Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска организираше пречек за Лина Ѓорческа, која во понеделникот испиша историја и стана првата македонска тенисерка што настапи на грен слем турнирот во Вимблдон, Министерот Ристовски, како што е соопштено, ѝ честиташе на Ѓорческа за извонредниот успех и за историскиот пласман меѓу најдобрите светски тенисерки, нагласувајќи дека нејзиниот настап претставува момент на гордост за целата држава. „Лина, да ...
Во организација на мисијата на ОБСЕ, во Тирана се одржа тркалезна маса посветена на изборните права и политичкото учество на националните малцинства во Албанија. На настанот учествуваа претставници на националните малцинства, како и претставници на Државната изборна комисија. Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во своето обраќање истакна дека актуелниот Изборен законик не обезбедува еднакви ...
Има градови што се препознаваат по своите тврдини, а други по реки или по мориња. Скопје се препознава и по нешто што не може да се допре, но е многу поцврсто, по солидарноста што е втемелена во основите на неговата обнова. Кога катастрофалниот земјотрес го урна градот во 1963 година, светот не остана рамнодушен. Од сите страни на планетава, без разлика на политичките поделби на времето, пристигнуваа “раце подадени за помош”. Земјотресот не ...
Репрезентацијата на Португалија избори осминафинале на Мундијалот со победата од 2:1 над Хрватска. Стрелецот на решавачкиот гол Гонзало Рамос, откри тајна од таборот на Португалците. – Секој ден е посебен затоа што зборуваме за него (Диого Жота). Секој ден тој ни дава сила и многу е посебно што победивме денес и што стигнавме до една од најважните фази од ова натпреварување, изјави стрелецот на победничкиот гол. Рамос беше стрелец во ...
За време на викендот времето ќе биде стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Повремено ќе има силен ветер со брзина од 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Од понеделник следува период на претежно сончево време, но во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Post Views: 1 јули 4, 2026 За време на викендот ...
Произведен е милионитиот автомобил на моделот „Шевролет корвета“, со што се вброи во врвот на автомобилската индустрија како еден од најпознатите спортски автомобили во историјата. Произведен на 2 јули 1992 година, „Шевролет корвета“ остави значаен белег врз автомобилската историја. Тогашните модели не постигнаа впечатлива продажба, но со тек на времето, особено со појавата на посилните В8 мотори, автомобилот стана желба на возачите од сите ...
Куќата „Уранија“ во Охрид и ова лето ќе биде домаќин на бројни научни, културни и уметнички настани во рамките на програмата „Научна и уметничка визита 2026“, организирана од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Програмата во јули започна со самостојната изложба на мозаици на Ѓорѓи Томовски, проследена со музичка вечер на академик Драган Даутовски. Во текот на месецот ќе се одржат Лингвистичката работилница на ИЦАЛ, Mini ...
Победничката на првото издание на националната награда „Роксан Стојанов“, младата балетска уметница Виола Имери, од денеска до 12 јули ќе престојува во Париз, заедно со нејзината менторка Дафина Данилоска-Кочевска. Патувањето, престојот и професионалната програма се организирани од Културниот центар Интерарт, Францускиот институт и Амбасадата на Франција во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Република Северна Македонија во Париз и спонзори. ...
Општина Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР во несреќата што се случи на 10 јули 2014 година, соопштија од локалната самоуправа. Вчера, во рамки на посетата на Струмица на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев беше извршен увид на локацијата во Градскиот парк определена за поставување спомен-обележје во чест на ...
Градоначалникот Тони Коњановски и секретарот на Општина Битола Борче Димитровски продолжија со традиционалните месечни средби со новинарите на кои информираа за тековните проекти што ги реализира локалната самоуправа. Фокус на денешната средба во кабинетот на битолскиот градоначалник беа инфраструктурните проекти, изградба на спортски игралишта и спортски сали, а наскоро ќе биде објавен јавен повик за набавка на електрични велосипеди. -Во ...
По повеќе од две десетлетија емитување, криминалистичката серија „Нејви“ (NCIS) останува една од најгледаните во светот, а името на Марк Хармон е синоним за нејзиниот успех. Затоа веста за неговото враќање во приказната одекна кај милиони обожаватели. Глумецот ќе го повтори ликот што ја одбележа неговата кариера – истражителот Лерој Џетро Гибс, но овојпат во серија што претходи на оригиналот – „Нејви: Почетоци“ (NCIS: Origins). Враќањето на ...
„Британскиот актер Том Харди официјално се враќа во третата сезона на криминалистичката хит-серија „Земја на мафијата“, соопшти Парамаунт, со што стави крај на повеќемесечната драма зад сцената која ја доведе во прашање иднината на еден од најголемите стриминг хитови оваа година. По гласините за несогласувања на снимањето, 48-годишниот актер на состанок во Лондон ги решил недоразбирањата со продукцијата со што го обезбедил своето враќање во ...
„Автомобил Хонда сивик веќе шест години стои паркиран на паркингот на аеродромот во Рио де Жанеиро, а неговиот сопственик должи дури 30.000 евра за паркирање“, пренесе француски Фигаро. Автомобилот повеќе нема регистарски таблички, сите четири гуми му се издишани, а се чини дека сопственикот исчезнал, и покрај големиот долг што го направил. Возилото, произведено во 2008 година, сега е покриено со прашина и ’рѓа и изгледа целосно напуштено. ...
Младо момче од Англија неодамна откри необичен наод додека со родителите шетале по околната плажа. Станува збор за заб од праисториски слон што живеел пред околу 1,8 милиони години, објави „Фокс њуз“ (Fox News). Чарли Орхард-Лајл (11) го пронашол забот во мај на плажата Ист Лејн кај Бодси – крајбрежно село близу Ипсвич, во округот Сафолк. Примерокот бил пронајден во близина на брегот и подоцна било утврдено дека станува збор за горен лев ...
Репрезентацијата на Шпанија успеа со сигурна игра да стигне до осминафиналето откако ја совлада Австрија со 3:0. Задоволството во таборот на „црвената фурија“ е големо особено што тимот влегува во посакуваната форма. – Големите тимови се појавуваат кога е потребно нивното присуство … Мислам дека денес видовме одлична игра. Среќен сум бидејќи во сите аспекти бевме речиси совршени – но мора да продолжиме да се подобруваме. Секој натпревар сега ...
Претставата „Кокошка“, во продукција на независниот театар Вортекс и копродукција со НУ Театар Комедија, ја освои Специјалната награда од Kolyada Theatre од стручното жири, составено од истакнати театарски уметници, на XIX Меѓународен фестивал на современа драматургија „Kolyada Plays 2026“ („Драмите на Кољада“), кој се одржа во Екатеринбург, Русија. Со ова признание претставата ја доби препознатливата фестивалска награда „Метална комета“, во ...
Фудбалерите на Швајцарија успеаја да се пласираат во осминафиналето на Светското првенство откако утрово ја совладаа селекцијата на Алжир со 2:0. На тој начин од програмата на натпревари за 2.јули го комплетираа списокот на од три европски репрезентации што ги продолжуваат натпреварите. Раниот гол на Бри Емболо во 10.минута на Швајцарија и донесе стабилност во играта и натпреварот, а победата беше потврдена со голот на Дан Ндоје во 46.минута. ...
Хрватска го заврши настапот на Мундијалот со пораз од Португалија од 2:1 во еден од најдобрите натпревари пред сè второто полувреме. Хрватската репрезентација поведе со голот на Иван Перишиќ, но Португалија направи пресврт. На натпреварот поради офсајд позиции беа поништени три гола, два на Хрватска и еден на Португалија. – Не е лесно кога ќе примите гол во продолжение. Ни се случи неколку пати, и тоа е навистина лоша одбранбена реакција, а ...
Репрезентацијата на Шпанија без поголеми напори стигна до осминафиналето откако вечерва ја совлада Австрија со 3:0. „Црвената фурија“ на тој начин ја потврди фаворитската улога. По иницијативата што ја имаа репрезентативците на Шпанија поведоа со голот на Микел Ојарзабал во 36.минута. Водството Шпанците го зголемија кон средината на вториот дел, а стрелец во 66.минута беше Педро Поро. Конечните 3:0 ги постави Ојарзабал со својот втор гол на ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во четвртфиналето на Macedonian Open откако во мечот во второто коло го победи Лиам Деликата од Малта со 2-0 во сетови (6:4, 6:3) за 108 минути игра. Поради дождот вчера и должината на мечевите Ивановски на терен се појави доцна попладне и буквално пред стемнување го заврши мечот. Во првиот сет Ивановски направи брејк за водство од 3:1 во гемови, но Деликата успеа да изедначи на 3:3. ...
Ланската финалистка на Вимблдон Американката Аманада Анисимова, која во првото коло ја победи македонската тенисерка Лина Ѓорческа попладнево многу потешко од очекуваното избори трето коло. Таа во рамки на втората рунда ја победи сонародничката Софија Кенин со 2-1 во сетови. Во првиот сет Анисимова беше сигурна и сетот го доби со 6:2 во гемови. Но, потенцијалното изненадување беше најавено во вториот сет кога Кенин изедначи откако го освои ...
Повредениот штрк, за кој синоќа беше објавено дека е пронајден во Чешиново, е згрижен во Центарот за згрижување животни во Ранковце, информираа од Општина Чешиново-Облешево. Откако бил пронајден од вработен во Општината, штркот веднаш бил пренесен во Ранковце, каде што денеска бил прегледан од ветеринар. Потоа, членовите на здружението „Наше Јато“ го предале на понатамошна грижа во Центарот со кој раководи Марија Дуда. – Денес штркот беше ...
Општина Чаир, во соработка со Град Скопје, реализираше акција за отстранување на конструкцијата на киоскот „Али тобако“, кој се наоѓаше во близина на пешачкиот премин во реонот на Бит Пазар и со години зафаќаше дел од тротоарот и јавниот простор – соопшти попладнево општинската прес-служба. Со оваа интервенција, посочуваат од општината, јавниот простор повторно им се враќа на граѓаните, овозможувајќи побезбедно и понепречено движење на ...
Започнува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Општина Бутел – реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, со што се исполнува долгогодишно барање на жителите од овој дел на Скопје. Како што соопштија од Град Скопје, проектот опфаќа реконструкција на повеќе од 2,2 километри улици, изградба на нов асфалтен коловоз, како и обнова на речиси 4 километри тротоари, со што значително ќе се подобрат условите за ...
Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен потврди дека го ангажирал мароканскиот репрезентативен напаѓач Исмаел Саибари (25). Мароканскиот репрезентативец доаѓа во Баерн од редовите на холандски ПСВ во трансфер што се проценува на 55 милиони евра. Минатата сезона, Саибари постигна 15 голови на 27 натпревари за ПСВ, а импресионира со своите настапи на тековното Светско првенство. Досега постигна два гола за Мароко, во ремито 1-1 со Бразил и ...
Повеќе пријави за поплави и нарушувања на инфраструктурата се регистрирани, според информациите добиени преку Единствениот број за итни повици 112 и надлежните институции, по невремето што го зафати Град Скопје и околината, а најголем број се однесуваат на поплавени станбени објекти, подруми, гаражи и сообраќајници, како и отежнато движење во делови од градот, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како најкритични подрачја се ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на свеченото пуштање во употреба на новоуредените простории за разговор со деца во Секторот за внатрешни работи Струмица, активност што се реализира во рамките на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во Република Северна Македонија“. На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Ола Солстром, шефот на Мисијата на ОБСЕ во ...
Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денес го посети Центарот за вработување во Виница, при што оствари работна средба со вработените и раководителот на Центарот за вработување Орце Христовски. На средбата се разговараше за реализацијата на мерките од Оперативниот план за вработување, со посебен акцент на интересот и одзивот на младите за користење на мерката за самовработување. Заменик министерот Ристески истакна дека ...
Се запали гнездо во Росоман, спасени и згрижени се мајка и три млади штркчиња. Пожарот избувнал од засега непознати причини, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите птиците биле спасени. – Откако ги спасивме птиците, добри луѓе ги згрижија во Росоман и, како што ни рекоа, утре најверојатно ќе им направат ново гнездо во кое ќе бидат сместени, изјавија од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци. Според очевидци ...
ЈП Железници инфраструктура соопшти дека од денеска ќе бидат пуштени во сообраќај патничките возови кои беа запрени поради изведување градежни работи на пругата Скопје – Велес, како дел од активностите за проектот „Градски воз“ во делот од станица Скопје до станица Зелениково. Прекинот во сообраќањето на возовите траеше од 22. минатиот месец, од кога се одвиваа ремонтни активности за првата фаза од „Градски воз“ за повзрување од Зелениково ...