ Клуни ќе ја прими наградата „Златен лав“ за животно дело на овогодишниот филмски фестивал. Фестивалот ќе се одржи од 2 до 12 септември, во Венеција. -Овој фестивал е, без сомнение, мојот омилен и да се добие наградата „Златен лав“ е огромна чест. Тоа веројатно значи и дека сум стар, но ќе го прифатам, шегувајќи се изјавил Клуни. Според уметничкиот директор на фестивалот, Алберто Барбера, Клуни, кој воедно е и двократен добитник ...

„На само 37-годишна возраст почина Британската пејачка Лорен Бенет, позната по заедничкиот хит „Party Rock Anthem“, со дуото ЛМФАО“, соопшти вчера нејзината поранешна група ГРЛ. „Со голема тага ја споделуваме веста за смртта на нашата сакана Лорен. Нашите срца се скршени и не можеме да опишеме колку многу ни значеше“, се наведува во соопштението на групата. Причината за смртта засега останува во тајност. Групата се воздржа од дополнителни ...

Британскиот принц Хари вчера пристигна во повеќедневна посета на својата татковина без својата сопруга и двете деца, на кои не им беше одобрена полициска заштита за време на престојот во земјата. Според извори блиски до принцот, одлуката е донесена откако надлежните безбедносни органи не го одобриле побараното ниво на полициска заштита. Британскиот принц во 2020 година се откажа од кралските должности, и оттогаш повеќе нема право на државна ...

Во Монголија, претставници од 56 држави првпат ќе го прослават Светскиот ден на коњот на меѓународно ниво, објави државната новинска агенција, пренесе БТА. На пленарната сесија на 79. заседание на Генералното собрание на ООН на 3 јуни 2025, беше дискутирана и усвоена резолуцијата за Светскиот ден на коњот, иницирана од претседателот на Монголија, Ухнаагиин Курелсух. Меѓународната одлука годишно да се прославува 11 јули како Светски ден на ...

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо синоќа против Шпанија во Далас го одигра последниот натпревар во дресот на Португалија на Светско првенство. Неговата репрезентација го загуби осминафиналето со 1:0, што значеше и елиминација на Португалија. – Тажен сум. Дадов сè од себе, дадов се од себе и си заминувам со чиста совест. Тоа е фудбалот, тоа е животот на еден фудбалер. Понекогаш победуваш, понекогаш губиш и мора да продолжиш. Да ...

Репрезентацијата на Шпанија со голот во судиското надополнување на вториот дел со 1:0 ја совлада Португалија. Стрелец беше Микел Мерино. Шпанија на тој начин обезбеди четвртфинале и ќе игра против Белгија. – Беше огромно олеснување. Само пред неколку месеци, да бидам тука беше незамисливо (поради повреда). Сега еве ме, како што реков претходно, на самиот врв, уживам во еден од најсреќните моменти во мојата кариера. И еве, сега се сеќавам на ...

Европскиот сателит Sentinel-2 во рамките на програмата „Коперникус“, додека поминувал над Грција, ги снимил Охридското и двете преспански езера, а снимките со висока резолуција ги објави грчкиот портал „Метео“ на Националната опсерваторија – јави дописничката на МИА од Атина. Од „Метео“ информираа дека на сателитската снимка се Големото Преспанско Езеро и Малото Преспанско Езеро, „кои се разделени со тесен копнен појас“. – Големото Преспанско ...

Во рамки на проектната активност за санација и реконструкција на урбаната опрема, Општина Карпош направи замена на старите и оштетени реквизити на уште две детски игралишта. На детското игралиште кое се наоѓа на ул. Никола Парапунов обновени се клупите, поставени се нови лулашки и санирана е останатата урбана опрема во склоп на ова катче, се наведува во соопштението на Општина Карпош кое МИА го пренесува интегрално. На детското игралиште кај ...

Просечен Македонец лани направил 417 килограми ѓубре, кое речиси целосно завршило на депониите. Тоа е помалку за речиси пет отсто (околу 20 килограми помалку) од претходната 2024 година и помалку од европскиот просек. Вкупно во државата биле создадени 755,7 илјади тони ѓубре, а на депониите завршиле речиси 640 илјади тони комунален отпад. Иако сме направиле помалку ѓубре, комуналните претпријатија собрале повеќе отколку во 2024 година. ...

Новата, трета генерација на Ауди Q7 носи голем напредок, особено во технологијата на осветлување и луксузот во внатрешноста. Наместо само обично освежување на изгледот, Ауди се фокусираше на паметни дигитални Матрикс ЛЕД предни светла кои овозможуваат максимална видливост без да ги заслепуваат возачите од спротивната насока, додека задните светла нудат избор од осум различни дигитални изгледи. Како посебно интересна карактеристика, трепкачите ...

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид е одлучен во намера да го донесе во своите редови фудбалерот од средниот ред минхенски Баерн, Мајкл Олисе, во летниот преоден рок, јавија денеска шпанските медиуми. Реал, според медиумите, е подготвен да понуди 220 милиони евра за францускиот репрезентативец. Фиксниот дел од обесштетувањето би изнесувал 190 милиони евра, а уште 30 милиони во бонуси. Дваесетичетиригодишниот Олисе се истакна минатата ...

Словенечкиот актер Нико Ѓоршиќ е годинaшен добитник на највисокото фестивалско признание, наградата за животно делот што ја доделува интернационалната театарска манифестација „Актер на Европа 2026“ – Ресен. Наградата за актерот Горшиќ е признание за неговиот долгогодишен и исклучителен придонес во театарската уметност, беше истакнато на синоќешното отворање на 24. издание на Интернационалната театарска манифестација „Актерот на Европа“, ...

Полицијата во Торонто приведе и парично казни маж кој поставил транспарент во центарот на градот со критика кон Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), објави денеска канадскиот тв канал CTV. Шеесетичетиригодишниот Јан Марацевич потврди дека протестирал во близина на локалниот изложбен комплекс, држејќи транспарент со порака „ФИФА = Алчност“. Полициските службеници најпрво го замолиле да го отстрани транспарентот, а потоа бил приведен за ...

Европскиот шампион Шпанија стигна до четвртфиналето на Светското првенство без да прими гол, а минималната победа (1:0) над Португалија во осминафиналниот натпревар одигран во понеделникот ноќта во Далас ја донесоа играчите од клупата во првата минута од судиското продолжение. Феран Торес беше асистент а Микел Мерино стрелец на погодокот со кој Шпанија ја круниса својата подобра игра во поголемиот дел од натпреварот и заслужено се пласираше ...

Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани низ државата денеска до 20 часот, од кои два сѐ уште се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Едниот активен пожар е во близина на Стадионот во Кичево, каде што горат стрниште и сува трева. Другиот активен пожар е на битолска територија, кај Тунелот на обиколницата. Изгаснатите пожари биле на територија на општините Дебар, Дебарца, Демир Капија, Ѓорче Петров, ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.02
38%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 24ᴼ
3.13
60%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.01
57%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.06
40%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
0.88
43%
1017
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.95
79%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.79
47%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.81
56%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.01
53%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
3.13
60%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
0.89
40%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.64
100%
1015
Currency

61.52

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Паладиум

40863.60

Сребро

1873.42

Родиум

265243.66

Цинк

0.00

Калај

54.92

Платина

52920.13

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Злато

130712.08

Бакар

13.13

Алуминиум

3.19

Кобалт

56.29