Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Македонија, Србија и Словенија планираат заеднички да конкурираат за организација на машкото Европско првенство во ракомет во 2034 година. Европското првенство би се играло во Македонија, Србија и Словенија, при што секоја од трите земји би била домаќин на по две групи. “Во изминатите денови имавме три состаноци со претставниците на федерациите на Македонија и Словенија и начелно се договоривме околу сè. Пред официјално да ја објавиме ...
Четириесет и четиригодишен жител на село Љубојно рано изутринава починал откако изгубил контрола врз моторот што го управувал и излетал од патот. МВР соопшти дека во 05:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на влезот од село Брајчино, ресенско, В.Т.(44) од село Љубојно, ресенско, управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди, мотоциклистот В.Т. починал на местото, а лекар од ...
Специјализирана нуркачка екипа од „тигрите“ трага по исчезнат рибар кој вчера скокнал од чамец во Преспанското Езеро, и не излегол од водата. Според информациите на МВР, вчера 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското Езеро во село Сливница, ресенско, од езерото излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото останале уште двајца рибари, од кои едниот околу 12:20 часот скокнал во езерото по веслата кои му ...
Индонезиските власти запленија 1,3 тони кетамин во вредност од околу 100 милиони евра на брод со странско знаме, соопшти денеска индонезиската агенција за борба против наркотици. Според властите, ова е една од најголемите заплени во историјата на земјата. Уште во февруари, властите добија информации дека бродот „Кинг Сан“ отпловил од источен Тајланд кон Индонезија со „сомнителен товар“. Во следните месеци, бродот бил под надзор. На 7 август, ...
Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, виталните параметри му се добри и е надвор од животна опасност, истакна директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а во тек е и физикална терапија во единицата за интензивно лекување. -Пациентот е во добра ...
Јаткастите плодови се познати како здрава ужина, а ф’стаците се издвојуваат поради нивната висока содржина на влакна, здрави масти, протеини, витамини, минерали и антиоксиданси. Нивната редовна консумација може да придонесе за здравјето на срцето и дигестивниот систем, а исто така може да помогне во одржувањето на стабилно ниво на шеќер во крвта, пишува Health.com. Ф’стаците содржат растворливи и нерастворливи влакна, кои играат важна улога ...
Вториот по големина град во Узбекистан, Самарканд, идниот месец ќе биде домаќин на 46 шаховска Олимпијада на која македонскиот репрезентативен шах ќе биде претставен во машка и женска конкуренција. Како што денеска објави Светската шаховска федерација (ФИДЕ), натпреварувачкиот дел ќе стартува на 16. септември, со воведното од вкупно 11 кола кои ќе се играат во Меѓународниот изложбен центар „Патот на свилата“. Македонската шаховска ...
Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста на Македонија е објавено денеска. На 8 септември годинава одбележуваме 35 години од независноста. Видеото го објави претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук. Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста на Македонија објави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на ...
Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини со Србија – Табановце и Пелинце за влез во земјата се чека повеќе од еден час, а за излез половина час. На преминот Богородица на границата со Грција за влез и за излез од земјата се чека по повеќе од еден час, објави АМСМ на нивната веб страна. На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на ...
Романија периодично ги анализира своите способности за брзо идентификување и соборување беспилотни летала, вели романскиот министер за одбрана Романија периодично ги анализира своите способности за брзо идентификување и соборување беспилотни летала што пристигнуваат на територијата на земјата, изјави министерот за одбрана Раду Мируца во интервју за телевизијата Диџи 24. Воената одлука за соборување на беспилотно летало означено како ...
На територијата на државата заклучно со 13 часот денеска регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, на автоатот Скопје-Велес спроти БП „Макпетрол“ во Општина Илинден каде гори ниска вегетација, во село Турново, Општина ...
Вечерва во Драчево продолжува киното на отворено со филмот „Трето полувреме“ Откако вчеравечер филмскиот викенд започна со култниот „Бал-Кан-Кан“, киното на отворено во Драчево продолжува и вечерва. Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, ги поканува граѓаните на уште една филмска вечер во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево. Вечерва, 09.08.2026 (недела), со почеток во 20:00 часот, на големото платно ќе се ...
Денес во 20.30 часот на стадионот во Охрид е првиот од серијата концерти од блокот „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност. Завршницата ќе биде на 8 септември со настап на Давид Гета на градскиот стадион. „Силно светнал ден! 35 години независност!“ напиша во објавата на Фејсбук претседателот на Владата , Христијан Мицкоски. Денес во 20.30 часот на стадионот во Охрид е првиот од серијата концерти од блокот „Силно светнал ден“ по ...
Комесарката на WNBA, Кети Енгелберт, испрати меморандум до клубовите во кој се осврна на актуелните разговори за учеството на трансродови спортистки во женската кошарка. Објавата на Енес Кантер и Ројс Вајт, двајца поранешни NBA кошаркари кои сакаат да играат во WNBA, ја разбранува светската спортска јавност. Се огласи и синдикатот на кошаркарките во најсилната женска кошаркарска лига во светот, а потоа и комесарката на WNBA испрати јавен ...
Каталонските извори тврдат дека спортскиот директор Деко сака да го вклучи Де Јонг во договорот со Сити, кој не сака да настапува за Барселона. Де Јонг би можел да се согласи на заминување, бидејќи Ханси Флик веќе нема иста доверба во него како порано. Во исто време, Де Јонг одбил да оди на операција и сака да го залечи коленото со конзервативни методи. Де Јонг сигурно ќе паузира до крајот на 2026 година, па Сити ќе мора добро да размисли ...
На локалниот пат Илинден – Марино, ноќеска на една минута по полноќ полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје, кој управувал возило под дејство на алкохол. Тестот покажал дека тој има 2,13 промили алкохол во крвта, а возел и без дозвола. – При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило ...
СВР Скопје расчисти неколку кривични дела, сторителите се уапсени и против нив се поднесени кривични пријави. Одделението за насилен криминал поднесе кривична пријава против Д.В.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 07.08.2026 околу 21:10 часот, по претходна расправија, тој со нож го нападнал А.К.(38) од Скопје и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. Веднаш ...
Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ според член 300 срав 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ од член 301 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил „сеат алтеа“ по улицата ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, рече Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период се реализираат бројни инфраструктурни и развојни проекти кои имаат за цел да ја подобрат туристичката понуда, да ја зголемат ...
Венко Филипче со месеци ја плаши јавноста со тврдења дека цените неконтролирано растат, дека инфлацијата се разгорува и дека Владата не успева да ја стави под контрола, велат од ВМРО-ДПМНЕ „За разлика од политичките прес-конференции на Филипче, бројките не можат да се приспособуваат според дневнополитичките потреби. На 27 март Филипче тврдеше: „Сведоци сме како цените на храната растат секој ден… сè е поскапено.“ На 22 април отиде уште ...
Во Карпош, полициски службеници лишија од слобода две лица меѓу кои и малолетничка, откако кај нив се пронајдени и одземени поголема количина на марихуана и кокаин. На 08.08.2026 околу 20:30 часот на ул.„Букурешка“ на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(23), М.Ч.(23) и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје. При преземање службени дејствија од ...
Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Талогот од СДС си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт. Каков претседател такви кадри. Заев аболициран ...
Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако бил затекнат како управува возило со брзина од 204 километри на час на автопатот А1, на делница каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час. Како што информира Министерството за внатрешни работи, синоќа во 21:26 часот, кај клучката Смоквица, полициски службеници од ОВР Гевгелија при СВР Струмица, при контрола на патниот сообраќај со радар, констатирале дека ...
Оман соопшти дека преговорите за условите за пловењето во Ормуската теснина се одвиваат во „позитивна и конструктивна атмосфера“, објави ДПА. Министерството за надворешни работи на Оман во кратко соопштение објавено синоќа не прецизира кои земји учествуваат во разговорите. Оман, кој заедно со Иран граничи со Ормуската теснина повика на избегнување на какви било дејствија што би можеле да влијаат на „овие преговори и постигнатиот напредок, кој ...
Полицијата пронајде кокаин и марихуана при претрес во Карпош. На 09.08.2026 во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други прдмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето е задржано во ...
Ракот на простата кај поранешниот американски претседател Џо Бајден се проширил на неговите коски и предизвикува силна болка, изјави неговиот син Хантер Бајден за Би-Би-Си. „Ракот се проширил, метастазирал на неговите коски и пошироко“, изјави Хантер Бајден за програмата „Newsnight“ на Би-Би-Си, според снимка објавена онлајн во петокот. „Многу е болно и во многу погледи многу исцрпувачко“, додаде тој. Портпаролот на 83-годишниот демократ одби ...
Пентагон бара од американската одбранбена индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, особено муниција која во голема мерка е исцрпена од војната со Иран, покажува допис кој заменик-министерот за одбрана на САД, Стив Фајнберг го испратил до директорите на компаниите во одбранбената индустрија. Во дописот во кој увид имал „Вашингтон пост“, Фајнберг навел дека одбранбените компании немаат повеќе од 21 ден да поднесат ...
Македонските тенисери имаа успешен настап во конкуренција на двојки на турнирот „Neocom open 2026“ што викендов се одржува на терените на ТК „Југ“ во Скопје, откако Кристијан Јанев и Ерион Незири го освоија пехарот во машка, а Сара Митевска заедно со Андреја Глушкова од Бугарија во женска конкуренција. На турнирот кој е од рангот Ј60 за тенисери и тенисерки до 18 години, Митевска и Глушкова без поголеми проблеми со само еден загубен гем го ...
Според податоците од Системот за шумски пожари – МКФФИС, денеска во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index), информира директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али. Според него, во попладневните часови, покрај источниот дел од земјата, централниот и јужниот дел на Република Северна Македонија се со многу висок FWI, што укажува на ...
Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниците денеска го празнуваат споменот на Св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година. Исто така, на овој ден се празнува и споменот на светите Седмочисленици, како и на големиот исцелител Свети Пантелејмон. Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот ...