Министерството за здравство на Турција издаде предупредувања за граѓаните во врска со внесот на течности и исхраната поради зголемените температури и влажноста во текот на летните месеци. Во соопштението се советува избегнување на мрсна храна, пржена храна и печива колку што е можно повеќе, а се препорачува подготовка на оброците со варење, печење на скара, динстање или готвење во мала количина вода. Исто така, се препорачува зголемување на ...

Репрезентативецот на Јужна Африка Џејден Адамс почина на 25 години, само неколку дена откако беше дел од репрезентацијата на својата држава на Мундијалот. Настапи на три натпревари во групната фаза, но не играше во 1/16 финалето против Канада. Веста за смртта ја потврди и семејството, како и фудбалската федерација. Причината за смртта не е позната, но има шпекулации дека станува збор за самоубиство, бидејќи имал проблеми со депресија. Како ...

Во селото Туминец, Општина Пустец на 29 јули ќе се одржи фолклорниот фестивал „ПРЕСПА”, што се совпаѓа со одбележувањата на патронот на познатиот манастир „Света Марена”. Покровител на овој значаен настан е премиерот Христијан Мицкоски а се одржува во организација на Македонското друштво “Преспа”, Здружението „ВМРО ДПМНЕ АЛБАНИЈА” и Општина Пустец. -Македонскиот фолклорен фестивал „ПРЕСПА“ повторно ги обединува Македонците преку песната, ...

Директорот на НУ „Охридско лето“ Ѓорѓи Цуцковски ги пречека врвните уметници, сопранистката Ермонела Јахо од Албанија, тенорот Чарлс Кастроново од САД и диригентот Марко Боеми од Италија кои утревечер на Античкиот театар со гала-концертот „Љубов“ свечено ќе го отворат 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, информираат од Фестивалот. Како знак на добредојде и почит, сопранистката Ермонела Јахо од директорот Цуцковски добила охридски бисер, ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека денеска во 12:37 часот е пријавен пожар на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои и понатаму се на терен во обид целосно да го локализираат пожарот. Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов информира дека набргу два Ер трактора на Дирекцијата набргу ќе ...

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска оствари работна средба со тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која беа направени финалните координации за следните чекори во реализацијата и оптимализацијата на проектот Брз автобуски превоз (БРТ). Со финализирањето на овие координации, проектот Брз автобуски превоз влегува во фаза на реализација, претставувајќи ...

Светскиот првак Аргентина е сè поблиску до одбрана на шампионскиот пехар освоен пред четири години во Катар. Противник во вечерашното четвртфинале ќе им биде селекцијата на Швајцарија, која по 72 години повторно ќе игра во оваа фаза од натпреварувањето. За ривалот селекторот на Аргентина, Лионел Скалони истакна: – За мене, тие се многу добар тим. Нема лесни ривали, сите го знаеме тоа. Тие се натпреваруваат со најдобрите и секогаш имаат ...

Пониква и годинава ги прими Власите и почитувачите на нивната култура и традиција на 19. издание на влашкиот етнофестивал „На Петровден сите на планина“. Во организација на влашката пејачка група „Грамостеањ“ од Скопје, а со поддршка од Општина Кочани, на настанот учествуваа домашни пејачки групи од Скопје, Крушево и Штип. На отворањето на фестивалот, присутните учесници и гости ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, ...

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер ќе го брани трофејот на Вимблдон откако вчера во полуфиналето го совлада седумкратниот победник на овој турнир Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (6:4, 6:4 и 6:4). Негов ривал во финалето ќе му биде актуелниот освојувач на Ролан Гарос, Александар Зверев. – Секогаш против Новак (Ѓоковиќ) имам тешки мечеви. На Австралија опен направив неколку адаптирања. Тој имаше тежок меч во четвртфиналето против Феликс. ...

Полуфиналето меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ му припадна со 3-0 во сетови на помладиот тенсиер актуелниот шампион на Вимблдон, Синер. Ѓоковиќ го играше своето 15.то полуфинале на Вимблдон и остана на 24 Гренд слем титули во кариерата. – Се чувствував физички добро. Можеби не најсвеж, очигледно, не како на почетокот на турнирот, но физички бев добро. Тој беше едноставно, беше многу подобар играч на теренот. Секако, разочаран сум и, секако, ...

Кошаркарскиот репрезентативец на Турција, Чеди Осман, кој е роден во Охрид во новата сезона ќе настапува во нов клуб од Грција. Досегашниот член на Панатинаикос ќе ги смени клупските бои. Осман треба потпише три годишен договор со ПАОК за девет милиони евра. Турскиот репрезентативец има настапувано и во екипите од НБА лигата Кливленд и Сан Антонио, а претходно го носеше и дресот на Анадолу Ефес. Доаѓањето во екипата од Солун, ПАОК е знак дека ...

Репрезентацијата на Шпанија е вториот полуфиналист на Мундијалот откако ја совлада Белгија со 2:1, а јунак на „црвената фурија“ уште еднаш е Микел Мерино. Фудбалерот станува специјалист за голови по следните минути и носи победа на својата репрезентација. – Искрено, од една страна, дури ни во моите најлуди соништа не можев да замислам дека ќе го направам она што се случува токму сега – сигурно не повторно во 90-тата минута кога топката падна ...

Репрезентацијата на Белгија го загуби четвртфиналето со Шпанија со 2-1 и на тој начин го заврши настапот на Светското првенство. Голем проблем во четвртфиналето беше повредата на голманот Тибо Куртоа во 71. минута, кој беше заменет со Сене Ламенс. Првиот голман на Белгија ја пренесе ситуацијата околу повредата. – Почувствував нешто во мускулот при еден шут. Потоа, имав неколку одбрани, се чувствував добро, па помислив, во ред, ќе продолжиме. ...

Објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над три хектари, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанско Цветан Трипуновски. -Со ова исполнуваме уште едно ветување, продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар од земјоделското земјиште во корист на земјоделецот – нагласи министерот. Во рамките на Јавниот повик бр. 01/26, кој ги опфаќа регионите Битола и ...

Општина Аеродром започнува постапка за реализација на една значајна иницијатива – изградба на првата детска градинка во Долно Лисиче. Овој проект претставува важен чекор кон создавање подобри услови за најмладите и поголема поддршка за семејствата, се наведува во соопштението на Општина Аеродром кое МИА го пренесува интегрално. Мнозинството во советот на Општина Аеродром, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, даде согласност за отпочнување ...

Со доделување на наградата „Мето Јовановски“, која за високо уметничко достигнување во областа на филмот ја доби актерот Тони Наумовски, вечерва во амфитеатарот во Дојран свечено беше отворено петтото издание на фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“. Фестивалот го отвори директорот Јани Бојаџи во присуство на градоначалникот на општина Дојран, Илија Тентов, и неговото преосвештенство, епископот стобиски, г. Јаков, како и ...

Ноќниот живот во Холандија е намален поради лошата економска состојба, и поинакви приоритети кај младите, покажува најновото истражување спроведено од Здружението на холандски музички сали и фестивали (ВНПФ). Според официјалните податоци за 2025 година, бројот на посетители на клупски настани во Холандија е намален за речиси 14 отсто во споредба со претходната година. – Постојат повеќе причини за овој негативен тренд, но како главни фактори ...

Германецот Александар Зверев е првиот финалист на овогодишниот Вимблдон, откако попладнево во полуфиналето го совлада Британецот Артур Фери, кој настапи на главниот турнир со вајлд карта, 7-6 (0), 6-2, 6-4. За 29-годишниот Зверев, ова е петто грен слем финале во кариерата, а прво на Вимблдон. Пред еден месец, Зверев триумфираше на Ролан Гарос и ја освои својата прва грен слем титула во кариерата, а играше и во финалето на Ју Ес Опен во 2020 ...

Бранителот на титулата, Италијанецот Јаник Синер, извојува вечерва полуфинална победа над најтрофејниот тенисер на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (6-4, 6-4, 6-4) и во неделното финале на Вимблдон ќе игра против Германецот Александер Зверев. Во репризата од ланското полуфинале на лондонскиот грен слем турнир, Синер доминираше против Ѓоковиќ и беше сè посигурен како што одминуваше натпреварот. Во првиот сет, Синер не му ...

Едно лице го загуби животот во северна Франција измината ноќ откако падна од камион за време на славјето по победата на Франција над Мароко (2-0) во четвртфиналето на Светското првенство. Според медиумските извештаи, 17-годишно девојче починало откако падна од камион на кој се качила за да го прослави пласманот на Франција во полуфиналето. Девојчето се наоѓало на задниот дел од камионот кога „паднала и била прегазена од возилото“, соопштија ...

Јужноафриканскиот селектор Хуго Брос го потврди денеска своето заминување по двонеделна неизвесност дали ќе остане на должноста откако прв пат во историјата ѝ донесе пласман на репрезентацијата во нокаут фазата на тековното Светско фудбалско првенство. Пред почетокот на Светското првенство, Брос најави дека ќе се пензионира, но откако Јужна Африка загуби од Канада во осминафиналето на 28 јуни, наведе дека не е сигурен во својата одлука и оти ...

Ансамблот на НУ Народен театар Битола најновата претстава „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на американскиот режисер Џон Блондел ќе ја одигра на фестивалот „Охридско лето“ и „Верона Шекспир фестивал“ во Италија. На прес-конференција во Битола, директорот на НУ Народен театар-Битола, Васко Мавровски изјави дека „Кориолан“ е дело кое што за прв пат се поставува на театарските сцени низ Македонија. -Имаме една голема екипа ...

Македонија ги унапредила дигиталните услуги во рамките на земјите во Европа и бележи унапредување од 22 места, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски при денешниот престој во Прилеп за промоција на прилепскиот Ценатар за дигитални услуги. Според Андоновски, прилепскиот Центар за дигитални услуги е единаесетти во Македонија кој за две години е отворен за унапредуање на услугите и за брзото издавање документи на ...

Градот Скопје започнува со реализација на проектот за изградба на нов мега-парк во општина Карпош, на површина од 72.000 квадратни метри, со што долгогодишно запуштениот простор, кој со години беше претворен во дива депонија, ќе биде целосно уреден и ставен во функција на граѓаните, информираат од Град Скопје. Проектот предвидува целосно хортикултурно уредување на просторот, изградба на парк за миленици, детски игралишта, спортски содржини, ...

Можеби едно од најголемите неодговорени прашања во науката, за тоа како настанал животот на Земјата, можеби тукушто доби важен дел од одговорот. Јапонските научници тврдат дека откриле оти астероидот Рјугу ги содржи сите пет нуклеобази – основните молекули што ја сочинуваат ДНК-та и РНК-та, т.е. генетскиот материјал својствен за сите познати живи суштества на планетата Земја. Истражувачите дошле до откритието проучувајќи 5,4 грама од примерок ...

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот тенор Чарлс Кастроново, на 12 јули на сцената на Античкиот театар ќе биде отворено 66. издание на фестивалот Охридско лето. Концертот ќе биде под диригентската палка на Италијанецот Марко Боеми, во придружба на Национална опера и балет. Директорот на НУ Охридско лето, Ѓорѓи Цуцковски, истакна дека фестивалот веќе 66 години ...

Системот „Безбеден град“ (Safe City) се воведува и на подрачјето на Дебар со цел да ја подобри контролата на сообраќајот, да ги намали незгодите и да ја зголеми безбедноста на патиштата преку поставување безбедносни камери и контрола на брзината. – Моментно во Дебар се поставуваат сообраќајни камери од системот „Безбеден град“, кои набргу ќе бидат во фаза на техничко тестирање, а прекршоците сè уште не се санкционираат. Камерите и дел од ...

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски со сечење на црвена лента означија крај на градежните работи за реконструкција на улицата „Штипска“ во градот. Реконструкцијата на улицата „Штипска“ е направена на потегот од крстосницата со улица „Браќа Миладиновци“ кај затворот па се до муслиманските гробишта. – Со оваа заедничка инвестиција со Владата продолжуваме да инвестираме ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска го посетија Центарот за услуги во Прилеп, воспоставен како резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп. Отворањето на Центарот беше најавено од министерот Андоновски при неговата последна посета на Прилеп. Со неговото ставање во функција административните услуги достапни преку ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска престојуваше во работна посета на општина Тетово, каде заедно со градоначалникот Биљал Касами и заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, извршија увид во реконструираната улица „Штипска“. При посетата, Николоски ја истакна успешната соработка меѓу Владата и општина Тетово, нагласувајќи дека градот доживува силен инфраструктурен развој преку ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.84
36%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
61%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.84
55%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.36
41%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.5
42%
1017
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
0.97
82%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
46%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.85
59%
1016
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.98
53%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
3.13
59%
1015
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
0.89
38%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
1.57
100%
1015
Currency

61.52

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Иридиум

252383.36

Бакар

13.13

Калај

54.92

Платина

52920.13

Сребро

1873.42

Злато

130712.08

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.19

Родиум

265243.66

Паладиум

40863.60