Рама смета дека проектот би бил поинаку оценет доколку зад него стоеле други политички фигури Иницијативата „Отворен Балкан“ не била отфрлена поради нејзината содржина, туку поради луѓето кои ја поддржувале, смета албанскиот премиер Еди Рама. Тој во интервју за „Еуроњуз Србија“ изјави дека главната причина за негативните реакции кон проектот било тоа што зад него стоеле тој и српскиот претседател Александар Вучиќ. „Тоа беше ужасна идеја од ...

Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, изрази надеж дека политичките партии до утре ќе постигнат договор за измените на Изборниот законик, кои се неопходни за исполнување на реформската агенда. Тој не ја исклучи можноста консензусот да биде постигнат во последен момент, иако рокот истекува утре. Рокас денеска, за време на промоцијата на новите возила што Европската Унија му ги донираше на Државниот инспекторат за транспорт, рече дека ...

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска истакна дека и тој е дел од тоа мнозинство што поддржува дека и платите на обвинителите треба да бидат соодветни на нивниот статус и на нивните обврски и должности. -Ако ја гледаме суштината на работата и суштината на проблемот, како држава, што го имаме, за мене барем, како судија, нема дилема. И јас сум дел од тоа мнозинство што поддржува дека „да“ и платите на обвинителите треба ...

Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, објави на Фејсбук пратеникот Бране Петрушевски. Тој вината за исходот на предметот „Талир“ ја насочи кон СДСМ, посочувајќи дека судската одлука е последица на измените на Кривичниот законик што партијата ги предложила и изгласала во 2023 година. „Колку и да се обидува СДСМ да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално ...

Спасувачките екипи пронашле жртви во заглавен лифт, а потрагата по исчезнатите продолжува Драматична спасувачка акција е во тек во центарот на Брисел, каде што пожар зафати облакодер во изградба. Според првичните информации од локалните власти, пронајдени се жртви во еден од заглавените лифтови, додека шест лица сè уште не се пронајдени. Пожарот избувнал во кулата „Окси“, а причината за неговото настанување засега не е позната. Иако огнот ...

Според него, конфликтот во Украина не може да се реши со дополнителна воена помош, туку преку дипломатски напори Бугарија нема да се приклучи на „Коалицијата на подготвените“, меѓународната иницијатива што се залага за продолжување на финансиската и воената поддршка за Украина, изјави денес Румен Радев. Тој нагласи дека земјата треба да биде насочена кон дипломатски активности за прекин на војната, а не кон нејзино натамошно продлабочување. ...

Судот оцени дека работното место било создадено за да му користи, а не поради реална административна потреба Братот на шпанскиот премиер Педро Санчез, Давид Санчез, е прогласен за виновен за административен прекршок и непотизам, а судот му изрече деветгодишна забрана за вршење јавна функција поради неговото именување на висока позиција во културниот сектор во 2017 година. Случајот се однесува на неговото назначување од страна на покраинската ...

Главниот извршен директор на „Нафтогас“, Сергеј Корецки, треба да стане нов украински премиер, потврдија за „Киев Индепендент“ два извори, висок украински функционер и лице запознаено со ситуацијата. Очекуваното назначување следува откако премиерката Јулија Свириденко потврди на 12 јули дека се повлекува од функцијата по најавата на претседателот Володимир Зеленски за реконструкција на владата. Според изворите, Зеленски го предложил Корецки ...

Дваесет и осумгодишно момче почина откако се здобило со повреди при сеча на дрва во атарот на дебарското село Горно Мелничани. Несреќниот случај бил пријавен во ОВР Дебар на 13 јули 2026 година, околу 14:20 часот. Се повредил при сеча на дрва Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за М.Л. од селото Седларево. Момчето се здобило со повреди додека сечело дрва во атарот на Горно Мелничани. Починал при транспорт ...

Од утре, 15 јули 2026 година, повторно ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релациите Скопје – Битола и Битола – Скопје, информира ЖРСМ Инфраструктура. Патничкиот сообраќај се обновува по завршувањето на градежните работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, на делницата од станицата Бакарно Гумно до товариштето „Никола Карев“. На релацијата Скопје – Битола на 15 јули ќе сообраќа возот 641, со поаѓање во 7:06 часот, како и возот 645, ...

СДСМ остро реагираше по пресудата во предметот „Талир 2“, со која поранешниот премиер Никола Груевски беше ослободен од обвинението, а конфискацијата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, познато како „Белата палата“, беше укината. Од опозициската партија оценуваат дека одлуката е доказ дека, како што тврдат, судството и обвинителството работат во корист на власта и овозможуваат поништување на претходните судски постапки против поранешни функционери. ...

Од ВРЕДИ оценија дека новата ослободителна пресуда за Никола Груевски е уште една последица од измените на Кривичниот законик од 2023 година. Според партијата, тие измени создале модел преку кој се избегнува кривичната одговорност. „Уште едно остварување на ДУИ, нова ослободителна пресуда за Никола Груевски. Уште една потврда дека измените на Кривичниот закон од 2023 година се шаблон за избегнување кривична одговорност“, се вели во ...

Неексплодирана артилериска граната со калибар од 75 милиметри била пронајдена во близина на битолското село Меџитлија. Станува збор за граната што потекнува од периодот на Првата светска војна. Гранатата била пронајдена при градежни работи Опасната експлозивна направа била откриена при градежни активности што ги изведувало Јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола. Гранатата била пронајдена во атарот на селото Меџитлија, на територијата на ...

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија денес презентираше отчет за сработеното во изминатите две години – период во кој беа реализирани значајни реформи, обезбедени рекордни вложувања во здравството и воведени политики што директно го подобруваат пристапот на граѓаните до здравствените услуги. Во споредба со крајот на 2023 година, Фондот обезбеди 8,6 милијарди денари повеќе за здравствениот систем, при што вкупните ...

Жената против која се водат повеќе судски постапки поврзани со локалитетот „Куклица“ и на која Основниот суд во Кратово ѝ изрекол мерка на претпазливост со забрана за посетување на заштитениот локалитет, повторно била затекната таму на 11 јули. Од СВР Куманово информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициската интервенција следувала по пријава од посетителка која навела дека на домашни и ...

Наместо да биде меѓу европските лидери и да се бори за интересите на Македонија, премиерот Христијан Мицкоски избра да не присуствува на средбата во Париз, каде што беа собрани лидерите на европските држави. Наместо лично да ја претставува државата и да ги искористи можностите за застапување на македонските интереси, на негово место беше испратен вицепремиерот Беким Сали, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната ...

Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања, застој и секојдневни сообраќајни проблеми. Работите се одвиваат согласно предвидената динамика, а по нивното завршување, повеќе од 100.000 жители ќе добијат современ и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки ...

Во Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска беше извршено примопредавање на функцијата, при што Ѓоко Велковски ја презеде должноста министер од досегашниот министер Фатмир Лимани. Од Министерството посочуваат дека со преземањето на функцијата се обезбедува институционален континуитет во работата, како и во спроведувањето на политиките и реформските процеси во областите на социјалната политика, демографијата и ...

Поранешната прва личност на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска беше прогласена за виновна во Основниот кривичен суд Скопје. Судот ѝ изрече единствена условна казна затвор од една година за две кривични дела – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат, утврдувајќи дека нејзиното постапување директно го нарушило интегритетот на институцијата која треба да биде симбол на чесноста. Судот ...

Од денеска официјално почнуваат да важат измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за користење на електричните тротинети. Според новите законски решенија, електричен тротинет ќе смее да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашната старосна граница од 14 години. На велосипедските патеки и ленти максималната дозволена брзина е 20 километри на час, додека на ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека се прават промени во пет закони за да се овозможи поставување интелигентни транспортни системи (ИТС) на патиштата во државата, што е обврска од реформската агенда. Активностите се спроведуваат во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата. Имајќи предвид дека едно од барањата во реформската агенда е воведување интелигентни транспортни системи (ИТС) во ...

Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда во предметот познат во јавноста како „Талир 2“, во кој обвинет беше поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Иако самата партија ВМРО-ДПМНЕ воопшто не била обвинета во оваа постапка, во рамките на предметот се барала конфискација на нејзиниот имот. Обвинението било изменето по промените на Кривичниот законик Судската постапка продолжила со изменето обвинение по ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. -Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал ...

Осумнаесет нови возила, обезбедени како донација од Европската Унија, денеска беа промовирани за потребите на Државниот инспекторат за транспорт. Министерот за транспорт и заменик-претседател на Владата, Александар Николоски, изјави дека новата опрема ќе му овозможи на Инспекторатот побрзо да реагира и да биде присутен на секоја точка низ државата, пренесе Курир. Контроли на камиони, автобуси и опасни стоки Донацијата опфаќа 16 специјално ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска заедно со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, присуствуваше на промоцијата на нови возила и опрема – донација од Европската Унија наменета за зголемување на капацитетите на Државниот инспекторат за транспорт, во вкупна вредност од 700 илјади евра. Николоски истакна дека станува збор за значајна поддршка која ќе овозможи ...

Досегашниот министер за здравство Азир Алиу денеска официјално му ја предаде функцијата на новоизбраниот министер Сашо Клековски. Алиу беше разрешен од позицијата во рамките на реконструкцијата на Владата, додека Клековски беше избран за негов наследник. Разговарале за тековните проекти во здравството За време на примопредавањето, двајцата разговарале за досегашните проекти, тековните процеси и активностите што во изминатиот период биле во ...

Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. – Јас навистина се надевам дека денеска затоа што е последниот ден за постигнување консензус помеѓу политичките партии компромисот ќе се постигне имајќи предвид дека политичките партии се среќаваат на дневна основа. Така што навистина се надевам дека и овој чекор од ...

Во време кога Европа сè повеќе инвестира во критичните минерали, дел од домашната јавност и понатаму со недоверба гледа на рударските проекти. Универзитетскиот професор Благој Голомеов оценува дека ваквата перцепција не ја следи технолошката еволуција на современото рударство. „Современите технологии овозможуваат целосно безбедна работа на рудниците.“ Според него, токму проектот „Иловица“ предвидува примена на современи технологии, а јавната ...

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик, велат од партијата. „Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на Финаниска полиција првопријавениот Д.П. во својство на управител, заедно со ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Калај

46.54

Паладиум

32279.35