Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија беше едногласно избран за нов митрополит Дебарско-кичевски. Како што стои во објавата на црковниот портал „Литургија.мк“, денот на ракополагањето во епископски чин на игуменот Георгиј ќе биде дополнително објавен. Дебарско-кичевската епархија остана без прв човек откако минатата година во ноември по кусо ...

Под раководство на Обвинителството за организиран криминал и корупција, приведени се над 10 актуелни полициски началници и полицајци кои биле на смена ноќта на 16 март 2025 година кога се случи страшната трагедија во дискотеката „Пулс“ во која изгореа 62 млади лица, а над 200 се повредени. Според неофицијалните сознанија, раководните лица и полицајците се од СВР Штип и од Полициската станица Кочани. Досега ОЈО за организиран криминал има ...

Со гордост сакам да ви соопштам дека вчера, на Комисијата за транспорт и дигитална трансформација, 4 клучни закони кои се однесуваат на дигитализација на државните служби и услугите кон граѓаните, го поминаа првиот собраниски филтер, изјави Тони Јаревски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за Законот за електронски комуникации, Законот за безбедност на мрежи и информациски системи, Законот за архивски материјал, како и ...

Македонската тениска репрезентација денеска го претрпе првиот пораз на турнирот од 3. Европска група на Дејвис Купот во Скопје. Нашите тенисери загубија од Црна Гора, па сега пред нив како клучен е утрешниот трет меч од групата против селекцијата на Молдавија. Со победа Македонија ќе има шанси за пласман во Втората Светска група, па затоа нашите тенисери предводени од Калин Ивановски кој се очекува утре да заигра за нас во сингл натпреварите, ...

Франко Мастантуоно, аргентинското чудо од дете, потпиша за Реал Мадрид. Фудбалерот на Ривер Плата, потпиша договор со мадридскиот клуб на шест години. Мастантуоно брзо доби повик во репрезентацијата на Аргентина, за која неодамна дебитираше. Тој претставува врвен талент, а Реал мораше да потроши дури 45 милиони евра за да го доведе во своите редови. Мастантуоно ќе наполни 18 години во август, што би значело дека треба да игра на Светското ...

Израелски трупи ги уапсија активистите од едрилицата „Медлин“ кои тргнаа да достават помош во Појасот Газа, а активистите, вклучувајќи ја и Грета Тунберг, ќе бидат испратени дома, соопшти израелското Министерство за надворешни работи. Израел објави видео на кое се гледаат притворените активисти, „безбедни и неповредени“, како ги придружува израелската морнарица до израелското пристаниште Ашдод, пренесе „Тајмс оф Израел“. Израелското ...

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денес изјави дека сликите од повреден австралиска новинарка за време на протестот во Лос Анџелес се „ужасни“ и дека неговата влада контактирала со САД во врска со инцидентот. „Веќе ги покренавме овие прашања пред американската администрација. Не го прифаќаме она што се случи“, изјави Албанезе за новинарите, објави Ројтерс. Австралиската новинарка на „9News“, Лорен Томаси, беше застрелана со гумен куршум ...

Партијата Левица повторно го крена гласот во одбрана на работничките права, реагирајќи на најновото зголемување на платите на функционерите, додека минималната плата останува непроменета. Според партијата, ова е уште еден доказ дека Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ води политика во корист на моќниците, а не на граѓаните. „Платите на функционерите растат – платите на работниците стагнираат“, истакнува Левица, нагласувајќи дека ...

Поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во поткастот на А1он, на адвокатот Јанаки Митровски му призна дека поранешниот премиер Зоран Заев од неа барал преквалификација на делото за настаните од 27 април. Ваквата нејзина изјава може да се смета за признание на извршено кривично дело, особено ако се земат предвид одредбите од Кривичниот законик. Потенцијалните прекршувања ...

Основното јавно обвинителство во завршните зборови на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев. За таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, се бара од судот да му одреди соодветна затворска казна. „Казната според Кривичниот законик е од 10 години до доживотен. Нема олеснителни околности за ...

Со стапување во сила на новиот закон за игри на среќа, кој е во владина процедура, се очекува да се намали бројот на клубови кои приредуваат игри на среќа, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговорот на новинарско прашање денес на настан на Машинскиот факултет во Скопје. – По неколку месеци работа на Законот за игри на среќа и негово усогласување, тој е готов. Очекувам овој месец да ја помине владината процедура и потоа да ...

Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ со формално име „Друштво за обезбедување на имот и лица Рубикон Секјурити Солушнс увоз-извоз ДООЕЛ Кисела Вода Скопје“ ја изгуби лиценцата, потврдуваат од МВР. Нејзиниот таен сопственик Александар Нацев е во 30-дневен притвор и е осомничен за аспекти од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде обезбедувачи на „Рубикон“ биле присутни ноќта ама без да имаат склучен договор со нелегалното кабаре. ...

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп испраќа 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес, по два дена изолирани судири меѓу федерални имиграциски агенти и демонстранти. Според федерални функционери, гардата ќе помага во операциите поврзани со засилените мерки на Трамп против илегалната имиграција. Пред федералниот притворен центар во центарот на Лос Анџелес веќе се распоредени неколку десетици војници на Националната гарда ...

Манчестер Сити работи со забрзано темпо и сака да го засили тимот со неколку фудбалери пред стартот на Светското клупско првенство, па така во период од 48 часа го потврди и третото засилување. По голманот Маркус Бетинели од Челси и левиот бек Рајан Аит Нути од Вулверхемптон, Манчестер Сити денеска го потврди и највозбудливиот фудбалер за кој се говореше во последно време, Рајан Шерки. Новопечениот француски репрезентативец блесна на дебито ...

Македонската репрезентација во првото коло од Дејвис Купот – Трета Европска зона стартуваше со максимална победа од 3-0 против Малта. Триумфот има поголема тежина ако се знае дека поради повреда нашиот најдобар играч Калин Ивановски денес не беше во можност да игра. По двата сингл триумфа на Берк Бугариќ и на Стефан Мицов и македонската комбинација Бугариќ, Амар Хусеиновиќ со 2-0 во сетови ги совлада ривалите Лиам Деликата и Страхиња Ѓукиќ со ...

Лорен Томаси, американска дописничка за австралиската подружница на CNN, Channel Nine, беше погодена од гумен куршум испукан од полицијата за време на нејзиното емитување во живо од Лос Анџелес. Томаси почувствувала болка во телото, но не била повредена, се вели во соопштението на телевизиската мрежа. Да потсетиме дека тензиите во Лос Анџелес ескалираа вчера, кога илјадници демонстранти излегоа на улиците затоа што американскиот претседател ...

Интер имаше лоша завршница на сезоната по што клубот се одлучи да направи одредени промени од кои засега најзначајната е заминувањето на тренерот Симоне Инѕаги кој ја прифати понудата од Ал Хилал од Саудиска Арабија. Ова за калчолигашот значеше дека ќе мора да бара соодветна замена, па откако не успеа да го донесе Сеск Фабрегас од Комо, италијанскиот прволигаш се насочи кон легендата на клубот Кристијан Киву. Романецот имаше седум успешни ...

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа победа на најтешкото гостување во циклусот кај Казахстан во Астана (0-1) и по четири одиграни натпревари е на врвот на табелата во квалификациската група за Светското првенство (СП) кое се игра во 2026 година во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Дуелот беше доста тежок на вештачката трева, но важни на крајот се бодовите кои се на контото на „рисовите“- со осум се пред Велс кој ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг се согласил да дозволи извоз на ретки земни минерали и магнети во Соединетите Американски Држави. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг се согласил да дозволи извоз на ретки земни минерали и магнети во Соединетите Американски Држави, што би можело да ги намали тензиите меѓу најголемите економии во ...

Мерка притвор во траење од 30 дена му одреди Основниот суд – Кочани на Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“. Основното јавно обвинителство – Кочани ја прошири истрагата за Нацев, чија агенција ја обезбедувала дискотеката „Пулс“ кога се случи трагичниот пожар и за него побара ефективен притвор. Тој беше осомничен дека сторил „тешки дела против општата сигурност“ и дека раководел со деловниот потфат и целокупното ...

Трагедијата во Кочани станува претежок камен околу вратот за Владата на Христијан Мицкоски, а таа не успева да изнајде наратив не само како да се справи со последиците, туку и на најчовечко ниво да најде допирна точка со родителите на загинатите. Многумина тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ дека на пропагандно ниво партијата работи како подмачкано со високо ниво на ефикасност, но изгледа дека запчаниците за кризен менаџмент зарѓале и реакциите кога треба ...

„Како дел од акцијата „Шилд“ на Европол, успешно спречивме два меѓународни канали за нелегална трговија со анаболични стероиди, при што запленивме 600 кг супстанци штетни по здравјето на граѓаните. Со БЈБ запленивме речиси 200 кг марихуана. Во периодот од октомври 2024 до сега, поднесовме 65 кривични пријави за криминални дела со употребувани возила коишто може да бидат употребувани и во криминални дејствија доколку нема евиденција при нивен ...

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје и на улиците низ македонските автопатишта, односно безобѕирно ќе управуваат моторно возило, трајно ќе се одзема возилото и од утредента ќе биде ставено во функција на Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјала, детска градинка Цветче итн., изјави министерот за внатрешни работи Панче ...

На нов тендер Министерството за внатрешни работи ќе бара униформи за 6.000 полицајци, најави денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. За него не е спорно што мало модно студио и тукушто отворена фирма треба да испорачаат униформи за специјалната полиција за 3,8 милиони евра и вели дека набавката била спорна за јавноста не оти е незаконска туку поради што немало доволно критериуми во тендерот, па освен оваа, најави уште една, ...

Додека Македонија била во енергетска криза, а народот плаќал повисоки сметки за струја милионски суми од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми на Заев а кои се во тесна врска и со Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Фирмата Зобек мининг група која му го купила аудио на Филипче продавала јаглен на ЕСМ по цена од 82 евра, а го купувала за 30. Разликата во цена никогаш не влегла во Македонија, туку завршила на сметки на фирми на ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека Израел ги вооружува клановите во Газа, за кои вели дека се против Хамас. Тој се огласи откако израелските медиуми цитираа извори од одбраната дека Нетанјаху одобрил давање оружје на една група од југот на Газа. Неколкумина политичари го обвинија Нетанјаху дека ја загрозува израелската безбедност. „Што не е во ред со ова? Тоа ги спасува животите на израелските војници, а објавувањето само му ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја повика Австралија да ги зголеми своите трошоци за одбрана на 3,5% од бруто домашниот производ за време на состанокот со австралискиот министер за одбрана Ричард Марлес, соопшти Пентагон во неделата.Шефовите на одбраната разговараа и за безбедносни прашања, вклучително и забрзување на растот на одбранбените капацитети на САД во Австралија, унапредување на соработката во одбранбената индустриска ...

Убиството на дете не е само суровост, тоа е напад врз човечноста. Чин што не може да се оправда. Морбидните дела ја потресоа јавноста. Манев, Боре, Кешишев и Палевски сковале филмско сценарио. Со овие зборови обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска ги почна завршните зборови со кој привршува судскиот процес за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски што се случија во ноември 2023 година. – Најпрво сакале ...

Здружението „Инженери на Република Македонија“ упати претставка до Владата и до Министерството за транспорт со барање за исклучување на можноста трасата на идната брза железничка пруга да поминува низ просторот резервиран за реализација на проектот „Вардарска долина“. – Во време кога светот се стреми кон обновливи извори на енергија и одржлив развој, „Вардарската долина“ се наоѓа на крстопатот на историската одлука на оваа Влада која ќе го ...

Рамиз Мерко, градоначалник на Струга доби ослободителна пресуда во случајот поврзан со набавката на луксузниот автомобил „ауди“ во вредност од 67.000 евра, поради недостиг на докази дека сторил кривично дело. Судот утврди дека во процесот на јавната набавка нема докази кои укажуваат дека Мерко имал намера да ја злоупотреби својата службена положба. Неговиот адвокат, Игор Петковски, изјави дека пресудата покажува оти не било сторено никакво ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1026
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
5.66
72%
1028
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
85%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
5.66
69%
1031
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
4.05
82%
1035
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.34
92%
1024
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
74%
1022
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1023
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -8ᴼ
0.89
83%
1035
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
98%
1028
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
4.63
81%
1029
Currency

61.5417

Currency

53.0304

Currency

70.9621

Currency

35.5532

Currency

38.1694

Currency

65.9916

Currency

7.61231

Currency

0.67784

Currency

0.33463

Currency

0.52465

Currency

1.22528

Currency

0.58472

Иридиум

198077.91

Бакар

11.73

Алуминиум

3.16

Сребро

2872.23

Платина

73104.70

Паладиум

57131.88

Кобалт

62.83

Цинк

3.29

Родиум

324722.54

Рутениум

45750.51

Калај

54.43

Злато

147342.27