Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Македонско-американски тим археолози, професионалци од НУ Завод и Музеј-Битола и од Универзитетот Кал Поли Хамболд од Арката, Калифорнија, САД, продолжија со ланските истражувања на археолошкиот локалитет Градиште, кај битолското село Црнобуки. Да го откриеме минатото за подобро да ја градиме иднината. Ние, ја откриваме приказната за нашите предци како достојни наследници, велат од тимот кој деновиве интензивно работи на археолошкиот ...
Пилотите и членовите на екипажот на повеќе авиокомпании ги споделија најчестите грешки со кои се соочуваат патниците при патување со авион. „Сара, која работи за една од светските авиокомпании, во новиот поткаст на Мартин Луис, изјави дека најголемата грешка кај патниците е тоа што одат во тоалет без обувки“, пренесе Би-Би-Си. – Патниците секогаш треба да носат обувки во тоалетот на авионот, со цел да се заштитат од потенцијално опасни ...
Американскиот актер и активист Дени Гловер, најпознат по улогата на харизматичниот полицаец во серијата „Смртоносно оружје“, откри дека боледува од Алцхајмерова болест. Овој 80-годишен актер четири пати е номиниран за наградата Еми. – Пред три години ми беше дијагностицирана прогресивната болест која ја уништува меморијата, изјавил Гловер за списанието Пипл. Сè уште не можам да го прифатам тоа. Има моменти на кои сè уште се сеќавам, што ми ...
Здравствената состојба на Вајнстин е влошена, поради што тој ќе биде хоспитализиран неколку недели, додека не оздрави сосема, изјавил неговиот портпарол за Дедлајн. Според медицинските извештаи, американскиот продуцент има срцева слабост предизвикана од воспаление на белите дробови, при што претходно бил лекуван во затворското одделение на болницата Белвју, во Менхетен. Во изминатите неколку години тој се соочува со повеќе здравствени ...
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина заработи 23,5 милиони долари од настапот на Светското првенство на кое беше елиминирана во шеснаесетфиналето, јавија денеска медиумите во Сараево. Рано утрово, БиХ загуби од домаќинот САД со 2:0 во шеснаесетфиналето со што го заврши настапот на мундијалскиот турнир кој локалните медиуми го опишаа како херојски. БиХ за пласман на Светското првенство инкасираше 12,5 милиони долари, од кои 2,5 ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека за првпат преку пилот-проект реализиран во соработка со домашна компанија, воспоставува систем за рана детекција на шумски пожари со интелигентни камери поставени на стратешки локации. -Постигнавме значаен чекор кон модернизацијата на Центарот за управување со кризи и зајакнувањето на капацитетите за заштита на граѓаните и природата. За првпат, преку пилот-проект реализиран во соработка со ...
Белоруската професионална тенисерка Арина Сабаленка ги повика раководителите и организаторите на турнирот Вимблдон да ја укинат забраната за влез на кучињата. За споредба, играчите им беше дозволено да ги носат своите миленици на Ролан Гарос за Отвореното првенство на Франција минатиот месец, а на домашните животни дури им беше издадена и акредитација. Сабаленка, на пр., поседува шпаниел од расата Кавалер кинг Чарлс наречен Еш, но и Марта ...
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е нов кошаркар на Арис, објави во средата вечер клубот од Атина. Дваесетиосумгодишниот Димитријевиќ дојде во Арис од Баерн Минхен, а со грчкиот клуб потпиша двегодишен договор. Македонскиот плејмејкер минатата сезона во Евролигата имаше просек од 11 поени, 4,1 асистенции и 2,3 скокови. Претходно, Димитријевиќ настапува за Зенит од Санкт Петербург, Олимпија од Милано, Уникс од Казан, Валенсија и ...
Талентирани млади спортисти и ученици од семејства во социјален ризик, утрово од Општина Кисела Вода заминаа на летен спортско-едукативен камп во Охрид. Децата ќе престојуваат во одморалиштето „Детски радости“ во Свети Стефан, каде им се обезбедени шест полни пансиони – информираат од Општина Кисела Вода. За квалитетното исполнување на времето на децата за време на престојот ќе се грижи стручен тим составен од наставници, аниматори и ...
Канибализмот е табу во човековите општества, не поради инстинктивната одбивност кон човековото месо, туку, се чини, затоа што е штетен за членовите на општествата што го практикуваат, како што потврдија научници од Полска и Чешка. Имено, Михал Мисијак од Универзитетот на Вроцлав и Петр Туречек од Карловиот Универзитет во Прага, научно докажаа дека долготрајното и често јадење човечко месо може да доведе до болест кај канибалите и исчезнување ...
Суд во Калифорнија донесе пресуда според која пејачот Крис Браун ќе мора да ѝ исплати отштета од 13 милиони долари на својата поранешна куќна помошничка Марија Авила. Според нејзината изјава, таа во 2020 година била нападната и тешко повредена од неговото куче. По двонеделното судење во Лос Анџелес, судот пресуди во нејзина корист. „Според првичните информации, таа била нападната од кавкаски овчар тежок околу 90 килограми додека празнела ...
Кафеавиот пајак-ловец од дождовните шуми на Австралија е прогласен за најбрз пајак во светот, способен да достигне брзина од речиси 3,6 метри во секунда, според ново лабораториско истражување на научници од Универзитетот нa Грајфсвалд во Германија и британскиот Империјален колеџ во Лондон. Мароканскиот пајак „флик-флак“ долго време се сметаше за најбрз пајак во светот, со максимална брзина од околу 1,7 метри во секунда. Сепак, научниците ...
Капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко изјави дека неговата репрезентација со крената глава го напушта Светското фудбалско првенство по елиминацијата од домаќинот САД. БиХ ја мина групната фаза со четири бодови, а во шеснаесетфиналето беше поразена од САД со 2-0 во Сан Франциско. „Се враќаме дома со кренати глави и мора да бидеме горди на сè што направивме. Не требаше да го примиме тој втор гол. Беше многу потешко потоа. Доминиравме по ...
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во одредени делови на Скопје – во Црешево се измерени 74 литри на метар квадратен, во Лисиче 63, додека во Гази Баба 44 литри на единица површина. До 08:00 часот утрово се измерени и 32 литра на метар квадратен во Куманово, 29 во Крива Паланка, 22 во Берово, 18 во Струмица и Скопје – Зајчев Рид, 16 на Попова Шапка, 13 во Скопје – Карпош, 12 во Претор, 11 во Скопје – Ѓорче Петров и Демир Капија, 10 во ...
Обилните врнежи од дожд што вчера го зафатија Куманово предизвикаа поплавување на подрумски простории и навлегување вода во станбени и деловни објекти на повеќе локации во градот. Надлежните служби информираат дека интервенциите се завршени, состојбата е стабилизирана. Во Општина Куманово беа евидентирани повеќе пријави за поплавени подруми и навлегување вода во објекти, при што е причинета материјална штета. Според информациите на ...
Соединетите Американски Држави го продолжуваат настапот на Светското фудбалско првенство, кое заедно го организираат со Канада и Мексико, откако триумфираа во шеснаесетфиналето во Сан Франциско над Босна и Херцеговина со 2-0 (1-0). Американските фудбалери заслужено се пласираа во осминафиналето со головите на Фоларин Балогун во 45. и Малик Тилман, во 82. минута од слободен удар. Босна и Херцеговина имаше фудбалер повеќе на теренот од 64. ...
Четири лица смртно настрадаа во масовната прослава што следуваше по пласманот на Мексико во осмина-финалето на Светското фудбалско првенство – соопштија синоќа властите во престолнината Мексико Сити. Триесетгодишен маж починал од срцев удар откога доживеал епилептичен напад. Другите жртви биле прегазени во стампедо додека толпата народ се собрала пред споменикот „Ангел на независноста“ во центарот на градот, јавија мексиканските медиуми. ...
Противпожарниот сојуз на Град Скопје согласно статутот на Противпожарниот Сојуз на Македонија, одржа курс за доброволен пожарникар. Обучени беа 19 нововработени пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Курсот опфаќа 42 часа од наставните предмети за прописи за заштита од пожари, противпожарна превентива, тактика, противпожарни вежби и прва помош. И минатата година Противпожарниот сојуз на Град Скопје одржа курс за ...
Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денеска се врати на работното место после два месеца боледување и продолжува да ја извршува градоначалничката функција. Лукровски беше на боледување од 7 мај, а го заменуваше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој е член на Советот на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Крстевски се појавуваше на сите настани поврзани со работата на Општината, а одржуваше и прес-конференции. ...
Повеќе пријави за поплавени подруми, дворови, магацински простории, подвозници и кружни текови, како и за заглавени возила, се евидентирани попладнево по невремето што го зафати подрачјето на Скопје. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 биле примени повеќе пријави од граѓани за последиците од обилните врнежи. Според досега пристигнатите пријави, најпогодени се ...
Во Едукативниот културен центар – Лабараториум вечер во рамки на 47-мо издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одигра театарската претстава „Кокошка“ на Независниот театар Вортекс во копродукција со НУ Театар Комедија. Претставата „Кокошка“ е создадена според Николај Кољада, во режија на Теодора Силјаноска. Во претставата играат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Ане Блажовски, Ванеса Тримчевска, Toме Станковски и Кристина Гиева. Костимограф е ...
Деновиве од печат излезе книгата „Quo vadis, Професоре?“ – разговори во политичкиот етер со професор емеритус Димитар Мирчев, на Свето Стаменов, политиколог, поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје и несомнено еден од најплодните македонски публицисти, информираат издавачите. Книгата е посветена на десетгодишнината од смртта на проф. д-р Димитар Мирчев (1942–2016), универзитетски професор, научник и автор на повеќе од 180 ...
Светлосен меч на Лук Скајвокер од „Војна на ѕвездите“, шапка од вештерката „Злобница“ и рачно напишани текстови на Џон Ленон се меѓу филмските и музички предмети што ќе бидат понудени на наддавање претстојниов месец. Аукцијата насловена „Холивуд и забавата“ на американската куќа „Херитиџ окшнс (Heritage Auctions)“, беше најавена со претставување на вредните предмети во Њујорк во петокот, а ќе се одржи онлајн и во Далас од 13. до 17 јули. Меѓу ...
Како што цените на новите автомобили продолжуваат да растат, сè повеќе возачи избираат да го задржат својот сегашен автомобил што е можно подолго. Меѓутоа, кога ќе се случи скап дефект, многумина се прашуваат дали е поисплатливо да издвојат пари за поправки или да купат друго возило? Стручњаците нагласуваат дека не постои универзален одговор, но советуваат возачите да разгледаат неколку важни фактори пред да донесат одлука, објави „Нова ...
За време на качување на патниците во авионот, персоналот врши кратка, но важна процена за да утврди дали лицата се способни за лет и дали во случај на потреба би можеле да помогнат. – Стјуардесите при влегувањето на патниците во авионот не ги поздравуваат само од љубезност, туку и поради безбедносни мерки пред полетувањето, изјавил Габриел Рандоне, инструктор за кабински персонал во авиокомпанијата Виз Ер. Кога ве поздравуваме додека се ...
Ланската финалистка на Вимблдон Аманда Анисимова од САД ја оправда фаворитската улога во мечот од 1.коло на Вимблдон против македонската тенисерка Лина Ѓорческа и славеше победа со 2-0 во сетови (63 62) за 61 минута. Ова за Ѓорческа беше прв настап на Гренд слем турнир откако успешно ги мина квалификациите и оствари три победи. Во првиот сет Анисимова единствениот брејк го направи во четвртиот гем кога поведе со 3:1 во гемови и предноста ја ...
Прес конференцијата по повод турнирот Macedonian Open што се одржува во Скопје не можеше да ги остави и другите актуелности од тенисот на страна пред се настапот на Лина Ѓорческа на Вимблдон. Покрај директорот на турнирот Горан Шевченко, свое видување имаше и македонскиот Дејвис куп репрезентативец Калин Ивановски. – Гледајќи ја Лина и нејзиниот пласман на Вимблдон секако и моја цел е да се пласирам на Вимблдон. Едноставно Лина ми дава ...
Македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска го одигра својот прв натпревар во кариерата на грен слем турнир и на тој начин испиша историја за македонскиот тенис. Ѓорческа стана прва од Македонија со настап во поединечна конкуренција сингл на еден од четирите големи турнири, на кои претходно настап во двојки имаше само Александар Китинов. „Дури и ако не сакам да слушам пред натпреварот, тоа е насекаде. Во моментов нема многу работи што се ...
Американската кошаркарска ѕвезда Леброн Џејмс го информираше раководството на Лос Анџелес Лејкерс дека ќе ја продолжи својата НБА кариера во друг тим, изјави вечерва извршниот директор на менаџерската агенција „Клач Спортс“, Рич Пол, за телевизијата ЕСПН. Џејмс ги мина последните осум сезони во дресот на Лејкерс, со кој во 2020 година ја освои шампионската титула во НБА лигата. Во дел од американските медиуми вчера се појавија извештаи дека ...
Еден од фаворитите за завршницата на Светското првенство селекцијата на Германија неочекувано беше изненадена од Парагвај во 1/16 финалето. Но, германскиот тим постигна гол во продолжението преку Џонатан Тах, кој судијата Џалај Џајед го поништи поради фаул над голманот. За дадената ситуација и поништениот гол, Јирген Клоп, кој е во улога на аналитичар изјави: – Арсенал немаше да биде шампион на Англија, постигнаа 60% од головите на тој начин. ...