Пестицидите што со години се користат за јаболковите насади во Преспанскиот регион не завршуваат само на плодовите. Дел од нив, како што покажува најновото научно истражување на младата истражувачка Јована Данова, завршуваат и во дивата флора, во растенија што никој не ги прска, но кои растат во близина на обработливите површини со јасни индикации за ризик по екосистемите и потенцијално по здравјето на луѓето. Истражувањето покажува и тоа ...
Преспанскиот регион е препознатлив по интензивното одгледување јаболка и долгогодишната употреба на пестициди. Но, зад сликата на плодни насади, се крие сериозен еколошки проблем, неконтролираното ширење на хемиски материи надвор од обработливите површини. Истражувањето „Утврдување на состојбата на индиректна контаминација со пестициди на дивата флора во Преспанскиот регион“, на младата истражувачка Јована Данова спроведено во 2025 година, за ...

