
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Откако Обвинителството најави дека ќе се жали на одлуката на Кривичен наместо притвор да им се определи мерки за претпазливост за четворицата приведени во врска со упадот во зградата на М-НАВ на 4 јануари, Кривичиот суд Скопје пак утрово излезе со соопштение во кое образложува зошто за осомничените е донесена ваква одлука. Според Обвинителството, со упадот во зградата на М-НАВ на 8 лица (по четворица се уште се трага), сторено е кривично дело – ...
Ако ја сакате улична уметност, тогаш ќе сакате да ги знаете врвните дестинации во Европа. Некогаш видена како форма на вандализам, уличната уметност доби почит и восхит кај уметничката заедница и јавноста. Урбаната уметничка форма се одвојува од графитите на кои им недостасува убавина или значење и им дава живот на инаку здодевните јавни простори. Неговата популарност се зголеми толку многу во текот на изминатите неколку децении, што многу ...
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски ги нападна градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и претседателот на партијата Христијан Мицкоски дека се фалат со проекти, за чија реализација пари се обезбедени од Владата. На Прилеп му се доделени 110 милиона, на Аеродром 70 милиона, шеесет и нешто милиони на Гази баба, на овој 40 на оној 50, на Карпош 15 милиона и шесто илјади. И што е најинтересно, уште Христијан Мицкоски ...
Роден во Скопје во големо единаесетчлено семејство, од 14 години го негува занаетот за шиење кај старите мајстори во градот, од тогаш со голема визија за иднината, тоа е накратко животната биографија на светскиот моден дизајнер 75 годишниот Изет Цури. Откако дознал за својот талент целта му бил Париз и големите светски модни куќи, тоа и го постигнал. Изет Цури, 52 години ги поминал како моден дизајнер и креатор во лулката на модата, а работел ...
Некои едвај го чекаат Божик, додека други не можат да ја дочекаат Нова година! Некако секогаш излегува дека поголема е радоста во исчекувањето, отколку во самиот настан. Така и Бадната вечер всушност е ден кога се случуваат најмногу нешта. Треба да се накити божикна елка, да се подготват разни јадења, да се завиткаат подароци и на крај на цела приказна да се оди на одмор. Значи, на Божик се одмараме. И едни на други го честитаме роденденот на ...
Бадникарските огнови и зголемената фреквенција на возила, пред празниците си го направи своето и утрово скопје е на 10- тото место во светот според загаденост, a прв во Европа според веб страната iqair. Веб страната aqicn.org пак покажува дека на неколку точки во Скопје, утрово е екстремно загадено. Најлошо е во скопската општина Kисела Вода, каде на булеварот „Борис Трајковски“ концентрацијата на ПМ10 честички достигнала до 500 мг/м3 што значи ...
Дворот на ОУ” Живко Брајковски” во населбата Бутел 1, поодамна е препуштен на мајката природа, и на несовесните родители кои се спремни со своите луксузни возила децата да ги внесат во училниците, а спортистите со комбињата и возилата да влезат во спортската сала, за да бидат видени и поблиску до местото на настанот., пишува во својот фејсбук статус Борче Трајковски, алијас Боки Бургија, писател и поранешен вработен во поранешното СЈО. ...
Компанијата Yandex отвори музеј во Белград наменет за сите љубители на ретро уреди, технологии, стари конзоли и оние кои сакаат од прва рака да дознаат како некогаш изгледале и функционирале првите компјутери и гејмерски конзоли. Музејот е отворен во работните денови од 11 до 19 часот и што е најважно, разгледувањето на експонатите е бесплатно. Yandex го отвори музејот со цел да им овозможи на посетителите и првенствено на децата не само да ...
Во текот на 52-ра недела од 2023 година, во земјава се пријавени 403 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, што е 96,6% повеќе во споредба со претходната недела, соопшти Институтот за јавно здравје. Бројот на пријавени лица споредено со 52-ра недела од минатата сезона е зголемен за 16,1%, а во однос на претходните 13 сезони, е поголем за 79,0%. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на ...
Компромис за безбедноста на патниците на македонското небо нема да има, порача денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска. „Предлогот за разрешување е бидејќи сакаме да ја испратиме пораката дека компромис со безбедноста на патниците и безбедноста на македонското небо нема да има и не смее да има. Истовремено, ги повикуваме и политичките партии и политичките движења во државата да не ги користат и да не ги злоупотребуваат ниту ...
Воспоставен е железничкиот сообраќај на релацијата Велес-Гевгелија, откако беше саниран железничкиот мост на реката Црна. Испитувањата извршени по санацијата, покажаа дека тој може да го издржи товарот од возовите кои секојдневно минуваат на оваа релација. Изведувач на градежните работи на железничкиот мост беше фирмата „Синтек инженеринг“ од Скопје, која за 37 дена го санираше мостот, наспроти рокот од 45 дена. Таа го санираше и првиот оштетен ...
Македонска навигација М – НАВ како давател на услуги во воздухопловството гарантира дека безбедноста ниту била, ниту ќе биде загрозена, рече денеска на прес-конференција претседателот на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ, Фахрудин Хамиди. Прес-конференцијата се одржува по вчерашниот инцидент во Македонска навигација (М-НАВ), каде што неколку лица упаднаа во институцијата и нападнаа вработен и откако Струковиот синдикат на контролори на ...
Правилникот за цврсти горива да се извади од фиока и да се усвои, бидејќи со него ќе треба да се регулира какви дрва и пелети горат домаќинствата и фирмите, апелираше денеска директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски. Тој информира дека во првите неколку денови од годинава најголемите индустриски капацитети кои ги контролира Инспекторатот не работат или се со преполовен капацитет, но очигледно е дека воздухот и ...
Инспекциските служби на Центар спроведуваат засилени надзори и контроли на територијата на општината за справување со аерозагадувањето и оставањето градежен отпад. Контрола е извршена на повеќе активни градилишта во Буњаковец, Центар, Кале и Пролет, при што се изречени глоби на субјекти кои не ги почитувале мерките за одржување на градилиштата на начин што нема да ја загадува и деградира урбаната средина. Надзор е спроведен на локацијата на ...
Неколку дена по ред Скопје е покриено со магла, а заедно со тоа и загадувањето, и е еден од најзагадените градови во Европа. Чад од оџаците на куќите, од мазутот на институциите и автомобилите. Решение нема, како што немаше ниедна од изминативе зими, но затоа има зборови. Утринава според фотографиите кои ги има Градска.мк, дури и највисоките кули во градот тие на Џевахир не се забележуваат и на мала одалеченост. Има обвинувања меѓу ...
За време на божиќните празници, односно на 6, 7 и 8 јануари (сабота, недела и понеделник), јавниот автобуски превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред, соопшти ЈСП. Од вторник (9 јануари), автобусите ќе продолжат да сообраќаат вообичаено, по редуциран делничен зимски возен ред, кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст. На 7 јануари (недела) нема да работи ниту една билетарница и центар за персонализација, а на 6 и 8 јануари ...
Делови од детско игралиште во Тетово се најдоа во реката Пена, откако несовесни поединци претходно ја оштетиле и искршиле урбаната опрема. Овој случај е евидентиран од општинските служби на детското игралиште изградено на кејот на реката Пена помеѓу улицата „Благоја Тоска“ и „Видео Смилевски-Бато“. – Ваквите грди постапки никому не му користат, напротив претставуваат грда слика за нашиот град. Опремата е на сите, градот е наш. Ако не работиме ...
Земјотресот што ја погоди Јапонија на првиот ден од оваа година беше силен, со магнитуда од 7,5 степени според Рихтер. Но, највпечатливиот доказ за јачината на овој земјотрес е поместувањето на тлото што тој го предизвика. Имено, на некои места тлото се издигна и до 4 метри, а се помести странично за повеќе од еден метар! Како Јапонија успеа да го ограничи бројот на жртви при ваков разорен земјотрес? Еве што треба да научиме од јапонскиот ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека од почетокот на мандатот исчистиле 220 диви депонии. Според неа, тоа било одраз на добра волја и истите не биле под нивна надлежност. „Има градоначалници кои што го собираат сметот и одат повторно полнат диви депонии. И евидентирани се, на камери, снимени се“, вели Арсовска. Таа додава дека зголемен е бројот на надзори како и бројот на глоби. ...
Загадувањето на воздухот претставува универзален еколошки проблем, кој влијае штетно не само врз човековото здравје, туку и средината во која живееме. Во Европа, аерозагадувањето претставува главен причинител за зголемемниот морталитетот кај населението и до ден денес се смета за најголем здравствен ризик за животната средина. Имено, иако секоја европска земја има свои методи за справување со аерозагадувањето, некои европски градови се особено ...
Среднодневните концентрации на ПМ10 честичките, како што информираат од МЖСПП, се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар и епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица Во Скопје и во Струмица престануваат да важат препораките за зголемено аерозагадување затоа што концентрацијата на ПМ10 честичките е под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен ...
Она за што веќе некое извесно време се шпекулираше во јавноста вчера на некој начин доби потврда. Во нејзиното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21 градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека се во процес на формирање на партија. Идејата за формирање на партија настана веднаш после “раскинот“ со ВМРО-ДПМНЕ, а проценките се дека таа ужива голема поддршка кај граѓаните, граѓанскиот сектор и неопределените гласачи. „Се додека се ...
Практично сите во Европа живеат во загадени градови. Просечното годишно ниво на загадување со фини честички е поголемо од нивото кое го препорачува Светската здравствена организација. Тоа го зголемува ризикот од респираторни и срцеви заболувања и го скратува животниот век. „Со актуелното ниво на загадување на воздухот многу луѓе се разболуваат, а знаеме дека намалување на загадувањето го намалува и бројот на заболени”, вели Марк Нивенхујзен, ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки. Како што соопшти МВР, меѓу санкциите шест се за возење повеќе од дозволената брзина, осум за возење без возачка дозвола, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло) и седум мерки за користење мобилен телефон при возење. Сообраќајните контроли продолжуваат и во ...
Дишењето загаден воздух го прави организмот поподложен на бактерии и вируси. Според микробиологот Горица Попова повеќе научни студии покажуваат дека штетните материи кои ги дишеме ја менуваат функцијата на клетките кои се битни во одбрана од инфекции. – Самиот загаден воздух, присуството на азотен диоксид, сулфур диоксид, озон, ПМ 2,5 и ПМ 10 честички ја зголемуваат приемливоста на респираторниот систем кон инфекции. Не прават поподложни на ...
Со изградбата на 182-метарскиот монументален споменик „Статуа на единството“, Индијците го исечеа кинескиот Буда за 54 метри. Во чест на „Човекот од челик“ Сардар Валабхаи Пател, кого Индијците го сметаат за олицетворение на патриотизам, национализам и услуга на народот, потрошени се 1.850 тони бронза. Амбициозниот проект беше најавен уште во 2010 година и завршен во 2018 година. Индијците на него потрошиле 407 милиони американски долари, ...
„Гласен Текстилец“ до денеска има примено над 2.000 претставки од работници во приватниот секор за нецелосна исплата или воопшто не им е исплатен регрес за годишен одмор или познато како К-15, за минатата година. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека до нив пристигнати се жалби во кои се опафтени 1.420 работници за исплата на К-15 од 500 до 5.000 денари. Таа посочува дека ова на терен се случува поради Колективниот договор на ...
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, информираше дека речиси 10 илјади работодавци не исплатиле плати за ноември, за околу 20 илјади работници. – Поднесени се конечни пресметки од 60.400 работодавци што се однесуваат на 535.636 вработени. Оттука, прифатени неисплатени конечни пресметки се однесуваат на 4.441 работодавец за 10.921 вработено лице. А, има неподнесени и неприфатени пресметки за 5.534 работодавци, кои се ...
На денешната владина седница е променета препораката за работа во недела и за време на божиќните празници за трговците на мало. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, 7 и 8 јануари се неработни денови, согласно Законот за празници. Министерството за труд и социјална политика соопштува дека Владата на Република Северна Македонија на денешната 216-та седница ја промени препораката за работа во недела и за време на божиќните ...
Oткако денеска беше донесен Буџетот на општина Карпош, се огласи и градоначалникот Стевчо Јакимовски со остар напад кон ВМРО-ДПМНЕ кои според него се обидоа да ја закочат работата и нормалното функционирање на општина Карпош. „Очекувам поплава во Карпош. Да си земеме соодветна опрема, рибарски чизми. Солзите на режисерот Христијан и актерот Вељановски се толку обилни што ќе предизвикаат поплава во Карпош. Крокодилските солзи не се за решавање ...