Битола претстојниот викенд ќе пулсира во ритамот на музиката и културата, со три големи настани кои на битолчани и на посетителите на градот под Пелистер ќе им понудат богата и разновидна културно-уметничка програма во рамките на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“. Од светска класична музика во магичниот амбиент на Хераклеа, преку традиционалната битолска чалгија во Старата чаршија, па сè до спојот на македонскиот фолклор и современиот џез – ...

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава можност да уживаат во уникатна културно – уметничка програма, карактеристична за градот кој го има фестивалот Бит фест. Вечерва, Симон Трпчески, светски познатиот македонски класичен пијанист, ќе настапи на Антички Театар Хераклеа во Битола. Трпчески е еден од најголемите културни амбасадори на Македонија во светот. ...