Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Распределени се 47 станови во новоизградената социјална зграда во Дебар, за кои на конкурсот беа доставени 85 апликации. – Станува збор за распределба на станови со површина од 34 до 54 квадратни метри. Согласно критериумите објавени во јавниот повик, 47 семејство ги исполнија условите за добивање на социјален стан. Корисниците на становите веќе ги добија решенијата, а официјално клучевите ќе им бидат врачени набрзо, рече за МИА, Арлинда ...
Инспекциските служби од Општина Карпош презеле акција за спроведување на двосменски дежурства, во насока на превентивна контрола при одлагање на кабаст и несоодветен отпад во контејнерите на ЈП „Комунална Хигена“. Оваа иницијатива произлегла од координативниот состанок кој претходно го организираше Град Скопје и општините во градот Скопје, каде беше договорено да се организираат вакви дежурства. За време на акцијата, дежурните инспекциските ...
НБА лигашот Лос Анџелес Лејкерс официјално го продолжи договорот со Остин Ривс, кој му се приклучи н на тимот во 2021 година. Дваесетиосумгодишниот Ривс се согласи на нов четиригодишен договор вреден 185 милиони долари, што го прави најплатен меѓу кошаркарите кои не се избрани на драфтот на НБА. Минатата сезона, Ривс имаше просек од 23,3 поени, 4,7 скокови, 5,5 асистенции и 1,1 украдена топка. ЛА Лејкерс направи голема промена во својот ...
Откако Светското првенство 2026 чиј домаќини се САД, Мексико и Канада ќе заврши, ќе седнеме и ќе ги разгледаме сите опции за евентуално проширување на форматот на мундијалскиот турнир во иднина, најави синоќа претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино. На тековното Светско првенство прв пат во историјата учествуваат 48 репрезентации, а веќе се шпекулира за можно проширување на форматот со 64 земји. „Ова се ...
Полицијата во Атланта е запознаена со историјата на односите меѓу Англија и Аргентина и се подготвува за сложена операција пред полуфиналето на Светското првенство во кое двете репрезентации ќе се соочат в среда навечер по средноевропско време во овој американски град. Снимки од помали судири меѓу аргентинските и англиските навивачи од саботата веќе циркулираат на социјалните мрежи. Една од нив покажува како англиски навивач разменува удари ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 196 примероци од 50 мерни места. – Секторот за санитарна контрола во периодот од 6-ти до 10 јули зема 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата ...
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа работна средба со еден од најпознатите македонски актери, Младен Крстевски. Настанот беше посветен на афирмацијата на македонската култура и уметност, како и на продлабочувањето на културната соработка и поврзаноста меѓу Македонците. Во срдечна и творечка атмосфера беа разменети мислења за улогата на уметноста во зачувувањето на македонскиот идентитет, како и идеи за нови ...
До крајниот рок за доставување на номинациите (1 јули 2026), пристигнаа 24 дела во превод на македонски јазик, како во печатен така и во електронски формат. Во конкуренција за наградата се 27 македонски преведувачи. Книгите се објавени од 9 издавачки куќи, а преводите се направени од 12 различни јазици. Опфатени се дела (самостојни книги или избори од творештвата) на 22 странски автори, а кога ќе се земат предвид и двете антологии, вкупно се ...
Најдобриот светски тенисер Јаник Синер е годинашниов шампион на Вимблдон откако во финалето во четири сета со 3-1 (6:7(7); 7:6(2); 6:3 и 6:4) го совлада Александер Зверев. Финалето траеше 3 часа и 46 минути, а Синер ја одбрани титулата освоена минатата година. Во првите два сета двајцата тенисери имаа контрола над гемот кога сервираа и првиот сет во тајбрејкот го освои германскиот тенисер Зверев, а вториот му припадна на италијанскиот тенисер ...
Репрезентацијата на Аргентина, актуелниот светски првак во среда на 15.јули ќе игра полуфинале на Светско првенство против Англија. Капитенот на „гаучосите“ Лионел Меси има одиграно повеќе од 200 натпревари за аргентинската репрезентација, но ниту еден против Англија. Поранешните англиски репрезентативци сметаат дека Меси сè уште е најголемата опасност за тимот на Томас Тухел. Како што напомена Вејн Руни, Меси можеби во одбраната не помага ...
Првото полуфинале на Светското првенство ќе го играат Франција и Шпанија, а веќе почнаа „нападите“ со изјави од двата табора. Новиот играч на Реал Мадрид и француски репрезентативец Ибрахимa Конате се осврна на изјавата на Ламин Јамал, кој изјави дека Франција треба да се плаши. „Можат да зборуваат што сакаат… нема страв. Екипата е насочена исклучиво на тоа што ќе биде на теренот. Ќе се обидеме да се подготвиме што е можно подобро и на крајот ...
Со гала концертот на оперската дива Ермонела Јахо од Албанија и светски реномираниот тенор Чарлс Кастроново од САД, во придружба на Оркестарот на Македонската опера под диригентска управа на маестро Марко Боеми од Италија вечерва е отворено годинашното 66. „Охридско лето“. Пред полнетиот аудиториум на Античкиот театар на отворањето се обрати покровителот на Фестивалот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ја истакна моќта на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, вечерва го прогласи за отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Според неа „Охридско лето“ симболизира и бележи долга и богата меморија и историја, просветителска и просветлувачка мисија, новоотворени музички и театарски хоризонти, космополитизам, меѓудржавно, меѓунационално, интеркултурно и меѓучовечко разбирање. За претседателката, Охрид е оаза и прибежиште ...
Возачот на Дукати Марк Маркез победи на денешната трка за ГН на Германија што се возеше на патеката Заксеринг. Второто место му припадна на Аи Огура, а трет беше Рау Фернандез. За разлика од Макс Маркез, кој победи неговиот брат остана без пласман откако во 10.тиот круг излета од патеката во моментот кога беше на второто место. За Марк Маркез ова беше трета победа сезонава, а вкупно 102.ра во Кариерата. Во генералниот пласман лидер е Хорхе ...
Репрезентацијата на Норвешка Светското првенство го заврши во четвртфиналето по поразот од Англија (1:2) по продолжение. Тимот предводен од првата ѕвезда Ерлинг Халанд, имаше неколку шанси при нерешен резултат 1:1 да дојде до водство, но мрежата на Англија не се затресе по вторпат. – Ова патување беше лудо. Мислам дека ми го смени животот. Мислам дека Норвешка ја „нацртавме“ на фудбалската карта, изјави Халанд. Ова е најголемиот успех на ...
Германската фудбалска асоцијација ги заврши првите разговори со тренерот Јирген Клоп во Њујорк и е уверена во договор за негово преземање на националниот тим. Разговорите се водеа во саботата во Њујорк каде се наоѓа Клоп, кој е стручен коментатор за германската телевизија „Магента ТВ“ за време на траењето на Светското првенство. Клоп воедно е и глобален раководител на фудбалскиот тим на Ред Бул. Поразот на Германија од Парагвај на пенали во ...
Фудбалската федерација на Сенегал соопшти дека го отпушти селекторот Папа Тјав. Репрезентацијата на Сенегал настапот на Мундијалот го заврши во 1/16 финалето по поразот од Белгија со 2:3, иако имаа предност од 2:0 до самиот крај на натпреварот. Во образложението е наведено дека одлуката е донесена во интерес на фудбалот на Сенегал. Тјав беше селектор на Сенегал и во финалето на Африканскиот куп на нациите, кога репрезентацијата на Сенегал го ...
Археолозите од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип ја дефинираа целата концепција на петоапсидалната базилика на локалитетот Кале во Крупиште. Археологот во ЗЗС и Музеј на град Штип-Митко Штерјов вели дека истражен е целиот тој простор и сега може да се конзервира. Инаку, овој локалитет кај селото Крупиште во општина Карбинци е познат и по археолошките истражувања на Блага Алексова, пред повеќе од четири децении. Академик ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова која денеска присустуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“ нагласи дека овој настан од година в година привлекува се повеќе домашни и странски туристи и останува еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет. -Денеска, на „Галичка свадба“, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство. По венчавањето во храмот „Св. Петар и Павле“, ...
За 30 проценти се зголемени интервенциите на прилепскта итна медицинска помош. Најголеми проблеми имаат хронично болните, а не се ретки ниту интербецииите при каснување од инсекти и змии. Потребни се и поброен персонал и повеќе возила. -Зголемен е бројот на инфаркти, инсулти, колапси, каснување од инсетки. Имавме два случаи на каснување од змија. Исто така, зголемен е бројот на повреди на работно место. Често доаѓаат луѓе повредени на ...
По повод Петровден, празникот на Кочани, денеска беше осветен челичниот крст, поставен на западниот влез во Кочани, само на неколку метри од опожарениот објект „Пулс“, што е подигна под покровителство на Брегалничката епархија. Крстот висок 17 м и широк 12 метри, го освети неговото високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион со црковнослужителите од храмот „Св. вмч. Георгиј“ од Кочани. Во присуство на градоначалникот на Општина ...
Вимблдон има нова шампионка, а тоа е Линда Носкова од Чешка или шеста тенисерка од оваа држава која го освојува победничкиот пехар на овој турнир. Таа во финалето ја совлада Каролина Мухова со 2-1 во сетови. – Ова делува како прва победа … Неверојатно … се тука беше тешко, физички, психички. Никогаш не е лесно да се игра против пријателка и Каролина успеа да ме расплаче … Ова нема да ти го заборавам. Задоволство ми е што играв против неа и ...
Репрезентацијата на Аргентина актуелниот светски првак уште еден натпревар во нокаут фазата доби во продолжение. Претходно ги совладаа Зелено’ртските острови со 3:2, Египет го победија со гол во судиското надополнување, а за пласман во полуфиналето ја совладаа Швајцарија со 3:1 по продолжение и предност од играч повеќе од 72.минута. Натпреварот беше решен во второто продолжение кога Хулијан Алварез постигна гол за водство од 2:1 во ...
Во Галичник денеска на Петровден се одржува традиционалната културна манифестација Галичка свадба 2026. И годинава се очекува Галичката свадба да ја проследат бројни посетители од земјава и странство и да посведочат на единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно наследство на мијачкиот крај. Галички ...
Актерката Александра Војводиќ Јововиќ од Црна Гора која во Сарајот во Ресен ја одигра претставата „Aurura Amoris“, според Владимир Мајаковски во режија на Горан Бјелановиќ, е годинешен добитник на фестивалското признание „Актерот на Европа 2026“, што го доделува истоимениот фестивал во Ресен. На синоќешното свечено затворање беше соопштено дека традиционалното фестивалско признание „Актер на Европа 2026“ на актерката Војводиќ Јововиќ и се ...
Линда Носкова е нова шампионка на Вимблдон откако во чешкото финале ја совлада својата сонародничка Каролина Мухова со 2-1 во сетови (6:2; 5:7 и 6:3) за 150 минути игра. Ова за 21-годишната Носкова е прва Гренд слем титула. Во првиот сет Носкова двата брејка ги направи во четвртиот и во осмиот гем и сетот го доби со 6:2 во гемови и притоа ја искористи петтата сет топка. Но, во вториот сет имаше вистинска драма и голем пресврт од причина што ...
Стартот на шпанското првенство е закажано за 15.август, но јасно е дека половина од натпреварите од првото коло ќе бидат одложени и ќе се играат во други термини. Причината е тоа што голем број фудбалери настапуваат на Светското првенство и по завршувањето на Мундијалот имаат право на три неделна пауза пред да се вратат на клупските обврски. Сигурно ќе бидат одложени натпреварите: Барселона – Атлетик Билбао, Реал Мадрид – Реал Сосиедад, Селта ...
Во пресрет на празникот Петровден, вечерва во храмот „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани се одржи вечерна богослужба посветена на Светиот апостол Петар – еден од најревносните Христови ученици, столб на христијанската вера и небесен заштитник на градот. На богослужбата, свештенството и многубројните православни верници упатуваат молитви за здравје и благосостојба на градот и неговите жители. По богослужбата ќе се одржат традиционалната ...
Со околу двочасовна интервенција од воздух и со формирање на заштитен појас од копно за да се спречи натамошно ширење, пожарот кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово е локализиран. Ова за МИА го потврди градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев, кој очекува пониските вечерни температури да помогнат за целосна ликвидација на пожарот во утринските часови. – Пожарот во моментот е локализиран. Пресечени се приодите, односно со помош на ...