Неговиот роман „Село зад седумте јасени“ (1952) е првиот роман објавен на стандарден македонски јазик. *** Славко Јаневски (Скопје, 11 јануари 1920- Скопје, 20 јануари 2000)- истакнат македонски раскажувач, романописец, поет, филмски сценарист, есеист и сликар. Долги години бил член на МАНУ и Друштвото на писатели на Македонија. Тој припаѓа на првата генерација македонски писатели по Втората светска војна, која ги поставила темелите на ...

Јордан Витанов е роден во Велес на 13 јануари 1958 година. Тој е македонски театарски и филмски глумец и режисер. Живее и работи во Велес. Дипломирал на отсекот за глумечка игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1986 година. Од 1987 год. е член на Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ во Велес, каде во два мандата (1999-2002 и од 2006-2017) е и директор на истиот. Покрај во театарот, остварил улоги и во повеќе играни ...