
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Утре времето ...
Обвинителството ја заврши истрагата за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски за притворените сопартијци на Љупчо Палевски кои признаа вина, шоферот што му помогна да побегне и таткото на Вања Ѓорчевска, Александар, но не и за екстрадираниот бегалец Љупчо Палевски Палчо. За Палевски се уште се преземаат истражни дејствија. Додека на притворените им тече рокот од 15 дена да предлагаат нови докази и ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по прегласувањето во изборната единици 5 очекува обезбедување двотретинско мнозинство од 62 пратеника во Парламентот. Како што изјави денеска во своето обраќање во делчевското село Разловци, каде присуствуваше на одбележување на годишнината од Разловечкото востание, ова е историска можност за државата. -Фокусирајќи се на народот, имаме навистина би рекол една историска можност како никогаш досега, ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на одбележување на годишнината од кревањето на Разловечкото востание. -“148 години Непокор” Одбележување на годишнината од кревањето на разловечкото востание. Го посетив спомен домот на Разловечкото востание како и Црквата Св. Цар Константин и Царица Елена. Дел од нашата славна историја, објави Мицкоски. Види и ова: Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ5 очекуваме обезбедување ...
Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Регионалниот ЦУК Охрид известил дека добиле пријави од граѓани за поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“, во Охрид. Од страна на Општина Охрид е контактирано со ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Колекторски систем“ бидејќи колекторскиот систем не ...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета ќе ја оствари во Ватикан и Рим каде ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј. На 23 мај, според протоколот, претседателката ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а потоа средба и со генералниот секретар за односи со државите на Ватикан. Чествувањето на сесловенските просветители ќе се одржи на 24 мај со посета на базиликата ...
Министерството за политички системи ќе биде само за односи меѓу заедниците, најавува ВМРО ДПМНЕ. Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка во партијата вели дека ВМРО-ДПМНЕ преговара и за формирање влада, но и за постигнување двотретинско мнозинство во Собранието. Течат преговорите околу составот на идната Влада. Што е она што можете да ни кажете, кои сектори би им биле дадени на вашите коалициони партнери? Веќе е навлезено во ...
По три часа заврши состанокот на претседателството на Демократска унија за интеграција (ДУИ) во нивното седиште во тетовска Мала Речица, по што беше најавено дека ставот во врска со прегласувањето на седум избирачки места за параламентарните избори ќе биде изграден заедно со сите партии од Европскиот фронт. Портпаролот Арбр Адеми најави дека ќе имаат други состаноци со сите партнери во рамки на Европскиот фронт. „ Денеска ги разгледувавме сите ...
„Вреди“ ја поздрави одлуката на Управен да дозволи прегласување во Желино: Правдата победи, волјата на граѓаните ќе надвладее Од коалицијата „Вреди“ ја поздравија одлуката на Управниот суд, за која велат дека е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај. Оваа одлука уште еднаш докажува дека надежта за граѓаните во државата доаѓа, а манипулациите и криминалот на оваа хибридна моќ паѓаат. Промената почната на 8 мај почна да се ...
Кичевските матуранти, генерација 2020-2024 со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како средношколци. Тие најпрво во дворот на гимназијата со развиорени знамиња заиграа оро и пееја песни, со што ја заокружија четиригодишната дружба од средното образование. Малешевско оро во изведба на матурантите од Делчево Матурантско оро силно се играше на спортскиот терен кај гимназијата Методи Митевски – Брицо во Делчево. Матурантите ја ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашните генерални секретари Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров се разрешени од функциите. Од Кабинетот на претседателката Сиљановска велат дека нов генерален секретар е Ѓорги Божинов, а заменик Горан Момироски. Божинов, според неговата биографија е правник кој работел на повеќе позиции во Министерството за земјоделие ...
Сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, да ја смени позицијата и да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, бидејќи во спротивно, сигурно ќе создадат проблеми и во односите со Грција и во односите со Европа, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за државната телевизија ЕРТ, притоа повторувајќи дека без целосно усогласување со Договорот во однос на името, Грција нема да ги ...
На ден 17.05.2024г. лицето И.М. вработено како Виш аналитичар во СВР Скопје, лишено е од слобода под сомневање за сторени кривични дела измама предвидени по чл. 247 од КЗ. Имено, од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Одделот за криминалистичка полиција се постапуваше по пријава од три оштетени лица и на ден 17.05.2024 година наведеното лице е фатено на лице место во ...
Не може волјата на гласачите еднаш да се толкува на еден начин, а другпат на друг. Токму така се однесува ДУИ кон волјата на гласачите од 2006 година досега, а особено различно ја толкуваше и волјата на Албанците и волјата на Македонците во 2016 година, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Сè уште актуелниот шеф на дипломатијата и претседателски кандидат на неодамнешните избори, Бујар Османи во интервју за национална телевизија ...
Управниот суд до доцна во ноќта расправаше по тужбите на одлуките на Државната изборна комисија – ДИК за неколку избирачки места поднесени од коалицијата Европски фротн. Од судот соопштија за шест одлуки според кои тужбите се отфрлени како неосновани, а тоа значи, согласно одлуките на ДИК, дека ќе има прегласување на конкретни избирачки места. По полноќ коалицијата Вреди ги поздрави одлуките на Управниот суд и повика на масовна излезност на ...
Да се намали влијанието на политиката врз правосудството, а државата сериозно да се бори против корупцијата, очекуваат дел од правниците Една од главните работи со кои треба да се зафати новата влада е суштинска реформа на правосудниот систем, сметаат правни експерти. Според нив, тоа е потребно пред се поради ниската доверба од само 2 отсто, која граѓаните ја имаат во судството. Професорот од правниот факултет во Скопје, Борче Давитковски, вели ...
Претседателот и петмина членови на Државната изборна комисија стравуваат за својата сигурност. Во писмена реакција потпишана од Даштевски, Ристеска, Кондарко, Стојаноски, Ристовски и Демири, велат дека се загрижени од изјавите на политичките партии и високи владини функционери откако ДИК го поништил гласањето за седум избирачки места. На реакцијата не е потпишана заменик претседателката Дитмире Шеху која во Државната изборна комисија ја ...
Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни предлози за кривични дела – Несовесно работење во службата од 353-в и продолжено кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, а поврзани со работата на училишта на територијата на општина Струга. Рамиз Мерко се најде во нови две обвиненија, покрај двата судски процеси, кои веќе се закажани во струшкиот Основен суд, Во првиот предмет, обвинети се 4 лица, ...
Љупчо Палевски – Палчо сака да ангажира тим од најмалку тројца адвокати како негова одбрана во судскиот процес кој му следува како првоосомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Палчо до Кривичен испратил барање за да го застапуваат тројца адвокати, а кои судот ќе ги препрати до бранителите кои ги бара. „Од Истражниот затвор Скопје до Основниот кривичен суд Скопје е доставно официјално известување за екстрадицијата на ...
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари очекува до крајот на идната недела да се постигне договор околу идната влада. Тој на новинарско прашање на настан во Гостивар посочи дека, владее позитивна атмосфера помеѓу работните групи на ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ. „Се надевам дека до крајот на идната недела ќе имаме завршен договор со програма на Владата и со распределба на ресори, односно кој и каде ќе биде како министер. Ние како претседатели на партии ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не го прекрши Преспанскиот договор со тоа што не го кажа целосното уставно име во свечената заклетва во Собранието. Ова е ставот на професорот од Правниот факултет, Васко Наумовски, кој е поранешен вицепремиер за европски прашања и поранешен амбасадор во САД. Прв пат после долго време Македонија наместо во дефанзива е во офанзива. Меѓународната заедница седум години беше навикната на попустливост, ...
Прашан за заклетвата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и свечената изјава без придавката „северна“ и користењето на старото државно име, Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христија Мицкоски рече дека реакцијата на Грција е покажување мускули. „Беше достоинствена, можам да кажам дека очекував честитка од нашиот јужен сосед, наместо тоа добивме политички мускули. Не очекувам односите помеѓу двете држави да се ...
„Со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник но тоа нема да не повлече од разговорите со идните потенцијални коалициони партнери како што е коалицијата Вреди“, истакна Мицкоски. При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има доволен број пратеници за формирање ...
Конзорциумот „Бехтел и Енка“ чукна на погрешна врата за да обезбеди работници. Треба нив да ги бараат од Владата која им ја даде работата. Комората не може да им понуди работници, туку само квалитетни компании кои под еднакви услови со конзорциумот можат да ја завршат работата на автопатиштата, велат бизнисмени од градежниот сектор и од синдикатите. Стопанската комора вчера соопшти дека претседателот на комората Бранко Азески имал средба со ...
Денеска во 14 часот, во Белата палата, седиштето на ВМРО- ДПМНЕ, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ВРЕДИ”, ќе одржат прва средба за договор за формирање на новата Влада. Досега на лидерската средба се договорени општите начела на соработка која ќе се базира на три цели: евроинтеграции, економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото. Изет Меџити претходно изјави дека Владата ќе има околу 80 пратеници. ...
Доскорешниот потпретседател на СДСМ и иден пратеник Фатмир Битиќи на социјалните мрежи ги демантира тврдењата на одредени медиуми дека наводно ќе преминел во коалицијата ВРЕДИ. „Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на “неофицијално дознава…“.Моето членство во СДСМ и улогата на потпретседател се вкоренети во вредностите кои ги споделувам со огромен дел од моите сопартијци. Како ...
Љупчо Палевски Палчо е зад решетки во затворот во Шутка. „Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница ...
Со комерцијален лет на „Turkish Airlines“ вечерва се очекува да биде екстрадиран Љупчо Палевски Палчо. Под посебни протоколи и во тајност, Турците сакаат првоосмничениот за двојното убиство да биде спроведен во Македонија, дознава Скопје 1 од извори во МВР. Тој ќе биде спроведен директно во затворот Шутка, каде што, според информациии на Скопје 1, веќе се пристигнати од специјалнната единица Тигри. Тој ќе биде сместен во притворското одделение ...
Денеска во грчкиот парламент беше искинат Договорот од Преспа кој беше потпишан од страна на Македонија и Грција, а по што Македонија го смени името на државата. Документот беше скинат од страна на пратеникот Кирјакос Велопулос од Хеленик Солушн, кој на овој начин изрази негодување за случувањата околу прашањето за „северна“. „Нашиот проблем е логиката со која ја учат својата историја. Дали сакате да разговарате со нив? Ако сакате да ја ...
Во политиката влегов за да ја направам промената и додека не ја направам, нема откажување!“, ова е пораката која вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска ја упати преку социјалните мрежи. „Во политиката влегов за да ја направам промената и додека не ја направам, нема откажување!“. Ова е пораката што денеска ја упати поранешниот вицепремиер за економски прашања и поранешен потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи на социјалните мрежи. Пораката на Битиќи ...