Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Ролан Гарос откако го победи францускиот тенисер Корентин Муте со 3-0 по сетови (3-6, 2-6, 6-7). Ова беше меч кој траеше цели три часа. Србинот одлично влезе во оваа пресметка, првиот сет го доби со 3-6, а потоа уште полесно ја заврши работата и во вториот сет, беше подобар со 2-6. По една ваква игра се чинеше дека Ѓоковиќ ќе продолжи во ист ритам и во следниот сет, но таму наиде на силен отпор. ...

ТФТ не се предаде, го совлада МЗТ Скопје после голема драма со 63-58 и намали на 2-1 во плеј-оф финалето. Тимот од Тафталиџе сосема заслужено се радуваше ако се земе во предвид на водството од 20 поени во втората четвртина, и кам-бекот во последниот период. Избраниците на Боро Смилковски успеаја да ја прекинат серијата на МЗТ Скопје до титула без пораз во последните две години, но и да испишат историја, прва победа во финале. МЗТ Скопје ...

Карлос Алкарас потешко од очекувањата успеа да обезбеди пласман во осминафиналната рунда на Ролан Гарос. Вториот носител беше апсолутен фаворит на вечерашното соочување со Дамир Џумхур, меѓутоа мораше добро да се испоти за да го совлада тенисерот од Босна и Херцеговина. Шпанецот беше фуриозен во првиот сет со 6-1, вториот го реши со 6-3, но потоа дојдоа проблемите за него. Дамир ја искористи шнасата во седмиот гејм и дојде до брејк, па иако ...

Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, во интервју за емисијата „Дијалог те Лајми“ ја обвини актуелната власт дека ги влошува меѓуетничките односи во земјава. Адеми предупреди дека одредени македонски аналитичари и политичари отворено зборуваат за „втор дел“ на конфликтот од 2001 година – овој пат како форма на одмазда кон Албанците, пишува „4њуз“. Во јавноста се зборува дека сега следува второто полувреме од играта меѓу Македонците и ...

Младите до 29 години во државава кои ќе сакаат да се самовработат преку формирање на свој бизнис или здружување во друштво со ограничена одговорност, ќе можат да аплицираат за неповратен државен грант, најавија од Владата. За свој старт ап бизнис, младите претприемачи ќе можат да добијат 10 000 евра, а за здружување во ДООЕЛ од 13 000 до 20 000 евра во зависност од бројот на содружници, стои во новиот Оперативен план за вработување. Ставајќи ...

Над 15 000 ученици во завршна година од средното образование го полагаат првиот од двата екстерни испита од годинашната државна матура – мајчин јазик и литература, кој е задолжителен за сите матуранти. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за државна матура годинава се пријавени 15 004 кандидати. Од нив, 8816 ученици се од средните стручни училишта, 5966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование. За утрешниот ...

За справување со пожарите во летниот период, Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари. Со оваа мерка како Влада сакаме да постигнеме навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во летниот период. Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки животи, животната средина и други материјални ...

„Некои луѓе бараат мир. Други се родени за војна. Јас се борам за моето семејство, за мојата земја и за честа што ми е во крвта“ – напиша нашиот Бобан откако, и повреден, ја одбрани светската кик-бокс титула. Македонскиот кик-боксер, Бобан Илиоски, ја одбрани светската титула во кик-бокс во категоријата ВАКО про до 88,6kg во K1. Тој го победи Кадри Мурсели од Франција на натпреварот што се одржа во Женева, Швајцарија и дома повторно си дојде ...

Бетис – Челзи 1:4 е епилогот од вечерашното финале во Лигата на Конференции кое се одигра во Вроцлав. Бетис поведе со голот на Езалзули во првото полувреме, за да Челзи во вториот дел со головите на Фернандес, Џексон, Санчо и Каиседо дојде до заслужена победа. Супер Челзи во второто полувреме беше доволно тимот од Лондон да слави го освојувањето на седмиот европски пехар во сите четири европски натпреварување со што испиша историја. Челзи е ...

Необичен инцидент го одбележа пристигнувањето на францускиот претседател Емануел Макрон во главниот град на Виетнам, Ханој. На видеото снимено од агенцијата „Асошиејтед Прес“, може да се види како првата дама на Франција, Брижит Макрон, при излегување од претседателскиот авион, одеднаш го турнала лицето на својот сопруг со дланката. Моментот брзо стана вирален на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина коментари и шпекулации. Инцидентот се ...

Во првото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца е 3.526, и во споредба со истиот период од 2024 е намален за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 3.8 % во споредба со истото тримесечје од 2024 и изнесува 5.398 лица, а од нив 15 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -1.872, што значи дека за толку ...

Пратеникот од лабуристичката партија на Западна Австралија, Кајл Мекгин, предизвика шок низ парламентот откако одлучи да го одбележи својот последен ден како парламентарец на посебен начин. Мекгин, кој беше пратеник во Парламентот во два мандата за прашањата за рударство и сточарство, го заврши својот проштален говор со типично австралиско збогум кога ја соблече патиката, сипа пиво во неа, а потоа го испи. Пред да го стори тоа, Мекгин им се ...

И по една година од најавата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) дека е отворен предмет за актуелниот генерален секретар на Владата, Игор Јанушев – сè уште нема никаков исход и информација за случајот. Веќе познато за јавноста е дека Јанушев поседува фирма во Ќустендил, Бугарија, со назив „Флугбан Транс“. Иако основана уште во 2015 година и до ден денес незатворена – оваа компанија никогаш не била пријавена во неговиот ...

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев кажа дека поднеле кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи сметаат дека тој ја попречува правдата кога во прашање е случајот за пожарот во Кочани. Според нив, гледаат судир на интереси помеѓу републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски и Мицкоски, бидејќи иако започнала постапката за разрешување, таа е стопирана. Според Левица, за возврат, Коцевски не ги гони функционерите од ...

Во време кога НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола одбележува 80 години постоење и ширење на својата мисија, за значењето и улогата на оваа установа специјално за Мактел разговараме со М-р Емилија Стефановска Давкова, директорка на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. Кога, каде и како започнала историјата на Национална установа -Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола? Стефановска Давкова: Историјата на библиотеката ...

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу доцна синоќа ѝ истури ѓубре на градоначалничката Данела Арсовска пред нејзината канцеларија во Град Скопје. Ганиу со 30-тината граѓани и камион полн со ѓубре тргнаа пешки од Чаир до Град Скопје и го расфрлија ѓубрето пред влезната врата на Градот. Ганиу кажа дека го донеле ѓубрето кај Арсовска бидејќи таа и ЈП „Комунална хигиена“ не ги чистат контејнерите и општината е затрупана во смет, по што си ...

По трагичниот пожар што избувна на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, неколкумина повредени граѓани се соочуваат со долготраен процес на физичко и психолошко закрепнување. Токму во тие најтешки моменти, здравствената поддршка што ја добиваа во ЈЗУ Општата болница – Кочани беше од суштинско значење. Меѓу медицинскиот персонал, клучна улога одигра докторката Катерина Паниќ – препознатлива по својот професионален, но и човечки ...

На стартот на новото издание на легендарниот Гренд Слем турнир Ролан Гарос, во првото коло, најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ лесно и убедливо го совлада американецот Мекензи Мекдоналс 3:0 по сетови. Американецот е 98. на АТП ранг листата, а денеска не можеше ништо повеќе од пораз по сетови 6:3, 6:2 и 6:3. Мечот кој траеше две минути помалку од два часа, мина во доминација на Ноле. Во второто коло, Ѓоковиќ ќе игра против победникот ...

Филип Талески одново ќе го облече дресот на Вардар 1961, стигна потврдата од најтрофејниот ракометен колектив во Македонија „Црвено-црните“ со кратко видео го најавија кам-бекот на поранешниот репрезентативец на Македонија, кој по двете години минати во Бенфика се враќа на добро позната адреса. „Со задоволство го потврдуваме враќањето на нашиот „бомбардер“ Филип Талески во дресот на Вардар. Уште многу вакви радости заедно да прославуваме. ...

Русија и Украина ја завршија размената на по 1.000 затвореници, објавија руското Министерство за одбрана и украинскиот претседател Володимир Зеленски, а тоа е најголемата таква размена од почетокот на војната пред три години. Тридневната размена почна во петокот, а во неа учествуваа главно воени заробеници и уште 120 цивили. Во неделата двете страни размениле 303 затвореници. „Денес, воините на нашите вооружени сили, Националната гарда, ...

Еуфоријата во Ливерпул брзо се претвори во хаос и страв, откако автомобил се забил во толпа навивачи кои го прославуваа историскиот 20-ти шампионски трофеј на клубот во Премиер лигата. Инцидентот се случи околу 18 часот, во близина на крстосницата меѓу „Дејл стрит“ и „Вотер стрит“, каде илјадници луѓе се собраа за да му оддадат чест на својот тим при шампионската парада. Според Мерсисајдската полиција, повикот за интервенција бил примени ...

Храбра одлука на раководството – вака дел од грчките медиуми го коментираат потегот на атинскиот ракометен клуб АЕК кој реши да го бојкотира реваншот од финалето на европскиот куп против Алкалоид, закажан за синоќа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Според грчките медиуми, оваа одлука е донесена поради загриженост за безбедноста на навивачите на АЕК. Тие тврдат дека клубот барал сите нивни фанови да бидат пропуштени на натпреварот, ...

Полицијата на Нов Јужен Велс утрово соопшти дека тело на маж е пронајдено во автомобил потопен во поплавни води во близина на Кофс Харбор, пренесе ДПА. Обилните дождови предизвикаа сериозни поплави долж источниот брег на Австралија, при што помалите градови на Средниот северен брег се меѓу најтешко погодените. Австралискиот премиер Ентони Албанезе и премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, денеска ги посетија некои од подрачјата зафатени од ...

Доналд Трамп препорача царина од 50 отсто за сите стоки од Европската Унија што се увезуваат во САД. „Нашите разговори со нив не одат никаде“, рече тој во објава на социјалните мрежи и додаде дека новите давачки стапуваат во сила на 1 јуни. Најавата означува ескалација на трговската војна на Трамп со ЕУ. Тој првично предложи царина од 20 отсто за повеќето стоки од ЕУ, па ја преполови на 10 отсто до 8 јули, за да има време за разговори. Трамп, ...

Ако имате каква било фирма или организација што работи со пари, веројатно знаете дека сѐ што правите мора да пријавите во Управата за јавни приходи. Преку таа институција месечно поминува вашата плата, таму ги плаќате даноците, а еднаш годишно, во Централниот регистар поднесувате завршна пресметка. Ако не го правите сево ова, веројатно ќе ви дојде инспекција, па ќе треба да плаќате и казни. Но, овие државни правила не важат за сите. БИРН ...

Државниот завод за ревизија укажува дека сè уште не е завршена дигитализацијата на матичните книги и покрај тоа што започнала пред повеќе од една деценија и во неа се вложени над 520 милиони денари. Скенирани се 52 проценти од записите во матичните книги, а внесени во електронскиот матичен регистар се 49 проценти од записите. Ваквиот степен на реализација, како што соопшти денеска ДЗР, не овозможува поедноставување и забрзување на услугите за ...

Основното јавно обвинителство Кочани ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кон уште едно лице, кое исто така е осомничено како соизвршител во кривичното дело тешки дела против општата сигурност. „Од дејствата преземени во текот на досегашната постапка се обезбедија докази, кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот, како сопственик на недвижниот имот – објект во кој со години функционирала дискотеката, го ...

Новоназначениот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, пред новинарите зборуваше за агонијата со којашто се соочува оваа институција во изминатите години, а покрај недостигот на пилоти и нефункционаноста на Ер тракторите, образложи дека се уште нема доволно потпишани договори со тимовите за брз одговор вклучително и со тимовите за гасење на пожар на отворен простор. Постои и недостиг на опрема, обука, физичка ...

Европскиот парламент (ЕП) е пред усвојување на извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ, кој ќе содржи признавање на македонскиот идентитет и јазик на четири места. Ова ќе биде второто законодавно тело во Европа по германскиот Бундестаг, кој донесе одлука за македонскиот јазик на 15 јуни 2023 година. Признанието треба да биде наведено во следниот извештај на Европскиот парламент за напредокот на Македонија кон ЕУ, кој треба да биде усвоен ...

Администрацијата на Доналд Трамп му забрани на Харвард да запишува странски студенти, ескалирајќи го спорот со најстариот универзитет во Америка. Секретарката за домашна безбедност Кристи Ноем напиша на Икс дека владата го укинала сертификатот на Програмата за странски студенти и размена на Харвард како резултат на неговиот неуспех да се придржува до законот. „Ова нека послужи како предупредување за сите универзитети и академски институции ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
7.72
70%
1028
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
86%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
6.69
68%
1031
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
4.29
83%
1035
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
92%
1024
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.6
74%
1022
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1023
weather icon

Букурешт

-6ᴼ / -8ᴼ
1.54
89%
1034
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
97%
1028
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
7.72
65%
1029
Currency

61.5417

Currency

53.0304

Currency

70.9621

Currency

35.5532

Currency

38.1694

Currency

65.9916

Currency

7.61231

Currency

0.67784

Currency

0.33463

Currency

0.52465

Currency

1.22528

Currency

0.58472

Родиум

324722.54

Калај

54.43

Алуминиум

3.16

Платина

73104.70

Злато

147342.27

Бакар

11.73

Цинк

3.29

Сребро

2872.23

Рутениум

45750.51

Паладиум

57131.88

Иридиум

198077.91

Кобалт

62.83