Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Сè уште незакрепнати од ковид-пандемијата, која силно ги погоди европските држави, континентот во 2022 година се соочи со нова незамислива криза – војна во Украина. Додека некои во кризата видоа шанса за енергетска транзиција, други овозможуваа кризно профитерство финансирано со буџетски пари преку сектори клучни за државата и граѓаните. Една таква земја е и Македонија, се вели во истражувањето на ИРЛ. Сѐ започна откако во август 2022 година, ...
Ракометарите на Вардар 17. пат во клупската историја го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во финалето на заврпниот турнир во Охрид, Вардар го победи Еурофарм Пелистер со 31:27 (17:14). Вардар четврти пат по ред го победија Пелистер во борбата за трофејот. Пелистер нема трофеј во Купот цели 20 години. Дуелот во Охрид го реши одбраната на Врадар и голманот Еспиња, кој блесна во втората половина од второто полувреме. Бековите на Пелситер ...
Ламине Јамал е фудбалер кој според она што го демонстрира на теренот го чека светла иднина. Иако има само 17 години, тој во дресот на Барселона прави чуда. Многумина сметаат дека може да ги надмине и Лионел Меси, и Кристијано Роналдо. Во сениорскиот тим на Барселона заигра во 2023 година, а она што е сигурно дека во брзо време ќе се најде на мета на европските гиганти. Познатиот специјалист за трансфери, Фабрицио Романо на својата „Фејсбук“ ...
Трагедија ги засени прославите во Париз по повод освојувањето на Лигата на шампионите од страна на Пари Сен Жермен, при што загинаа две лица. Дваесетгодишна жена го загуби животот во сообраќајна несреќа во саботата, кога скутерот на кој се возела бил удрен од автомобил во 15-тиот округ на главниот град. Во исто време, 17-годишно момче беше смртно избодено со нож во Дакс, во регионот Ланд, за време на собирот по повод славењето на победата над ...
Федералниот суд на Соединетите Американски Држави ги блокираше многу високите царини што претседателот Доналд Трамп ги воведе на странски земји, пресудувајќи дека тој ги пречекорил своите овластувања. Пресудата, донесена од страна на судии на Американскиот суд за меѓународна трговија, ги запре сеопфатните царини од 10 проценти што Трамп ги воведе на „речиси секој трговски партнер на САД“, а десетици земји беа загрозени со повисоки царини, ...
Според Левица, се работи за план со политичка агенда, диригиран од „Белата палата“, кој има за цел да создаде „удобен партнер“ во синдикалната сфера, спомнувајќи го конкретно Синдикатот на КСС како организација блиска до власта, која, според нив, функционира како продолжена рака на владејачкото мнозинство. „Владата не само што ги одби сите конструктивни законски предлози од наша страна – за патни трошоци, зголемено породилно отсуство, ...
Премиерот Христијан Мицкоски во врска со одвојувањето на пет проценти од Буџетот за одбраната денеска појасни дека барањата се да се направи јасен акциски план во догледен рок и практично да се одвојуваат од Буџетот пет проценти за потребите на НАТО. – Тука треба да сме свесни дека во тие 5 проценти влегуваат и инфраструктурните проекти како капитални инвестиции кои практично ќе бидат користени за потребите на Алијансата – изјави Мицкоски по ...
Бугарски европратеник со амандман ќе се обиде да го дефинира македонскиот идентитет и јазик како сегашен, а не како што е тоа наведено во извештајот на известителот за Македонија Томас Вајц како многувековен. Премиерот Мицкоски вели дека жали што пратениците од нашиот источен сосед настапуваат со ваква реторика, која го враќа времето на живковизмот. Тој додава дека Македонија нема да реагира со остра реторика, туку ќе биде изразено жалење и ...
Во рамки на континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, во текот на минатиот месец полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи издадоа вкупно 21.178 платни налози претежно по основ на прекршоци сторени согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, извести МВР. „Така, заради непрописно паркирање биле изречени 5480 прекршоци, за движење со брзина поголема од пропишаната 5458, а пак за управување ...
Асмир Јахоски кој го оштети Буџетот на државата за неверојатни 167 милиони евра и за кого се води постапка, моментално ужива на Босфор, обвини ВМРО-ДПМНЕ. „Откако доби домашен притвор за кривично дело перење пари и други приноси за набавката на мазут со сомнителен квалитет и потекло, синот на пратеникот на ДУИ, сега можеме да го видиме по медиумите дека е на Босфор, Турција. Судиите избрани од ДУИ и СДС, му го укинаа притворот и му го одземаа ...
Пари Сен Жермен првпат во клупската историја е европски шампион! Во тотално нерамноправно финале на „Алијанц Арена“ во Минхен, „светците“ го декласираа Интер со убедливи 5-0 и ја освоија својата прва титула во Лигата на шампионите. Ова е втора континентална титула за француски клуб по триумфот на Олимпик Марсеј во 1993 година, а за Луис Енрике четврти трофеј сезонава и нова тројна круна, по онаа со Барселона во 2015/16. Од самиот почеток беше ...
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри е освојувачот на големата награда на Шпанија. Неговиот тимски колега Ландо Норис го освои второто место, додека пак на третата позиција се најде возачот на Ферари, Шарл Леклер. Во последниот круг од трката актуелниот светски шампион Макс Верстапен направи грешка и предизвика судар со возачот на Мерцедес Џорџ Расел, поради што доби казна од десет секунди и трката ја заврши на десетото место. На четвртата ...
Лидерот во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, Оскар Пјастри ќе стартува од пол-позицијата на трката за Гиламата награда на Шпанија. Австралиецот четвртата пол-позиција оваа сезона ја освои со време 1:11.546.минути. Квалификациите на патеката Каталуња ја обележа доминацијата на Мекларен. Пјастри и Норис се бореа за пол-позицијата, на крајот до неа доминанто дојде Пјастри. Мекларен прв пат по 1998 година го освои првиот стартен ...
Македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, избори пласман во полуфиналето на ИТФ турнирот во српската Куршумлиска Бања, откако во три сета ја совлада Русинката Анастасиа Золотарева. Ѓорческа не започна најдобро и го загуби првиот сет со 4-6, но успеа да се консолидира и да ја презеде контролата над мечот. Во вториот сет доминираше и го доби со убедливи 6-2, додека во решавачкиот трет сет повторно беше подобра и со 6-4 ја запечати победата по два ...
Пелистер се пласираше во Купот на Македонија, откако славеше против ГРК Охрид со 27-23 на вториот полуфинален натпревар. Битолчани за првиот пехар после 20 години во ова натпреварување ќе се борат против големиот ривал Вардар 1961, мечот се игра утре во СЦ „Билијанини Извори“ со поеток во 17:30 часот. Ракометарите на Пелистер наидоа на силен отпор од страна на ГРК Охрид, некаде после 40-та минута почнаа да градат посериозна предност и да го ...
– Ова не е нешто што ќе исчезне за неколку дена, недели или дури месеци – изјави Албанезе од градот Тари, каде, за четири дена – од 20 мај, наврнаа околу 600 милиметри дожд, што е речиси половина од годишниот просек. Од среда ќе започне исплатата на еднократна помош од 1.000 австралиски долари за возрасни и 400 долари за деца погодени од катастрофата, а ќе се прошири и 13-неделната поддршка за приход на поширок круг жители. Австралија се ...
Владимир Путин бара писмено ветување од западните лидери дека НАТО нема да се шири кон исток, како еден од условите за крај на војната во Украина, изјавија три добро упатени руски извори за „Ројтерс“. Откако разговараше со Доналд Трамп минатата недела, Путин кажа дека Русија спрема меморандум кој ќе ја утврди рамката на можен мировен договор. Документот е во фаза на изработка и Русија засега нема потврдено кога би бил готов. Киев и европските ...
Застрашувачки се податоците за употребата на разни видови дроги кај децата во Македонија. Четиригодишни деца дишат лепак, осумгодишни се на хероин. Најмалото евидентирано дете во Македонија кое зема дрога, е под 5 годишна возраст. Според анализата на Народниот правобранител, 50 деца користат марихуана, како и други психотропни супстанции како што се халуциногени и стимуланси. Системот за превенција, рано откривање, третман и рехабилитација на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој е во посета на Вашингтон, соопшти дека бил постигнат конкретен напредок во преговорите за намалување на тарифите што ги воведоа САД. Муцунски оваа информација ја сподели на својот профил на Фејсбук, по средбата со Џејмисон Грир – трговски претставник во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, на која се разговарало за следните чекори за потпишување ...
На 27 мај, во навечерието на празникот Оддание на Воскресение, а воедно и денот кога Црквата го слави споменот на светите Гаврил Велички и Ахил Преспански, Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва отслужи вечерна богослужба, на која го замонаши проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски во чин мала схима, давајќи му го монашкото име Георгиј. Следниот ден, на 28 мај, за време на Божествената литургија, Неговото ...
Отворен ден на Армијата на Република Македонија и презентација на воената вежба „Брз одговор 2025“ ( Immediate response 25), се реализираат денеска во Кавадарци. Инаку, меѓународната вежба се спроведува на армискиот полигон „Криволак“. На градскиот плоштад се изложени оклопни возила, борбени возила, вооружување и заштитна опрема. Учествуваат припадници од армиите на Република Македонија, САД, Република Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, ...
Родителите на загинатите деца во пожарот од 16 март, во дискотеката „Пулс“, јавно ги прочитаа сите закони по кои обвинителите требало, но не ги опфатиле актуелните функционери и полицајци. Од првичните 73 осомничени, истрагата се затвори со 46, семејствата побараа од обвинителите да ги следат доказите, без разлика до чија одговорност ќе ги доведат. Дискотеката цела година работела на диво, а тие замижувале на тоа. Ужалените мајки најавија ...
Основното јавно обвинителство Кочани ја финализираше истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, во кој загинаа 62 лица. Во рамките на истрагата, соопшти обвинителството, опфатени се вкупно 46 осомничени лица кои се товарат за Тешки дела против општата сигурност, согласно Кривичниот законик. Во наредниот период, одбраната на осомничените ќе има можност да изврши увид во обезбедените докази и да предложи свои, по ...
Претставници на седум независни листи ширум земјава денес пред Собранието јавно ги потсетија пратениците дека треба да го послушаат Уставниот суд и итно да донесат измени на Изборниот законик со кои ќе им биде овозможено учество на претстојните локални избори. Откога Уставниот суд го укина членот од изборниот законик со кој прагот за собирање потписи за независни листи беше кренат на 1%, независните бараат измени со кои ќе биде дозволено да ...
Сотирис Минас за себе вели дека e Грк и по татко и по мајка, но свесен е за факот дека во Северна Грција имало и има македонско население коешто говори на македонски јазик. – Мојот заклучок беше тоа дека има еден народ, имаше и има или имало и има еден народ во Северна Грција во Македонија – егејски Македонци, кои беа принудени прво со перење мозок да станат или Бугари или Грци и зборувам за османлискиот период – вели Минас. Поради својот ...
Државниот секретар на САД Марко Рубио на денешната средба со македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски во Вашингтон меѓу другото ја нагласил „потребата сојузниците на НАТО да поддржат и да остварат пет проценти за одбранбени трошоци“, соопшти Стејт департментот. Министерот Муцунски во објава на Фејсбук за средбата меѓу другото вели дека со Рубио размениле мислења и за „безбедносната соработка во рамки на НАТО, каде што ...
Верници на МПЦ-ОА од неколку епархии ќе организираат протест поради начинот на избор на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Nа социјалните мрежи се организира протест за денеска во 18 часот во Охрид. „Драги мои сограѓани, православни верници ! Според објавите на социјалните мрежи, денес за 18,00 часот е закажан протест во нашиот град за поддршка на Епископот Партениј. Имам обврска како некој кој живее и ќе живее во овој град и во ...
Во Казнено-поправната установа „Идризово“ бил спроведен претрес во отвореното одделение, при што се откриени и запленети голем број недозволени предмети, меѓу кои дрога, телефони и разна електроника. Според информациите од Управата за извршување санкции, при акцијата се пронајдени и одземени 50 грама марихуана, 48 полначи, 37 мобилни телефони, 3 УСБ стикови, 5 блутут слушалки, 3 батерии за мобилен телефон и апчиња метадон. Од Управата ...
Како што соопшти МВР, малолетниците се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и во присуство на службеници од Центарот за социјални работи извршен е службен разговор. На регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, на влез во село Гајре, полициски службеници од СВР Тетово вчера утрото лишиле од слобода двајца малолетници од истото село, поради сомнение дека вечерта на 26 на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во ...
Европските министри денес го одобрија создавањето на фонд за одбрана во вредност од 150 милијарди евра, поради загриженост за руски напад во иднина и сомнежи за безбедносните обврски на САД кон ЕУ. Одобрувањето од министрите беше последниот правен чекор во воспоставувањето на шемата „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), која е поддржана од заедничко задолжување на ЕУ и која ќе доделува кредити на европските земји за заеднички одбранбени ...