Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Гитаристот на легендарната рок група Ролинг Стоунс, откри дека постигнал голем успех по долгогодишната борба против суровата болест. – По долгогодишна борба со ракот на белите дробови, го постигнав најзначајниот пресврт во мојот живот. Денес воопшто нема ни траг од болеста, изјавил Вуд. Болеста му беше дијагностицирана во 2017 година, и успешно излекувана. Во 2020, за време на пандемијата, повторно се соочуи со малигно заболување, ...
Најискусните во таборот на кошаркарскиот првак браќата Војдан и Дамјан Стојановски ја продолжија соработката. За капитенот Дамјан Стојановски ова ќе биде 14. сезона во „сино-белиот“ дрес, во која ќе атакува на својата 12-та шампионска титула – сите освоени со МЗТ Скопје. За Војдан, пак, е шестата сезона во клуб, откако првпат го облече шампионскиот дрес на почетокот на 2022 година. Продолжувањето на соработката со браќата Стојановски е уште ...
Времето претстојниот викенд ќе биде сончево и топло, а в недела во попладневните часови можни се дожд и грмежи – покажуваат прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи. За утре најавено е сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Во Скопје исто така сончево време со мала облачност. Се очекува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Според синоптичарите, в недела ќе биде сончево со мала до умерена ...
Во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар во првата половина од годинава, забележано е поголемо производство за 30 отсто, споредено со истиот период минатата година. -Во првото полугодие од годинава ХЕ „Шпилје“ испорача 186.428 мегават часови електрична енергија што претставува натфрлање на планот за 30 проценти за предметниот период. Вака доброто производство услови заклучно со јуни, да бидат реализирани околу 68 отсто од вкупниот годишен план- ...
Општина Струга исчисти и уреди дел од крајбрежјето кој ќе биде наменет за Градска плажа. Општинската прес-служба информира дека тоа е само прв дел од идната градска плажа, а јавниот простор најавуваат дека постепено ќе прерасне во уредено и достоинствено место за сите граѓани. – Го исчистивме и уредивме просторот. Направени се услови за граѓаните да имаат можност да го користат јавниот простори и да уживаат. Ова е само почеток. Пред нас има ...
Општина Аеродром почнува постапка за воспоставување систем за видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите. На вчерашната седница на Советот бил усвоен предлогот за отпочнување на постапката. Општината упатува благодарност до советниците кои ја препознале важноста на оваа мерка и дадоа поддршка за нејзината реализација. -Секое искршено игралиште претставува загуба за сите граѓани, а најмногу за најмладите. Затоа, покрај ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска во детската градинка „8 Март“ во населбата Расадник присуствуваше на промоцијата на новата едукативна детска боенка посветена на најубавите и најзначајните катчиња во општината. Станува збор за креативен проект преку кој најмладите жители ќе можат да ги запознаат најважните градби и знаменитости во Кисела Вода. На страниците на оваа боенка се илустрирани голем број ...
Општина Ѓорче Петров за првпат воведува еднократна финансиска поддршка за полуматурантите од општината. Градоначалникот Александар Стојкоски ги потпиша решенијата за исплата на финансиска поддршка во износ од 5.000 денари за 360 полуматуранти од Ѓорче Петров, соопштија денеска од локалната самоуправа. Во соопштението се додава дека оваа мерка претставува конкретна поддршка за учениците и нивните семејства, во период кога младите завршуваат ...
Пионерот во американската авијација, Воли Фанк почина на 87-годишна возраст, изјави портпаролката на Градот Грејпвајн во американската сојузна држава Тексас вчера. – Фанк, која полета во вселената во 2021 година на 82-годишна возраст и постави рекорд со својата возраст, почина во среда во Грејпвајн. Пионерот почина дома од природна смрт, опкружена со најблиските, изјави портпаролката. Инаку, Фанк полета во вселената со Џеф Безос во 2021 ...
Фудбалерите на Силекс постигнаа важна победа во првиот натпревар од првото квалификациско коло од Конференциската лига откако ја совладаа екипата на Динамо Минск со 1:0. Натпреварот се одигра во Стара Загора, Бугарија бидејќи белоруската екипа поради воената состојба во Украина не може да игра на домашен терен. Единствениот гол го постигна Есмир Хусакиќ од пенал во финишот на првиот дел. – Задоволни сме од резултатот и предноста, но мора да ...
Екипата на Шкендија со убедлива победа од 5:0 на гостински терен против Европа од Гибралтар ја стартуваше новата европска сезона. Тетовчани со триумфот ја потврдија и фаворитската улога. – Кога ќе победите 5:0 мора да им честитате на фудбалерите за одличниот резултат. Сепак ќе треба да направиме корекции бидејќи имавме одредени слабости. Победата е важна за самодовербата и сакаме да стигнеме што подалеку во европските натпревари. Мора да се ...
Чешката тенисерка Каролина Мухова е првата финалистка на грен слем турнирот во Вимблдон, откако попладнево во полуфиналето кое донесе фантастичен тенис ја совлада Американката Коко Гоф со 6-2, 1-6, 7-6 (12-10). Деветтата тенисерка во светот ја совлада Гоф за два часа и 35 минути и прв пат во кариерата се пласираше во финалето на лондонскиот грен слем. Мухова играше одличен тенис во првиот сет и со два брејка на сервисот на Гоф во третиот и ...
Чешката 21-годишна тенисерка Линда Носкова во полуфиналето на женскиот турнир во Вимблдон ја совлада Украинката Марта Костјук со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) и во саботното финале на лондонскиот грен слем ќе игра против осум години повозрасната сонародничка Каролина Мухова. Второто полуфинале на Вимблдон во женска конкуренција траеше еден час и 19 минути. Првиот сет беше израмнет до водство на Носкова од 5:4 во гемови кога чешката тенисерка ...
Поранешниот романски фудбалски репрезентативец Габриел Мурешан се удави во езеро во близина на гратчето Аполд каде изминатите години беше градоначалник, јавија денеска локалните медиуми. Фудбалската федерација на Романија ја потврди смртта на 45-годишниот Мурешан, кој одигра девет натпревари во националниот дрес, вклучувајќи ги и квалификациските натпревари за Светското и Европското првенство од 2007 до 2011 година. „Фудбалската федерација на ...
Искусниот 71 – годишен стратег Жорге Жесус (71) многу веројатно ќе биде новиот селектор на Португалија, јавија денеска локалните медиуми. Селекторската клупа на Португалија остана празна, откако Роберто Мартинез ја напушти должноста по елиминацијата од Шпанија во осминафиналето на Светското првенство. Весникот „А Бола“ објави дека е договорена средба меѓу Жесус и претседателот на Фудбалската федерација на Португалија, Педро Проенца. Жесус ...
Македонскиот куп освојувач, тимот на Силекс има голема шанса да мине во втората рунда на КЛ. Ова откако во првиот меч од квалификациите против белорускиот Динамо Минск, кратовската екипа славеше со 0-1. Натпреварот се играше на неутрален терен во бугарскиот град Стара Загора и тоа пред празни трибини. Избраниците на Александар Васоски тоа успеаја да го искористат и пред своите навивачи, но во Скопје, ќе почнат со гол предност. Во 32.минута по ...
Полициски службеници денеска на различни локации реализирале низа превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување пожари, за заштита од телефонски измами и кражби. На минувачите, полицајците им поделиле и едукативни материјали во форма на летоци со едукативните препораки. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес денеска на наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес, реализирале сообраќајна превентивна ...
Општина Карпош организираше „Отворен ден“, на кој граѓаните имаа можност непосредно да се сретнат и да разговараат со градоначалникот Сотир Лукровски, како и со раководителите на општинските сектори. Настанот беше организиран со цел да овозможи директна комуникација со жителите од Карпош, да се слушнат нивните предлози, проблеми и барања, како и да се разговара за прашања од секојдневното функционирање во локалната заедница. Во текот на ...
Претседателот на судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, застана во одбрана на судиските одлуки на осминафиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Аргентина и Египет (3-2), отфрлајќи ги обвинувањата за пристрасност и посочи дека судиите дејствувале целосно независно и во согласност со правилата. Во интервју објавено на официјалниот сајт на ФИФА, Колина рече дека критиките кон судиите се дел од фудбалот, но го осуди доведувањето во ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јуни 2026 година. -Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат ...
Уметници од НР Кина, САД, Венецуела, Порторико, Холандија, Словачка, Грција, Шведска и 23 ансамбли од Македонија ќе учествуваат на годинешното 56 издание на фестивалот на народни песни и игри „Илиденски денови“. Како што најави директорот на НУ Центар за култура – Битола, Сашо Илковски, фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ годинава ќе трае од 14 до 31 јули, со што ќе продолжи одржувањето на еден од најзначајните фестивали ...
Улицата „Маршал Тито” во старото градско јадро во Гевгелија добива нов лик. Надземните инсталации од реконструираниот дел на оваа улица се заменуваат целосно со подземни инсталации, а уличната површина ќе добие и ново осветлување, најавија градоначалникот на Општината, Андон Сарамандов, и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. – Оваа улица е белег на градот и се реконструира на потегот од библиотеката до ...
Објавени се номинациите за 78 доделување на наградите „Еми“, а меѓу најголемите победници, е чини, веќе е „Епл ТВ“, чиишто нови серии „Pluribus“, „Margo’s Got Money Troubles“ и „Widow’s Bay“ освоија голем број номинации. Сепак, во категориите за драма, медицинската серија на „Ејч-би-о макс“ – „The Pitt“ продолжува да доминира, и со 25 номинации е на место бр. 1 оваа година. Меѓу изненадувањата е отсуството на серијата „Euphoria“ од ...
Ирскиот поп-рок-состав „Ју-ту“ го објави новиот сингл „Street of Dreams“ (Улица на соништата). Ова е првата песна од нивниот нов албум што ќе биде објавен подоцна оваа година преку „Ајланд рекордс“ (Island Records), објави продукциската група „Јуниверзал мјузик груп“ (Universal Music Group) денеска. Песната е продуцирана од долгогодишната соработничка на ирскиот бенд Џекниф Ли, а видеспотот е снимен во Мексико Сити во мај, каде што бендот се ...
Албанскиот премиер Еди Рама ја поддржа одлуката на Албанската влада да издвои четири милиони евра за концертот на американскиот рапер Канје Вест. Според него, целта е да се заштити меѓународниот углед на Албанија и да се остварат значајни економски придобивки. Од друга страна пак, критичарите го доведуваат во прашање оправданото користење на државни средства за настан што е приватна организација. „Владата во последен момент обезбеди средства ...
Музичарот Ник Кејв се пошегува дека „најлошото нешто кај старите рок-ѕвезди“ е што нивните „стари обожаватели“ не знаат како да ги користат своите мобилни телефони, и да прават самослик. – Пар стои таму, беспомошно чепкајќи по екранот, обидувајќи се да влезе во режим на самослик или што и да е, велејќи „Не знам како да го користам мојот телефон“, „Како да го користам ова?“ и „Не можам да верувам дека ова е Ник Кејв!“ …Се обидувам да им ...
Пејачката на хитот „Total Eclipse Of The Heart“, Бони Тајлер, почина на 75-годишна возраст, се наведува во соопштение објавено на нејзината веб-страница. Велшката поп-ѕвезда, чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, почина само неколку месеци откако беше лекувана на интензивна нега, каде што беше ставена во индуцирана кома по итна операција на цревата, пренесе ДПА. Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на пејачката, нејзиното ...
Босанскиот кошаркар Емир Крајиниќ (24 години, 208 см) е првото странско засилување на МЗТ Скопје Аеродром во овој летен преоден рок. Тој денеска официјално стави потпис на договорот со нашиот клуб. Станува збор за талентиран центар, кој одлично ги користи својата висина и подвижност и одлично се снаоѓа во рекетот, како во нападот, така и во одбраната. Кошаркарската кариера ја почна во Слобода Тузла, каде што настапуваше во периодот од 2018 до ...
„Пејачот Џастин Бибер ќе настапи на полувремето на финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал, заедно со претходно најавените Шакира, Мадона и јужнокорејската К-поп група БТС“, соопштија вчера организаторите на натпреварувањето. За првпат во историјата, на полувремето на финалето на Светското првенство ќе биде организиран музички спектакл кој ќе трае 11 минути. Водител и креатор на програмата е Крис Мартин од групата „Колдплеј“. „Се ...
По заминувањето на Златко Далиќ од селекторската позиција на Хрватска, раководството на ХНС треба да најде наследник. Како најсериозни конкуренти се: Славен Билиќ и Ивица Олиќ. Билиќ би требало да го наследи Далиќ и неговиот ангажман да биде до крајот на Европското првенство 2028 година. Тој во моментов е без ангажман. Доколку тој го наследи Далиќ, тоа ќе биде враќање на позицијата селектор каде беше од 2006 до 2012 година. Во исто време ...