САД воведоа санкции против кубански правни субјекти и лица кои, според Вашингтон, и помагаат на Куба да обезбедува оружје и да одржува воени односи со странски држави. Американскиот Стејт департмент соопшти дека санкциите се насочени кон пет правни и осум физички лица за кои е посочено дека „ги олеснуваат воените односи на Хавана и испораките на оружје до кубанскиот режим“. Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја обвини кубанската ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува војната со Иран да заврши наскоро и додаде дека вооружените сили на САД се соочуваат со тешкотии во испораката на оружје. – Сметам дека тоа ќе заврши многу наскоро. Не мислам дека тие можат да издржат уште многу – рече американскиот лидер во Овалната соба на Белата куќа по повод војната против Исламската Република. Некои американски медиуми во вторникот јавија дека американската ...

Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, информира дека денеска без електрична енергија ќе бидат делови од општина Гази Баба и Бутел. Според најавата, од 2 до 10 часот струја ќе немаат корисниците од Колонија и Идризово, како и дел од корисниците од Јурумлери во Гази Баба, а од 8.30 до 12.30 часот корисниците од селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и дел од корисниците од село Булачани, ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...

Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа над Кипар го отвори настапот на ЕП од Дивизијата „Б“, а селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од пристапот и енергијата што ја прикажаа неговите избраници. Селекторот потенцираше дека има простор за напредок, особено во контролата на топката, и дека тимот веќе ги насочува подготовките кон вториот натпревар во групата, против селекцијата на Исланд. „Добар прв чекор. Како што кажав и ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на турнирот во германскиот град Лајпциг. Ѓорческа во второто коло го предаде мечот против Алена Ковацкова од Чешка. Тетовката во вториот сет прв водство на ривалката со 1-0 во сетови и 2:1 во гемови го предаде мечот. Ривалката го доби првиот сет со 6:1 во гемови, откако поведе со 5:0. На стартот на вториот сет Ѓорческа по 14 одиграни поени го доби првиот гем, но потоа следните два гема и ...

Организаторите бараат 60.000 волонтери за спортскиот спектакл, а пријавувањето е отворено за сите полнолетни граѓани со познавање англиски јазик. Организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес 2028 ги отвори апликациите за волонтери, а Македонскиот олимписки комитет упати покана до сите заинтересирани граѓани од Македонија да станат дел од олимпиското движење. Пријавувањето се врши преку официјалниот портал на ...

Кошаркарскиот клуб Пелистер има нов играч, станува збор за Камрон Мекдауел (23). Овој американски бек-шутер, висок 196 сантиметри доаѓа како големо засилување во Битола и треба да ја поведе екипата кон новиот предизвик во сезоната. Во пет сезони во колеџ-лигата Мекдауел постигна 1.519 поени, а запиша и 317 скокови и 184 асистенции на 92 натпревари. Неговиот севкупен просек е 16,5 поени, 3,4 скока и 2 асистенции во 26,8 минути во игра. ...

УЕФА, која прва реагираше на овие најави, продолжува да врши притисок и најавува дека бојкотот на натпреварувањето на ФИФА е можен и покрај фактот што Инфантино се откажа од својата идеја. На Џани Инфантино не му помогна да се откаже од идејата да ги запознае инвеститорите со сопственичките структури на светилиштето на фудбалот. Не му помогна ниту тоа што го направи тоа во раните утрински часови. А дури ни вчерашниот состанок во Мароко. УЕФА ...

Поранешниот селектор на Хрватска, Златко Далиќ ќе ја преземе репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. Далиќ претходно успешно го водеше Ал-Аин, а сега треба да ја преземе најодговорната функција во тамошниот репрезентативен фудбал. Далиќ ќе заработува околу пет милиони евра годишно, без пресметани бонуси, со што ќе стане најплатениот хрватски фудбалски тренер досега. Со ангажманот на Далиќ, Федерацијата очекува репрезентацијата да ...

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ги одбројува последните десет дена до настапот на ЕП во атлетика, кое од 15 до 17 август ќе се одржи во Бирмингем, Обединетото Кралство. Ивановски ќе настапи на 16 август во 08:10 часот во својата најсилна дисциплина, маратонот, како единствен македонски атлетичар кој обезбеди норма за континенталниот шампионат во 2026 година. Ова ќе биде неговиот 55. настап во дресот на македонската репрезентација, ...

Селекторот на кадетската ракометна репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, не го криеше задоволството по победата над Фарски Острови на ЕП и пласманот во ТОП-12 кој донесе место на следниот Мундијал. Кузмановски истакна дека ова е голем успех, затоа што Македонија е дебитант на овој настан и им честита на играчите за постигнатото. „Честитки за играчите, се бореа иако е овој петти меч физички и карактерно покажаа дека можеме. Е, сега, ...

Парискиот гигант официјално го комплетираше трансферот на францускиот репрезентативец Магнес Аклиуш од Монако за сума од 50 милиони евра. Офанзивниот фудбалер потпиша петгодишен договор со ПСЖ и ќе биде дел на клубот за новата сезона. Аклиуш (24) е фудбалер кој целата досегашна професионална кариера ја помина во Монако, каде што израсна преку клупската академија и постепено се наметна како еден од најдобрите играчи на тимот од Кнежевството. ...

Хиберниан – Шкендија 2:1 е резултат од првиот меч во 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Марко Ѓорѓиевски беше стрелец за Шкендија за 1:1, а головите за домашните беа дело на Елидинг и О`Хора. Па така патникот во плеј-офот ќе се решава на реваншот во Скопје следниот четврток. Хибернијан беше подобар противник во првиот дел, односно Шкендија немаше ниту една посериозн прилика. Две полушанси за шкотскиот тим, а најсериозната ја ...

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против 20 лица за воени злосторства извршени во Ѓаковица во 1998 и 1999 година, а според Радио Слободна Европа меѓу обвинетите е и поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ. Обвинителството побара судењето да се одржи во нивно отсуство. Во соопштението на Обвинителството, обвинетите се идентификувани само со иницијали и се товарат за воени злосторства против цивилното ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија со убедлива победа го започна настапот на ЕП од Б-дивизијата, кое се одржува во Гевгелија и Скопје. Избраниците на селекторот Дејан Стојановски ја совладаа селекцијата на Кипар со 82-63 и на најдобар можен начин го отворија шампионатот. Најефикасен беше Дион Шабани, кој одигра извонреден натпревар и запиша дабл-дабл учинок од 37 поени и 10 скока. Одлична поддршка доби од Александар Зунзуровски, ...

Реал Мадрид официјално го објави продолжувањето на договорот со – Винисиус Жуниор. Бразилскиот напаѓач се обврза кон клубот на долгорочна основа, со својот нов договор до 30 јуни 2032 година, објавија шпанските гиганти. Во своите осум сезони со белиот дрес, Бразилецот одигра 375 натпревари, постигнувајќи 128 голови. Реал Мадрид официјално го објави продолжувањето на договорот со – Винисиус Жуниор. Бразилскиот напаѓач се обврза кон клубот на ...

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) ја одобри новата вакцина против сезонски грип на компанијата „Модерна“, базирана на мРНК технологија, наменета за лица постари од 50 години. Вакцината, наречена „емФлусива“ (mFlusiva), е првата против грип што ја користи истата мРНК технологија која одигра клучна улога во развојот на вакцините против Ковид-19. Компанијата соопшти дека очекува вакцината наскоро да биде достапна кај избрани ...

Австралија ќе инвестира речиси 736 милиони австралиски долари (околу 475 милиони американски долари) за набавка на ракетите воздух-воздух од новата генерација АИМ-260 (AIM-260 JATM), со што ќе стане првата земја надвор од САД што ќе располага со ова оружје. Австралискиот министер за одбрана, Ричард Марлес, ја објави набавката за време на меѓународната воздухопловна воена вежба „Пич блек“ во Дарвин. – Ова е уште еден важен чекор во развојот на ...

Амбасадата на САД во Приштина ги повика политичките лидери на Косово да постапуваат во согласност со Уставот и одлуките на Уставниот суд и што поскоро да ги формираат новите институции врз основа на резултатите од парламентарните избори од 7 јуни. Во одговор за порталот „Газета експрес“, Амбасадата оцени дека долготрајниот политички застој му нанесува штета на Косово и доведува до пропуштени можности. – Дојде време лидерите да му дадат ...

На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Н.(19) од Скопје затоа што вчера (05.08.2026) во 21:20 часот на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Крсто Раковски“ во Скопје, со патничко возило „фиат пунто” удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.К., констатирани во ЈЗУ ГOБ “8 Септември“ Скопје, соопшти МВР. Извршен бил увид од ...

Раководството на Мото ГП официјално потпиша нов договор за соработка со патеката „Силверстоун“, со што беше загарантирано одржувањето на Големата награда на Велика Британија во рамките на шампионатот најмалку до 2028 година. Оваа одлука ја потврдува долгорочната стабилност на трката која се врати на оваа локација во 2010 година, по претходниот триесетгодишен период поминат на „Донингтон Парк“. Претстојната трка закажана за 9 август ќе ја ...

Шпанскиот репрезентативец о најдобриот фудбалер на Светското првенство во 2026 година, Родри е се поблиску до сензационален трансфер во Барселона, бидејќи, според неколку шпански извори, тој веќе дал зелено светло за трансфер на „Камп Ноу“. Истата информација ја објави и новинарот Нил Сола, додека весникот „Спорт“ претходно откри дека германскиот стручњак Ханси Флик, лично разговарал со Родри за да го убеди да го облече дресот на каталонскиот ...

Несовесно паркирање на возило со тетовски регистарски таблички предизвика нервоза меѓу туристи во Улцињ, Црна Гора. На социјалните мрежи беше објавено видео во кое се гледа автомобил „БМВ“ со тетовски ознаки, паркиран така што го блокирал излезот од паркинг за осум други возила. Жената која го снимила видеото апелирала доколку некој го познава возачот или случајно го види, да му пренесе да го помести автомобилот, за да се избегне повикување ...

Традиционалниот меѓународен ракометен турнир во Струга оваа година ќе се одржи помеѓу 12 и 15 август, а организаторите ги соопштија и групите во кои ќе бидат распределени сите екипи-учесници. Во Струга ќе допатува само една екипа од странство – Дубочица од Лесковац, која ќе настапи во групата А, заедно со клубот-домаќин и со екипата на ГРК Охрид. Во групата Б силите ќе ги одмерат екипите на Прилеп Вардар 1961 и Бутел Скопје. Според имињата, ...

Цената на златото денеска достигна највисоко ниво во последните седум недели, поттикната од послабите од очекуваните податоци за вработеноста во приватниот сектор во САД, слабеењето на американскиот долар и очекувањата дека наскоро би можел да биде постигнат договор за повторно отворање на Ормуската Теснина. Спот-цената на златото во текот на денот достигна околу 4.300 долари за унца, пред да се стабилизира на околу 4.260 долари, ...

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека Анкара се надева оти преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран ќе завршат со позитивен исход уште денеска и ќе доведат до брзо обновување на прекинот на огнот и повторно отворање на Ормуската Теснина. На заедничката прес-конференција со сирискиот министер за надворешни работи, Асад ал Шибани, Фидан рече дека Турција ќе продолжи да ги поддржува разговорите меѓу ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициски службеници лишиле од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Сите 15 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, а пет од нив биле малолетници, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Како што се додава во соопштението, по целосно документирање на случаите, ...

Владеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите, објави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил. „Владеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите. Проектот „Безбеден град“ е доказ дека кога има политичка волја, професионална работа и ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Бакар

12.58