Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Израелската војска соопшти дека уништила „70 позиции на Хезболах“ во областа Бинт Џбеил во јужен Либан, по вчерашниот упад на командоси. Припадници на командоската единица Егоз влегле во Ајната, населба покрај Бинт Џбеил, која ИДФ ја опишува како „борбен комплекс“ на Хезболах. העמקת הפעילות במרחב בינת ג’בייל נמשכת: לוחמי יחידת אגוז ויהל”ם השמידו כ-70 תשתיות של ארגון הטרור חיזבאללה בתוך דקה אחת בלבד לכל הפרטיםhttps://t.co/OKwyL4D3jl ...
Со над 2 милионa денари, обезбедени преку унгарската кредитна линија, следната недела започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати на ѕидното сликарство во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село, најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на сакралниот објект, заедно со директорот на Заводот и музеј – Струмица, Бранко Ѓоргиев, и градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорги ...
Во населбата Калниште во тек се градежни работи за изградба на улицата „3“, која ќе ги поврзува двете чешми во овој дел од општината. Увид во активностите изврши градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот опфаќа пробивање, тампонирање и асфалтирање на улицата, со вкупна вредност од околу 4.700.000 денари. Финансиските средства се обезбедени од Министерството за транспорт и врски. Од општината информираат дека изградбата на ...
Компанијата „Спектакулар“ на Светислав Филиповиќ (47), кој беше уапсен вчера под сомнение дека е еден од водачите на балкански нарко – картел, има повеќемилионски промет. Според податоците од глобалната платформа за анализа на трговијата „Волца“, компанијата примила дури 139 пратки од Еквадор, Колумбија и Украина од вкупно 16 добавувачи, а официјално се занимавала со трговија со банани и ореви, објавува РТЦГ. Директорот на полицијата Лазар ...
Меѓуградски воз Прилеп-Битола ќе почне да функционира од јуни, а повратен билет ќе чини 150 денари. Новата врска меѓу овие два соседни града ја најави министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој денес добил ветување од градежниците дека првите километри од автопатот меѓу Прилеп и Битола ќе се возат веќе следната пролет, а делницата, според договорот, ќе биде целосно завршена до крајот на 2029 година. „Ние сме свесни дека во ...
Во Реал Мадрид „фрлаат дрвја и камења“, кон словенечкиот судија Славко Винчиќ затоа што го исклучи Едуард Камавинга, но поранешниот фудбалер на кралскиот клуб Весли Снајдер верува дека главниот виновник е францускиот репрезентативец. Судијата му покажа втор жолт, односно црвен картон во 86-та минута. Поранешниот холандски ас и играч на Реал Мадрид, Весли Снајдер, вели дека не е виновен судијата, туку прстот го впери во францускиот играч. ...
По долг период во кој железничкиот превоз меѓу Прилеп и Битола беше занемарен, од јуни се најавува воведување на редовна линија на т.н. „градски воз“, што треба да донесе значајно олеснување за граѓаните и нов импулс за целиот Пелагониски регион. Според најавите, станува збор за воведување на почести и пофункционални железнички линии меѓу двата најголеми града во Пелагонија, со цел да се подобри секојдневната мобилност на населението, ...
Амбасадата на Иран во Таџикистан објави видео направено со вештачка интелигенција на кое Исус го удира американскиот претседател Доналд Трамп. Ова е реакција на фотографијата што Трамп ја објави на својата социјална мрежа Truth пред неколку дена. На сликата, Трамп во улога на Исус лекува човек на болен кревет. По жестоките критики, Трамп на крајот ја избриша сликата, а пред медиумите се оправда дека „мислел дека изгледа како доктор“. По ...
Министерството за внатрешни работи известува дека утре, 17 април, со почеток од 15.00 часот и задутре, 18 април, со почеток од 13.30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба. Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации. Во рамките на вежбата ќе има зголемен број полициски службеници и возила и ...
На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на ФФМ. Посетата претставува уште една потврда за одличните односи меѓу ФФМ и УЕФА, како на институционално, така и на лично ниво. Македонската „Куќа на фудбалот“ е високо ценета во рамки на европското фудбалско семејство, а присуството на Александар Чеферин дополнително ја ...
Изградбата на автопатот Прилеп–Битола се одвива со силен интензитет, при што веќе се реализирани значајни активности на терен, информира вицепремиерот Aleksandar Nikoloski. Станува збор за еден од клучните инфраструктурни проекти во Пелагонискиот регион, кој треба да донесе нов економски импулс и подобра поврзаност. Според објавените информации, досега се пробиени 22 километри од вкупно предвидените 40 километри траса, што претставува околу ...
Еден од основачите на рок-групата „Дивље јагоде“, Нихад Јусуфходжиќ, почина во средата во Бихаќ. Музичарот имаше 73-години, а во последните неколку месеци се лекувал во Кантоналната болница во Бихаќ. За него претходно биле организирани и акции за дарување крв. Веста за неговата смрт потресе бројни колеги, а од него се прости и пејачот Анте Јанковиќ. „Денес ме затекна вест која тешко се прифаќа. Замина мојот пријател Нихад Јусуфходжиќ, ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, извршија увид во завршните градежни работи на доградбата на објектот при градинката „8 Март“ во Расадник. Новиот простор од 800 квадратни метри е изграден по највисоки стандарди и опфаќа шест нови и пространи занимални, во кои се вклучени и две јаслени групи, со што се обезбедува ...
Интер од Мајами, актуелниот шампион на американската професионална фудбалска лига МЛС, го назначи 62-годишниот Гилермо Хојос, долгогодишен пријател на најголемата ѕвезда на клубот и за многумина најдобриот играч на сите времиња, Лионел Меси, за нов тренер. Хојос досега беше спортски директор на клубот, а на тренерската позиција го замени Хавиер Маскерано, кој го напушти клубот во вторник од лични причини. Хојос бил ментор во Барселона на ...
Рок сцената во регионот е во жалост по веста дека почина Нихад Јусуфходжиќ, еден од основачите на култниот бенд Divlje Jagode, кој остави длабок траг во музиката на поранешна Југославија. Музичарот починал на 15 април во Бихаќ, на 72-годишна возраст, по повеќемесечна борба со болест, за време на која бил хоспитализиран во кантоналната болница. Неговата состојба била позната во јавноста, а граѓаните во Бихаќ дури организирале и акции за ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се обрати на денешната Национална конференција за природа, каде истакна дека заедничкиот системски одговор е единствениот пат кон долгорочно зачувување на природните ресурси. „Да работиме заедно за вистински зелен пресврт“, порача тој, нагласувајќи ја важноста на партнерството меѓу институциите и граѓанскиот сектор. Во своето обраќање, Хоџа стави фокус на новиот Закон за ...
Легендарниот голман на Баерн Минхен и германската репрезентација, Оливер Кан, го критикуваше Реал Мадрид по реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Баварците го победија Реал со 4:3 на „Алијанц Арена“ и со вкупен резултат од 6:4 поминаа меѓу четирите најдобри тима во Европа. Ден, по реваншот во Минхен, најмногу се зборува за реакцијата на играчите на Реал и обвинувањата против судијата, Славко Винчиќ. Во Мадрид веруваат дека ...
Два од најголемите трговски центри во Сараево мораа привремено да бидат затворени денес откако полицијата добила пријави за поставени експлозивни направи, потврди Министерството за внатрешни работи во Сараевската жупанија. Saraevo City Center (SCC) и Алта, обете во самиот центар на градот и во близина на седиштето на државниот парламент и Советот на министри на Босна и Херцеговина, беа евакуирани во утринските часови, а полициски екипи беа ...
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во Македонија, во рамки на посета која, според најавите, има за цел продлабочување на соработката и поддршката за развој на домашниот фудбал. Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ истакна дека посетата на Чеферин претставува потврда за добрата соработка со европската куќа на фудбалот и поддршката што земјата ја добива од УЕФА. Во рамки на средбите се ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека по Велигден не се преземени конкретни мерки за заштита на животниот стандард, и покрај најавите од Христијан Мицкоски. Од партијата наведуваат дека нема замрзнување или ограничување на цените на производите, нема мерки за поддршка за најранливите категории, ниту пак чекори за стабилизација на пазарот и намалување на ДДВ на храната. Според СДСМ, граѓаните се оставени сами да се справуваат ...
По синоќешните реванши од четвртфиналето, познати се сите полуфиналисти од Лигата на шампионите. ПСЖ, Баерн, Атлетико Мадрид и Арсенал ќе се борат за титулата европски шампион. Првите натпревари од полуфиналето се закажани за 28 и 29 април, додека реваншите се играат една недела подоцна. Во првата средба, ПСЖ ќе го пречека Баерн, а Атлетико ќе биде домаќин на Арсенал. Со влегувањето во оваа фаза од натпреварувањето, четирите клуба ...
Датумот за втората рунда разговори меѓу САД и Иран сè уште не е одреден, соопшти Министерството за надворешни работи на Пакистан. Шефот на пакистанската армија, Асим Мунир, е во Иран како дел од медијациските напори за оживување на разговорите, бидејќи кревкото примирје меѓу двете страни се приближува кон својот крај, објави „Ројтерс“. Висок ирански функционер изјави за новинската агенција дека посетата на Мунир „била ефикасна во ...
Поп-иконата Мадона официјално најави дека подготвува продолжение на својот култен албум „Confessions on a Dance Floor“, повеќе од 20 години по неговото оригинално издание. Веста предизвика огромен интерес кај фановите, особено затоа што станува збор за едно од нејзините најуспешни музички изданија. Новото издание, кое се очекува во текот на 2026 година, ќе биде директно продолжение на албумот од 2005 година и ќе го носи препознатливиот денс ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новиот закон за високо образование има за цел да донесе квалитет, стабилност и перспектива, нагласувајќи дека образованието е фундаментот врз кој се гради секое општество. Тој посочи дека во изминатиот период се правеле експерименти со образованието, што довело до намален квалитет, особено по законското решение од 2018 година, кое, како што рече, резултирало со намалени прагови за напредување, ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, учествуваше на тркалезна маса на која беше претставена петгодишна програма за развој на капацитетите на нов Регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд за Југоисточна Европа (SEETAC). Центарот, чие започнување со работа е предвидено најдоцна до јануари 2027 година, ќе биде дел од глобалната мрежа на ...
Морнарицата на Соединетите Американски Држави потврди дека извидувачки дрон MQ-4C Triton се урна во регионот на Персискиот Залив, нарекувајќи го тоа „несреќа“, додека некои извори претходно тврдеа дека леталото е соборено од иранската воздушна одбрана. Дронот исчезна од системите за следење на летот за време на мисија над Персискиот Залив, предизвикувајќи шпекулации дека е соборен од иранската воздушна одбрана, објави порталот „Pres TV“. ...
Фудбалскиот клуб Базел ги објави првите фотографии и нови детали за пожарот што избувна минатиот петок во соблекувалните на Сент Јакоб-Парк. Штетата е огромна, а поради инцидентот, лигашкиот натпревар против Тун, кој требаше да се игра минатиот викенд, исто така беше одложен. Во пожарот нема повредени, пишува „bluewin.ch“. Пожарот избувна во петокот вечерта, а го изгаснаа професионални пожарникари и волонтери од Базел. „Целата опрема за ...
Холивудската актерка Кејти Холмс повторно го привлече вниманието на јавноста, откако експерт од областа на естетската хирургија анализираше како успева да изгледа младо и свежо и на 47 години, по долг период надвор од големите медиумски светла. По разводот со Том Круз актерката се повлече од јавноста и се посвети на воспитувањето на нивната ќерка, далеку од холивудскиот гламур. Сепак, секое нејзино појавување повторно отвора прашања – како ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, утрово се рекреираше со белгискиот министер за надворешни работи и делегацијата од Белгија, а од утринското трчање низ Скопје, тој сподели и фотографии на социјалните мрежи. „Утрово, заедно со мојот колега и пријател, белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, започнавме со поинаков почеток на денот – утринско трчање од 6 км низ Скопје. Шест километри низ ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека пронашле скриено оружје што му припаѓало на Хезболах по нападот во јужен Либан. Во соопштение на својот Телеграм канал, ИДФ соопшти дека идентификувале и спречиле два обиди на терористички ќелии да извршат напади врз израелски војници. „Во напад со беспилотно летало и заедничка операција на израелските воздухопловни сили, терористите беа погодени и елиминирани“, се додава во соопштението. ...