Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Филмот „Кома“ на режисерот Агим Абдула вчеравечер ја имаше својата фестивалска премиера на “Преку езерото” во Дојран. Ова филмско остварување го карактеризира бавно темпо и долги сцени, кои, како што рече режисерот, потекнуваат од времето кога студирал филмска режија во Иран. -Имав чест и привилегија да студирам режија во Иран и тоа беше намерата, да се види печатот од моите студии во времето кога учев таму и во едно мое филмско дело. Ова не ...
Уметници од НР Кина, членови на симфонискиот оркестар од Нингбо, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ одржаа работилница посветена на 24-те сончеви периоди како музичка инспирација на тамошните уметници. Магичното музичко патување низ 24-те сончеви периоди е составен дел на позната мудрост на кинескиот народ, вкоренета во набљудувањеот на природата, следењето на нејзиниот ритам и призната од УНЕСКО како светско нематеријално културно ...
Во тек е најсеопфатниот надзорен мониторинг на квалитетот и квантитетот на водите во сливот на реката Вардар, најзначајниот воден ресурс во државата, кој опфаќа повеќе од 80 проценти од сите водни тела. Активностите ги спроведуваат стручни тимови на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), кои вршат теренски мерења, земање примероци од површински и подземни води и лабораториски анализи на вкупно 170 локации. Мониторингот се реализира ...
ЈУ Национален парк Пелистер во соработка со локалното население од селото Маловишта и со поддршка на други физички и правни лица, во текот на изминатиот викенд почна со подготвителни активности за изведба и поставување на нов објект веднаш до црквата Св.Спас (1886 мнв) која се наоѓа под Врв Вртушка (2010 мнв). Врвот Вртушка заедно со цквата Св.Спас се со прекрасен видик и едни од најпосетуваните места во Националниот парк Пелистер и тоа во ...
Пожар избувна денеска околу 11 часот во населбата Трајаново Трло во Кочани, откако била запалена мини депонија со кабли за различна намена, кај локацијата позната како Дивите градби – м.в. Антена. Огнот неконтролирано и брзо се проширил до првите куќи во населбата на едната страна и на другата страна до самиот двор на ТППЕ. Горела сува трева и нискостеблеста шума. На терен веднаш интервенираа екипи на ТППЕ и ДПД Кочани, со неколку возила и ...
Општина Струмица денеска одбележа 82 години од убиството на народниот херој Благој Јанков-Мучето. На пригодната свеченост пред спомен-бистата на херојот во Малиот градски парк за неговиот живот и дело говореше градоначалникот Петар Јанков. – Струмица има чест што во својата историја го има Благој Јанков-Мучето. Неговото име не е само дел од историското наследство, тоа е дел од идентитетот на овој град. За мене, ова одбележување има една ...
На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар денеска, на продолжението на 9. седница, ја изгласа одлуката за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за доградба на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ ,последен чекор кон целосно воведување едносменска настава во општината. Како што информираат од Општина Центар, со реализацијата на овој проект значително ќе се зголемат просторните капацитети на училиштето, ќе се ...
Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот Борис Трајковски, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања, застој и секојдневни сообраќајни проблеми – напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Потенцира дека работите се одвиваат во согласност со предвидената динамика, а по нивното завршување, повеќе од ...
ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје. На релација Скопје – Битола ќе сообраќааат возовите: 641 (07.06) на 15.7.2026 година и 645 (20.05) на 15.7.2026 година, додека на релација Битола – Скопје: 644 ...
Полицијата во Кејптаун почна истрага за смртта на јужноафриканскиот фудбалски репрезентативец Џејден Адамс (25), чие тело беше пронајдено кратко по неговото враќање од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Јужноафриканскиот фудбалер беше пронајден мртов во својот дом во предградие на Кејптаун. Јужноафриканската фудбалска асоцијација ја потврди смртта на Адамс во саботата, но, засега, не е позната причината. „Полицијата во Кејптаун ...
Во салонот на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница беше отворена изложбата „Икони“, која претставува избор на дела создадени за време на 8. Лесновска ликовна колонија во 1999 година. Поставката е сопствена продукција на Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип и е дел од програмата за одбележување на Павловден – празникот на градот. Изложбата опфаќа 12 дела од ликовни уметници од Македонија и Бугарија, инспирирани од иконите во ...
Група од 12 американски сојузни држави предводени од Калифорнија, вчера започна постапка против спојувањето на Ворнер брос дискавери и Парамаунт скајденс, вредно 81 милијарда долари. „Планираното спојување би ја нарушило конкуренцијата во Холивуд и би довело до отпуштања во американската филмска индустрија, се наведува во тужбата“ Во тек на судската постапка, се очекува договор меѓу засегнатите страни. Во спротивно, судот ќе побара привремена ...
Џенифер Лопез, откако последниве денови предизвика бранувања во Париз и Лондон, вчера се упати кон Италија, поточно на Сицилија, каде што седеше во првиот ред на модната ревија на „Долче и Габана“ – облечена во златен фустан без прерамки… Тоалетата, покриена со златен вез и украсена со големи кристали во боја на скапоцени камења, според познавачи, изгледа како богатство откопано од некој стар сицилијански дворец, пишува „Кликс“. Светкави ...
Францускиот селектор Дидие Дешан изјави пред денешното полуфинале на Светското првенство против Шпанија дека најдобриот стрелец на неговиот тим, Килијан Мбапе, е „100 проценти подготвен“ за натпреварот. Мбапе во четвртфиналето против Мароко пред пет дена го напушти теренот во 76. минута поради повреда на десниот глужд, а подоцна на клупата за резерви беше виден како става облога со мраз на повреденото место. „Килијан се чувствува добро, тој е ...
Десетици илјади навивачи ја пречекаа норвешката фудбалска репрезентација синоќа во Осло, одбележувајќи го најуспешниот настап на земјата во историјата на мундијалските турнири. Норвешка на тековното Светско првенство прв пат во својата историја дојде до четвртфиналето во кое на драматичен начин загуби од Англија по продолженија. Според полицијата, околу 100.000 навивачи се собрале изминатата ноќ во центарот на престолнината да ги пречекаат ...
Трета година по ред македонскиот писател, режисер и сценарист Александар Русјаков е дел од работилниците за млади филмски автори „Нови бранови“ во рамките на Фестивалот за медитерански и балкански филмови „Преку езерото“. На овие работилници младите може да ги развијат своите филмски идеи и да ги усовршат своите сценарија, а избраните проекти добиваат финансиска помош од фестивалот за нивна реализација. – Целта е многу едноставна и таа цел ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива во работењето на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ за 2024 година, поради утврдени значајни неправилности и слабости во финансиското и оперативното управување. Ревизорите констатирале дека претпријатието се соочува со високо учество на побарувања со неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ...
Разврската за титулата на Светското фудбалско првенство почнува вечерва во 21 часот по средноевропско време во Далас кога во првата од двете полуфинални пресметки ќе се соочат Франција и Шпанија. Актуелниот светски вицешампион Франција и европскиот првак Шпанија досега имаат одиграно само еден меѓусебен натпревар во историјата на мундијалските турнири кога во осминафиналето во 2006 година, Франција победи со 3-1. Франција има две светски ...
Во рамки на годинешното издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва во 20:30 часот, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Трага во времето – 10 години Национален џез оркестар“, по што ќе следува и концертен настап на оркестарот. Изложбата претставува емотивно и документарно сведоштво за десетгодишниот развој на Националниот џез оркестар. Преку автентични фотографии, архивски материјали и приказни, ...
Шестото издание на меѓународниот камп за традиционална музика „Етно Македонија“, почнува денеска, во организација на Музичка младина на Македонија, кој и оваа година ќе ја претвори Битола во место на музичка размена, креативност и меѓукултурен дијалог. Во периодот од 14 до 24 јули, нагласува организаторот, млади музичари од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Турција, Белгија, Португалија, Шведска и Шпанија ќе работат заедно, ...
На програмата на 66. издание на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва е содржина од музичкиот дел, со целовечерниот солистички концерт на рускиот пијанист Александер Мелников. Александер Мелников е дипломец на Московскиот конзерваториум во класата на Лев Наумов, а уште на рана возраст лично го запознава Свјатослав Рихтер кој подоцна редовно го поканува на неговите фестивали во Русија и во Франција. Мелников е добитник на бројни награди и ...
Новиот менаџер на Ливерпул Андони Ираола денеска ја одржа првата прес-конференција од преземањето на менаџерската позиција на клубот од Енфилд. 44-годишниот Шпанец ќе се обиде клубот да постигне подобар пласман од ланската сезона, кога екипата заврши на петата позиција во Премиер лигата. Ираола пред Ливерпул беше менаџер на Борнмут од 2023 година и успеа во клубот да имплементира висок пресинг, прогресивен стил на фудбал, фокусиран на брзо ...
Тренерот на ФК Вардр, Кристијан Фабијани, пред реваншот со финскиот КуПС (утре од 17 часот) од квалификациите за Лигата на шампионите посака неговиот тим да биде организиран, боорбен и дисциплиниран. „Важно ми е на овој натпревар да го смениме менталитетот. На првиот меч до голот игравме добро, но примивме гол во најлош можен момент пред крајот на полувремето. Најголема предност на КуПС е што се во натпреварувачки ритам, имаат повеќе мечеви ...
Индискиот 71-годишен технолошки инвеститор Винод Хосла ќе го купи шампионот во американската НФЛ, Сиетл Сихокс, за 9,6 милијарди американски долари. Продажбата е договорена, но за да биде одобрена, потребна е согласност од најмалку две третини од екипите во НФЛ лигата. Гласањето е закажано за 26 август. Сител Сихокс пред повеќе од 30 години беше купен од Пол Ален за 194 милиони долари, а по неговата смрт, сопственоста беше префрлена на ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски со поените освоени на турнирите во Скопје и Загреб напредуваше на АТП листата за 438 места и сега се наоѓа на 710.то место. Тој на двата турнира од рангот на ИТФ М25 одигра 10 мечеви и постигна 9 победи притоа едниот турнир го освои (Скопје – 25 поени) и на еден беше финалист (Загреб – 14 поени). Ивановски сега има 46 поени. Ова беа првите два турнира за Ивановски во 2026 година, односно по враќањето од ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска го загуби мечот од првото коло на ВТА 125 турнирот во Рим. Поуспешна од неа беше домашната тенисерка Дебора Киеза (Италија, 354.место ВТА листа) со 2-1 во сетови (67(1); 63 и 63) во меч што траеше 162 минути. Мечот беше изедначен, а двете тенисерки добро се познаваат бидејќи беше шести нивни меч во последните четири години. Во првиот сет имаше по два брејка, а сетот беше решен во „13. та игра“ и по ...
По осум сезони минати како член на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин реши да ги смени клупските бои и од Анадолу Ефес направи трансфер во Фенербахче. Искусниот плејмејкер на ваков чекор се решил и притоа сам го платил обештетувањето од 400.000 долари за предвремен раскин на договорот односно заминување една година порано. Ларкин во Анадолу Ефес дојде во 2018 година и освои две титули во Евролигата во 2021 и 2022 година. Една година претходно беше ...
Екипата на Рома потврди дека Паоло Дибала потпиша нов договор со клубот и ќе остане член до 30.јуни 2027 година. Аргентинецот беше слободен играч, откако претходно договор со Рома му истече на 30.јуни, но сепак искусниот напаѓач и клубот се договорија да ја продолжат соработката. Според италијанските медиуми Дибала се согласил на намалување на платата за да остане дел од Рома. Новиот договор од една сезона е без опција за продолжување, а ...
Светската фудбалска федерација ФИФА ги одреди судиите за полуфиналето меѓу Франција и Шпанија. Натпреварот ќе го суди Иван Бартон од Салвадор. Самото делегирање на Бартон на полуфиналето е изненадување за сите особено што доаѓа од КОНКАКАФ зоната, а се очекуваше да биде некој европски судија. Бартон на Мундијалот судеше три натпревари: Турција – Парагвај, Јапонија – Шведска и осминафиналето Швајцарија – Колумбија. Помошници ќе му бидат Давид ...
Во среда Англија и Аргентина ќе го играат второто полуфинале на Светското првенство во Атланта со почеток во 21 часот. Според аргентинските медиуми најдобриот фудбалер на ривалот и двојниот стрелец во четвртфиналето со Норвешка, Џуд Белингем е повреден. Како се ближи почетокот на натпреварот така во англискиот табор има загриженост поради состојбата на фудбалерот. Проблемите се најверојатно присутни бидејќи играчот по дуелот со Норвешка во ...