Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави фотографија во хируршка облека непосредно пред влез во операциона сала, со директна порака до актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски. Користејќи медицинско-политички речник, тој како неврохирург оценува дека на државата ѝ треба системска операција, и тоа „без анестезија“. „Хирургијата бара прецизност, одговорност и чисти раце. ...
„Хирургијата бара прецизност, одговорност и чисти раце. Политиката што ја водат ВМРО и Мицкоски – обратно. Додека ние спасуваме животи, тие ја трујат државата со лаги, поделби и криминал. Време е конечно да се оперира системот. Без анестезија“, стои во неговата официјална објава. Нема информации дали изразот „операција без анестезија“ треба да се толкува како најава за радикализација и заострување на опозицискиот курс на СДСМ. ...

