На 19 ноември ќе седнеме во судницата со тешки срца, но со непресушна волја. Ние нема да дозволиме случајот да биде сведен на бројки и бирократски фрази. Шеесет и три сенки ќе ве следат, порачуваат во обраќање до јавноста родителите на дел од загинатите млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“ пред почетокот на судењето кое е закажано за 19 ноември. Обвинетите за трагедијата ги нарекуваат убијци, а она што за нив е уште поболно е тоа што ...

Соработката меѓу ДУИ и Левица станува сè поочигледна, Катка Левица и Ардит Исмаили,ПИ-АР на Бајрам Реџепи од ДУИ ДУИ кандидат за градоначалник на оптона Тетово денеска се уловени заедно во кафуле, токму пред вториот изборен круг за овие локални избори. На фотографијата се гледаат Катка Левица и Ардит Исмаили, пиарџија на ДУИ, кои ја потврдуваат блиската координација меѓу двете партии пред вториот круг од локалните избори. Според извори од ...

Апсолутно е неточно. Со овие зборови лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, денеска одговори на шпекулациите што деновиве се појавија во јавноста за наводни разговори меѓу актуелниот градоначалник на Струга во заминување, Рамиз Мерко, со ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН за вториот круг од локалните избори. Насловите на дел од порталите, од кои речиси сите со прашален знак на крајот, уследија по објавата на Мерко на социјалните мрежи дека во ...

Менаџерскиот тим на Македонска навигација (М-НАВ) плаќа адвокатско друштво за услуги по цена од 200 евра за час, без ДДВ, објави „СДК.мк“. Во Договорот до кој дошол порталот, склучен лани во декември, е наведено дека во старт за два дена (за 48 часа) на адвокатското друштво М-НАВ ќе му исплати 9.600 евра – пари за кои пишува дека се само за „првичниот момент“. „Сите останати правни советувања кои не се опфатени во Фаза 1 и Фаза 2, ...

Претпоследниот натпревар од 10.коло во ПМФЛ се одигра попладнево во Кратово. Таму домашниот тим на Силекс славеше очекувана победа над битолски Пелистер со 3-1. Уште во 11-тата минута Дарко Додев го отвори резултатот, со првенецот за него сезоната, за водство на Силекс од 1-0. И во продолжението на натпреварот, кратовци беа оние кои имаа повеќе од играта и го загрозуваа противничкиот гол. Се заканија, Донов и Мирчевски, но до крајот на ...

Реал Мадрид победи во 191-то „Ел Класико“. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, Реал ја совлада Барселона со 2:1. Реал го надигра најголемиот ривал, особено во првиото полувреме, забележа победа и стекна пет бода предност пред Барселона. На две различни полувремиња сведочеа гледачите на „Сантијаго Бернабеу“. Брилијантно прво полувреме, со многу шанси и бледо второ полувреме. Започна бурно, веќе во втората минута судијата досуди пенал за домашната ...

Два натпревари го отворија 10-то коло во Првата македонска фудбалска лига. Струга го забележа првиот пораз, откако загуби дома од Брера, додека скопските ривали Работнички и Македонија ЃП одиграа здодевен натпревар, заврши без голови. Победата, екипата од Струмица ја најави во првите седум минути, кога по гол постигнаа Наумчески и Стојанов во седмата минута. Струга возврати преку Зенку во 11-та минута, но Брера стигна до трет погодок десет ...

Ливерпул минатата сезона доминантно дојде до титулата во Премиер лигата, загуби само четири натпревари, оваа во првите девет рунди, екипата на Арне Слот веќе има четири порази. Вечерва во Лондон, Брентфорд го победи Ливерпул со 3:2. „Црвените“ го забележаа четвртиот последовен пораз во Премиер лигата, односно загубија пет од последните шест натпревари. Брентфорд во целост го надигра Ливерпул. Домашните фудбалери играа со повеќе желба, беа ...

Соединетите Американски Држави воведоа санкции врз руските нафтени гиганти „Роснефт“ и „Лукоил“. Американскиот претседател Доналд Трамп за првпат воведува санкции врз Русија откако се врати во Белата куќа и има за цел да ги намали клучните приходи од нафта што ја финансираат воената машина на Русија. Овој потег го означува најновиот пресврт на администрацијата на Трамп, од притисок врз Киев да се согласи на мировен договор до растечко ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како што рече, се должи на резултатот на изборите во првиот круг особено во некои скопски општини. -За мене во изминатата година и пол после таков тежок пораз лани, после интензивна работа, сега овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период, затоа што ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ во гостување во Дневникот на ТВ Сител не откри дали неговата партија во вториот круг од локалните избори во Општина Кичево ќе заземе страна меѓу актуелниот градоначалник Фатмир Дехари од „Националната алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски. На прашањето дали Левица ќе поддржи некој од двајцата, Мециновиќ избегна ...

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека во изминатите денови разговарал со повеќе влијателни претставници на меѓународната заедница „бидејќи и до нив стигнало однесувањето на кандидатот од Вреди за Брвеница“. Според него, тие со жалење и неверување реагирале на фактот дека во 21 век некој може да користи таков речник. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека откако кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница, Хаќим Рамадани од Вреди, прво ...

Откако Скопје се удави во ѓубре денеска приведен е директорот на „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми, потврдуваат од Обвинителството и МВР. Освен Рустеми приведено е уште едно лице од раководството на претпријатието, но нема информации за кого станува збор. – Полициски службеници по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје денеска лишија од слобода две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за ...

Од 27 октомври 28 октомври, „Визер“ започнува со пет нови авионски линии од Меѓународниот аеродром Скопје и од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид, соопштуваат од ТАВ Македонија. Новите дестинации се Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел. Утрово во 6:05 часот полета првиот авион на линијата Скопје – Стокхолм (Арланда), а подоцна денеска ќе следуваат летовите до Бари и Базел. Утре започнуваат летовите кон Мадрид и повторно воспоставената ...

Скопје и Македонија, од вторник 28 октомври, ќе бидат во центарот на светската енергетска сцена. Во периодот од 28 до 30 октомври 2025 година, во Скопје ќе се одржи 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), под наслов „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија / From Goals to Action: Powering the Future with Sustainable Energy“, информираат од министерството за енергетика, рударство и минерални ...

Фудбалерите на Милан и Пиза одиграа нерешено 2:2 во првиот натпревар од осмото коло во Серија А. Росонерите пропуштија одлична шанса да ја задржат лидерската позиција во дуелот со екипа која е во зоната за испаѓање. Вака Милан, со натпревар повече има два бода повеќе од Интер, Наполи и Рома Дуелот започна според планот на Масимилијано Алегри. Рафаел Леао го доведе Милан во водство по седум минути. Сепак, аутсајдерот не се предаде. Прво, во ...

Петта победа во низа за шахистите на ШК Алкалоид во петтата рунда од Европскиот клупски куп во шах, кој се одржува на грчкиот остров Родос, но овојпат над актуелниот европски првак Нови Бор од Чешка. Минатата година македонскиот клуб имаше одличен настап без пораз во седумте кола, при што во два наврати ремизираше, но тоа не беше доволно за првото место. Еден од тие два нерешени меча беше токму со Нови Бор, кој потоа стана европски првак, а ...

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, предупреди дека здравствената криза во Газа е „генерациска катастрофа“. Тој повика на значително зголемување на хуманитарната помош за да се задоволат непосредните и долгорочните потреби на населението на територијата, објавува Би-би-си. Тој, исто така, истакна дека прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври овозможи поголем проток на медицинска ...

Премиерот Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има предност пред нејзиниот опонент од СДСМ, ќе биде следниот градоначалник на општината. Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно ја изразиле својата волја и доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која во првиот круг освоила 33 градоначалници, наспроти тројца од СДСМ, а во вториот круг влегла во 26 општини. „Веќе во две општини ...

Родителите на починатите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани денеска го одржаа 28. „Марш на ангелите“, барајќи правдата и вистината за овој случај да излезат на виделина. Родителите го започнаа маршот од „Паркот на револуцијата, а движејќи се во Трговскиот центар, каде се лоцирани повеќе кафулиња во градот, гостите, во најголем број млади, станаа и молчејќи им оддадоа почит на загинатите во пожарот. Манта Стојменова, мајка на Спире ...

Грипот веќе е тука. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје, од почетокот на сезоната 2025/2026 се регистрирани 188 случаи на грип во земјата, што претставува зголемување од 77 проценти во споредба со истиот период минатата година и 36 проценти повеќе од просекот на последните 14 сезони. Најмногу заболени има во Гостивар, каде што досега се пријавени 79 случаи, а највисока инциденца е забележана во Македонски Брод. Институтот ...

Утрово, жителите на Прилеп повторно излегоа на раскрсницата за село Плетвар, спречувајќи обид на компаниите Бехтел и Енка, со придружба на полиција, да отвораат нов рудник за мермер. По деветмесечна блокада на патот кон стариот коп, локалното население покажа дека упорноста и организацијата можат да го одбранат своето тло, воздух, реки и извори за вода. Граѓаните го истакнаа своето право да одлучуваат за судбината на својата земја, без ...

Пратеничката и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска, во објава на „Фејсбук“ оцени дека „ВЛЕН“ отворено соработува со ДУИ на локалните избори. „Едно резиме за колегијалноста во владината коалиција: ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник во Брвеница. ВЛЕН исто така вади кандидат, а во вториот круг се обединија со ДУИ против кандидатот на Мицкоски,“ напиша Мојсоска. Таа додава дека и во Кичево ВЛЕН настапил со свој кандидат, а ...

Независните кандидати од Могила и Македонски Брод, Сашо Пивковски и Милосим Војнески се повлекоа од изборната трка, но нивните имиња ќе останат на гласачките ливчиња во вториот изборен круг на 2 ноември. ДИК појаснува дека законот не препознава откажување на кандидатурата, откако таа е веќе потврдена од изборните органи, што нема да го сопре гласањето. Пивковски вчера ја образложи одлуката на социјалните мрежи, кадешто напиша дека ја донел по ...

Шкендија е првата екипа од првенството на Македонија која оствари триумф во групна фаза во едно европско натпреварување. На тетовскиот тим тоа му успеа со вечерашната победа над ирски Шелбург со минимални 1-0, со што ги освои првите три бода во групната фаза во Лигата на Конференции. Првакот во ПМФЛ до триумфот стигна благодарение на автогол во последните мигови од мечот. Претходно гостите од Ирска имаа статива и уште неколку шанси, додека ...

НБА се соочува со еден од најголемите скандали во својата понова историја, откако тренерот на Портланд Трејлблејзерс, Чонси Билипс, и кошаркарот на Мајами Хит, Тери Розиер, беа уапсени како дел од федерална истрага поврзана со нелегални обложувања и измами во покер игри. Според официјални извори, Розиер бил приведен во Орландо, каде што неговиот тим гостуваше во средата навечер. Обвиненијата против него се поврзани со наводно договарање со ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денес пристигна во Израел за да го зацементира кревкиот договор за прекин на огнот во Газа, постигнат со посредство на САД, кој беше на работ на пропаѓање во последните денови по разгорувањето на насилството и неизвесноста за тоа како да се продолжи со траен мир, јави Тајмс оф Израел. Израел, исто така, во понеделник соопшти дека е идентификувано телото на заложник предаден од палестинските милитанти ...

Софиската митрополија на Бугарската православна црква (БПЦ) соопшти дека на архимандритот Никанор му е изречена црковна казна „аргос“ – целосна забрана за свештенослужење во траење од 15 дена, почнувајќи од 23 октомври 2025 година. Причината, како што е наведено, е „неизвршување или невнимателно извршување на црковните правила, одредбите на црковниот устав, службените должности или законитите наредби на црковната власт“. Архимандритот Никанор ...

На социјалните мрежи се појави видео каде кандидатот за градоначалник на ВРЕДИ во Брвеница во вториот круг – Хаким Рамадани кој доаѓа од партијата на Изет Меџити порачува дека заедно со кандидатите на ДУИ бараат гласови за сите општини каде во втор круг се тркаат Македонци и Албанци, за како што вели да ја одбранат татковината и да покажат кој е газда во доминантно албанските општини. Од Владата коментираат дека нивниот став е јасен. „Ние сме ...

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Могила, Сашо Пивковски, денеска објави дека се повлекува од изборната трка, со што стана јасно дека во вториот круг нема да има гласање, а нов градоначалник ќе биде Драганчо Саботковски од коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот изборен круг, одржан на 18 октомври, Саботковски освои 1.662 гласа, додека Пивковски доби 1.253. Пивковски во својата изјава посочи дека ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
46%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
58%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
54%
1021
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1017
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.73
57%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.0
68%
1021
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
9.26
48%
1008
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
38%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
8.23
31%
1014
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
27%
1017
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
4.63
38%
1020
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
67%
1014
Currency

61.645

Currency

52.3356

Currency

70.8925

Currency

37.5536

Currency

38.1565

Currency

66.8106

Currency

7.6758

Currency

0.68664

Currency

0.32902

Currency

0.52527

Currency

1.16916

Currency

0.56119

Бакар

12.22

Цинк

0.00

Сребро

2561.63

Паладиум

50508.82

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.64

Родиум

319899.93

Платина

68995.50

Кобалт

45.39

Рутениум

56199.51

Калај

50.19

Злато

154701.23