По интензивните борби во јужна Сирија, вклучувајќи ја и директната израелска воена интервенција, САД потврдија дека Израел и Сирија постигнале договор за прекин на огнот, пишува „Тајмс оф Израел“. Американскиот амбасадор во Анкара и специјален пратеник на САД за Сирија, Том Барак, изјави дека договорот е поддржан и од соседните земји – Турција, Јордан и други регионални сили. Тој ги повика сите страни во конфликтот да ги прекинат ...

Осумнаесетгодишен австриски државјанин по потекло од Македонија е уапсен во Австрија под обвинение дека планирал да направи бомба за да изврши терористички напад. Според австриските медиуми, властите почнале да го следат во средина на овој месец откако добиле дојава од странска разузнавачка агенција. Тој на интернет покажувал интерес за правење експлозивни направи и за напаѓање објекти на западот и неговите планови се сметале за конкретни. ...

Денес се одржа 15-тата етапа од Тур де Франс, по која е јасно дека Тадеј Погачар незапирливо се движи кон нова титула пред Јонас Вингегор. Денешната етапа се возеше по ридест терен од Мурет до Каркасон во должина од 169,3 километри. Денес славеше соиграчот на Погачар од тимот на ОАЕ Тим Емирати-XRG, Тим Веленс, кој ја помина патеката за 3 часа, 34 минути и 9 секунди, и беше 1 минута и 28 секунди побрз од Виктор Кампенартс (Визма-Лиз а Бајк), ...

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години славеше над Словачка со 65:64 на последниот натпревар на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Ереван. Ова беше интересна битка, израмнето соочување во кое нашите кошаркари подобро се снајдоа и запишаа триумф со кој го освоија 17. место на турнирот. За избраниците на Самарџиев ова беше четврта победа на седмиот меч на шампионатот, триумф во кој се истакна Луканоски со дабл-дабл учинок ...

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека испраќањето копнени трупи во Украина претставува реална опција во рамки на „Коалицијата на подготвените“, чија цел е обезбедување траен мир во земјата и спречување на нови агресии од Русија. – Воените планови на Коалицијата вклучуваат поддршка од воздух, море и копно – вклучително и евентуално распоредување трупи во Украина. Плановите се доволно развиени за да бидат ставени во функција веднаш, ...

Неконтролиран пожар го зафати Паркот на природата Езерани во Преспа, информираат утрово од Македонското еколошко друштво. Оттаму велат дека утрово Преспа повторно се разбудила обвиена во чад по деноноќното уништување предизвикано од пожарот. „Ова заштитено подрачје сместено на северното езерско крајбрежје важи за едно од најзначајните подрачја за биолошка разновидност во Преспанскиот регион и во државата, дом на голем број растителни и ...

Академик Катица Ќулавкова остро реагира на иницијативата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, за усвојување на заедничка резолуција на Македонија и Бугарија за потврда на македонскиот идентитет и јазик. Таа предупредува дека ваквиот предлог ја загрижува македонската научна и културна јавност и не смее да стане официјален став на државните институции. „Македонскиот јазик има свој историски континуитет, сопствен дијалектен систем, ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска изјави дека Владата води самостојна надворешна политика базирана на заштита на националните интереси и ја отфрли тезата дека земјата се движи кон таканаречениот „српски свет“. – Ние сме македонски свет. Работиме на ширење на интересите на нашата надворешна политика – рече Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата на Мароко, ...

Родителите на деца со попреченост преку петиција бараат законски измени за да добијат статус на родител-негувател. Голем дел од нив не можат да работат поради целосната посветеност на децата. Исклучени од пазарот на труд, сметаат дека треба да добиваат месечен паричен надоместок од државата. Од надлежното министерство велат дека се отворени за соработка и размена на идеи. „Кога имате дете со попреченост, не е едноставно да го чувате додека ...

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена. Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен. Како што соопшти Управата за ...

Довербата на британските граѓани во Соединетите Американски Држави опадна во текот на изминатата година, според новото истражување на јавното мислење објавено денес од Британската група за надворешна политика (BFPG). Според анкетата, само 38 проценти од Британците веруваат дека САД ќе дејствуваат одговорно на меѓународната сцена, што е намалување од 53 проценти во 2024 година. Во исто време, 41 процент од испитаниците изјавиле дека немаат ...

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, ја освои денешната пол позиција за спринтот и главната трка за Големата награда на Чешка во шампионатот Мото ГП. Бањаја стигна до првата пол позиција оваа сезона на патеката во Брно со време од 1.52.303. Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше блиску до освојување на пол-позицијата, но падна од моторот во последниот обид и заврши втор, со заостанување од 0,219 секунди. Фабио Куартараро од Јамаха го освои ...

Ракометарите на Вардар 1961 ќе бидат во групата Ф со Кристијанштад од Норвешка, Феникс Тулуз од Франција и победникот од двомечот меѓу хрватските состави Дуго Село и Сесвете. Ако нема измени заради ТВ правата на одредени земји, вардарци ќе започнат и ќе завршат во групната фаза со домашни натпревари. Европска лига Група Ф Распоред на натпревари: 14 октомври.2025 – Вардар 1961 – Дуго село/Сесвете 21 октомври 2025 – Тулуз – Вардар 1961 11 ...

Успешно заврши акцијата на Дирекцијата за заштита за спасување (ДЗС) и на Министерството за внатрешни работи (МВР) за извлекување на планинар со скршеница на ногата од непристапен терен на планината Пелистер. За епилогот на акцијата попладнево преку објава на својот фејсбук-профил информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој напиша дека во неа од страна МВР учестувале тројца припадници на Одделот за воздухопловни единици и ...

Министерството за здравство информира дека од именувањето на министерот Азир Алиу на 9 јуни, започнал интензивен процес за засилување на здравствениот кадар низ целата држава. Во изминатиот месец се реализирани или се при крај над 950 нови вработувања во јавните здравствени установи, вклучувајќи лекари, медицински сестри, лаборанти, болничари, техничари, психолози, социјални работници, хигиеничари и друг неопходен персонал. Од Министерството ...

Антикорупциска ќе продолжи да работи и да ги извршува должностите-ова е нивниот став за дел од медиумите по поднесеното обвинение против актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска. Претседателката Димитровска и денеска недостапна за медиумите, а од ДКСК ни кажаа дека со официјален став ќе излезат утре, бидејќи денеска е недела. На Димитровска, на товар ѝ се ставаат две кривични дела, оддавање службена тајна во врска со предметот ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, продолжува со имплементација на мерките за директна финансиска поддршка на ранливите категории граѓани, со цел намалување на трошоците за потрошена електрична енергија. Овие мерки се насочени кон унапредување на животниот стандард на домаќинствата со деца со попреченост, како и на семејствата згрижувачи. Ве информираме дека Министерството донесe Решенија за финансиска поддршка на ...

Од ССМ велат дека синдикалната минимална кошничка сега изнесува 65 328 денари или околу 1 100 евра За нешто повеќе од 10 евра пораснала вредноста на минималната синдикална кошничка од јуни до јули, согласно последните анализи што ги прави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Оттаму велат дека сега синдикалната минимална кошничка изнесува 65 328 денари или 1062 евра, а доколку во пресметката влезе и изнајмен стан од 60 квадрати за еден ...

Дејмиан Лилард е последната голема НБА ѕвезда која одлучи да се врати во јатото кое го одведе до најголемите височини во американската кошарка, па по низата шпекулации кои се појавија во изминатите неколку дена, сега самиот потврди дека е официјализиран кам-бекот во Портланд. Фантатичниот плејмејкер пред две години со тешко срце го напушти Портланд во потрага по шампионски прстен, но откако не се снајде баш најдобро во Милвоки, реши да се ...

Македонскиот олимписки комитет ја претстави младинската олимписка делегација која ќе ја претставува Македонија на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025. Оваа година, земјата ќе настапи со рекорден број од 203 учесници, меѓу кои 181 спортисти, придружени од тренери, официјални лица и доктори. Фестивалот што ќе се одржува од 20 до 26 јули во Скопје ќе обедини над 6000 учесници, вклучувајќи 4300 спортисти и тренери, 700 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар Фридрих Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“ од првично планираното, со цел да ги даде на Украина, пишува денес американскиот весник „Волстрит џурнал“ (WSJ). „Во телефонски разговор со Мерц, Трамп му понудил на Берлин да продаде не два, туку пет системи „патриот“. Германскиот лидер веднаш се согласил, иако финансирањето на купувањето треба да го ...

Во гаснење на пожарот помеѓу Желино и Еребино, со кој се зафатени сува вегетација и грмушки, од 16 часот ќе бидат вклучени два авиона „Ер трактор“, најави Дирекцијата за заштита и спасување. На терен веќе се дејствува со еден армиски хеликоптер, еден полициски камиони марка МАН со цистерна од осум тона и воден топ, два пинцгауери, еден „хермелин“, 30 војници и повеќе екипи на скопската бригада за противпожарна заштита заедно со пожарникарите ...

Подобри услови за работа, признавање на образованието, преквалификации од една специјалност во друга, доедукација, повисоки плати се меѓу причините поради кои медицински сестри заминуваат на работа во други земји. Со недостиг на медицински сестри се соочуваат земјите од регионот, меѓу кои и Македонија, но и дел од другите европски земји… Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението ...

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од бугарски служби и медиуми, со поддршка од опозициската СДСМ. Лефков тврди дека операцијата се води преку мрежа од бугарски портали и т.н. „mushroom“ веб-страници кои ширеле дезинформации и лаги со цел да ...

Историски подвиг на доктор Сашко Кедев – стана првиот Македонец кој успеал да се качи на сите 14 планински врвови над 8000 метри надморска височина. Тој утрово беше дел од тимот на експедицијата G1 предводен од „Имеџин Непал“, кој успешно го искачи Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан. Во тимот беа д-р Сашко Кедев (Македонија), Ванг Жонг (Кина) и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа. „Со ова успешно искачување, д-р Кедев го ...

Образовните асистени не може трајно да бидат вработени, како што бараат родителите на децата со атипичен развој, бидејќи потребите во училиштата се менуваат, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска во интервју за Радио Слободна Европа. Ако во иднина се појави можност за такво нешто, мнистерката вели дека со задоволство ќе го прифати, но сега нема да дава лажна надеж. -Мојата порака до родителите е да бидат мирни. ...

По пожар во стан, шест лица и едно дете поради зашеметеност од чад и болки во градите вчера биле пренесени на Универзитетска клиника за токсикологија. Како што се наведува во денешниот МВР-билтен, вчера во 16:30 часот по пријава за пожар во стан на булевар „Кочо Рацин“ бр. 75, на втор кат, во Скопје, полициски службеници од ПСОН-Центар на местото констатирале дека од засега непознати причини настанал пожар во станот. Територијалната ...

Фудбалерите на Вардар не успеаа да остварат втора победа над Ла Фиорита, но и ремито од 2-2 е доволно за македонскиот претставник да се пласира во второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. „Црвено-црните“ беа на чекор од втора победа, меѓутоа во 93 минута Јанкулов си постигна комичен автогол откако не се разбра со голманот Талески. Претставникот на Сан Марино го отвори мечот со голот од пенал во 10 минута преку Фелипе. Овој ...

Американскиот претседател Доналд Трамп разговара со медиумите заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, од Белата куќа. Во разговор со новинарите, Трамп ѝ се закани на Русија со нови тарифи од 100 проценти ако не постигнат мировен договор во Украина во рок од 50 дена. „Многу сум незадоволен од Москва“, рече тој. Потоа Трамп додаде дека постигнал договор за испорака на оружје во Украина. „Ќе испратам врвно оружје до НАТО, кое потоа ќе ...

„Македонско најдобро“ е новата кампања преку која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се обиде да го зајакне и зголеми производството на домашни земјоделски производи, да ја подигне свеста за квалитетот и автентичноста на овие производи и да обезбеди полесен пристап на граѓаните до овие производи. „Кампањата „Македонско најдобро“ ќе биде препознатлива по специфично лого кое преку сонцето и почвата не потсетува дека ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
85%
1027
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.0
87%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
0.84
62%
1026
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.07
88%
1027
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.59
93%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 8ᴼ
0.89
79%
1024
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
87%
1027
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
75%
1028
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
87%
1025
Currency

61.635

Currency

52.7403

Currency

70.7103

Currency

37.3969

Currency

38.5558

Currency

67.61

Currency

7.66296

Currency

0.68067

Currency

0.3349

Currency

0.52515

Currency

1.19974

Currency

0.57587

Паладиум

57164.03

Калај

57.67

Рутениум

45750.51

Сребро

3043.39

Злато

173443.31

Родиум

384201.42

Платина

75811.46

Алуминиум

3.15

Кобалт

64.04

Иридиум

212342.22

Бакар

12.14

Цинк

3.33