Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Лидерот во генералниот пласман, Италијанецот Кими Антонели (Мерцедес), беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун, а заедно од првиот ред до него ќе стартува Шарл Леклер од Ферари. Откако претходно денеска победи во спринт трката, оставајќи го зад себе Луис Хамилтон (Ферари), Антонели овој пат беше за 0,175 секунди побрз од Леклер во квалификациите со време од 1:28,111. Хамилтон имаше трето ...
Македонската комбинација Обрад Марковски и Горазд Србљак триумфираа во конкуренција на двојки на годинашното издание на Macedonian Open 2026, откако попладнево во финалето за 79 минути ги совладаа Никола Керемедчиев и Давид Симеонов од Бугарија со 2-0 во сетови (7-5, 6-4). Во првиот сет Марковски-Србљак направија брејк во седмиот гем и поведоа со 4:3, но веќе во следниот гем тенисерите од Бугарија успеаја да израмнат на 4:4. Новиот брејк за ...
Македонскиот младински фудбалски репрезентативец Горазд Ристовски потпиша професионален договор со Црвена ѕвезда, обврзувајќи се на тригодишна верност со актуелниот српски шампион. Деветнаесетгодишниот дефанзивец ѝ се приклучи на Црвена ѕвезда во 2022 година, а изминатата сезона беше стандарден во младинскиот тим на белградскиот гигант Официјалната промоција на Ристовски во „црвено – белиот“ табор е најавена за почетокот на идната недела. ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека нема да има промени во термините на одигрување на натпреварите в недела од осминафиналето на Светското првенство кое се одржува во САД, Канада и Мексико. Поради лошата временска прогноза, се разгледуваше можноста натпреварот меѓу Мексико и Англија на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити да почне еден час порано, но, сепак, ќе стартува според планот, во 18 часот по локално време, односно во ...
До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а девет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите од ЦУК, активен останува пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде гори нискостеблеста вегетација. Кон пожарот се упатени екипа на ТППЕ Македонски Брод и ЈП за управување и ...
Попладнево избувна пожар на територијата на Општина Штип, меѓу населбите Баби и Дузлак, над филтер-станицата, при што е зафатена борова шума, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, Според Ангелов, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип интервенира со целосниот расположлив капацитет во обид да се стави пожарот под контрола. -Пред малку изби тежок пожар на територијата на Општина Штип ...
Чистење на двор или спој на лабави жици меѓу две бандери се првичните индиции за причините за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на денешната прес- конференцијата во Штип вели се уште се утврдува што точно го предизвикало пожарот. Тој додаде дека се истражува и пожарот и кај штипската Млекара, за каде има сомнеж дека пожарот е подметнат. Ангелов ...
Лидерот во Формула 1, Италијанецот Кими Антонели (Мерцедес) победи на денешната спринтерска трка за Големата награда на Велика Британија, на патеката во Силверстон. Младиот 19-годишен Антонели го престигна домашниот фаворит Луис Хамилтон (Ферари) во осмиот од вкупно 17. круга и ја мина целната линија со предност од 2,7 секунди. Актуелниот светски шампион, Британецот Ландо Норис (Мекларен) беше трет, додека неговиот сонародник Џорџ Расел ...
Со големо пресврт и две спасени меч топки во последниот сет од полуфиналето против Јанаки Милев од Бугарија, македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше попладнево во финалето на Macedonian Open 2026. Ивановски го совлада Милев со 2-1 во сетови (6-4, 2-6, 7-5) за 2 часа и 42 минути игра, на задоволство на присутната публика на централниот терен на ТК „Југ“ во Скопје/ Во последниот сет, Милев во десеттиот гем на сервис на Ивановски имаше ...
Трофејниот германски фудбалски стратег Јирген Клоп (59) потврди денеска дека е во преговори со Германската фудбалска федерација (ДФБ) за преземање на селекторската должност, две години откако е без тренерски ангажман. Откако Јулијан Нагелсман пред четири дена поднесе оставка на селекторската должност по елиминацијата на Германија на Светското првенство во осминафиналето од Парагвај, Клоп стана главен кандидат за негов наследник. „Јулијан ...
Ексклузивна изложба „Поздрав од Македонија – фотографии на македонски фолклорни групи на Меѓународната смотра на фолклорот Загреб“, реализирана во соработка со Меѓународната смотра на фолклорот Загреб, најпрестижната меѓународна и светски реномирана манифестација на аматерски фолклор во Хрватска, беше отворена синоќа во македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Загреб по повод 60 години од нејзиното одржување. Авторки на изложбата се ...
Општина Бутел првпат ќе добие затворен базен, кој ќе биде во склоп на ОУ „Ацо Шопов“ во населбата Радишани. На поставувањето на камен-темелникот денеска градоначалникот Дарко Костовски соопшти дека воедно се прави и додградба на ОУ „Ацо Шопов“ за четири нови училници. -Базенот е наменет за учениците и ќе придонесе за нивниот физички развој. Ова лето во Бутел ќе има најмногу проекти во историјата на општината – рече градоначалникот. Соопшти за ...
Изгаснат е големиот пожар кој вчера беснееше во атарите на Пробиштипските села Неокази, Бучиште и Ратавица, вели за МИА командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) Милан Терзиќ. Тој истакна дека пожарот е изгаснат синоќа околу 20 часот, а денеска се прават контроли и екипите на ТППЕ-Пробиштип го догаснуваат она што од вчера е останато. Забележува дека првите проценки за штетите од вчерашната голема огнена стихија се големи. ...
Бранителот на титулата Аргентина ноќеска триумфираше над Зелено’ртските Острови со 3-2 по продолженија, додека Колумбија минимално ја совлада Гана со 1-0 во двата последни натпревари од шеснаесетфиналето на Светското првенство во фудбал. Во прекрасен натпревар во Мајами, репрезентацијата на Аргентина многу потешко од очекувањата триумфираше над дебитантот на мундијалските турнири. Аргентинците дојдоа во водство со голот на капитенот Лионел ...
Египетскиот репрезентативец Мохамед Хани стана првиот фудбалер во историјата на светските првенства кој постигнал два автогола на еден мундијалски турнир. Во 55. минута од осминафиналниот натпревар против Австралија, Хани синоќа несмасно ја зафати топката со глава по слободниот удар на Ајден О’Нил и ја смести во сопствената мрежа за израмнување на резултатот на 1:1. Само неколку минути претходно, египетскиот дефанзивец остана да лежи на ...
Триесетина дела во различни сликарски техники инспирирани од прекрасниот духовен амбиент на манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски” од врвни светски сликари и уметници од САД, Јапонија, Турција, Словенија, Србија, Бугарија и Македонија, беа изложени синоќа на завршната изложба 40-то јубилејно издание на Мeѓународна ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“. Изложбата беше поставена во галеријата на стариот конак на манастирот, а ...
Репрезентацијата на Египет успеа да се пласира во осминафиналето на Мундијалот откако по изведување на пенали ја елиминира Австралија. Натпреварот по продолженијата заврши 1:1, а по пеналите беше 4:2 за Египет. Египет поведе со Емам Ашур во 13.минута. Во првиот дел Египет беше подобар на теренот, но предноста не успеа да ја зголеми. На почетокот на вториот дел Мохамед Хани ја затресе сопствената мрежа и со тој автогол Австралија изедначи на ...
Извршниот директор на британскиот регулатор за финансиски пазари (ФЦА), Никил Рати, денеска изјави дека традиционалниот процес на носење прописи веќе не е доволно брз за да одговори на забрзаниот развој на технологијата, особено на системите за вештачка интелигенција кои можат самостојно да извршуваат задачи, пренесува Си-Ен-Би-Си. Рати порача дека регулаторите не сакаат да го забават усвојувањето на новите технологии, но оти е неопходно да ...
Најдобриот светски тенисер во моментов, Италијанецот Јаник Синер, и освојувачот на рекордни 24. грен слем титули, Србинот Новак Ѓоковиќ, ги продолжија своите победнички серии на Вимблдон, приближувајќи се кон меѓусебен дуел во полуфиналето на третиот овогодишен грен слем турнир. Синер денеска во рамки на третото коло лесно извојува победа над Американецот Џенсон Бруксби со 6-4, 6-3, 6-4. Во осминафиналето, Синер ќе игра против јапонскиот ...
Калчолигашот Наполи го официјализираше денеска назначувањето на италијанскиот стратег Масимилијано Алегри за нов тренер на клубот од Неапол. Алегри седнува на клупата на местото на Антонио Конте, кој го предводеше Наполи изминатите две сезони, освојувајќи ја титулата во 2025 година. „Наполи го поздравува Масимилијано Алегри како главен тренер на првиот тим“, соопшти клубот од Неапол. Откако претходно во два наврати ги предводеше Јувентус ...
Петкратниот освојувач на Премиер лигата, Ријад Марез, објави дека се повлекува од националниот дрес, откако Алжир денеска беше елиминиран од Швајцарија во шеснаесетфиналето на Светското првенство во фудбал. „Имаше добри моменти и, секако, тешки моменти. Тоа е составен дел од кариерата. Но, играњето за Алжир беше мој сон од млада возраст. Тоа беше огромна чест и огромен извор на гордост“, рече Марез по натпреварот. „Сега е ред на новата ...
Шампионот во Бундеслигата Баерн Минхен објави денеска дека ги засили своите редови за новата сезона со 23-годишниот лев бек на германската репрезентација Натаниел Браун. Баерн наведе дека потпишал договор до јуни 2031 година со Браун, кој доаѓа во германскиот гигант од редовите на Ајнтрахт Франкфурт. Според германските медиуми, вредноста на трансферот изнесува 55 милиони евра. Браун е второто засилување на Баерн ова лето, по Мароканецот ...
Холандскиот 31-годишен репрезентативец Натан Аке е нов фудбалер на Фенербахче, објави вечерва турскиот гигант. По шест години, Аке го напушта премиерлигашот Манчестер Сити, каде што минатата сезона играше сè помалку и помалку. Со клубот од „Етихад“, Аке ја освои Лига на шампиони, четири титули во Премиер лигата и по две во ФА купот и Лига купот. „Натан Аке стави потпис на договорот и ќе се приклучи на тимот на подготовки во Австрија“, објави ...
Австралискиот стратег од грчко потекло Анге Постекоглу е назначен денеска за нов тренер на саудискиот прволигаш Ал Наср. Постекоглу стави потпис на двегодишен договор, а на клупата на Ал Наср седнува на местото на Португалецот Жорж Жезус, кој го напушти клубот на крајот од претходната сезона. Ал Наср, предводен од португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, во мај ја освои титулата во Саудиска Арабија, прва по пауза од 13 години. Шеесетгодишниот ...
Словенечкиот театарски великан Нико Горшиќ е добитник на наградата „Актер на Европа“ за животно дело на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“ 2026, што ќе се одржи од 6 до 11 јули годинава во Ресен и Преспа. Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, основан во 2003 година кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското Езеро за Меѓуграничен европски парк меѓу Македонија, Грција и Албанија, годинава ќе го ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, оствари најбрзо време на денешниот слободен тренинг пред трката во Формула 1 за Големата награда на Велика Британија. Хамилтон ја заврши единствената тренинг сесија за 1:29.260 минути и за 0,213 секунди беше побрз од лидерот во генералниот пласман Кими Антонели, а 0,599 секунди од клупскиот колега Шарл Леклер. Вториот возач на Мерцедес, Џорџ Расел, оствари четврто најбрзо време, а до десетто место завршија ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба и два добиени сета во тај брејк успеа да избори полуфинале на Macedonian Open 2026 откако го совлада шестиот носител Александре Вајс од Италија со 2-0 во сетови (7:6(5) и 7:6(3). Триумфот македонскиот тенисер го оствари откако во вториот сет успеа да ја надополни негативата од 1:4 во гемови. Мечот траеше 2 часа и 40 минути Во првиот сет Ивановски стартуваше со предност од 2:0 во гемови ...
Германската фудбалска федерација (ДФБ) потврди попладнево дека Јулијан Нагелсман поднесе оставка од функцијата селектор на репрезентацијата. Нагелсман ја напушти клупата четири дена по елиминацијата на Германија од Светското првенство, откако во шеснаесетфиналето загуби на пенали од Парагвај. Германските медиуми претходно објавија дека Нагелсман вчера водел разговори со раководството на ДФБ што резултирале со неговата одлука да поднесе ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во претпладневните часови избувнал пожар кој брзо се проширил и во моментов го зафатил реонот до пробиштипското село Бучиште. Од ДЗС информираат дека сите расположливи сили се максимално мобилизирани и се наоѓаат на критичните точки со цел да се стави огнот под контрола. Посочуваат дека на терен активно и координирано работат Територијалната противпожарна единица – Пробиштип (ТППЕ), ...
Попладнево изби и трет пожар во Општина Штип помеѓу објектите на Штипска млекара и текстилната конфекција „Албатрос“. Гори сува трева помеѓу објектите, а во моментов на терен се пожарникари од ТППЕ Штип, доброволци од доброволното противпожарно друштво Штип, полицски службеници и месното население од штипската населба Каленица. Пред половина час евакуирани си и текстилните работнички од текстилната конфекција „Албатрос“. Локализиран е пожарот ...