Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17 часот го лишија од слобода И.А.Л.(34) од Скопје. -Претходно, во 15:10 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(20) од Скопје, при што била причинета материјална штета, информира МВР. При преземање мерки и вршење на ...
Пациентите кои го користат лекот „Фостер“, кој се наоѓа на Позитивната листа на лекови, од овој месец повторно ќе можат да го подигнат од аптеките без доплата, односно ќе ја плаќаат само законски утврдената партиципација за рецепт. Како што информира Министерството за здравство, за оваа промена ги известила компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот, а измените се направени во интерес на пациентите. Истите услови ...
Додека Корејскиот Полуостров го погодува топлотен бран, севернокорејските државни медиуми предлагаат сè, од супа од кучешко месо до пилешка супа, како начини за справување со жештините, а Ким Џонг Ун го прикажуваат како лидер кој ги поднесува тешките услови заедно со својот народ. Државната телевизија вчера јави дека температурата достигнала 36,7 степени Целзиусови, што е највисока температура откако во земјата се води евиденција за ...
Јапонската полиција уапси 32-годишна жена под сомнение дека го попречувала работењето на издавачката куќа „Shueisha Inc.“ со тоа што нарачувала производи повеќе од 2.000 пати, а потоа ги откажувала. Мају Јошида ги прифатила обвиненијата изјавувајќи дека тоа го сторила поради стрес. Според полицијата, таа од јули 2024 до мај 2025 година, нарачувала големи количини фигурини и други производи поврзани со популарната манга серија „One Piece“ ...
Има места каде се јаде добро. Има места каде се спие мирно. И има едно место каде го имате сето тоа и уште многу повеќе. Ловен Дом Берово прераснува во целосна дестинација на Малешевијата. Удобни соби опкружени со шума и тишина. Традиционална кујна со домашни колбаси и специјалитети подготвени како некогаш. Тури со коњи низ планината, адреналински авантури за храбрите и мирни прошетки за оние што бараат одмор. Животни и доживувања за ...
Најмалку 51 Палестинец е повреден во голема рација на израелските сили во бегалскиот камп „Каландија“ на окупираниот Западен Брег, соопшти денеска Губернијата на Ерусалим. Според палестинските власти, израелските сили уривале продавници во близина на контролниот пункт „Каландија“, вовеле полициски час во соседниот град Кафр Акаб и ги затвориле патиштата што водат кон Ерусалим. Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека 35 лица биле ...
Потребни состојки (за 6 хот-дог лепчиња): 7 големи лажици брашно 1 рамна мала лажичка сол ½ кесичка прашок за печиво 1 јајце околу 200 мл јогурт 6 виршли сусам за наросување (по желба) Подготовка: Во сад измешајте ги брашното, солта и прашокот за печиво. Изматете го јајцето. Две третини од него додадете ги во смесата, а остатокот оставете го за премачкување. Постепено додавајте го јогуртот додека не добиете меко и мазно тесто. Тестото може да ...
Екстремниот топлотен бран продолжува да ги погодува Централна и Источна Европа, при што во неколку земји се соборени температурни рекорди, додека сушите и високите температури предизвикаа проблеми со енергетиката и го зголемија ризикот од шумски пожари, пишува „Гардијан“. Словачка, Австрија и Унгарија забележаа рекордни температури. Словачката хидрометеоролошка агенција соопшти дека во Долни Плахтинце вчера се измерени рекордни 42 степени ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отповикал амбасадорите на Украина во Албанија, Хрватска и Црна Гора, согласно претседателските уредби објавени вчера. -Според уредбата отповикан е Володимир Шкуров од функцијата амбасадор во Албанија, кој на оваа дипломатска задача беше од април 2020 година. Васил Кирилич, е отповикан од амбасадор на Украина во Хрватска, како и Олех Херасименко, амбасадор на Украина во Црна Гора, објавија ...
Со натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Силекс што се игра попладнево со почеток од 17 часот на стадионот Чаир ќе стартува второто коло од Првата фудбалска лига. Ова ќе биде и единствениот натпревар што ќе се игра денеска. Утре на програмата се два дуела во два термина. Во 17 часот во Куманово, Башкими го пречекува Тиквеш, додека во вечерниот термин од 19 часот во Штип, Брегалница е домаќин на Арсими. Во недела двата дуела се играат во 17 ...
По пожарите што зафатија повеќе делови на Грција во изминатиот период, завршија проверките од Генералната дирекција за санација на последиците од природни катастрофи и спроведени 325 увиди со цел евиденција на штетите, процена на состојбата на објектите и навременото активирање на постапките за државна помош за погодените, при што 118 објекти биле обележани како „црвени“, односно несоодветни за употреба, јави дописничката на МИА од Атина. Од ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон претседателот на СДС, Венко Филипче, обвинувајќи го дека додека бил министер за здравство, не биле преземени соодветни мерки за случаите со небезбедна вода за пиење во повеќе населени места низ државата. Од партијата тврдат дека, според документи од извршени испитувања кои биле презентирани во јавноста, и за време на владеењето на СДС биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење, меѓу кои ...
Македонската економија бележи позитивен развој како резултат на политиките кои се насочени кон одговорно управување, рационално трошење и заштита на интересите на граѓаните. Домаќинското управување со јавните финансии дава резултати и создава основа за стабилна и предвидлива економска средина, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Најновите официјални податоци покажуваат дека јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8 проценти од БДП, ...
Името Вера е едно од најубавите традиционални женски имиња, кое сè уште е популарно во Македонија. Кратко, едноставно и многу моќно, ова име носи длабока симболика и порака што ги надминува генерациите. Родителите кои го избираат името Вера често го сакаат поради неговото убаво значење, нежниот звук и поврзаноста со важни животни вредности како што се верата, надежта и довербата. Потекло на името Вера Името Вера има словенско потекло и е ...
Кога станува збор за музика, низ годините се опеани бројни феномени во општеството, а во преден план се појави и вештачката интелигенција. Новата песна на бугарската пејачка Галена се вика „ChatGPT“, а во видеото дури се појавуваат и хуманоидни роботи. Имено, Галена објави песна наречена ChatGPT, која всушност зборува за љубовта. Како вештачката интелигенција се вклопува во ова, покажува рефренот кој, преведен вели: „Прашај го ча-ча-ча ...
Стотици илјади жители на југозападна Јапонија денеска добија наредба за евакуација, а повеќе од 500 летови се откажани поради приближувањето на тајфунот „Делфин“. Тајфунот од прва категорија, проследен со силни ветрови, обилни врнежи и високи бранови, полека се приближува кон островскиот појас меѓу регионот Кјушу и префектурата Окинава. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека ударите на ветерот наместа достигнуваат брзина и до 198 ...
Поранешниот гувернер на мексиканската сојузна држава Гереро, Анхел Агире, е уапсен поради сомнение дека наредил уништување докази што можеле да помогнат во истрагата по случајот со исчезнувањето на 43 студенти од учителската школа Ајоцинaпа во 2014 година. Агире кој претходно негираше каква било вмешаност, е осомничен за попречување на правдата и присилно исчезнување, изјави државната обвинителка, Ернестина Годој. Случајот со исчезнувањето на ...
Седум лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во денешното пукање во училиште во округот Банг Круаи во покраината Нонтабури во Тајланд, соопшти полицијата. Во нападот, кој го изврши ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години, повредени се најмалку 15 лица, од кои двајца се во критична состојба. Претходно властите соопштија дека напаѓачот убил наставник и ранил четири лица, од кои тројца ученици. Тајландскиот премиер Анутин ...
Бројот потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина четири илјади, за првпат од почетокот на актуелната епидемија, покажуваат податоците на здравствените власти. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје на Конго, досега во земјата се потврдени 4.053 случаи на заразени со ебола, а од болеста починале 1.850 лица. Епидемијата започна кон крајот на април годинава, а стапката на смртност во моментов изнесува ...
Американски суд ѝ наложи на матичната компанија на Фејсбук, „Мета“, да плати 567 милиони долари за санирање на штетите нанесени врз младите од нејзините платформи. Судијата од Ново Мексико, Брајан Бидшајд, пресуди дека платформите на „Мета“ претставуваат „јавна опасност“ и дека компанијата се вклучила во активност што „ги нарушува јавното здравје, безбедноста и добросостојбата“ во Ново Мексико. „Иако ’Мета‘ не е единствена во овој поглед, ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера потпиша два нови извршни укази со кои се обидува да го ограничи стекнувањето американско државјанство по раѓање, соопшти Белата куќа, Едниот од указите има цел да го ограничи автоматското стекнување американско државјанство за деца родени во САД чии родители немаат американско државјанство, како што се деца на странски владини функционери и претставници и лица со статус на „непријателски ...
По повод одбележувањето 75 години од основањето на Музејот во Охрид, денеска напладне во Галеријата на икони ќе биде претставена исклучително вредната мозаична икона „Исус Христос на престол“ од XIV век. Мозаичната икона била откриена во 1960 година во црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид. Таа претставува исклучително редок пример на пренослива мозаична икона од византискиот период и значајно дело од охридското културно наследство. ...
Актерот Бредли Купер и манекенката Џиџи Хадид ја поттикнаа љубопитноста на јавноста откако пред неколку дена беа забележани заедно во Париз со прстени на левата рака. Тие биле фотографирани додека шетале низ градот, со прстени со сличен дизајн. Двојката била видена и како се држи за раце по излегувањето од теретана, каде што прстенот на Хадид бил особено забележлив. Јавноста на големо зборуваше за нивната венчавка, но ѕвездите по ова ...
Единаесет лица се повредени во напади на милицијата на Хутите, поддржана од Иран, врз Саудиска Арабија, соопшти денеска воената коалиција предводена од Саудиска Арабија. Портпаролот на коалицијата, Турки ал-Малики, изјави дека сите повредени во нападите извршени вчера во јужниот саудиски регион Наџран се цивили. „Терористичката милиција на Хутите ги изведе овие терористички напади користејќи неселективно гранатирање против цивилни објекти“, ...
До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во ...
ОВЕН Денеска е одлично време да се зафатите со вашите лични финансии или со некое парично прашање што влијае на членовите на семејството. Некои од вас може да добијат пари што ќе имаат позитивно влијание врз семејниот буџет. Добро планирајте ги вашите трошоци и водете се од вашите планови за блиска иднина. БИК Денеска играјте на сигурно и не експериментирајте непотребно. Ќе се стремите кон повеќе мир и удобност, а овој ваш став ќе ги води и ...
Света Ана Мајката на Пресвета Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум ? се напишани и службата и житието. Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. После долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост. Тропар Богомудра Ано, во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка Која Го роди Животот. Затоа сега си се преселила кон небесното блаженство, каде ...
Најмалку две лица загинале, а повеќе други се повредени во пукотница училиште во Тајланд. Според извори на службите за итна медицинска помош, загинатите најверојатно се наставници. Мотивот за нападот засега не е познат. Пукањето се случило утринава во училиштето „Дебсирин Нонтабури“ во покраината Нонтабури, северно од Бангкок. Според првичните информации од полицијата, осомничениот напаѓач бил тинејџер, за кој безбедносните сили уште ...
Најмалку две лица беа убиени и 13 беа ранети при експлозија на минибус во предградие на Дамаск, пренесе сириската државна новинска агенција Сана. Претставници на Министерството за здравство изјавија дека внимателно го следат развојот на ситуацијата и оти блиските болници и службите за итна медицинска помош се во зголемена подготвеност. Претставник на службите за безбедност за државната телевизија „Ехбарија“ изјави дека според првичните ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови увозни давачки за полисилициумот, материјал што е клучен за производство на соларни панели и полупроводници, за да ги заштити домашните производители од евтината странска конкуренција. Трамп синоќа потпиша претседателска прокламација со која се утврдуваат минимални увозни цени за полисилициумот и сродните полупроизводи, како и царина од 15 отсто за производите изработени ...