Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани и нивната земја се експроприра, пренесува Гардијан. Американскиот претседател одржа хаотична средба со претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, во Овалната соба во Белата куќа, за време на која пушти видео за кое лажно тврдеше дека ...
Ахмети, Таравари и Апасиев. Со нив Венко Филипче нека си организира лидерска средба. Ова е жестокиот одговор на ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот повик на лидерот на СДСМ за средба на партиските претседатели со цел деблокада на процесот на евроинтеграција. Од владејачката партија ова го оценуваат како обид за купување евтини политички поени и категорично ја отфрлаат идејата за таква средба. Ова следува по вчерашната изјава на Венко Филипче, кој и ...
Партијата Левица остро го прозва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го за скандалозни јавни набавки и нетранспарентно трошење на буџетски средства. Во соопштение до јавноста, Левица посочува дека веќе еден месец МВР молчи за доделениот тендер на компанијата „Дон Холдинг“, фирма која во минатото била предмет на обвинувања за криминал и политички поврзаности со СДСМ, а која сега, според Левица, повторно добива договори ...
Голем е интересот на земјите и компаниите од Централна и Источна Европа за презентација и продажба на свои производи и за соработка со Кина на 4. Саем на Кина со земјите од ЦИЕ, велат македонските претставници на овој саем. На продажба на свои производи и можна соработка се надеваат и претставниците на четиринаесет наши компании, кои се веќе познати по своите квалитетни кондиторски производи, сокови, но и вина кои, како што е познато, можат ...
Нема повредени по оружениот инцидент што се случил вечерва во Тетово, кога кон куќа било пукано од автоматско оружје околу 21 часот и 15 минути. Во СВР Тетово било пријавено дека ова се случило на улица „111“ во населбата „Теќе“. – Било пријавено дека непознати лица кои биле со мотоцикл-скутер, од автоматска пушка пукале во куќата сопственост на М.Т. од Тетово и истите веднаш се дале во бегство. Веднаш било постапено во однос на пријавата ...
Девет членови на Судскиот совет вчера го разрешиле апелациониот судија Енвер Беџети, кој од декември лани е на црната листа на американскиот Стејт департментот на корумпирани функционери, непожелни за влез во САД. Беџети од март годинава не доаѓаше да даде исказ пред комисијата по повод отворената постапка за разрешување и поставањето на црната листа, кажувал дека е болен. Оновното јавното обвинителство (ОЈО) на Скопје води постапка против ...
Заврши сезоната во англиската Премиер лига. Од претходно беше познато дека титулата ја освои Ливерпул, дека Арсенал го освои второто место, а главната борба се одвиваше меѓу пет тима за трите места и пласман во Лигата на шампионите. На крајот место во Лигата на шампионите изборија Манчестер сити, Челзи и Њукасл. Извисија Астон Вила и Нотингем Форест. Вила доживеа пораз на „Олд Трафорд“ од Манчестер јунајтед (2:0), откако второто полувреме го ...
Финалето во ракомет меѓу Алкалоид и АЕК не само што не се одигра, туку остана запаметено како пример за притисоци, закани и спорт што капитулира под надворешни влијанија. Претставникот на Алкалоид, Зоран Цветановски, за МРТВ откри детали од драмата зад кулисите. Според него, уште од утринскиот технички состанок постоеле јасни сигнали дека може да настане проблем поради бројот на дозволени грчки навивачи – ограничени на 200 лица поради ...
Од политичката партија Левица реагираат на, како што велат, газењето на македонското знаме од страна на градоначалник. – Наместо да оддадат достојна почит пред споменикот на загинатиот припадник на безбедносните сили, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, и делегацијата што ја предводеше – демонстрираа крајно непочитување кон државата. Во еден срамен и понижувачки чин, тие буквално газеа врз македонското државно знаме! Со ...
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, негираше дека земјата може да биде домаќин на кампови за мигранти преселени од Велика Британија како дел од новообјавениот договор за стратешко партнерство, пишува „Balkan Insight“ Тоа е „нешто што никогаш не ни паднало на памет и што никој не нè прашал“, им рече Мицкоски на поддржувачите на својата десничарска партија, ВМРО ДПМНЕ, во неделата во Скопјe. Тој инсистираше дека партнерството ќе ѝ даде ...
Деблокада на евроинтеграциите – државниот врв ќе бара креативни решенија, како увертира во најавената можна средба на самитот на НАТО. Шефицата на државата во интервју за Радио Слободна Европа, изјави дека се работи на тн креативна дипломатија – затоа што на владата, како што вели таа – и е јасно дека усвоена преговарчка рамка тешко се менува. Објави нејзини предлози до ЕУ, во кои порача, дека Европарламентот може да донесе акт за состојбите ...
„На подрачјата на сите сектори за внатрешни работи во текот на изминатиот викенд (24/25.05.2025) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 1343 платни налози, а претежно по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ)“, велат од МВР и додаваат: Според статистичките податоци, специфично за деновите од викендите и натаму ...
Не е сосема сигурно дали двајцата пациенти, заразени со мајмунски сипаници, не ја напуштиле земјава или можеби не дале други веродостојни информации во врска со потеклото на нивната зараза во епидемиолошката анкета, вели за Плусинфо директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана. – Се сомневам дека станува збор за автохтон вирус. Епидемиолошката анкета е оскудна, а честопати заболените може да не дадат точни информации поради ...
Двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон биле убиени во среда вечерта (21 мај) додека си заминувале од настан во Еврејскиот музеј. Полицијата соопшти дека осомничениот, кој е во притвор извикувал: „Слободна, слободна Палестина“ . „Двете жртви, маж и жена, си заминувале од настан во Еврејскиот музеј во Капитал кога осомничениот се приближил до групата од четворица и отворил оган, изјави началникот на Метрополитенската полиција ...
Српскиот тенисер кој пред неколку дена наполни 38 години, триумфираше на АТП турнирот од серијата 250 во Женева. Тој во финалето денеска го совлада Полјакот Хуберт Хуркач со 2:1 (5:7, 7:6,7:6). За Ѓоковиќ ова беше прва титула оваа сезона и јубилејна 100-та титула во блескавата кариера која го одбележа 21 век во тенискиот свет. Првата порака тој ја испрати на мрежата Х. Првата титула Ѓоковиќ ја освои во Амерсфорт, Холандија, токму против ...
Тетекс, Слога Виница и Шкендија Арачиново се екипите кои ќе играат следната сезона во Втората лига, обезбедувајќи промоција преку бараж-натпреварите. Шкендија Арачиново се враќа во Втората по подолга пауза, откако во возбудлив натпревар го победи Осогово со 2-1. Мечот беше обележан со тензии и прекин поради националистичко навивање. Шкендија поведе преку Александар Ѓоргиевски од пенал, а Осогово израмни со гол на младиот Симовски во 51. ...
Во пресрет на неделниот реванш од финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу Алкалоид и АЕК, раководството на нашиот евро претставник преку претседателот на клубот, Горан Минов, испрати апел за навивачите: “Драга публико, почитувани навивачи, наш осми играч на теренот, Во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ...
Лука Модриќ (39) овој викенд последен пат ќе настапи пред навивачите на Реал Мадрид. И покрај тоа што ќе биде дел од тимот на Светското клупско првенство на крајот од годината, шпанскиот гигант донесе конечна одлука – нема да му понуди нов договор. Капитенот на хрватската репрезентација го напушта клубот без официјална понуда за продолжување на соработката, иако повторно бил подготвен да прифати намалена плата и споредна улога во тимот. ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио повика на поддршка за преодните власти во Сирија и предупреди дека земјата може да биде само неколку недели од „целосен колапс и разорна граѓанска војна од епски размери“. На сослушувањето пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, Рубио ја бранеше одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги укине санкциите врз Сирија минатата недела, пред да се сретне со претседателот Ахмед ...
Австралиската телевизија „Еј-би-си“ објави „поплави од невидени размери“, опишувајќи драматични сцени додека хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покривите поради обилни дождови и силни ветрови, проследени со ниски температури. Официјалните лица изјавија дека околу 1.600 лица од службите за итни случаи се распоредени за да помогнат во спасувачките операции. Некои жители ја поминаа ноќта на покривите поради надојдената вода. ...
Нов ден, старо-нов скандал, а сето ова додека Филипче бил министер за здравство, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, во периодот од 2018 до 2022, кога Венко Филипче бил министер за здравство, оштетен е буџетот на државата преку измама од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра. „Вчерашната одлука на ОЈ, за завршување на истрагата за случајот ‘Онкологија’, каде што се поднесени ...
Посветеноста на оваа Влада во борбата против криминалот не е декоративна, туку суштинска, а еден од доказите за тоа е обвинението за случајот со Онкологија, оцени директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски. – Таму се обвинети медицинскиот и економскиот директор на Клиниката за онкологија и уште тројца доктори. Морам да кажам дека, колку што мене ме држи сеќавањето, надвор од индивидуални случаи на мито, ...
Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со дел од лидерите од регионот, вклучувајќи ја и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. И покрај тоа што како што наведува самиот Зеленски на социјалните мрежи, премиерите на Словенија и на Грција, Роберт Голоб и ...
Во вчерашното финале од втората лига во кошарка помеѓу Маџари и Ангели употребена се истите пиротехнички средста кои најверојатно го предизивикаа пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, таканаречени прскалки. Натпреварот како и сите останати официјални натпревари е во организација на Кошаркарската федерација на Република Македонија. Од пред речиси месец дена Томица Главчев и официјално е нов претседател на Кошаркарската Федерација на ...
Над 3.000 граѓани во седум градови денеска истовремено трчаа за Кочани во рамките на одбележувањето на Денот на Европа. Хуманитарната трка „Сите за Кочани-трчаме заедно“ се одржа во Скопје, Битола, Тетово, Струмица, Велес, Струга и Крива Паланка во знак на сеќавање на 62-те жртви на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март и за помош на околу 200 повредени. „Процесот на лекување и тагување е долг и тежок. За семејствата ова е ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) проценува дека иселувањето и падот на населението ќе го намалат потенцијалниот економски раст на Македонија за околу 0,5 процентни поени годишно. Во најновиот извештај насловен „Динамика на населението, интеграција на пазарот на трудот и миграција“, објавен во мај 2025 година, се наведува дека населението во земјата бележи постојан пад во изминатите две децении, тренд што се очекува да продолжи и во иднина, ...
Институтот за јавно здравје на Република Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни болести како сомнителни случаи, а истовремено било побарано да се извршат и испитувања за ХИВ, сифилис и херпес. По извршени анализи со три различни методи, Институтот потврди дека кај двајцата пациенти е детектиран ...
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска со свечености ќе ја одбележи 76-годишнината од основањето и прослава на патрониот празник Денот на светите Кирил и Методиј – 24 Мај. Според агендата на Универзитетот, свеченото одбележување почнува пред платото на УКИМ со положување цвеќе на споменикот на Светите Кирил и Методиј, додека во свечената аула на Ректоратот ќе бидат интонирани државната химна на државата, студентската химна ...
Премиерот Христијан Мицкоски откри дека прифатиле да седнат на маса со Бугарија на маргините на НАТО самитот со присуство на високи претставници од ЕУ, НАТО и САД. Мицкоски не знае дали Бугарија ја прифатила средбата, но верува дека е добро доколку се случи за да можат да се слушнат аргументите од свете страни. „Кога ќе бидеме сите на иста маса, колку и да трае тоа, добро е да се разговара“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за ...
Околу сто мостови треба да се санираат, а 20-тина се ризични, покажа испитување на Градежениот факултет направени за потребите на Јавното претпријатие државни патишта (ЈПДП). Беа проверени околу 1.300 мостови низ земјава. „На мостовите во минатото не им било обрнато соодветно внимание и грижа, затоа испитавме 1.300 мостови во земјава каква е нивната состојба. Од нив, 97 се детектирани како мостови кои треба да се поправаат, а од нив 19 се ...