При инспекциските надзори не се констатирани недостатоци од надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци, информираа од ДСЗИ. – Имајќи предвид дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема надлежности во стручниот дел на работата на здравствените работници, ДСЗИ согласно член 296 од Законот за здравствена заштита, ќе поднесе иницијатива до министерот за ...

Турската делегација, домаќин на преговорите, прва пристигна на местото на денешната средба меѓу руските и украинските преговарачи во Истанбул. Руската делегација, предводена од Владимир Медински, пристигна околу 11:40 часот, додека украинската делегација пристигна седум минути подоцна. Преговорите се закажани за 12 часот, а времетраењето на разговорите не е однапред утврдено. Претходниот круг преговори, одржан на 16 мај, траеше помалку од два ...

Над 15 граѓански организации и иницијативи заедно поднесоа формална претставка до Владата, барајќи итна акција за повторно прогласувње и заштита на Националниот парк „Маврово“ во согласност со законските одредби. Тие изразуваат загриженост поради долгиот процес на трансформирање на НП „Маврово“ според постојното законодавство и меѓународните стандарди. Тврдат дека сегашната состојба ја поткопува заштитата на ова критично подрачје и ја ...

Советот за оцена на обвинител акт при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое приговорот на одбраната за случајот „Онкологија” се одбива, а актот се одобрува. По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, а што биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде достапен на календарот за судења на ...

Амбасадорот на Европската унија во државава, Михалос Рокас, заедно со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, ќе го прослават Светскиот ден на животната средина со иницирање на активности финансирани од ЕУ, во вкупна вредност од 7 милиони евра. Овие средства се наменети за изградба на системи за собирање отпадни води и инсталации за нивна обработка во селата Претор, Стење, Крани, Долно ...

Повод: Одложено гласањето во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), за усвојување на предлог-извештајот за Македонија По предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) вчера го одложи гласањето за усвојување на предлог-извештајот за напредокот на пристапниот процес на Македонија, за 24 јуни. Изготвувачот на споменатиот извештај, Томас Вајц, во образложението на ...

енцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари, особено во регионот на Западна Македонија, со цел спречување на внесување и ширење на болеста од соседна Албанија во земјава. Засилена е контролата на движењето и транспортот на животни од видовите овци и кози по добиеното известување вчера вечер преку европскиот систем за пријава на болести (ADIS) на Светската организација за ...

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Зелен хуман град во Советот на Град Скопје денеска не дозволија да се расправа за дивоградбите во Општина Чаир. По барање на градоначалничката Данела Арсовска беше свикана вонредна седница, но бидејќи советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Зелен хуман град не гласаа или беа воздржани за дневниот ред, немаше мнозинство, па седницата не се одржа. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваа Арсовска да се обрати од ...

На предлог на известувачот за Македонија, Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за земјава за 24 јуни. Членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на ЕП на денешната седница требаше да гласаат за усвојување на Предлог-извештајот за 2023 и 2024 година за земјава подготвен од австрискиот европратеник Вајц. Како што јави дописникот на МИА од ...

Иницијативата „Support Kocani“ речиси три месеци макотрпно собира средства, но и медикаменти за повредените во трагедијата во „Пулс“. Пожртвуваноста на младите кои се здружија со цел да помогнат на секој еден кој има последици од кобниот 16 март, продолжува. Контактираат со компании, иселеници, странци кои им испраќаат по цели куфери со потребни работи за преврски. „Денес стигна уште една донација од сограѓани во Чикаго, лепенки за лечење на ...

По трагичната смрт на тригодишно дете кое било хоспитализирано во Општата болница со проширена дејност во Кавадарци, денеска во установата се спроведува вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Воедно, болницата информира дека е формирана и внатрешна комисија која ќе ги испитува сите околности поврзани со случајот. Од болницата соопштија дека со „огромна тага и жал“ ја информираат јавноста за ...

Состојбата со повредените во трагичниот пожар во Кочани постојано се следи, има напредок во нивното лекување што се спроведува во домашните болници, а државата има капацитети да одговори на потребите за понатамошен третман, истакна директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашко Клековски на денешната панел дискусија „Кочани е нашиот приоритет“ во Владата. -Во моментот имаме 12 повредени на лекување во болница, од тоа седум се во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во моментов нема јасни информации за тоа што ќе предложи руската страна на најавените преговори во Истанбул, закажани за понеделник. „Ние го немаме тоа, Турција го нема, САД го немаат тоа, а ниту другите партнери. Засега не изгледа многу сериозно“, рече Зеленски. Тој истакна дека во петокот разговарал за ова со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека „сите сакаат Русија да ...

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија влегува во завршниот дел од подготовките за настапот во ЦЕВ Европската Златна лига, која за нашите репрезентативци започнува овој викенд со турнир во словачката престолнина Братислава. По две недели напорна работа, селекторот Јошко Миленкоски им даде краток одмор на одбојкарите, па викендов имаа два дена слободни. Но веќе од понеделник изутрина, тимот се врати во Струмица, каде акцентот сега е ...

Симоне Инзаги ја напушта клупата Интер по взаемен договор, објавија официјално од клубот. Тој ќе продолжи да работи во Саудиска Арабија како тренер на Ал-Хилал. Ова е епилогот по денешната средба помеѓу тренерот, претседателот Џузепе Марота и спортскиот директор Пјеро Аузилио. Поранешниот напаѓач го напушта „Џузепе Меаца“ по четири сезони. Во тој период освои шест трофеи, меѓу кои една титула и два Купа на Италија. Под негово водство ...

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, преку писмено соопштение му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски, во кое го обвинува дека му дозволил на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, нелегално да легализира дивоградби. Арсовска вели дека Мицкоски дозволил Висар Ганиу и Ејуп Адеми на секој можен начин да се обидат да ја заплашат и да ѝ се закануваат за да се повлече од разоткривање на, како што вели, криминалот што го прават во ...

На земјиштето до Собранието кон Домот на АРМ, кое е тревник и наместа асфалт и кое е на површина од 1,5 хектари, ќе се забранат градежни активности и протести, собирања и манифестации. Се прогласува за безбедносна зона. Со закон во иднина се забранува продажба на ова земјиштето кое моментално е продадено, но всушност се пропишува како ќе му се земе на купувачот, а парите што ги уплатил ќе му бидат вратени. Тоа место беше купено за градба на ...

Излезе од печат Монографското дело кое е посветена на Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев Рафкин – Гоце Македонски. По повеќегодишни подготовки, промени, дополни и чекања, како и издавачки и библиотекарски регулирања, Монографијата го виде македонското Сонце. Ова дело беше посветено на 87 годишниот живот и дело на Гојко Јаковлевски, а е дело на издавачката куќа „Македонска искра“, од Скопје, печатено на 290 страници, на македонски и англиски ...

Судството во првите три месеци од годинава не било ажурно и биле решени 137.725 предмети, ова беше кажано во образложението на 524-та седница на Судскиот совет на Република Македонија. По точката за разгледување и оценување на тримесечните извештаи за работа на судовите за 2025 година, односно за периодот јануари-март беше констатирано дека повеќето судовите биле неажурни. Почетокот на годината судовите го започнале со 133.882 предмети, а ...

Митрополитот Петар ги нарече „наркомани, пијаници и арамии“, верниците кои деновиве бараа епскопот Партениј да биде дел од процесот на избор на нов митрополит во Охрид, објави „Религија“. Тој во проповед по одржаната литургија, не ги штедел навредите за Партениј, но и за верниците кои го поддржуваа. Митрополитот ги навредувал и ги нарекол „крадци на човечки души“, „арамии“, „пијаници“, „наркомани“ кои се обидувале да ги заведат другите ...

Втора рунда преговори за мировно решение на војната во Украина Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров официјално соопшти во јавноста дека втората рунда преговори меѓу Русија и Украина ќе се одржат во Истанбул на 2 јуни. Кремљ веќе го подготви документот наречен Меморандум за мировен договор, а руската делегација ќе биде подготвена да ѝ го презентира меморандумот на Украина на тој состанок, додаде Лавров. Што изјави рускиот ...

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери кои ќе настапат за македонската репрезентација на претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство против Белгија на 6 јуни во Скопје и против Казахстан на 9 јуни во Астана. На списокот се наоѓаат 27 фудбалери, меѓу кои се проверени имиња и нови надежи. Голманската позиција ја покриваат Стољо Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски. Во одбраната се ...

Австралискиот тенисер Ник Кирјос нема да игра на овогодинешниот Вимблдон. Финалистот од 2022 година објави дека нема да биде подготвен поради повреда на коленото која повторно се влоши. Покрај тоа, тој веќе неколку сезони страда и од повреда на зглобот. Кирјос играше само на еден Гренд слем турнир во последните три години, во Мелбурн оваа сезона, кога загуби од Џејкоб Фирнли во првото коло. „Знам колку со нетрпение очекувавте да ме видите ...

-Венко Филипче лично ја направил спецификацијата за изградба на модуларната болница во Тетово, која поради лошите материјали кои биле вградени, а планирани од Филипче, изгоре како кутивче кибрит, а со себе однесе и 14 животи. Лично Венко Филипче дал готова спецификација во одделот на Министерството за здравство задолжено за спроведување на набавката, велат нашите извори, изјави Валентин Манасиевски на денешниот прес. Тој додаде дека ...

Висок претставник на Хамас за Би-Би-Си изјавил дека палестинската исламистичка вооружена група ќе го одбие најновиот американски предлог за нов прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на заложниците. Белата куќа вчера соопшти дека Израел се согласил со планот на американскиот пратеник Стив Виткоф и дека се чека официјален одговор од Хамас. Израелските медиуми цитираа израелски официјални лица кои рекоа дека Хамас во две фази ќе ...

Работната верзија од извештајот на известувачот Вајц е онаква каква што е – важна и значајна, бидејќи првпат се споменува посебен македонски идентитет, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање. Тој оцени дека Европа има шанса да ја исправи историската неправда и истакна дека „ние имаме македонски идентитет и посебен македонски јазик“, но дека европратениците имаат поинакви ставови. „За жал, од страна на некои негови ...

Пратеничката група на Левица, преку пратеникот Амар Мециновиќ, денеска на прес-конференција најави предлог за измени на Законот за минимална плата со кој се бара зголемување на минималната месечна плата на 30.000 денари, почнувајќи од јули 2025 година. Предлогот, како што истакна Мециновиќ, е изготвен во согласност со барањата на синдикатите и е одговор на тешката економска состојба во која се наоѓаат граѓаните. „Ова го предлагаме веднаш по ...

Формално одделени од матицата, нашинците низ светот се самоорганизираат На 4 јуни 2025 година, во 11 часот, пред Европскиот парламент во Брисел, македонската дијаспора ќе одржи мирен протест. Во повикот, кој е објавен од повеќе македонски друштва и организации, се повикуваат сите Македонци што живеат и работат во европските држави масовно да му се приклучат на протестот. – Овој протест е израз на нашето национално достоинство и поддршка за ...

Бојан Јовановски во својот подкаст и се јави на поранешата обвинителка Вилма Рускоска. Во јавувањето на Боки тој прво рече дека и врти на Вилма од непознат број и оти не е сигурен дали ќе и се јави. Кога Боки и се претстави таа прво се двоумеше дали да говори но сепак прифати кога и кажа дека е во живо. Боки веднаш ја праша дали спие мирно, на што Русковска му одговори дека се разбира оти спие мирно. Се караа како на селска чешма и во еден ...

Сè уште незакрепнати од ковид-пандемијата, која силно ги погоди европските држави, континентот во 2022 година се соочи со нова незамислива криза – војна во Украина. Додека некои во кризата видоа шанса за енергетска транзиција, други овозможуваа кризно профитерство финансирано со буџетски пари преку сектори клучни за државата и граѓаните. Една таква земја е и Македонија, се вели во истражувањето на ИРЛ. Сѐ започна откако во август 2022 година, ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
7.72
70%
1028
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
85%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
6.69
68%
1031
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
4.29
83%
1035
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.15
91%
1024
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.6
74%
1022
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1023
weather icon

Букурешт

-6ᴼ / -8ᴼ
1.54
90%
1033
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
97%
1028
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
7.72
65%
1029
Currency

61.5417

Currency

53.0304

Currency

70.9621

Currency

35.5532

Currency

38.1694

Currency

65.9916

Currency

7.61231

Currency

0.67784

Currency

0.33463

Currency

0.52465

Currency

1.22528

Currency

0.58472

Алуминиум

3.16

Платина

73104.70

Родиум

324722.54

Сребро

2872.23

Кобалт

62.83

Иридиум

198077.91

Бакар

11.73

Рутениум

45750.51

Паладиум

57131.88

Злато

147342.27

Цинк

3.29

Калај

54.43