Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
УХМР информира дека топлотен бран доаѓа во Македонија. Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. За утре метеоролозите најавуваат сончево и топло со мала ...
14,5% се повисоки средствата во ставката за реализирање на капитални проекти, а понатаму се зголемуваат средствата и за социјални трансфери и за оние обврски кои што државата ги има кон граѓаните, и за повисоки плати и за повисоки пензии, нешто што сметам дека е суштина на вака поставен буџетски документ“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во Дневникот на МРТ1. Пратеникот Стојаноски напомена ...
Актерот Бен Афлек и шампионот на квиз-шоуто „Jeopardy!“, Џејми Динг, ја освои главната награда во американската верзија на шоуто „Кој сака да биде милионер?“, а парите ќе одат во хуманитарни цели, поточно во фондацијата на иницијатива на актерот за Источен Конго. Дуото стигна до самиот врв со правилно одговарање на 15-тото и последно прашање во епизодата што се емитуваше во среда на ABC. Сите освоени пари се наменети за фондацијата за ...
Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе се зголеми од 64,7 на 66,9 години за мажи и од 64 на 66,6 години за жени до крајот на 2060-тите години, а околу две третини од европските земји се очекува да ја зголемат пензиската возраст за мажи, додека три четвртини ќе ја зголемат за жени, јави „Евроњуз“. Според анализата на „Евроњуз“ на податоците за 32 земји и извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) „Пензиите на ...
Продолжениот празничен викенд голем број граѓани одлучија да го поминат во Охрид, но и во земјите од соседството. Зголемена фреквенција на возила се забележува на патиштата низ Македонија. Поголем број возила на граничните премини „Богородица“, „Табановце“, „Блаце“ , но и на наплатните рампи кон Охрид, особено на патарината кај Гостивар. Продолжениот празничен викенд голем број граѓани одлучија да го поминат во Охрид, но и во земјите од ...
Во недела е Св. пророк Илија-Илинден. Свети Илија беше Евреин. Живееше далеку пред Христа. Потекнуваше од градот Тесвит, по што и беше наречен Тесвиќанец. Кога се роди, околу него татко му виде Божји ангели како го повиваат во оган и го хранат со пламен, што укажуваше на неговата подоцнежна пророчка служба. Младоста ја помина во постојано богомислие и во молитва, честопати повлекувајќи се на пусти места. Прорече многу настани и направи голем ...
Нов топлотен бран ја зафати Босна и Херцеговина, а според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки институт (ФХМИ) се очекува период на екстремно високи температури без значително заладување, јави регионалната телевизија Н1. За најголем дел од земјата е во сила портокалово предупредување за опасно топло време, додека за Херцеговина и делови од северна Босна е прогласен црвен метеоаларм. Причина за високите температури е силно поле на висок ...
Светската фудбалска федерација ФИФА до 14. август треба да донесе одлука за можно проширување на Светското првенство од 48 на 64 репрезентации. Според Скај спортс, ФИФА започнала консултации за новиот формат на натпреварување и планира зголемениот број репрезентации да биде веќе од СП 2030 година. Оваа идеја е поддржана од КОНМЕБОЛ (Федерација на Јужна Америка) која смета дека треба повеќе натпревари да се одиграат во земјите од Јужна ...
На 30.07.2026 во 16:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Лабунишки ливади“, товарно возило „ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Р.П. од Вевчани, излетал од коловозот и се превртел. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Извршен ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за учење македонски јазик, на која учествуваат деца на наши иселеници од повеќе држави ширум светот. Летната школа се одржува од 31 јули до 6 август и има за цел да им овозможи на младите генерации од дијаспората да го изучуваат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, историја и традиција и уште повеќе да ја зацврстат врската со својата татковина. – Македонскиот ...
Кошаркарската федерација на Македонија со особено задоволство ја поздравува официјалната одлука на КК Арис од Солун, со која клубот потврдува дека нема никакви пречки Ненад Димитријевиќ да биде на располагање на македонската репрезентација од 16 август 2026 година и му посакува успех на нашиот национален тим. Сега вниманието природно се насочува кон претстојниот список на селекторот и кон одлуката на Ненад Димитријевиќ. Искрено веруваме дека ...
Американскиот кошаркар Лесли Ворнер е најновото засилување на МЗТ Скопје, откако денеска официјално стави потпис на договорот со нашиот клуб. Станува збор за искусен крилен кошаркар, кој зад себе има богато европско искуство. По четирите години минати на Универзитетот Рио Гранде, првиот ангажман на Стариот континент го имаше во австриски Грац во сезоната 2021/22, која ја заврши во редовите на британски Њукасл. Потоа настапуваше за Капфенберг ...
Летниот период носи зголемен ризик од заболувања поврзани со високите температури, инфекции кои се пренесуваат преку инсекти, како и повреди и здравствени ризици поврзани со активности на вода. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) препорачува навремена подготовка и почитување на следните мерки за заштита на здравјето при патување. Пред да заминете: Информирајте се за здравствената состојба, присутните заразни болести и потенцијалните здравствени ...
Во Велес попладнево се измерени 39 степени Целзиусови, во Виница, Кавадарци и Демир Капија, 38, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија, 37. Во Штип температирата достигна 36 степени, Тетово 35, Битола 34, Крива Паланка и Прилеп, 33, Охрид, 32, Берово 31, Претор 30, Маврови Анови 29, Крушево 28, Попова Шапка 22 – покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што информира УХМР, попладнево ќе се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварив тет-а-тет средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој е во официјална посета на Македонија. -Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави, ...
Денеска попладне, околу 13.00 часот, изби пожар во атарот на валандовското селото Удово, при што пожарникарите итно беа упатени кон тој пожар, но веднаш потоа изби друг пожар на локалната допонија до Валандово, што од слабиот ветар се проширил на околната ниска вегетација, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Посочува дека поради стрмниот тешко прооден терен и густата вегетација полна со трње, од ...
Музејската продавница лоцирана во Порта Македонија од денеска е повторно отворена. По подолг период, граѓаните, но и туристите во специјализираната продавница на Музејот на Македонија, ќе може да пронајдат бројни сувенири и разни производи. Од Музејот посочуваат дека музејската продавница ќе работи од понеделник до сабота, од 9 до 17 часот. В недела и на државни празници продавницата нема да работи. Дел од понудата во музејската продавница се ...
Во вториот квартал годинава најголемата постигната цена на стан продаден од инвеститор по метар квадратен изнесува 206.640 денари (3.360 евра) односно за 50 метри квадратни стран во Центар платени се 168.000 евра, покажува денеска објавениот Извештај од Регистарот на цени и закупнини за периодот април – јуни годинава. Од продажбите на стари станови, најголемата постигната цена по метар квадратен е во Охрид и изнесува 197.408 денари (3.200 ...
На 30.07.2026 во 06:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на пешачки премин на бул.„1 Мај“ во Битола, патничко возило „лада“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 70-годишниот П.Ш. од Битола, удрило во 59-годишната М.М. од Битола. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.М., констатирани во болницата во Битола, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола. На 30.07.2026 во 06:45 часот во СВР Битола било ...
Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка. Особено значајна е замената на дигесторот на Одделението за патологија – апарат набавен пред околу 55 години, уште од ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево на охридскиот аеродром го пречека премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во посета на нашата земја. -Домаќин на посетата е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на политичкиот дијалог и продлабочувањето на економската соработка меѓу двете земји, објави Мицкоски. Охрид, како град ...
Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности. -Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои се под државна надлежност. При надзорите не беа евидентирани ...
Новата генерација полициски службеници 2025–2026 беше промовирана денеска, со што Министерството за внатрешни работи доби 496 нови полициски службеници. Во своето обраќање министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека полициската професија не е само работно место, туку животен избор и повик кој бара храброст, чесност, професионалност и човечност. -Со денешната свечена заклетва не добивате само работно место, туку прифаќате ...
ЈЗУ Клиничка болница Битола денес пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски промовира нова медицинска опрема и инвестиции во таа здравствена установа. Претседателот на Владата и ресорниот министер од директорката Ненси Лозанче беа информирани за нововоспоставените соработки на таа здравствена установа со институции од државата. -Клиничка болница Битола прва во Македонија започна со соработката со ...
На 30.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 08:20 часот на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп, во близина на Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото ...
На Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска се одржа свеченост на која беа промовирани 36 питомци од 26. класа и 1 питомец кој дипломираше на Воената академија „Вест Поинт“ во САД, во прв офицерски чин – потпоручник и 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на Армијата во чин –поручник. На денешната свеченост се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во ...
Заклучно со 30 јули, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска. Од нив, 10 пациенти се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба, соопшти денеска Министерството за здравство. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја повика Шпанија брзо да ја врати контролата врз ситуацијата во Сеута откако десетици илјади мигранти влегоа на шпанска територија од Мароко, јави ДПА. „Заштитата на надворешните граници на Европската Унија е клучна во борбата против нелегалната миграција“, рече германскиот конзервативен канцелар. Тој, исто така, го повика Мароко „веднаш да ги прими назад нелегалните мигранти“, пренесе германската ...
Општина Чаир продолжува со реализација на инфраструктурните инвестиции во населбата Саат Кула, каде што интензивно се изведуваат работи за реконструкција на подземната инфраструктура, како дел од проектот за модернизација на комуналната мрежа и подобрување на условите за живот на жителите. Увид во текот на работите изврши претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, заедно со надлежните служби, при што беше констатирано дека ...
Франција денеска соопшти дека ќе ја зајакне контролата на границата со Шпанија. Одлуката е донесена откако во шпанската енклава Суета за неколку дена пристигнаа околу 50.000 мигранти од Мароко. – Со оглед на ситуацијата во енклавата Сеута, синоќа дадов инструкции веднаш да се зајакнат контролите на шпанската граница. Понатаму, ги активирам Граничните сили за брза интервенција за темелни проверки, објави францускиот министер за внатрешни ...