Датумот за втората рунда разговори меѓу САД и Иран сè уште не е одреден, соопшти Министерството за надворешни работи на Пакистан. Шефот на пакистанската армија, Асим Мунир, е во Иран како дел од медијациските напори за оживување на разговорите, бидејќи кревкото примирје меѓу двете страни се приближува кон својот крај, објави „Ројтерс“. Висок ирански функционер изјави за новинската агенција дека посетата на Мунир „била ефикасна во ...

Поп-иконата Мадона официјално најави дека подготвува продолжение на својот култен албум „Confessions on a Dance Floor“, повеќе од 20 години по неговото оригинално издание. Веста предизвика огромен интерес кај фановите, особено затоа што станува збор за едно од нејзините најуспешни музички изданија. Новото издание, кое се очекува во текот на 2026 година, ќе биде директно продолжение на албумот од 2005 година и ќе го носи препознатливиот денс ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новиот закон за високо образование има за цел да донесе квалитет, стабилност и перспектива, нагласувајќи дека образованието е фундаментот врз кој се гради секое општество. Тој посочи дека во изминатиот период се правеле експерименти со образованието, што довело до намален квалитет, особено по законското решение од 2018 година, кое, како што рече, резултирало со намалени прагови за напредување, ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, учествуваше на тркалезна маса на која беше претставена петгодишна програма за развој на капацитетите на нов Регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд за Југоисточна Европа (SEETAC). Центарот, чие започнување со работа е предвидено најдоцна до јануари 2027 година, ќе биде дел од глобалната мрежа на ...

Морнарицата на Соединетите Американски Држави потврди дека извидувачки дрон MQ-4C Triton се урна во регионот на Персискиот Залив, нарекувајќи го тоа „несреќа“, додека некои извори претходно тврдеа дека леталото е соборено од иранската воздушна одбрана. Дронот исчезна од системите за следење на летот за време на мисија над Персискиот Залив, предизвикувајќи шпекулации дека е соборен од иранската воздушна одбрана, објави порталот „Pres TV“. ...

Фудбалскиот клуб Базел ги објави првите фотографии и нови детали за пожарот што избувна минатиот петок во соблекувалните на Сент Јакоб-Парк. Штетата е огромна, а поради инцидентот, лигашкиот натпревар против Тун, кој требаше да се игра минатиот викенд, исто така беше одложен. Во пожарот нема повредени, пишува „bluewin.ch“. Пожарот избувна во петокот вечерта, а го изгаснаа професионални пожарникари и волонтери од Базел. „Целата опрема за ...

Холивудската актерка Кејти Холмс повторно го привлече вниманието на јавноста, откако експерт од областа на естетската хирургија анализираше како успева да изгледа младо и свежо и на 47 години, по долг период надвор од големите медиумски светла. По разводот со Том Круз актерката се повлече од јавноста и се посвети на воспитувањето на нивната ќерка, далеку од холивудскиот гламур. Сепак, секое нејзино појавување повторно отвора прашања – како ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, утрово се рекреираше со белгискиот министер за надворешни работи и делегацијата од Белгија, а од утринското трчање низ Скопје, тој сподели и фотографии на социјалните мрежи. „Утрово, заедно со мојот колега и пријател, белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, започнавме со поинаков почеток на денот – утринско трчање од 6 км низ Скопје. Шест километри низ ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека пронашле скриено оружје што му припаѓало на Хезболах по нападот во јужен Либан. Во соопштение на својот Телеграм канал, ИДФ соопшти дека идентификувале и спречиле два обиди на терористички ќелии да извршат напади врз израелски војници. „Во напад со беспилотно летало и заедничка операција на израелските воздухопловни сили, терористите беа погодени и елиминирани“, се додава во соопштението. ...

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, изјави дека Иран сигурно ќе учествува на овогодинешното Светско првенство, и покрај војната со Соединетите Американски Држави. Зборувајќи на форум на Си-Ен-Би-Си, Инфантино рече дека е важно Иран да учествува на Светското првенство иако неговото учество е доведено во прашање откако САД и Израел започнаа напади врз земјата. „Иранскиот тим дефинитивно доаѓа, да. Се ...

Новоизбраниот претседател на словенечкиот парламент, Зоран Стевановиќ, ја разбранува јавноста со драматична најава – Словенија би можела да оди на референдум за напуштање на НАТО. Во изјава за јавниот сервис, тој потенцираше дека ова ветување било дадено на граѓаните и дека ќе биде исполнето. „Му ветивме на народот референдум за излез од НАТО – и ќе го одржиме“, порача Стевановиќ, нагласувајќи дека неговата политика не е наклонета кон ниту ...

Демократската унија за интеграција обвини за, како што наведува, злоупотреба на буџетот во Општина Чаир и побара оставка од Изет Меџити. Според партијата, во системот Open Finance е евидентирана месечна исплата од околу 1.000 евра за Хаќим Рамадани, поранешен директор и кандидат за градоначалник на Брвеница на претходните локални избори. ДУИ тврди дека лицето не живее во Чаир, не е даночен обврзник во општината и, како што наведуваат, нема ...

Астероидот Apophis, со големина од три фудбалски игралишта и именуван по древниот египетски бог на хаосот, ќе прелета покрај Земјата за три години. NASA во среда објави дека настанот, закажан за 13 април 2029 година, ќе им даде на научниците единствена можност да ја проучат џиновската вселенска карпа одблизу, пренесува Анадолија. Apophis ќе помине на растојание од околу 32.000 километри од површината на Земјата, што го доближува до нашата ...

Астероидот Апофис, со големина од три фудбалски игралишта и именуван по древниот египетски бог на хаосот, ќе прелета покрај Земјата за три години. НАСА во среда објави дека настанот, закажан за 13 април 2029 година, ќе им даде на научниците единствена можност да ја проучат џиновската вселенска карпа одблизу, пренесува Анадолија. Апофис ќе помине на растојание од околу 32.000 километри од површината на Земјата, што го доближува до нашата ...

Реал Мадрид ја заврши сезоната во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“, доживеа елиминација од Баерн Минхен. По поразот во првиот меч, во Мадрид 1:2, во драматичниот реванш, Реал падна во финишот, Баерн победи со 4:3 со головите постигнати во 89-та и 94-та минута. Реал во Минхен, три пати водеше, минути го делеа од продолженија, но аматерскиот потег на Едуардо Камавинга,го смени текот на натпреарот. По неговото исклучување во 86-та минута, ...

Многу луѓе мислат дека алергиите се поврзани само со надворешни фактори како поленот, но експертите предупредуваат дека вистинските проблеми често се кријат токму во домот. Дури и кога сте внатре, симптомите како кивање, затнат нос, чешање на очите и отежнато дишење може да продолжат – а причината се скриени извори кои секојдневно ги вдишувате. Еден од најголемите „невидливи непријатели“ се грините од прашина. Овие микроскопски организми ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија, коешто се одржува од 17 до 19 април на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“. Денеска, во Истанбул, пред официјалниот почеток на форумот, Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерална средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. В петок, 17 април, ...

Пријава е поднесена против унгарскиот премиер Виктор Орбан поради видео на кое се гледа како вози автомобил без да го држи воланот. Видеото, објавено пред изборите на 12 април, го прикажува Орбан како пее во својот автомобил и во еден момент го пушта воланот, објавува унгарскиот весник „Блик“. Во видеото, објавено пет дена пред изборите, премиерот е снимен како вози од дома до работа. Во снимката, Орбан вели: „Ајде да одиме! Ваква е ...

Заврши воведниот сегмент во НБА плејинот. Филаделфија Севентисиксерс обезбедија место во плејофот, додека Голден Стејт Вориорс се во финалето на плејинот, благодарение на победите забележени изминатата ноќ. Филаделфија ги победи Орландо Меџик со 109:97 (28:24, 31:31, 20:19, 30:23), со што обезбеди учество во плејоф серијата против Бостон Селтикс, вториот најуспешен тим во Источната конференција, во регуларниот дел од сезоната. Филаделфија, ...

Актерката Шенон Елизабет, позната по улогата во филмот „Американска пита“, повторно е во фокусот на јавноста откако објави дека отвора профил на платформата OnlyFans, само неколку дена по тивката разделба од својот сопруг Симон Борхерт. Според информациите, 52-годишната актерка поднела документи за развод на почетокот на неделата, а веста за новиот чекор во кариерата следела речиси веднаш потоа. Иако јавно не го коментирала раскинувањето, ...

Либанските власти соопштија дека немаат информации за каков било контакт со Израел, реагирајќи на изјавите на Доналд Трамп, пренесе Би-Би-Си. Од кабинетот на либанскиот претседател велат дека не се запознаени со најавен разговор меѓу двете земји, додека либански функционер за Ал Џезира изјавил дека нема информации за можен телефонски разговор меѓу лидерите. Реакцијата следи по објавите на Трамп дека Либан и Израел наскоро би можеле да ...

Незадоволството од работењето на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, продолжува да расте, и тоа не само меѓу земјоделците, туку и меѓу вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, тврди партијата Левица. Оттаму соопштија дека деновиве до нив пристигнале сведоштва од внатре, според кои десетици вработени биле прераспределени по подрачни единици надвор од Скопје, не поради реална потреба, туку како ...

Неделата од 16 до 22 март 2026 носи постепена, но многу јасна астролошка динамика која ќе влијае врз сите хороскопски знаци. Почетокот на периодот се одвива под влијание на Месечината во Риби, што создава атмосфера на интуиција, чувствителност и потреба за внатрешно расчистување. Како што деновите минуваат, енергијата се менува – од тивка и емотивна кон поактивна и одлучна. Клучниот момент доаѓа кон крајот на неделата кога започнува нов ...

Русија го нападна украинскиот главен град Киев и други градови во текот на ноќта со ракети и беспилотни летала, при што загинаа 13 лица, вклучувајќи едно 12-годишно дете, а десетици беа повредени. Нападите сериозно оштетија згради, соопштија официјални лица во понеделник, објави Ројтерс. Во Киев, градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека четири лица, вклучувајќи едно дете, се убиени. Седум лица се убиени во Одеса и југоисточниот град ...

„По прес-конференцијата на идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, дека нема повеќе заштита за криминалци, Полска веднаш реагирала. Веќе Полска испратила официјални документи со директно барање за екстрадиција на своите политичари од Унгарија. Само Владата на Христијан Мицкоски чека и сѐ уште нема поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски“, велат од СДСМ. „Според информациите со кои располагаме, Никола Груевски нема да добие азил ...

Жозе Мурињо се смета за сериозен кандидат да го преземе Њукасл Јунајтед доколку клупските челници одлучат да го отпуштат сегашниот менаџер Еди Хау. Хау е под зголемен притисок поради неконзистентни резултати и позиција во средината на табелата, што не е во согласност со амбициите на клубот, пишува„ talkSPORT“. Според експертот за трансфери Алекс Крук, Мурињо е „вистински и веродостоен кандидат“ да го наследи Еди Хау. Освен Португалецот, се ...

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повеќе места ќе има услови и за појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ваквото време е типично за април, кога се судираат потопли и постудени воздушни маси, создавајќи брзи временски промени и локални невремиња. Според климатските просеци, април е период со зачестени врнежи и променливо време во земјава. Во текот ...

Американски разорувач вчера пресретна ирански товарен брод додека се обидуваше да ја пробие поморската блокада. Бродот под иранско знаме исплови од пристаништето Бандар Абас, помина низ Ормускиот теснец и продолжи да плови по брегот на Иран, но разорувачот со водени ракети USS Spruance (DDG 111) успешно го пренасочи и го принуди да се врати назад, објави Централната команда на САД (Centcom). Yesterday, an Iranian-flagged cargo vessel tried ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата изјави дека секој потенцијален договор со Иран ќе биде условен од прекинување на неговата програма за збогатување ураниум, отстранување на веќе збогатениот ураниум во земјата и повторно отворање на Ормутскиот теснец. Нетанјаху ги изложи условите на договорот со Техеран во видео обраќање. Нетанјаху додаде дека Вашингтон го информира Тел Авив за разговорите со Иран и истакна дека целите на ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Европската Унија се обидува да ја претвори Србија во „тампон зона“ за да се спротивстави на Русија, пренесува Анадолија. Зборувајќи на прес-конференција за време на посетата на Пекинг, Лавров нагласи дека Москва го почитува ставот на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин постојано нагласуваше дека европската ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1017
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
56%
1019
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
78%
1021
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
49%
1018
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.79
56%
1018
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
92%
1020
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
1.34
58%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
49%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
55%
1018
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
7.72
53%
1019
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
5.14
33%
1023
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
62%
1020
Currency

61.635

Currency

52.6211

Currency

71.1326

Currency

37.7924

Currency

38.4589

Currency

66.6514

Currency

7.69643

Currency

0.69862

Currency

0.3297

Currency

0.52534

Currency

1.16849

Currency

0.55626

Рутениум

52984.43

Родиум

321507.47

Бакар

11.92

Злато

147447.44

Паладиум

46200.62

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Сребро

2365.28

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Платина

62147.39

Калај

49.49