Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Тежок пожар попладнево изби на територија на Општина Сопиште, зад Водно. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информира дека трите авиони „Ер трактори“ се упатени да интервенираат. Градоначаникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски кој е на лице место во изјава за Курир вели дека пожарот е избувнат во селото Чифлик кон селото Св. Петка. -Гори нискостеблеста шума, нема опасност за селото. Направен е коридор за да се ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Т. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. -Пријавениот, на работно место помлад полицаец во Полициска станица Центар при СВР Скопје, на 24.05.2026 околу 02:53 часот во Градски парк – ...
На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Марко Симоновски“ во Гостивар, патничко моторно возило јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.О.(31) од Гостивар, удрило во осумгодишно девојче од Гостивар. -Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар во Гостивар, информираат од полицијата. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар. На 07.08.2026 ...
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов денеска информира за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, последните анализи покажуваат подобрување на квалитетот на водата во споредба со претходните мерења, но потребно е дополнително време таа да биде прогласена за безбедна за пиење. Во однос на пожарит, по текот на денешниот ден се евидентирани нешто повеќе од пет пожари на отворен простор, но ниту еден од нив не претставува посериозна закана и ...
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов информираа дека попладнево појавени две два тешки пожари во скопско. Според Ангелов, едниот пожар е на територија на Волково каде со интервенција на скопските пожарникари постепено се става под контрола. Вториот пожар е на територија на општина Сопиште. На овој пожар за интервенција се упатени екипи од скопската противпожарна бригада и четири возила пинцгауер. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов ...
На 07.08.2026 во 14:30 часот во ОВР Гостивар, лекар од Здравствен дом Ростуше, пријави дека во џамијата во с.Жировница поради влошена здравствена состојба била укажана медицинска помош на турскиот државјанин Д.Х.(77), информира портпарот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. И покрај укажаната помош лицето починало и лекарот констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител од ОЈО Гостивар телото на починатиот било дадено на обдукција. Увидна екипа ...
На 08.08.2026 во СВР Тетово е пријавено дека околу 04:20 часот, едно машко лице од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечило од местото. -При увидот се констатирани оштетувања на дворната метална врата, фасадата од куќата, летниковецот во дворот, како и на паркирано патничко моторно возило „бмв“. Од местото се подигнати шест проектили за вештачење, информира ...
Тајфунот Делфин денеска ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, повредувајќи шест лица и оставајќи повеќе од 50.000 згради без струја. Во меѓувреме, Кина ги затвори пристаништата и го прекина фериботскиот сообраќај пред очекуваното пристигнување на бурата на нејзиниот источен брег. Во Окинава, пет постари лица, од кои тројца паднаа поради силни ветрови, претрпеа повреди кои не се опасни по живот, додека друго лице беше повредено во ...
Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС испливува на површина. Деца осудени за насилство и трговија со дрога е иднината која ја нуди Филипче на граѓаните, истакна денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Според него, Венко Филипче смета дека со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги треба да се гради иднина. -Христијан Ефтимов внук на Заеви, и Илија Стојанов негов другар, се ...
Актуелниот шпански првак Барселона го откажа пријателскиот натпревар против мароканскиот клуб Етихад поради актуелната криза на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута. Барселона требаше да одигра контролен натпревар против Етихад на 15 август во северозападниот дел на Мароко како дел од подготовките за новата сезона, но шпанскиот клуб одлучи да ја откаже посетата. „Со оглед на моменталната неизвесност и околностите, веруваме дека не ...
На 8 август 1943 година е родена Есма Реџепова, позната македонска пејачка и хуманистка. Нарекувана е Кралица на ромската музика во светски рамки. Во 2013 г. ја добила престижната титула Национален уметник на Република Македонија. Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од ...
Во рамки на летната кампања „Безбедно лето 2026 – Вози одморен“, вчера на автопатот А1, на наплатната станица Романовце, во периодот од 17:00 до 18:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), спроведе превентивно-едукативна активност наменета за возачите. Активноста беше насочена кон подигнување ...
Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Од почетокот на мандатот се спроведуваат конкретни политики и мерки со кои Македонија се позиционира како се поатрактивна туристичка дестинација, изјави на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов. -Истовремено се инвестира во подобра авионска, патна и железничка поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции ...
По преземени мерки и активности, СВР Скопје лишило од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско, соопшти денеска МВР. На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во ...
Комбе со македонски регистарски таблички се запалило утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Љушња, Албанија. Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија. Возачот на комбето го забележал пожарот откако излегол од автопатот и сврнал кон Кемиштај. – По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо пристигна на местото на настанот, интервенирајќи за гаснење на пламенот што ја зафатил кабината на возачот. ...
Денеска се навршуваат 25 години од најголемиот масакр врз припадници на безбедносните сили во 2001 година. На 8 август 2001 година кај Карпалак, во заседа, животот го загубија 10 прилепски бранители, објави пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. За својата татковина Македонија животот го дадоа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска им оддаде почит на македонските бранители кои пред 25 години во заседа беа убиени кај месноста Карпалак. -Денеска се навршуваат 25 години од трагичниот настан кај месноста “Карпалак”, каде што десет македонски херои, припадници на резервниот состав на македонската Армија: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби ...
ОВЕН За некои од претставниците на знакот, денешниот ќе биде поинаков ден, а за други емотивен. Патувањето е совршен начин да го поминете денот, но дури и доколку тоа не се случи, погрижете се да имате разновидност што ќе ве оддалечи од грижите на секојдневниот живот. БИК Денеска одморете се од работата, но доколку е можно, пронајдете подинамични и интересни активности, на пример, одете на забава или одете на патување. Доколку се чувствувате ...
Таа е една од најомилените светци меѓу христијанскиот народ. Многумина и се обраќаат кога се молат за здравје на децата, среќа во семејството, потомство или сила да ги надминат најтешките моменти од животот. Малку се женските светители кои луѓето ги почитуваат со толку љубов како Велика Петка. Нејзиното име речиси стана синоним за надеж, утеха и верба дека после секој тежок период доаѓа мир. Затоа на 8 август, кога се празнува летната Света ...
Талогот во СДС не знае да стои, да размисли што прави, зошто партијата ја доведоа до ова дереџе, скраја да е да им текне да даваат предлози за доброто на државата и граѓаните или пак да учествуваат во аргументирани дебати. Тие од се во државата прават скандали за да печалат политички поени да го трујат народот, а кога немаат случај, тие си креираат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално. Таков беше и случајот од ...
Во текот на оваа година над 240 лица низ цела Европа се заразиле со Западнонилскиот вирус, јавува ДПА. Според неделниот извештај објавен вчера од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), вкупно 241 случај на човечки инфекции се пријавени од почетокот на сезоната на пренос заклучно до средата. ECDC соопшти дека 139 случаи се пријавени во Италија и 61 во Грција. Во Шпанија се регистрирани 17 инфекции, 13 се регистрирани во ...
Денеска се навршуваат 25 години од заседата на армискиот конвој кај Карпалак во која убиени беа десет припадници на Армијата на Македонија. На 8 август 2001 година, на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак терористи од заседа го нападнаа конвојот на Армијата при што убиени беа десет припадници на Армијата на Република Македонија: Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, ...
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јули. Светиот свештеномаченик Ермолај Свештеник Никомидиски. Во времето на царот Максимијан беше со оние дваесет илјади маченици коишто царот ги осуди да бидат изгорени в црква (житие под 28 декември). Ермолај некако ја избегна смртта во таа прилика, заедно со уште двајца други свештеници, Ермип и Ермократ. Тој го крсти Свети Пантелејмон и заедно со него беше ...
Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде викендов и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека денеска ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, а на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од ...
Легендарната романска гимнастичарка Надја Команечи се врати во Монтреал за да одбележи половина век од моментот со кој засекогаш го промени светот на гимнастиката. Денес 64-годишната спортска икона се потсети на Олимписките игри во 1976 година, кога како 14-годишно девојче стана првата гимнастичарка во олимписката историја што добила совршена оценка 10. Педесет години по историскиот настап, Команечи повторно го посети градот во кој го ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, доби силна поддршка од членовите на Советот на организацијата и испрати јасен сигнал дека ќе се кандидира за уште еден четиригодишен мандат. По седницата одржана во Рабат, ФИФА соопшти дека „раководството едногласно стои зад актуелниот претседател“. Во соопштението се наведува дека членовите на Советот ја потврдиле довербата во Инфантино како лидер избран од сите 211 национални федерации, додека тој ...
Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги почна подготовките за Европското првенство 2026 што ќе се одржи од 9 до 26 септември во четири земји: Бугарија, Финска, Италија и Романија. Нашата селекција е во групата Б заедно со Бугарија, Израел, Полска, Португалија и Украина. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски ќе бидат 11 дена во Крушево, и ќе одработат 20 тренинзи со посебно внимание на физичката подготовка и ...
Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за лиценцирање, по спроведената постапка и разгледувањето на целокупната доставена документација, утврди дека во Првата лига – жени, условите за добивање лиценца за настап во натпреварувачката сезона 2026/27 не ги исполнија ЖКК Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци. Во текот на постапката, двата клуба беа навремено известени за констатираните недостатоци во доставената ...
Поради тоа што официјалната понуда на Галатасарај од 35 милиони евра беше одбиена од Милан за Рафаел Леао, турскиот клуб го насочи вниманието кон друга цел за левото крило Арсенал Габриел Мартинели. Бразилецот е во последната година од договорот со лондончани, што значи дека може да си замине ова лето, за да не се ризикува неговото заминување без отштета наредната година. Иако главната цел на Галатасарај е трансферот на Леао, тоа изгледа ...