Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Во завршна фаза е реконструкцијата на објектот на Министерството за одбрана во Струга. Тоа беше констатирано при денешниот увид на министерот за култура и туризам во заминување Зоран Љутков, градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура и директорот на НУ Завод и Музеј – Охрид, Горан Патчев. Објектот, изграден во 1934 година е еден од препознатливите објекти на градската архитектура и значајно културно наследство. – Објектот, изграден во 1934 ...
Со положување цвеќе пред споменикот на Панко Брашнаров во Велес, денеска беа одбележани 75 години од смртта на народниот учител, револуционер и учесник во двата Илиндена. На чествувањето присуствуваа делегации на Општина Велес, членови на Советот на Општината, претставници на институции и граѓани, кои му оддадоа почит на еден од најзначајните велешани и истакната личност во македонската историја. За животот и делото на Панко Брашнаров ...
Голем дефект на водоводниот цевковод на улицата Леце Котески денеска ги поплави дворот и дел од објектите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во Прилеп. Екипи на ЈКП „Водовод и канализација“ и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од раните утрински часови работат на лоцирање и отстранување на дефектот. Поплавувањето започнало околу 5:30 часот, а според првичните информации најверојатно станува збор за дефект на водоводниот ...
Полициски службеници од СВР Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Св. Наум“ остварија работна средба со колегите од полициската станица во Поградец, при Министерството за внатрешни работи на Албанија, со цел унапредување на прекуграничната соработка во превенцијата од шумски пожари. На средбата биле договорени координирани превентивни безбедносни мерки за подигнување на јавната свест за заштита на шумите и спречување на пожари на ...
Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи од Тетово будно ги следи сите изјави, реакции и настани од денот на укинување на неуставната и незаконска одлука за промена на имиња на улици во Тетово донесена од Советот на Општина Тетово во 2007 година, стои во нивното соопштение што МИА го пренесува во целост. -Во отсуство на соодветни реакции од страна на државните институции и македонските политички партии со ова соопштение до ...
Советот на Општина Брвеница на вонредна седница донесе одлука досегашниот претседател на Советот, Роберт Милошески, да биде именуван за вршител на должноста градоначалник на Општината, по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски. Од Општина Брвеница информираат дека одлуката е донесена со мнозинство гласови, согласно член 54 став 1 точка 2 и став 5 од Законот за локална самоуправа. -Роберт Милошески ќе раководи со Општината и ќе управува со ...
Со пригодна честитка денеска се одбележуваат 20 години од архијерејската хиротонија на Митрополитот Брегалнички г. Иларион. Јубилејот го означува неговото дведецениско духовно служење, посветеност и пастирска грижа кон верниот народ и Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Во пораката се истакнува благодарност за неговото духовно водство, љубов и пожртвуваност во изминатите 20 години, со молитвени желби за многу години ...
Детското игралиште на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ од денеска е повторно целосно уредено и безбедно за игра на најмладите. По неодамнешниот вандалски чин, во кој реквизитите беа намерно уништени со полевање со моторно масло, екипите на Општина Кисела Вода веднаш излегоа на терен и го санираа оштетувањето. -Детското игралиште на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ е повторно безбедно и подготвено за игра. Нашите екипи веднаш по пријавата излегоа на терен и ја ...
Летањето не е опасно за повеќето луѓе, но понискиот притисок, сувиот воздух и промената на временските зони често предизвикуваат неприлагоденост, замор, надуеност, непријатност. Многу патници доживуваат зголемено ниво на стрес пред полетувањето. Гужвите, редовите и чувството на губење на контролата врз времето,, како и околината можат да ја зголемат вознемиреноста дури и пред да се качат во авионот. По полетувањето, кабината е под притисок на ...
Почна снимањето на 13-та сезона од популарната ТВ-серија „Американска хорор приказна“, па првите фотографии од сцената веднаш го привлекоа вниманието на обожавателите. Сара Полсон, Ема Робертс, Френсис Конрој, Габури Сидибе и Лесли Гросман се забележани на улиците на Њујорк во препознатливата црна облека, објави „Пипл“ (People). Toa предизвика гласини дека вештерките од сезоната „Завет“ се враќаат, пишува „Џаст џејрд“ (Just Jared). На ...
Скелетот на тираносаурус рекс, познат по прекарот Гас, е на пат да стане најскапиот фосил од диносаурус некогаш продаден. Фосилот стар 67 милиони години е проценет на околу 26,3 милиони евра, а се очекува конечната продажна цена да биде уште повисока. „Според научниците тоа би претставувало огромна загуба за палеонтологијата доколку еден од најцелосните примероци од овој вид биде ставен во приватна колекција и стане недостапен за ...
Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Хрватска денеска официјално го назначи Славен Билиќ за нов селектор на репрезентацијата. За 57-годишниот Билиќ ова ќе биде втор мандат како селектор на Хрватска, која ја предводеше од 2006 до 2012 година. Во тој период, Билиќ избори две учества на европските првенства, а на Евро 2008 Хрватска дојде до четвртфиналето. Билиќ доаѓа на местото на Златко Далиќ, кој замина од должноста по елиминацијата ...
Во издание на Паблишер пристигна „Рацин(е!)“ – впечатлива студија од професорката Марија Ѓорѓиева-Димова, која претставува значаен придонес кон рационологијата. -„Студијата ‘Рацин(е)!’ на Марија Ѓорѓиева-Димова, без сомнение, претставува едно впечатливо, оригинално, теориски и илустративно цврсто засновано толкување на поезијата на Кочо Рацин во контекст на неговото и на нашето време, од поетичка, но и од културолошка и од историска ...
Белгиска верзија на популарниот Џемс Бонд, вака пред македонската публика беше претставен ликот на Џон Д. , од страна на актерот Јаник Рение, гостин на овогодинешното издание на Фестивалот за медитерански и балкански филм “Преку езерото”. Рение кој ја игра главната улога во “Одразот на дијамантот” на режисерите Елен Кате и Бруно Форцани, кој е белгиски филм од официјалната селекција, на денешната средба со новинари во Дојран, зборуваше за ...
Општина Илинден направи значаен чекор во унапредувањето на својата туристичка промоција преку изработка на современ 360° визуелен водич, реализиран во рамките на Договорот за соработка со „Македонија на дланка – Агенција за туризам и маркетинг“, носител на националниот проект „360° Визуелен водич – Македонија на дланка“, велат од Оптината. Според нив, новата дигитална платформа овозможува интерактивно и реалистично запознавање со природните, ...
Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности на улица „Лисец“ – крак десно во Горно Лисиче, каде што започна поставувањето на новиот асфалтен слој, како дел од целосната реконструкција на оваа сообраќајница, соопштија попладнево од локалната самоуправа. Во соопштението се нагласува дека со проектот се подобруваат безбедноста и условите за секојдневно движење. – Покрај новиот асфалт, се ...
Патниците може да заштедат до 26 отсто од трошоците, ако резервираат хотелска соба поблиску до датумот на поаѓање – оптимално би било околу една недела пред патувањето. Интернет-страницата за патувања „Хотелс“ го објави својот „Индекс на цени на хотели“, поточно извештајот за цените на хотелите за 2026 година, користејќи податоци од повеќе од 11.000 анкетирани патници, како и сопствените системи за резервација. Анализата покажа и дека цените ...
Светски познатата манекенка Ева Херцигова (53) стапи во брак со својот долгогодишен партнер, италијанскиот бизнисмен Грегорио Марсија, по цели 25 години заеднички живот. Херцигова блескаше во елегантна, лелеава бела венчаница, а беше фотографирана во Торино при пристигнувањето на свадбената церемонија. Во присуство на нивните три сина, Џорџ, Филипе и Едвард, како и на најблиските членови на семејството и пријателите, Ева и Грегорио ги ...
Шпанскиот кошаркарски гигант Барселона постигна договор со словенечкиот стратег Александар Секулиќ да ја преземе тренерската должност во клубот, јави денеска специјализираниот кошаркарски портал „Јурохупс“ (Eurohoops.net). Изминатите недели, Секулиќ се вбројуваше меѓу главните кандидати за нов тренер на Барселона, заедно со Пабло Ласо и Јанис Сферопулос. Четириесетиосумгодишниот Словенец седнува на клупата на Барселона по успешниот престој во ...
Мултимедијалната изложба „Трага во времето“ ќе биде отворена утревечер во 20.30 часот во автентичниот амбиент на Музејот на град Скопје во рамките на годинешното издание на манифестацијата Скопско лето. Поставката е посветена на десетгодишниот пат на Оркестарот за џез-музика на Македонија како национална установа. Според најавата, предвиден е и концертен настап на Џез-оркестарот. – Оваа изложба е емотивно и документарно сведоштво за една ...
Фестивал на чалгиска музика ,,Ваташа 2026″ по четврти пат се одржа синоќа, како дел од Кавадаречко културно лето, во месноста Моклиште. Многубројните присутни ги проследија настапите со звуците на чалгијата и настапите на македонски музичари и пејачи. Фестивалот е во организација на Здружение „Ваташка чалгија“, со поддршка од Општина Кавадарци. – Станува збор за уште еден настан што прераснува во традиција и ја збогатува културната понуда на ...
„Спејс-Икс“ (SpaceX) на Елон Маск штотуку поднесе барање до Федералната комисија за комуникации на САД (ФКК) за управување со мрежа од 100.000 „Ген-3“ сателити (Gen3) во Ниската орбита на Земјата. Ова, според астрономот и следач на сателитите, Џонатан Мекдауел, ова, веројатно, ќе биде ажурирана верзија на широкопојасната сателитска мрежа „Старлинк“ на „Спејс-Икс“. Новиот план драстично би го проширил веќе масовното орбитално присуство на ...
Глумецот Сем Нил, новозеландската икона – можеби најпознат по улогата на палеонтологот д-р Алан Грант во филмовите „Паркот Јура“, почина на 78-годишна возраст. Тажната вест ја потврди неговото семејство на социјалните мрежи. „Со голема тага ја споделуваме веста за неговата смрт во понеделник, 13 јули, во Сиднеј, Австралија. Сем беше опкружен со своето семејство и почина со достоинство што го одликуваше целиот негов живот. Загубата беше ...
По 20 годишна пауза, Шакира повторно ќе настапи во Египет. Концертот ќе се одржи на 28 ноември кај пирамидите во Гиза, во рамки на светската турнеја „Las mujeres ya no lloran“. – Многу сум среќна што повторно ќе настапам во Египет, кај пирамидите во Гиза. Ве сакам сите, изјави светската латино ѕвезда. Концертот е организиран од компанијата Венчр Лајфстајл. Освен Шакира, во Гиза настапиле и Џенифер Лопез, Џон Леџенд и Кети Пери. Шакира, ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше на најновата ранг листа на ВТА објавена денеска и се наоѓа на 208. место со 367. бодови. Ѓорческа напредуваше 14. позиции поради нејзиниот одличен настап на овогодишниот грен слем турнир во Вимблдон. Триесетиедногодишната Ѓорческа успешно ги мина трите квалификациски рунди и стана првата македонска тенисерка со настап на грен слем турнир, пред да биде поразена во првото коло од шестата ...
Ракометниот клуб Пролет 62 соопшти денеска дека од финансиски причини се повлекува од натпреварување во македонската Суперлига за претстојната сезона. Скопскиот клуб, кој изминатите години настапуваше во суперлигашката конкуренција под името РК Тинекс Пролет како причина за одлуката го наведе „повлекувањето на генералниот спонзор“. „Поради завршувањето на договорот со нашиот долгогодишен и ценет генерален спонзор, донесовме тешка, но ...
Раната елиминација на германската фудбалска репрезентација од Светското првенство 2026 ќе има значителни финансиски последици за Фудбалската федерација на Германија (ДФБ), јави денеска агенцијата ДПА. Финансискиот директор на ДФБ, Стефан Грунвалд, наведе дека проектираниот дефицит изнесува 9,4 милиони евра. „Планираниот дефицит е 9,4 милиони евра, а поради сметководствените процедури, ќе можеме да го потврдиме точниот износ дури на есен“, ...
Мирослав Митиќ продуцент од Србија, македонската режисерка Елеонора Венинова и филмската претставничка од Франција, Емили Ришел, се тричленото жири кое ќе ја има одговорната задача да одлучува за престижните награди во главната натпреварувачка селекција, на петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“. Во рамките на главната програма, жири комисијата ќе оценува шест долгометражни остварувања од поширокиот ...
„Со длабока тага се простуваме од нашата долгогодишна актерка Тинка Ристеска (1953-2026) – уметник и човек што остави неизбришлива трага во историјата на Струмичкиот театар“, објавија денеска од НТ „Антон Панов“. -На 12 јули 2026 година, Тинка замина кај оние за кои изминатиот месец говоревме низ серијалот „Сеќавања“- кај темелниците и великаните на Струмичкиот театар. Денес и таа станува дел од тој вечен пантеон на уметници што го создадоа и ...
Љубителите на винил плочите и добрата музика уште еднаш имаа можност да уживаат во уникатна атмосфера на шестото издание на „Винил берза Кочани“, настан што се одржа вчера во Irish Pub Guinness во Трговскиот центар блок Б во Кочани, во рамките на одбележувањето на Петровден, празникот на градот. Случувањето и овој пат имаше интернационален карактер, понуди богата колекција на винил изданија, дружење и музика за сите генерации. Во Кочани се ...